Дипломирани јавни администартори

Дискусија во 'Барање работа' започната од ladymici, 14 април 2011.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Јас сум Дипломиран Јавен Администратор на фак. за Јавна администарција - Битола, до сега каде и да сум аплицирала за работа ми велат дека во систематизацијата на работни места Дипломираните јавни администратори не се вметнати и дека работа за мене немааааа,,,, многу сум револтирана, зарем за џабе учев 4 години (240 кредити) и полагав 64 испити.

    Секојдневно слушаме за реформите во јавната администрација но никој жив не се направи да каже дека во нашата држава има стручен кадар, дека постојат Дипломирани јавни администартори!!!!!
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    Жалам, ама да, џабе си дипломирала :doh:
    Да беше припадник на малцинствата веројатно шансите ќе ти беа 90%, а вака ти се некои 2%.
    Во ЈА се примаат дипломци од туризам, правен, економски, стоматологија ( :| ), но не и од ЈА, не постојат ни во огласи.
    Жално, вистинито.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    91
    А зошто тогаш воопшто отвориле таков смер, зошто идеа по средните школи да ни презентираат за квалитетот и можноста за вработување по завршувањето на тој факултет, се сеќавам добро кога идеа баш за презентација на нивниот факултет за администрација, мислам дека сето ова е на подбишега со студентите, даваме пари, учиме да не речам се траќаме, ама претераа веќе, ставено во образовниот систем а не во систематизацијата за работни места! ЗОШТО сме се родиле во ваква земја? Зоштооооооооооо..... :@ :@
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    101.178
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се нервирај за тоа што нема да работиш тоа што си завршила. Ретко кој во нашава држава работи тоа што завршил :) И јас завршив дипломатија - меѓународни односи и магистрирав и бев дури стипендист на владата (истата влада ми плаќаше да јас учам и истата ми рече на конкурсите што ти девојко воопшто бараш во државава, не дека не се во право хахахах ) па освен волонтерска работа во министерство за надворешни, серетаријатот за европски прашања и по некоја амбасада, работно искуство во струката немам.... освен што пишував да за дипломатија по весници :)
    Едноствно кога ќе завршиш ќе си се насочуваш, зависно и од твоите интереси. Не е веројатно крајно неопходно да работиш во Влада. И без тоа што потреба, посебно за интелегентни и креативни луѓе верувај владата и не е. Однадвор само изгледа прекрасно.
    На почетокот ќе си е тешко, ќе мораш да прифатиш работа било каква да си ја пробаш просто среќата. Можеби токму таму ќе се најдеш многу повеќе како што и јас. Па со искуството ќе се градиш ќе се истуркаш до тоа што сакаш најмногу.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    и мене не ми е јасно што се случува во оваа држава? и јас сум запишана на јавна администрација во битола, но сум со три години што е уште полошо....значи ние кога се запишувавме велеа дека програмата е скратена заради пренатрупаност со непотребни предмети и отпосле им текнало дека всушност во законот треба да се внесе дека ние што сме со три години ќе бидеме за степен подолу, значи ништоо, АМА ВАЖНО НИЕ ЌЕ СМЕ СИ ГО ИМАЛЕ СТАТУСОТ НА ДИПЛОМИРАНИ ЈАВНИ АДМИНИСТРАТОРИ - само се надевам ДЕКА СО ОВА СТОПИРАЊЕВО НА СМЕРОВ МАЛКУ ЌЕ СТЕЈНЕ РАБОТАТА И ЌЕ СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЈАВНИ АДМИНИСТРАТОРИ, исто се надевам и дека ќе се скратат сите тие тетке стринке што работат по администрацијата, па и бабите кои едвај гледаат а камоли да куцаат на тастатура или пак да ти стават печат со раката која им се тресе (се извинувам ама ова стварно е така :( ).....и згора на сето тоа најмногу ме иритира тоа што тие бабички всушност си седат таму и си земаат плата со средно образование и после се зборува дека јавната администрација е неефикасна па како да биде бре луѓе кога секое работно место во државава се добива врз основа на тетке стринке принцип срамота! :devil:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.258
    Извинете што вака ви се мешам, ама вие пред да се запишете на овој факлутет да не живеевте во некоја бајка а не во оваа држава :^) ?

    И мене ми е чуден целиот тој факултет- кои 64 испити ги полагате- маркетнг, менаџмент, што? :wasntme:
    Овој факултет воопшто не ми е во складот со капитализмот, и затоа не ми е чудно тоа што нема работа за него :tmi:
     
  7. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    епа вака сега... значи за дипломирани јавни администратори ќе има работа тогаш кога во јавната администрација ќе се направи една голема чистка....значи работа ќе има но за "некое време", а тоа може да е доолг период вака како што се одвиваат работите во земјава бавно
    инаку факултетот за јавна администрација е комбинација воглавно од правни и економски предмети донекаде. значи комбинација од се она што би било потребно за да ве вработат во општината а да имате познавање за се она што ќе ви биде ставено на работната маса :)
    извини ама да те прашам сите ние што се запишуваме на факултет живееме во бајка???? :^)
    искрено јас се запишав на факултет со надеж дека кога тогаш ќе се вработам по струката и ќе ми се исплати големиот труд што го вложувам во факултетов а тоа баш и не ми асоцира на БАЈКА
    :)

    ааа мислиш дека и европскиве земји и тие не се у склад со капитализмот или тие само така си брборат и си бркаат работа, па затоа се поупешни од нас....мора некој да ги работи и тие работи значи не е само отварање на фирми кој што ќе остварат профит, туку треба некој и да воведе ред и контрола во државава и институциите низ неа! :)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    Сеси интердисциплинарен факултет е, се учи економија, право, социологија, етика... од се’ по нешто и на крај ништо, можам само на квиз да се пријавам :lol:
    Се студираат системи на различни земји, се споредува како функционираат, се бараат сличности и разлики, се учи локална самоуправа, управна постапка и управно право како основни предмети. Не е воопшто здодевен, има интересни предмети ако се заинтересираш и сакаш да истражуваш за различни земји.

    Инаку го има во повеќето западни земји и баш се вклопува во системот, кога би се ценел кај нас како што треба. Има опции освен во тој (глупав) јавен сектор - и во невладиниот сектор кој пак отвара широк спектар.

    Сепак, крајната вистина е дека техничките работи во нашите општински или државни канцеларии можат да се работат со било каков факултет, зашто се учат лесно, па така станува овој факултет кај нас беспотребен. Оние можности што ги дава некаде - како истражувачка, компаративна, и продуктивна работа кај нас ги нема во опис на професија.

    Bottom line - тотално е непотребен во Македонија, џабе ги лажат децата.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.258
    Не, тие што се запишувате на овој факултет живеете во бајка, бидејќи не е тајна дека нема работа за него- тоа тие исто како да имаш завршено Марксисам, и можеш само да си се сликаш со дипломата во рака- работа на струка со тоа нема- а живеете во бајка бидејќи очекувате дека навистина ќе се “исчисти“ јавната администрација од сегашниот кадар и ќе ве примат вас :rofl:

    Извини што се смеам, знам дека не ти е смешно, ама оди во темата за политика и види кај живееш и што се случува па после пак надевај се дека ќе се средат работите

    Според мене ваша грешка е што сте се запишале таму од причина што, се ограничувате само на едно работно место- штом е комбинација од економски и правен сте можеле да одите на еден од овие два факултета, а вака фактички учиш измешано - не можеш 4 години од економски и 5 од правен да ги имплементираш во четири или три години Јавна администрација :wasntme: , се ќе стане каша-попара
    и прашање е кои ќе бидат конечните познавања од овие две области.

    Не ме тепајте, реална сум. :!:

    Едит- постот беше за Сара :)
     
  10. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    еј ако убаво ги погледнеш статистичките податоци во земјава ќе видиш дека всушност економисти има премногу и упорно сите се запишуваат на економски....

    јас со диплома од јавна администрација би можела да се вработам во општина, во полиција, во завод, управа за јавни приходи и сл. значи не се ограничувам на едно работно место...ако така зборуваш тогаш значи и економистиве можат да работат само во банка или пак дома како сметководители

    на крај секој си учи тоа што си сака, и прво и прво ти не си таа што може да рече дека живееме во бајка само затоа што сме се запишале на овој факултет бидејќи за него работа немало...па тогаш и за правниците и за економистите кои што секојдневно се жалат како нема работа би важело ова твоево.
    кај нас во државава се е пренатрупано и да не се лажеме сите ама ја знаеме онаа изреката дека
    АКО ТАТКО ТИ Е ВЛАДИКА И ТИ ЌЕ БИДЕШ ПОП ако не ќе си седеш дома

    Инаку Сесилија и ти посакувам што побрзо да испаднеш од твојата бајка дека со било кој факултет можеш лесно да најдеш работа во државава
     
    На Natali87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.258
    Таа е вистината Сара, а јас ти посакувам да си најдеш работа, но знаеме која е реалноста, не дека ти нешто мене ми сметаш па те напаѓам, ама треба убаво да истражите пред да се запишете а не после да има вакви смајлиња :@ ;)

    А тоа што го наброја за со економски се само дел од работите кои можат да се работат со смерот Сметководство и финансии, а што е со другите смерови од факултетов ;) а јас бидејќи не живеам во бајка си правам стратегии како да го работам тоа што го сакам без да мешам прсти со политика :) - но тоа е веќе друга тема- овде зборуваме за Јавна администрација ;)
     
    На sarrra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    македончињава се сите насочени кон политика тоа јасно се гледа па затоа не можеш никако да останеш неутрална во толпата, кога тогаш и ти ќе дојдеш на тоа некој чичко ќе ти рече: A да си земеш едно партиско книвче девојче ако сакаш да работиш кај нас а? Немој да бидеш во заблуда деке нема да ти се случи такво нешто! ;)
    тоа е реалноста и јас ја гледам значи сега сеуште не сум политички определена, но јасно ми е дека еден ден ќе морам :)
     
  13. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    sesilija За да се создаде политички, економски и општествен амбиент во заедницата, државата донесува многубројни правни прописи, закони и други општи правни акти со кои се одредуваат различните дејности и задачите на нејзините органи и организации. Меѓутоа, за сето тоа да заживее се потребни луѓе што институционалниот механизам ќе го стават во движење.
    Според тебе кои се тие луѓе, кој е најкомпетентниот кадар ???
     
  14. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    епа вака девојки СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА АДМИНИСРАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ БУКВАЛНО СЕКАДЕ!!!тоа ефакт..во општина,полиција,суд,пошта,болница,училиште,библиотека,центар за социјални грижи,агензија за вработување.значи буквално СЕКАДЕ!!!но,оваа нашата држава е преполна со нестручни кадри кои ги вработува во администрација,ги зафаќаат местата на оние стручните..И КАКО ОВОЈ ФАКУЛТЕТ НЕ Е ВО СИСТЕМАТИЗАЦИЈА КОГА УШТЕ ПРЕД ДА СЕ ОТВОРИ ВО БИТОЛА ФАКУЛТЕТОТ,,ТОЈ ПОСТОЕШЕ КАКО СМЕР НА ШТУЛОВ УНИВЕРЗИТЕТ.ЗНАЧИ секаке с ецени овој факултет,за секаде треба.имаш познавање од економија,право,менаџмент...а не вработиле со средно образование....на тие работни места...и ако велат дека нема работа со тој факултет.....нема врска тоа..што значи секаде се вработуваат со било каков факултет,нема врска што си учел...во полиција еполно со луѓе кои учеле земјоделски ,ветерина,педагошки што е крајо не стручно...ЗНАЧИ ИМАЈ ЈАКИ ВРСКА,ПАРТИЈА И ТОЛКУ,НИШТО ДРУГО НЕ ТИ ТРЕБА.но,да се надеваме дека нешто ќе се промени,,инаку ако вака продолжи лошо ќе биде и за економисти и за правници и за сите бидејќи и тие се на претек,ги има колку да сакаш...затоа мојаидеја е СИТЕ ДИПЛИМИРАНИ АДМИНИСТРАТОРИ ДА ОРГАНИЗИРААТ БУНТ,ШТРАЈК,ДА МУ СЕ УКАЖЕ НА ВЛАДАТА НА ГРЕШКИТЕ КОИ ГИ ПРАВИ,,,,КАКО ГИ УНИШТУВА МЛАДИТЕ..КОИ СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ БЕГААТ ОД ЗЕМЈАВА...
     
  15. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    сегде слушаме дека ќе има реформи во администрацијата , ама нигде не се спомнуваме ние, на ниедна телевизија не сум чула дека негде сме споменати, мора да постои негде статистички податок , колку има дипломирани јавни администратори и колку од нив се вработени.... највероватно бројките би биле смешни,,,, ако дојдеме до тие бројки можеме да штрајкуваме,,,, со блокирањето на смерот во Битола јасно е дека некој смета дека сме промаршен кадар. цццц
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Имам неколку пријатели кои го имаат овој факултет, и ниту еден не е вработен по струката, а на конкурси каде биле не влегувале, а на нивно место влегувале со факултет за туризам, со средна школа...

    Жално. :x

    Не знам зошто се изнапикани со средна школа, нестручни луѓе, а тие со факултетот седат дома.
     
  17. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    јас студирам јавна администрација во битола и сакам да прашам дали има шанси да се префрлам на правен факултет? дали имате некоја информација во врска со ова или пак каде би можела да се информирам? ви благодарам однапред :)
     
  18. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    176
    можеш да се префрлиш само треба од почеток да почнеш и тие испити што се исти ќе ти ги признаат само не знам што испити имаш положено?