Скоро 80-90 посто од луѓето што ги знам кога ќе падне муабет за избори кажуваат дека не гласаат, и дека не ни гласале претходната година. Она што сите знаеме дека оние што не гласаат редовно им го крадат гласот што е веројатно дека ќе заврши кај вмро-сдсм кои се две страни на една иста паричка. Од друга страна се нудат некои нови партии на маркетот кој по стандард се лигават to the highest bidder.Иако годинава полагам надеж во Достоинство и ЛДП дека нема да шитнат во собранието на следната влада и ќе ги принудат да работат нешто подобро власта која и да биде . Значи Да се гласа или не? Мое мислење е подобро да се даде гласот на трета партија барем да не можат да ти го украдат и притоа им забиваш клинец во ногата да мораат повеќе компромиси да прават со опозицијата или партнерот со кој ја делат власта.
Да се гласа т.е да се излезе на гласање, па ако сакаш и неважечко листе можеш да си пуштиш . Не би сакала мојот глас да биде злоупотребен, затоа сигурно ќе излезам на гласање, а како, за кого и дали воопшто ќе заокружам некого не е битно. Битно ќе си го остварам правото на глас и ќе си бидам мирна дека моето листе нема да биде употребено во некој шпански воз или слични малверзации.
Да се испадне на гласање , па макар и да се поништи ливчето, или пак да се гласа за некоја си трета партија а не за двете фаворитизирани партии! Испаднете на гласање и не дозволувајте за вашиот глас да одлучи некој друг.
Се зависи од мојата состојба до тогаш. Бидејќи треба да патувам во друг град за гласање а ќе бидам 8 ми месец. А би сакала да гласам зошто да не.Досега не сум пропуштила.
Јас мислам дека секој треба да гласа. После ке се жалеме е овие победија ее вака е онака. А ако народо не гласа кој друг. Ама добро па и кај нас се постое.... Злоупотреба на ливчиња, закани (за вај да гласаш ако не ке изгубеш работа) ...Просто за жалење сме, па дури и да си во странство, ѕвонат и ти кажуват каде да одеш за да гласаш Ах Македонија и политика...гласање.... се ми е балабала ама ајде сите гласат па и јас, со надеж дека нема да биде злоупотребено
Мислам дека се манипулира со оние гласачи кои не излеге да гласаат со нивните гласови. Мислам дека право на секој граѓани на оваа земја има право на глас и треба да го искористи. Но и списоците не им се прочистени не се знае кој е починат и кој може да гласа, така пак манипулации, а за ове сега што измислија за дијаспотата да гласа е чисто манипулирање бидејќи многу од нив живеет далеку од гласачките места па авон им треба за да одат да гласаат.
Па имаат таму каде да гласаат, сигурно нема да дојдат овде -Јас ќе гласам регуларно, не го поништувам листот, ќе гласам за кој и да е, само не Вмро.
Свесни сме како функционираат многу работи во опшеството ни драго, ако ти сам не гласаш некој друг ќе го потполни и твоето ливче, па така да сеедно е дали ќе излезеш на гласање, ливчето во секој случај ќе биде искористено. Доклку си партиски неопределен боље е да поништиш ливчето одколку да дозволиш некој друг да одлучи во твое име. Нели државава ни е демократска, и нормално нели претставниците ги избираме на непосредни избори, па сеа нормално би било и да се излезе и да се гласа, зошто нормално нели така одлучуваме за нашата иднина.(уште се да беше толку едноставно и добро организирано како што опишав) Затоа подобро ќе се чуствувам доколку јас сама одлучам што ќе правам со мојот глас, отколку тоа право да му го одстапам не некој друг.
Сигурно нема овде да дојдат да глсаат на пример во Америка има за гласање само во Њуџерси, Орлеанс и Филаделфија, мислев во државите каде што живета им е потребо авин за да стасаат до таа дестинација за да гласаат бидејќи многу од нив не живеа во тие места кај што можат да гласаат и многу се одалечени од тие места на тоа мислев.
Те во Германија е например во Берлин (колку што јас знам) за да сакам да гласам треба да се возам едно добри 7-8 саата за едно гласање ај мош ке имам среќа да сум тука до 6 Јуни па да гласам. Ама сакам некоја нова сила, не се тие па тие доста они крадеа, дај сега малку на некој млади
Неспорно е тоа дека мора да се гласа за да сами располагаме со својот глас, да не дозволиме да се злоупотреби бидејќи е голема веројатноста тоа да се случи ако се‘ препуштиме на случајот. Она што најмногу ме нервира е проценката кое е помало од две зла, па пак изборот треба да се сведува меѓу двете најголеми политички партии на сцена, бидејќи гласањата за анонимуси само ќе ја разводнуваат потребната квантитативност за прогласување на валидност на гласањето т.е. ќе водат до прегласувања и ќе се продолжува агонијава изборна уште повеќе. Штета е што во скоро 20 год.не се појави нова политичка сила која ќе ги исфрли од сцена овие манекенски позери кои само за менување одела се покажаа способни и за промашени проекти правење ова од гледна точка на народов, а за себе постигнаа и премногу.
Мислам дека немаме некој избор за да можам да кажам дека ќе гласам и ќе се одлучам за некоја програма, све се тоа само приказни и лажни ветувања, а несакам кога некој ми ветува и не исполнува, несакам некој да ме лаже, така да ќе излезам на гласање, но само за да го поништам ливчето, несакам ни да ми го украдат гласот
Tреба да се гласа, зошто и онака ќе го искористат ливчето тие што се тука... Ама ако се гласа треба да биде за некој што заслужил и што вреди.. Јас ќе гласам за татко ми (не е кандидат ама ја ќе си го пишам) зошто он ме храни дома или у најлош случај за еден другар што повеќемина ќе го пишеме сами .
Да се гласа, и тоа како. Јас на избори - главна. Не за друго, туку меракот на Џули да и го направам, па на парламентарни избори да се гласам за преЦедател. Идеи имам многу, многу опции за гласање... ке преспијам добро уште неколку ноќи за да видам какво творештво да изразам на гласачкото лиФче. Не крадат престојниве власници, ке не крадат и идните, барем да знам дека јас не ги гласав, да не се себеобвинувам.
Јас лично нема да гласам ни сега ни било кога, а дали некој ќе ми го украде гласот и ќе го искористи моето ливче и која партија ќе дојде на власт тотално не ме занима.
Да бевме некоја нормална држава немаше да си го поставуваме ова прашање-се знае сите на гласање. Ама ајде ќе напишам нешто од гледна точка на обичен граѓанин кој нема никаква партиска книшка или било какви привилеѓии... Несугурноста се јавува во моментот кога треба да се одлучиш, ете гласал за тие но се разочарал, од каде да знае дека другите ќе го исполнат ветеното, па најдобро му е кога ќе си остане дома и нема да има некаква вина за тоа што сега го прават пошто знае дека не ги изгласал тој, но од кај ќе знае кутриот дека можно е друг да му го искористил правото на глас? Затоа правец кон гласачката кутија, но најчесто оние кои се сигурни за кого ќе гласаат тоа го прават од корист и ветена добивка, или се роднински поврзани со долгогодишни партиски послушници. А по изборите ретко кој го остварува она што го ветил за добрито на СИТЕ граѓани и државата, освен остварувањата за свое добро и доброто на сопартијците.