Форумџика на годината

Дипфејк порно - нов начин на сексуално насилство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од elenaa0805, 9 февруари 2023.

  1. elenaa0805

    elenaa0805 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сте запознаени со оваа алатка, јас прв пат слушнав за неа денес. Потоа малку истражував и прочитав дека всушност не е нова, се користи години наназад но нејзината злоупотреба станува се’ поголема. Најпрво би сакала да дефинирам што тоа значи, а како наједноставна дефиниција би ја издвоила следната: ,, Дипфејк претставува аудио и
    видео, манипулирано да изгледа и звучи како вистинска личност, користејќи различни техники, како менување на лицето, поставување израз на лицето врз лице на друга личност, или синхронизирање на движењето на усните”.


    Преземено од Медуза.

    Е сега, она што ме натера да ја отворам оваа тема е фактот што оваа алатка се’ повеќе се користи за злоупотреба на фотографии првично од жени, и нивно вознемирување и уцена преку порнографска содржина. Значи, што сакам да кажам - се присвојува лице од фотографија на жена, се монтира на голо тело, а притоа сликите и видеата изгледаат многу реални, што доведува до нарушување на менталното здравје и безбедноста на жената.
    Иако првично беше кажано дека ќе се користи за политички цели, сепак предмет на злоупотреба станаа повторно жените.


    Што мислите за ова? Дали може да земе голем замав и кај нас, со оглед на тоа што знаеме што се случуваше со Јавна соба, и го знаеме (не)реагирањето на институциите?
    Дали се плашите за вашата ,,онлајн безбедност”? Дали треба да сме исплашени да објавиме и една ,,најпроста” фотографија на социјалните мрежи, со оглед на тоа што многу лесно може да се најде на порнографски сајт?
    Добро, да не звучам како да претерувам, не значи дека буквално секоја фотографија од секоја жена ќе биде искористена, но доволно е тоа да и се случи на една, а таа една може да бидам јас, или ти. Се’ на се’, доволно за да се уништи нечиј живот, особено на тие што не се толку психички јаки, знаеме какви последици може да има ..
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
    На Angie1432 и NoirSerpentine им се допаѓа ова.