1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискутираме автор: Петре М. Андреевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 31 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе има интерес за темава, ама ајде да пробаме. :)
    Авторот ќе се менува на некое време, да не ставам точен период бидејќи ретко кога така испаѓа. Може да биде и домашен и странски. Сите што имате некоја идеја кој автор треба да биде ставен на тапет пишете ми лп.

    Не испраќајте мислења со ми се свиѓа или не ми се свиѓа, туку напишете што имате прочитано од авторот, дали ви се допаѓа стилот или не, итн., итн.
    Го ставив Гијом Мисо прв бидејќи верувам дека повеќето феминки имаат прочитано нешто од него, а и има карактеристичен стил.

    Јас од него ги имам прочитано Како без тебе, Затоа што те љубам, А потоа и Дали ме чекаш?
    Најдобра дефинитивно ми е Затоа што те љубам, ликовите некако најмногу ми прираснаа за срце.
    Инаку еве да се цитирам што имам за него пишано како автор:
    Ми се свиѓа начинот на пишување на Мисо, што романите му се обвиени во мистериозност, ми се свиѓа што ја земаш книгата во рака и не знаеш што да очекуваш. Затоа пак би сакала да прочитам нешто од него. Бидејќи е ризик. Можеш да завршиш разочаран или одушевен.
    А само поради можноста да те остави книгата воодушевен, вреди и да се чита овој автор.

    Навистина се надевам дека ќе заживее темава. :)
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Ја прочитав ``А потоа,, и можам да кажам дека неможев да ја испуштам од раце се до последната страница,а потоа сакав да има уште и уште...во план ми е да ги прочитам и неговите останати книги,бидејќи ми се допаѓа неговиот стил на пишување,го сакам онаа мистериозното кое се крие позади страниците на една добра книга.
     
  3. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Од неодамна го читам и јас Гијом Мисо-преубави книги,баш интересни од прва до последна страница,ми се допаѓа стилот,мистиката која не можеш да ја откриеш до самиот крај....
    Сум ги читала до сега А ПОТОА,ШТО БИ ПРАВЕЛ ЈАС БЕЗ ТЕБЕ,ДАЛИ МЕ ЧЕКАШ
    А сега ја почнав АНГЕЛСКИ ПОВИК-преубав почеток кој не ја читал земете ја нема да зажалите ;)
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Дефинитивно нема утка со него. :inlove:
    Ги имам прочитано „Дали ме чекаш?“ и „Затоа што те љубам“ и останав воодушева.
    Невообичаен, но прекрасен и единствен стил на пишување. Неверојатно е како успева да ги долови ликовите, а уште поневеројатно е како може да влијае врз читателот. :angel:
    Само позитивни коментари можам да кажам за него, и само позитивни коментари сум слушала и од женски и од машки читатели.
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Прва негова книга која ја прочитав беше Дали ме чекаш ,па по нејзе и Како без тебе .Првата ја прочитав во еден здив и ми се допадна сликовитоста во изразувањето на авторот.Кога ја читав втората и дојдов до половина ,некако почнав да предчувствувам што ќе се случи следно и го изгубив интересот.Не знам дали повторно би читала негова книга зошто некако ми нема мистерија ,неизвесност ,туку секое наредно дејство ми е нормално и го очекувам.
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Најискрено, моето мислење за стилот на Гијом Мисо, не може да се искаже со еден збор.Не можам да се одлучам дали ми се свиѓа или не.Првата негова книга што ја прочитав беше А потоа...Бев одушевена.Целосно го имаше превземено елементот на мистериозност, како во книгите на Агата Кристи.До самиот крај на книгата не знаете што може да се случи.Затоа и Агата ми е толку омилена, а мислев дека тој стил го најдов и кај Мисо.Втора книга ми беше Затоа што те љубам.И после неа, ми се потврди тоа што го мислев претходно, дека е предобар писател.По овие две книги веќе бев убедена дека уште многу долго време ќе читам само негови книги.Ја купив Што би правел јас без тебе, и почнав да ја читам.Не можам да се сетам до каде стигнав, ама ич не бев задоволна од книгава и ја оставив непрочитана (што мене ретко ми се случува, дури и најдосадните книги пробувам да ги дочитам, штом веќе сум почнала).Некако почна многу романтики, писма, лигавења, не сакам љубовни романчиња, сакам мистерија, акција, нешто нормално.Пред еден месец ја купив и Ангелски повик.Почнав да ја читам и стигнав некаде до пола.Ова е веќе нешто подобро од претходната книга, ама сепак недоволно јако како првите две што ги прочитав.Тие ме обземаа, мислам, не можев да ги оставам од рака додека не стигнев до крајот, со многу леснотија поминав низ страниците и воопшто не застанував.Од друга страна, вторите две книги ја немаат истата моќ врз моите мисли, не ми го привлекуваат вниманието до тој степен.Ама, ветувам дека ќе се потрудам да ги завршам и двете, можеби при крајот ќе станат поинтересни...
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creepyalive

    creepyalive Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Сигурно имате забележано,во повеќето книги на Мисо се спомнуваат слични елементи.Прави да се замислите и да ја забележите поврзаноста на неговите романи.Неговата најнова книга „7 години подоцна‘‘ би требало да е извонредна но сеуште нема македонски превод и потешко се наоѓа.
     
  8. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Сум ја прочитала само Дали ме чекаш ? и тоа за рекордно време. Многу убав впечаток ми остави . Ми се допаѓа стилот на пишување, некако низ цела книга убиваше неизвесноста...следна ја планирам Затоа што те љубам многу убави критики прочитав...здравје да ми се мафнат лектириве
     
  9. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Дали ме чекаш ? Затоа што те љубам , А потоа.... сите се прекрасни немам коментар и да завршам со испитив планирам да си земам уште некој негова книга
     
  10. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Не знаев каде да го поставам прашањево, па затоа решив тука, и така се дискутира за авторов..

    Сакав да прашам, дали е убава „Затоа што те љубам“? Сакам да и ја подарам на мама за роденден, таа сака љубовни, длабоки и тажни книги, а по коментарите што ги прочитав за неа, оваа мислам дека е таква.

    Благодарам. :)
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    ^Книгата барем мене премногу ми се допадна, ја читаше и мајка ми, и таа е љубител на таков тип книги и доста брзо ја прочита и мошне беше задоволна.Љубовна со доста драматични елементи, и испреплетена мистерија.

    Инаку од авторов ги имам читано Затоа што те љубам, А потоа, Дали ме чекаш и Ангелски повик.
    А потоа ја имав читано прва и ме воодушеви,па се потрудив да ги побарам и другите.Најслабо некако ја доживеав дали ме чекаш, додека другиве не можев да ги оставам.Ми се допаѓа неговиот стил на пишување, секогаш крајот ми е неочекуван, креативност доста изразена, начинот на кој ги прикажува емоциите и кои допираат до читателот, алал да му е :bow: И ќе рече некој лесна литература, ама па далеку е подобра од чик лит. книгите.
     
  12. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Нема да погрешиш. Книгата е прекрасна (како и сите останати на Мисо де :D ). Во неа се испреплетува родителската љубов на еден татко кон својата ќерка. ;) Одличен избор ќе направиш!
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Најдобрата од него, нема да згрешиш. :)
    Се има во книгава и љубов и тага и пресврти... Дефинитивно е добар избор за подарок. :)
    7 години подоцна му е најнова? Преведена е кај нас воопшто?
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Гијом Мисо

    Ајде, да смениме автор. :) И пак ве замолувам за предлози, кој има некој одреден автор нека ми пише лп.
    На тапет за дискутирање е Николас Спаркс. Листа на дела:

    ''Страници на љубовта'' (октомври 1996)
    ''Порака во шише'' (април 1998)
    ''Прошетка за паметење'' (октомври 1999)
    Спасување (септември 2000)
    ''Кривината на патот'' (септември 2001)
    ''Ноќи во Роданте'' (септември 2002)
    ''Чувар'' (април 2003)
    ''Свадбата'' (септември 2003)
    ''Три недели со мојот брат'' (април 2004) - не фиктивна сметка за патување со неговиот брат откако човекот ги изгубил двајцата родители и нивната сестра во брзи случувања.
    Вистински верник (април 2005)
    На прв поглед (октомври 2006)
    ''Драг Џон'' (октомври 2007)
    ''Изборот'' (септември 2007)
    ''Среќникот'' (октомври 2008)
    ''Последната песна'' (септември 2009)
    Засолниште (септември 2010)
    Изворот е Вики.

    Што имате читано, која би ја издвоиле како најдобра? Или можеби ги сметате неговите дела за лимонатки на кои не треба да се троши време?
     
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    ''Страници на љубовта'' (октомври 1996)
    ''Порака во шише'' (април 1998)
    ''Прошетка за паметење'' (октомври 1999)
    ''Драг Џон'' (октомври 2007)
    ''Последната песна'' (септември 2009)

    Ги имам читано исто така и како филмови ги имам гледано. Можам слободна да кажам дека Николас Спаркс ми е омилен писател. Неговите дела секогаш ме оставаат со солзи во очите но вреди да се прочитаат. Планирам да ги прочитам и останатите доколку ги најдам. :)
     
  16. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Мојот дефинитво најомилен автор. Иако на многу мои другарки не им се допаѓа до толку за да читаат уште некоја негова книга, но јас просто го обожавам. Најверојатно што сум непоправливо романтична и емотивна душа, па Спаркс никогаш не ми е досаден. Ги имам гледано сите филмувани верзии и можам да кажам дека филмовите се убави да, но ниеден не може да долови се што има во книгите. Ги имам прочитано „Одлука“, „Порака во шише“,„Чекори за паметење“ "The Wedding", "Love at first sight", "The guardian". Одвај чекам да си ја купам наредната. :D :D :D
     
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Фали уште една книга во листата се вика „Одлука“ неа ја имам прочитано, „Страници за нашата љубов“, „Прошетка за сеќавање“ и „Порака во шише“...
    Книгите се лесни за читање, но одамна престанаа да ме воодушевуваат...Последната книга од Николас ја читав пред две години и тешко дека сега ќе се одлучам повторно да посегнам по негова книга. Од книгите што ги имам прочитано тогаш ја издвојував „Порака во шише“, сега ниедна...иако сите се убави.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Одлука ми е омилена негова книга, арно ама таа ја читав пред 2 години и за време читањето ко кишна година се имам така добро расплачено.
    Ги имам прочитано и Страници за нашата љубов, Порака во шише која исто така ме има расплакано, и Последната песна која ми беше премногу тин за неговиот стил на пишување.

    Сите овие книги ги читав тој период, разнежнуваат и возбудуваат кога ја опишува таа страст меѓу ликовите, но не ме привлекува повторно да седнам да читам негова книга.
    Можеби единствено би се наканила Ноќите во Родант на англиски да ја читам, пошто во Икона кога ја видов осиромашената мак.верзија ми ја одврати секаквата надеж да седнам и да читам книга од Спаркс.

    Таргентната група на Спаркс се безнадежните романтичари, оние кои патат за некоја мината непрежалена љубов и за оние кои не почувствувале одамна или воопшто страст каква што тој опишува.
     
  19. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Можеш да ја прочиташ "The Guardian", мислам дека пред година-две излезе во македонски превод. Книгата е малку поразлична од сите останати од Спаркс, мало освежување во неговиот стил за да не биде многу досаден нели :) Мислам дека би ти се допаднала ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Јас изгледа сум една од поретките која не сум нешто воодушевна од Спаркс.
    Нешто слично како Неутри, порано повеќе сакав да го читам, сега ми е досаден.
    Другарка ми ги има прочитано сите негови книги, и од неа позајмував некогаш да прочитам некоја.
    Драг Џон,мене искрено ми беше досадна, и книгата и филмот.
    Порака во шише мислам дека беше првата која ја прочитав, откако го гледав филмот, ама сепак ми се допаднаа и книгата и филмот.
    Ги имам гледано сите филмови кои се според книгиве снимени, и филмовите ми полоши од книгите, полигави.
    Едноставно не се мој по мој вкус повеќе.
    Мислам дека се претера со него,постарите книги(па и филмови) беа подобри.
    Пред Notebook не беше нешто посебно пополуарен, ама после филмот стана инстант тренд.
    Новиве ми се се некако веќе видени сите на сентименталност сака да не фати.
    Нот енимор, барем мене не.
     
    На Hipica и Neytiri им се допаѓа ова.