1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација на жените во христијанската религија

Дискусија во 'Религија' започната од mimiiiii, 27 декември 2012.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Што мислите за ова ? Нели сме сите еднакви пред Бога ? Нема да зборувам за другите религии бидејки не сум запознаена ( во исламот ми се чини е многу но искрено не знам бидејки не сум запознаена освен рекла казала ) затоа би сакала да дискутираме конкретно за христијанството
    - Зошто не можат да бидат свештени лица (попови ) освен монахињи ? Јас ја разбирам логиката за апостолите , но пак не ми е јасно , сепак жената има второстепена улога

    "А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.“
    - Тимотеј 2:12

    "Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!"" Битие 3:16
    "
    Кога жената ќе забремени и роди МАШКО ДЕТЕ, нечиста ќе биде седум дена...а ако роди ЖЕНСКО ДЕТЕ, нечиста да е четиринаесет дена..." Левит 12:2-5

    И многу други .. многу ми е збунувачко ова ,би сакала да чујам различни мислења ... :)
     
  2. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    51
    Многу е едноставно, Библијата е пишувана по искуство на мажите, а не на жените. Ако беше напишана од жена, ќе имаше розеви корици и ќе зборуваше за љубов и хармонија, не задирајќи во суштинските проблеми на човештвото.

    Христијанството, односно Библијата е еден вид на водич низ животот и како таков треба да се прифаќа, а не како ултимативна догма.

    Денес, иако жените имаат на хартија повеќе права од пред 2000 години, генетски не се воопшто поразлични. Тоа значи и дека психата не е сменета. Мажите ги дискриминирале жените, бидејќи ги гледале како нешто со кое не можат да се справат. Затоа и деловите кои се шовинистички во библијата треба да се гледаат единствено како нешто кое писателот, маж, немал како да го пренесе на хартија поинаку, освен реално. Во животот мажот доминирал и доминира над жената (или барем се обидува), така е и напишано во книгите.

    Феминистките треба да сфатат дека мажите сакаат да мислат дека владеат со светот, но реално, се знае кој кого го владее. ;)
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Во главно со се сложувам , верувам во Бог но Библијата не ја сваќам буквално , од логична гледна точка баш убаво објасни, сакам да ја чујам религската , Serafima е многу запознаена ја читам често сакам и од неа да видам мислење .
    е со ова ама баш не се сложувам :^)
    Не сум феминистка , многу направиле за правата на жените но и се заборавија во борбата и разликата меѓу мажите и жените која сепак постои , но тоа е друга тема .
    Еве зошто нема жена поп :D
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имам кажано и претходно, дека се што е напишано во Библијата е метафора.Знам дека некои работи се направени така како што пишува во библијата, меѓутоа она што во минатото поинаку се разбирало, денес сосем поразлично се разбира.Мислам дека она што е напишано во Библијата, како тоа што е наведено во воведот тука, не е со смисла да се постави мажот над жената.Туку во смисла на разбирање и еднаквост помеѓу машкото и женското.А секако дека и така ќе е напишано, во таква форма, за да се потенцира истото тоа што го кажав претходно.Секако и општо, не само во Библијата, така би се подредиле нештата, ако воопшто и не била напишана Библијата, која човек ја напишал.Според мене, суштински во Библијата воопшто и не е направена дискриминација на жената, со оглед на тоа ако се знае како тогашните жени живееле.Во се нешто, треба да има баланс, не мора тоа да го пишува во Библијата.
     
    На Serafima, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Темава ми е повеќе од непотребна.
    Еве пример, како човекот со сила сака да вметне проблем и да внесе погрешни мисли во главата на луѓето.

    Никоја религија не ја потценува жената. Религијата е чиста, учи да се сака, да се почитува, да се разбира.

    Но, луѓето како сакаат, т.е како им одговара ним, така ги искривуваат работите и ја испревртуваат самата религија.

    Што е најтрагично, истите тие луѓе немаат поим од Библија, свети списи, не живеат човечки и морално, а ја кројат судбината на многу луѓе, со ширење на погрешни ставови.

    Друга битна работа, која е погоре спомната е: Да не се чита Библијата (и други свети книги) буквално како што е напишано. Се внатре е метафорички и си има определено значење.

    И друга работа, која јас ја знам, жените од никогаш не можеле да бидат свештени лица ( и слично), како мажите поради самата нивна природа и градба. Жените се заводливи по самата нивна појава, понежни се, суштества кои треба да бидат заштитувани.
    Имало чисти примери каде жените во храмовите им го `пореметувале` умот на мажите поради својата заводливост (дури и несвесно). Затоа жените се `тргнати` на тој начин.

    Но, сепак никогаш религијата не и била забранета на жената. И доколку таа ја пронајде во своето срце и ја шири, тоа е многу повредно, отколку да се наоѓа во било кој храм.
     
    На Serafima, Gordana10, viktorija.manevaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Еве како се гледа на новозаветниот православен брак т.е релацијата маж-жена:
    За мажот:
    „Мажот е глава на жената...
    Знаеме дека секоја организација, секоја институција - без оглед дали е црковна: парохија, манастир итн., или, пак, световна: банка, претпријатие, училиште - мора да има управител. Така е и со успешниот брак; семејството е исто така и заедница, устроена и духовно и телесно. Според Светото Писмо и Светото Предание, главата во бракот е мажот. И повторно, по зборовите на Апостолот Павле: Мажот е глава на жената...Тој е оној кој води. Тој внатре во семејството претставува начело на авторитет.
    ...
    Ова не значи дека тој е над својата жена. Во Христовите очи сите се еднакви; нема ни машки пол ни женски. Всушност, бракот е врска на еднаквите. Нека нема забуна: во Православието не постои место за никакво потценување од било каква врста. Тоа што е глава, не му дава на мажот било каква диктаторска, тиранска, самоволна или апсолутна власт над неговите жена и деца.
    ...
    Павле вели: Мажот е глава на жената, како што е Христос на Црквата... Ние знаеме каква глава беше Господ: Он им ги миеше нозете на Своите ученици. За нашиот Спасител, да се биде глава, да се биде прв, значи да се служи - да се има првенство во давањето љубов, разбирање, трпение, во овозможувањето заштита на своето семејство. Токму ова е пример за водач, за глава, каков што е повикан мажот да биде. И кога тој е таков водач, тој е вистински човек, верен на својата боголико устроена природа. “
    За жената:
    „Свети Апостол Павле вели: Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа...Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè (Ефес. 5, 22 - 24).
    Денешново општество, особено овде во Америка, како и во јавното мнение - филмовите, телевизијата, весниците, книгите - ја презира доблеста на послушноста. Наместо тоа, на секој агол сме поттикнувани да „правиме по свое“, да се грижиме „под број еден“ да ги задоволиме сите наши каприци и желби.
    ...
    Светото Писмо и Светото Предание, ни открива дека послушноста всушност е предводник кон христијанското совршенство - и дека послушноста и покорувањето само помагаат да се забрза борбата за достигнување на доблесниот живот. Од друга страна, пак, самоволието само ја зголемува страста на гордоста и го оддалечува поединецот од христијанскиот начин на мислење и живот.
    ...
    Самиот Господ е најсовршен пример за послушност, зашто со Својата послушност на волјата на Отецот, Он заради нас се предаде на смрт и страдања, и од гревот нè изведе на слобода и во спасение.
    ...
    Во многу зрели, духовно развиени бракови, поврзаноста меѓу мажот и жената прераснува во взаемна послушност.
    За бракот:
    Бракот не е мисионерски потфат! Доволно е тоа што самиот си носи свои тешкотии и искушенија кои се подразбираат, за сега уште и сопружникот дополнително го отежнува, обидувајќи се сосема да го промени и преобликува оној другиот. Една од најчестите и најголеми илузии на младите сопружници е желбата и очекувањето да го промени другиот.
    Вистинската љубов не присилува никој, не бара промени; таа подразбира возрастување. Како? Најпрвин, со прифаќање на својот сопружник, онаков, каков што е. Кога се венчаваме, ние не се заветуваме дека ќе го менуваме оној другиот, туку дека ќе го сакаме, онаков каков што е.
    ...
    За неверство во бракот се смета чинот, кога еден од сопружниците ќе изврши прељуба. Но, реалноста е дека ние не сме верни и лојални, ни тогаш кога работата, родителите, своето хоби или било што друго ќе ставаме пред својот сопружник. Тоа исто така е неверство. И секој кој не е спремен да го постави својот сопружник пред кариерата, пред родителите, пријателите или обичната забава, не е подготвен за брак – и таквиот брак ќе пропадне. Бракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца.
    Кога ќе го закопчаш првото копче во соодветната илика на костумот и останатите копчиња ќе дојдат на своето место. Но, ако тоа прво копче го закопчаш погершно, ништо нема да биде на своето место. Се работи за тоа дека првите, најважните работи треба да бидат на прво место, да се почитува приоритетот.“
    Текстот е прекрасен и превземен од:
    http://www.bigorski.org.mk/index.php?co ... cord_id=91
    каде може во целост да го прочитате
     
    На okcenzi, angelce1, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ :clap: Прекрасно кажано. Врти сучи пак се враќаме на тезата која во неколку сродни теми веќе ја имам изјаснето. Не постои лоша религија која учи на полова дискриминација. Постојат само погрешни интерпретации на истата, а ова е погрешно затоа што Бог е љубов, мудрост и умереност, а не омраза, дискриминација и потчинување.
     
    На Serafima, mimiiiii, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Доколку модераторите сметаат дека е непотребна нека ја избришат . Ништо со сила не сакав да вметнам во главата на луѓето , овде на форумов секој има своја глава да размислува , па јас да вметнувам нешто не сакам а и не можам ,сакав да видам дискусија , а дали не ја знам Библијата и дали не живеам морално е крајно неодговорно да тврдиш и дека сакам конфликти е најмалку .
    Се сложувам дека е метафора да не се сваќа буквално , сакав да добијам одговори а не да тврдам дека е тоа така, но во стариот завет на некои работи за жените не можам да најдам метафора додека пак во новиот завет е сосема признаена жената. Впрочем христијанството ја слави Мајка Богородица е за мене најголемо признание кон жената .
    А текстот што ме изреволтира да ја отварам темата е овој http://www.bagra.org/node/177 а не да вметнувам работи во главата на луѓето :D гледам дека на форумов има луѓе кои имаат доста познавања сакав од нив да чујам мислење и да се развие здрава дискусија :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Жал ми е што непотребно лично си го сфатила мојот пост. Да беше така, ќе те цитирав или ќе те потенцирав.

    Јас си пишував општо.

    Сакав да кажам дека како темава овде, така исти вакви теми се развиваат во општеството и на други места, скроз непотребно се испревртуваат работите од Библијата и се вметнува проблем.

    А, за читањето Библија, кажав општо, а не дека ти читаш или не. Од каде да знам дали ти читаш, кога не те ни познавам!?
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Oкеј , недоразбирање , бидејки ја поставив темата добив впечаток дека мислиш дека сакам да наметнам нешто .
    Да има многу дискусии на оваа тема , јас токму од статија која ја прочитав а порано не сум обрнувала внимание , мој логичен заклучок е дека навистина не може да се објасни во друга смисла за жените во стариот завет , но сметам дека стариот завет е како вовед и самиот Исус и замерувал на евреите дека не ја извршувале божјата воља правилно , всушност нели тој е на земјата да ни го покаже патот и да не избави од гревовите . Затоа и во новиот завет жената е признаена според некоја моја логика , па и сама нема да верувам во религија која ме дискриминира . Не се поставува прашање дали Бог дискриминира туку некои делови од стариот завет ама со оглед дека се пишувани пред многу години и не е толку чудно ....
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Според Библијата, Ева е таа што прва наседна да го изеде јаболкото нели, а притоа го намами Адам. Баш поради тоа е казнета.

    Јас, искрено, и покрај тоа што сум женско, во многу наврати испаднало дека мажите имаат по чисти души од жените. Жените се итри, снаодливи и знаат многу да превртат во своја корист-тоа е факт!
    Не ми е тешко да признаам дека дури и кога станува збор за љубов, машките знаат да сакаат многу по искрено, по трајно, чисто!

    Тоше во една песна си кажа: Женски солзи небо гледа, но ќе запише само кога МАЖ ќе заплаче!
    Не се работи за дискриминација, жените и често плачат, за секоја ситница, маж плачи кога навистина е погоден (има и исклучоци нели). Да не должам, всушност нели сакав да кажам дека не мислам дека се работи за дискриминација... Сите го добиваме она што сме го заслужиле нелли :)

    Како велат, жена што може да ти направи никој не може, според тоа се смета дека жената била поврзана со ѓаволот бидејќи е спремна за многу лоши работи, и поради тоа пристапот да биде свештено лице и е забранет.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Дали тоа значи дека Адам бил првобитно создаден од Бога како идиот? Или немал слободна волја? За отпаѓањето од Бога, змаинување од духовниот космос т.е. Небесното царство (симболично: заминување од еденската градина) одговорност има секој поединечно кој се вплеткал во тоа, не само жената или мажот - бидејќи секој имал право на избор, Адам можел и да го одбие предлогот на Ева.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Е ова да ми извиниш е една преголема генерализација и дискриминација . Жените знаат да бидат и многу кревки и многу силни и добри и лоши и превртливи и искрени до болка истото важи и за мажите .

    Но пак е тоа индивидуално до човекот. Ако одиме така провери статистика на сериски убијци колку се мажи а колку се жени (кој решава проблеми со насилство а кој со разговор ) , или пак во љубовта колку жени искрено сакале и чисто а биле изневерени и предадени бидејки мажот не знаел да си ги совлада страстите но и ова не кажува ништо ,не можеш да речеш дека поради тоа што некој е жена или маж е добар или превртлив . Сум за тоа сите да го добиеме што заслужуваме но според нашите дела и мисли не според тоа дали сме жени или мажи .

    А за полско цвеќе од Тоше (која ми е омилена ) точно е е дека жените плачат често бидејки се емотивни а мажите се послилен пол впрочем и од мали се воспитувани да бидат такви затоа се вели кога маж плаче има добра причина .
     
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам од она околу мене што го гледам, од секојдневните случувања и ситуации во кои сум била. Да не расправам за карактерот на жената и мажот, како што кажав секојдневните случки ме навеле на тоа мислење.
    А за Адам и Ева, ги спомнав бидејќи погоре прочитав, зошто жената да била казнета за болки при породување и т.н. наведов зошто била казнета, според тоа што сум го прочитала. Значи не ради дискриминација, туку заради нејзина грешка. Зборувам генерално :)
     
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Самата Библија не става на второ место,самата религија ни го прави ова. Затоа мажите се величат, зошто нели,многу големи верници се. Јас искрено не сакам да сум жена, жената е роб на мажот, барем така гледана од страна и во повеќето земји. Многу ограничувања и...незнам едноставно не треба така да биде.
    Жената е казнета со болки при раѓање поради тоа што Ева каснала од јаболкото. Мажот е казнет заради тоа што ја послушал Ева, со тоа што треба да работи за да ги одржува жената и децата во живот (јаката работа која денес сите жени ја прават додека мажите се пијанчат по кафаните). Жената ја имала дарбата да раѓа и да носи нов живот во неа додека мажот ја има честа да биде свештеник и глава на семејството. Епа да ти кажам жената има многу поголема дарба од мажот.

    И да, феминистка сум до одредени граници. Денес жената има многу подобар статус од колку порано. Денес се сметаме за еднакви иако знаеме дека не сме,но порано било многу поинаку.
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Жената не е дискриминирана во христијанството. Во Новиот Завет од Библијата вака пишува:

    „Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.“ (Галатјаните 3:28, Библијата)

    Оттука гледаме дека христијанството не поддржува:

    • * Етничка дискриминација (ни Јудеец ни Грк)
    • * Класна дискриминација (ни роб ни слободен)
    • * Полова дискриминација (ни машко ни женско)

    И сите овие групи на луѓе се еднакви во Исус Христос.

    Тоа што Бог им дал различна служба на жените и мажите во службата на Црквата, тоа нема врска со вредноста, рамноправноста и нашата еднаквост пред Бог.
    Денешниве црковни водачи се китат со великодостојнички мантии, со големи златни крстови, им подаваат на луѓето да им ги бацуваат рацете, милуваат да бидат чевствувани на секакви начини, да си ги китат имињата со секакви титули, да возат најскапи џипови, да живеат во луксуз и кога сето ова се гледа од ваков агол, нормално дека некоја жена што копнее по ваква „служба“ ќе се осети дискриминирана што не може да ги ужива овие „благодети“.

    Но ако земете предвид дека во Христовата Црква ПРВО И ОСНОВНО немало свештеници (да да, во Новиот Завет не е спомнат ниту еден свештеник), туку со Црквата управувале пастирите, старешините. Овие пак воопшто не личеле на денешниве попови. Не се кителе со великодостојнички мантии, не носеле златни крстови, не им давале раце на луѓето да им ги бацуваат, не се кителе со титули, не се луксузирале и сл. Еве прочитајте го Новиот Завет и видете дали нешто такво ќе најдете меѓу апостолите. Напротив ќе видете дека многу од нив биле измачувани, биле на мета на евреите, 11 од вкупно 12 апостоли загинале маченички (кој прободен од копје, кој со отсекување на главата, кој фрлен на лавови, кој распнат слично она Исус). Сакам да кажам дека воопшто немале некоја лесна служба да човек им позавиди и посака да биде како нив. Па затоа и жените тогаш не посакувале да бидат пастори, да ја водат црквата. Но затоа пак жените создавале Божјо потомство одгледувајќи ги и насочувајќи ги по правиот пат своите деца кои што биле иднината на Христовата Црква.

    Сега ги разгледав некои од стиховите што се ставени на оваа тема кои демек зборуваат за дискриминираност на жената и можам да забележам дека се претендиозно избрани да ја подржат таа теза и дека не им е тоа контекстот. На пример гледам дека цитирана е казната што Ева ја добила од Бог заради нејзината непослушност и така напишана делува како само таа да била казнета, а не е наведена казната што Адам ја добил и покај тоа што тие казни се напишани една до друга (во ист контекст)

    „ А на човекот (Адам) му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.”“ (Битие 3:17-19, Библијата)
     
    На okcenzi, Natasha2012, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Интересна работа. Ви го препорачувам филмот "Папата Јована" ако го немате гледано.

    Ние христијанките треба да бидеме прогласени за најпочитувани жени од сите други. Затоа што нашата религија се двои на оваа тема. Но што е со другите? И тие се жени но измачувани жени,обрежувани жени. Но добро,тоа е сосема друга тема која поврзува на оваа.

    Иако Библијата вели дека сме еднакви. Ние никогаш не сме биле. Се до 8ми Март. За сега,навистина не треба да се жалиме и да претеруваме со феминизми и глупости. Феминизам до одредени граници.

    Но што сакате кажете,ние не сме гледани како еднакви со мажите.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    За другите религии не сум запознаена и нема да зборам ама за мојата односно христијанската можам да кажам дека воопшто не сме дискриминирани. Впрочем целта на Бог и нашата религија е еднаквоста на неговите чеда. Никаде, во ниедна црковна книга или Библијата не се говори дека жената е под мажот. Напротив жената се смета за нежно битие, кое треба да е почитувано и чувано од страната на посилниот пол.
    Е сега тоа што жената во текот на годините е дискриминирана и што самата таа се борела за своите права, тоа не е како последица од верата туку од злобната и расипаната страна на човекот. Тоа што и ден денеска жената не е на исто ниво со мажот тоа не е дека Бог така одредил, туку дека злото повеќе почнало да влијае на човекот, впрочем како и за се останато. EvAngelos дал прекрасен пример со свештените лица за тоа. Како одредил Бог и како требало да биде, а како ние луѓето сме си го извртеле сето тоа во наша полза.
     
    На hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Друго било времето на Папата Јована, каде немало многу образовани луѓе, друго е сега.Мислам дека не би требало минатото цело време да се гледа.
    Во Библијата нема дискриминација на жената.Проблемот за кој што се вели дека жените нели биле измачувани, дискриминирани итн., проблемот не е во Библијата, туку во различното толкување на истата.Значи кој како си протолкувал во минатото, така и направил, што тогаш можеби било правилно, за разлика од денес, кога се мисли дека тоа што било претходно направено, воопшто и не ни било правилно.Затоа мислам дека е сосем непотребно, да се зема минатото како причина за сегашноста, не дека и денес нешто е поинаку, ама при ова ниво кое го достигнал светот денес, образование и сл., ни би требало да се мисли дека жената е дискриминирана.Значи, потенцирам, не велам дека нема такво нешто денес, некои случаи, но мислам дека можеби е подобро од поинаков аспект да се гледаат нештата.

    И мажите и жените, не можат едни без други.Библијата не прави дискриминација, кажав погоре што всушност ја направило таа дискриминација.
     
    На ariela09 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да,Гордана, те разбирам. Јас не реков дека Библијата ја дискриминира жената. Напротив,мислам дека ја едначи со мажот. И да, точно е тоа дека е кој како си ја сфатил религијата но сепак не е исто никаде. Никаде не е целосна еднаквоста помеѓу мажот и жената. Некаде нема ниту еднаквост.

    Точно е дека порано било друго време и жените биле апла дискриминирани. Но влијае тоа. Барем на мене. Мене,како жена,ме боли тоа што им го правеле. Ме боли за секоја жена кога ќе слушнам макар било минато. И ќе се повторам,среќни сме што кај нас сега е многу поинаку и сме сметани за еднакви со мажите иако не е целосно.

    Не влијае минатото но сепак...боли.
     
    На Lolo5, tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.