1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Димитар Ковачевски е нов лидер на СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 13 декември 2021.

?

Дали очекувате Ковачевски успешно да се справи со предизвиците во државата?

  1. Да

    5 глас(а)
    6,6%
  2. Не

    71 глас(а)
    93,4%
  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    На 12.12.2021 во политичката партија СДСМ се одржани отворени внатрепартиски избори во кои со апсолутно мнозинство е избран за лидер на партијата Димитар Ковачевски и иден мандатар на новата влада ( премиер на државата ).
    Димитар Ковачевски е роден во Куманово во 1974 година.
    Средното образование го започнува во гимназијата Гоце Делчев во Куманово а го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота САД. Во 1998 дипломира на универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје, економски факултет а на истиот факултет магистрира во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршува на економскиот факултет при универзитетот Црна Гора 2008 каде се стекнува со титула доктор на економски науки.

    Што мислите за новиот лидер на СДСМ и иден мандатар на владата, како очекувате да се справи со проблемите во државата но пред се економската криза, енергетската криза и здравствената криза ?
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Не им верувам на луге што се враќаат од,во овој случај сад, во македонија. Си имал можност да се образоваш во Сад на колеџ, универзитет, а ти си дошол да завршиш факултет во Македонија, нешто не ми е окау тука. Докторски студии во Црна Гора? Зошто побогу во Црна Гора? Завршуваш на Уким и место да продолжиш одиш во факинг Црна Гора? Нон сенс.
    Не ми е познат како личност од политиката, али јас не следам политика освен тековно што ќе фатам на медиумите, ама не ми се допаѓа тоа што ќе биде премиер без да биде изгласан од народот. Најголем противник сум на одржување избори како кај нас секоја година оп трошење народни пари за избори и кампањи, ама во оваа ситуација сметам дека беа соодветни. Не дека тие што се политички определени нема исто да гласат па макар не знам што и кој да има на листите.
    Инаку не верувам дека ќе промени било што, особено со ваква ,, шаренолика,, биографија, ветер и магла.
     
    На темјанушка, Guns N` Roses, neno0o и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.704
    Татко му бил амбасадор тогаш во Црна Гора.
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.058
    :D
    Докторски кога завршуваш со тато живееш:?:
    Абе легенди се, која од која поголема(facepalm)
     
    На buba4e89, Guns N` Roses, @ceci11 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.704
    Шо го знам :rofl: може имал бенефиции некои.
     
  6. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Машки
    Кои се останатите двајца што гласале ЗА во анкетата... пошто Ковачевски е првиот... :rofl:
     
    На Camille84, kolovoz, Fraxinus и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Татко му беше и градоначалник.
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Ваљда Ременски и Деспотовски...:?:
     
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.504
    Пол:
    Женски
    @Bratot ме интересира дали е задоволен од изборот.
    Ако е он, тогаш и јас сум :D
     
    На Tinaaa и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    10.472
    Пол:
    Машки
    Абе какво справување…? Се е то ветер во магла.

    Се додека овај народ ги гласа СДСМ и ВМРО нема да се поместиме од оваа точка во позитивна насока.
     
    На L.i.n.a.a, темјанушка, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.058
    Татко му?:wasntme:
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Guns N` Roses и Celltica им се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Да, на Куманово од 2000 до 2005 година.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Сѐ е јасно.

    Што да се очекува од ликови, чии фамилии цел живот го поминале на државна цицка, закачени како паразити. Затоа што нема шанси да помислиш да влезеш во партија и да напредуваш освен ако немаш партиско педигре, макар и стварно на Харвард да имаш завршено.
    Ако вакви татини синови се најдоброто од најголемите партии во државата, не треба да очекуваме ништо освен бедата која нѝ е позната.
     
    На Indiegurl, Celltica, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.447
    Пол:
    Женски
    Никако. :rofl:
    Он е слика и прилика на веќе поранешниот лидер на СДСМ.
     
    На Guns N` Roses, @ceci11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.704
    Не ме чуди ништо во државава. Оддамна се откажав од било каква надеж дека нешто ќе се смени.

    Мм доаѓа од политички обоена фамилија, би било лесно претпоставувам да се процеди кон повисоки нивоа на база на тоа педигре што го викаш, ама ние сме си решени дека сами ќе се бориме во животот и фала Богу арно оди до сега. Лебот сами го печалиме, не ни треба партија и политика. Сакам да кажам дека ликовите имаат избор, не значи дека мора да одат по стапките на родителите, ама претпоставувам тоа е полесниот пат. Чуму некој би се мачел кога може на готово :smirk:
     
    На Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  16. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    211
    Го фрли во оган Црпко за по неколку месеци да се врати назад на позицијата лидер на СДС како демек членството го бараат:D
     
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Добро а нели ви пречи што ќе биде премиер без избори? Некако мене тоа ми е некоја дупка во законот? Не знам дали е бил и на некоја избирачка листа, тотално непознат лик, и сега премиер.
     
    На Guns N` Roses, cresa-jagoda, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.757
    Пол:
    Машки
    Шо да кажам самото тоа шо во темава за новиот лидер на СДСМ најоптеретени се вмровците кажува и повеќе од доволно дека изборот и тоа како е добар, образован лик без лоша кариера зад себе.
    Би го завршил мислењево со онаа народната "кучињата си лаат - караванот си врви". :D
     
    Последна измена: 14 декември 2021
    На mira.mira и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Многу лошо излегува вака без избори и широка поддршка да добиеме премиер за кој не сме гласале но штом се случи еднаш ова ќе станува пракса. Не сакам да алудирам на ништо лошо и да кажам дека човекот не е способен можеби ете баш тој ќе биде ликот што ќе ја извади државата од калта но начинот на кој дојде не е баш прифатлив барем за мене.
    Инаку гледано од правен аспект е чисто се и не е дупка во законот.
     
    На WildMk и violetblue им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Сигурно е предвидено замена на премиер од било какви причини, не само од оставка.
    Еден човек не може да не извади од калта, не може да се залажуваме така. Потребно ќе биде многу работа, ама од сите. Еден човек треба да биде цврст во својот збор, да инсистира и да ја користи својата функција најмногу во осигурување дека сите државни органи и институции ќе работат според законот и во служба на народот.

    Е сега тешко дека човек кој ја добил и сопствената функција заради непотизам ќе е способен за сето ова. На нас останува да видиме, можеби паа партијата нема да му биде на прво место ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.