1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијанетика

Дискусија во 'Психологија' започната од Barbie-mwa, 6 февруари 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Дијанетика го открива единствениот извор на болка, несреќа и вашето сомневаве во животот

    - реактивниот ум.

    И ви покањува како да се ослободите од него.


    Бестcелер според листата на Њyйорк таймс, како и според мегународните листи, кой им помогнал на милиони луге да живеат добар и сречен живот.

    Дали ви се чини дека постои скриен непријател кој дејствува против вас, без раэлика колку многу се трудите да опстанете? Постои.
    Се вика реактивен ум. Тој е изворот на сите ваши несакани емоции, стравови, лични сомневава, псиxосоматски болести и болки. Дијанетиката е единствениот начин да се ослободите од реактивниот ум и да ги ослободите вашите вистински способности.
    Читателиоте во сите сфери на животот потврдуваат дека дијанетиката им помогиала
    Да се здобијат со повеќе самодоверба во животот
    Да ги постигнат своите цели
    Да стекнат самопочит
    Да се чувстуваат добро во врска со себеси
    Да бидат успенши без разлика на изборот што го направиле.


    Што мислите вие за Дијанетиката? :)
     
  2. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Jaс за дијанетиката и за Хабардовиот центар во Скопје, Македонија мислам и тврдам дека се чисто за перење пари и мозоци на луѓето. Наоѓаат луѓе кои се во некој ранлив животен период или пак едноставно ти праат анкета колку мислиш на животот, луѓето, постапките, свесното/ несвесното бла бла бла и понатака измислуваат некои степени на вакво такво ниво кои се достигнуваат преку таканаречени нивни семинари. Па си уплаќаш пари, па врбуваш и носиш други луѓе, па делиш флаери низ улици......ФУЈ! :@

    п.с. Кога Том Круз или пак нашиот ,,славен,, Мони ќе почнат да левитираат јас ќе имам високо мислење за нивните луди нешта....
     
    На MSkorpionka и beticka им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Реактивниот ум постоел и пред тој Хјубард ,само што најверојатно никој не го озваничил како таков.
    Јас би си зела слобода да го упростам поимот и да го наречам потсвест, поради неговата бесконечна меморија и начинот на складирање на податоците .

    Истиот тој реактивен ум ни дава одговор за потеклото на навидум неосновани стравови и сколности (секако, до тој заклучок би се дошло единствено по пат на хипноза, што само по себе е дискутабилна тема ).

    Концептот на Хјубард се заснова на бришење на енграмите (впечатоци "снимени" во мозокот додека неговиот сопственик се наоѓал вон состојба на свест или истата му била стеснета од Х причини )со Е-метар (галвански уред ) и аналогно на тоа, на искуствата.

    Од една страна ,тоа е добро за луѓе кои не можат да се носат со своите фобии ,но без енграмите нашите ставови би биле некомплетни.
    Што ако некому му текне да си предизвика артефициелна амнезија за да започне нов живот?

    Ова повеќе би одговарало како метод за третман на фобии и престрашувачки искуства ,со упат од матичен и наод од психијатар :lol:
     
    На Missbutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bunny-1

    Bunny-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    А знаете ли каде можам да ја најдам книгава или како да ја нарачам ? :)
     
  5. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    A да побараш во библиотека книги за дијанетика? :) Во библиотеката каде што сум јас зачленета има 2-3 различни изданија како што проверив. Планирам една да земам да прочитам :)
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Вакви самопомагачки книџиња се трошење време на нивно читање и пари на нивнo купување. Фактот што ги следи моќен маркетинг кој бомбастично сугерира како се бестселери во САД не ми значи ништо, таму Симпсонови и Озборнови се репер на она што е типично семејство затоа зедов од двете класи примери, има исклучоци секако, ама се губат во милионите вакви. И немам респект кон овој тип литература сум прочитала во минатото понешто од овој „жанр„ и не дошло до револуционерни промени на мојот ум изостанал чириба-чирибу магичниот ефект, :worried: . Има и премногу несреќа и фрустрации на светов и некој сака да изигрува Месија и тоа е тоа. Мислам дека ваква литература треба да се укине во историјата какви дела гореле кога ќе се сетам од различни причини, сега па форсираме вакви блуеници кои ќе ти помогнат да го промениш животот од корен, како да се ослобадам од реактивниот ум, мрш таму, манипулатори мојов активен ум ви дава црвен картон ајт!
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Јас мислам дека сите што веруваат во религија која има сличности со Star Wars универзумот се несаглам. Плус што нивните анкетари низ градов знаат да бидат прилично нападни! Така да, за скиентолозите мислам апсолутно се најлошо :rofl:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Врска нема.
    Немам ништо против Дијанетиката како наука на некој начин, им помогнала на многу луѓе, поточно тие сами си помогнале на себеси со нејзина помош...

    Лично, не.
    Премногу глупости за мој вкус.
     
  9. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Интересна тема :) .Баш пред неколку месеци се отвори центар за Дијанетика во мојот град,и разговарав со една колешка од факс која беше на отварањето.Па ми кажуваше дека имале некој како курс кој траел 10дена(наводно помагал) ама кога ми кажа цена косата на глава ми се крена.Разговарав со мајка ми пред некој ден и кажувал некој човек за книга од областа на Дијанетика и наводно била доста добра и сакам да прашам да ми ја зајми да ја ископирам и да ја прочитам.
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    искрено ова и мене ми изгледа како глупост но сепак ке се потрудам да читнам нешто и да видам дали ке си го сменам мислењето чисто од радозналост :) ако ја најде книгата пиши како се вика и од кого е
     
  11. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    АВТОР: Хабард, Л. Рон
    НАСЛОВ: Само анализа : едноставна книга за самопомош, со тестови и техники базирани врз откритијата содржани во книгата Дијанетика
    Jaс ја немам земено сеуште. Ова го копирав од веб сајтот на библиотеката :)
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Се` што се базира на пирамидална измама не е достојно да се категоризира како начин на помош на луѓето. Никој не може да си помогне со тоа што ќе влезе во центрифуга на перење мозоци и пари.

    На оној кому му е зорт, ќе си помогне и без вакви збунувачки филозофии.
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Ja имам дома книгата Дијанетика од Л. Лон Хабарт и мислам дека во Македонија тоа што го има е перење на мозоци и правење пари. Во светот има услови за да правење на такви работи ама кај нас нема а убаво во книгата си пишува дека тие методи на халуциниации треба да ги спроведуваат само професионалци. Со читањее на оваа книга само ке разерете што е Дијанетиката ама нема да си помогнете, за дијанетика да се користи треба успешни дијанетичари. Има неколку примери од книгата што ми оставија впечаток

    Првиот. Бремена жена мие садови, се слуша водата од чешма, доаѓа мажот пијан дома и ја навредува, ја удира таа паѓа на земјата, надвор се слуша звук на воз. Жената потоа кога ке го роди детето и кога тоа ке порасне, ако чуе звук на воз или чешма како тече може лошо да се чувствува а да не знае зошто се случува тоа.


    Вториот. Со методи на хипноза докторот го дрогира пациентот и му наредува ’’Кога јас ке си ја фатам вратоврската со рака ти исчешај си го носот’’. Престанува дејството на морфиумот доаѓа докторот на посета кај пациеннтот си ја фаќа вратоврската, а пациентот несвесно си го чеша носот. На другата посета врзани му се рацете на пациентот, докторот пак си ја фаќа вратоврската, пациентот сака да се почеша на носот но не може, нервозен е и самиот не знае зошто.
     
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ептен откачени сфери се овие.
    Дијанетиката е наука за умот.
    Интересно е да се знае нешто повеќе за тоа ,
    али не е интересно на своја рука да се самопроцесирате во некои критични левели.
    Јас би сакал да ја прочитам Дијанетиката, а имам само читано за основите на Скиентологијата.
     
  15. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Еве сум на средина од книгата Дијанетика на Хабард. Глупост
     
  16. Nena48

    Nena48 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас пред некое време имав многу тежок период од мојот живот и многу размислував и барав начин како да се средам ,да барам некоја утеха.Случајно на фб ми излезе некое предавање од Др Жарко Костиќ и бев восхитена од него .Пребарав низ неговиот профил и почнав редовно да ги следам неговите предавања и баш се смирувам и најдувам утеха.Често го спомнува Хабард и неговите книги , посебно Диенетика и решив да ја купам, се со цел да си помогнам сама на себе .Почнувам да ја читам ,дојдов до пола ама ништо посебно не најдов.Пребарувам на гугл ај да видам поконкретно нешто во врска со Диенетиката и Хабардовиот центар и се шокирав.Сегде ми излегува дека тоа е организација т.с.секта за перење мозоци.А Жарко Костич е нивни член а толку му верував и му се восхитував.Пребарав низ форуми и прочитав еден куп сведоштва од нивни бивши членови ,се запрепастив.А книгата Диенетика е чиста глупост ,поглупа книга немам читано .Од сето ова извлеков поука дека во најтешките моменти се фаќаме за сламка без да размислиме на последиците , а таквите наречени предатори тоа го користат и многу лесно ти влегуваат во животот за да те направат нивна играчка.После касно е.Фала му на бога што се свестив на време ,а можеби ќе одев многу далеку ,мислев дека го најдов спасот.Чувајте се.