*Забелешка на модератор: Поради огромната заинтересираност на членките околу skincare рутините за нега на лицето, сите идни дискусии во темава ги насочуваме во тој смер. Не видов дека има ваква тема, ако има избришете ја... Инаку во темава можете да си ја напишете вашата дневна рутина за нега на лице. Што користите за чистење на лицето, каква подлога, каква пудра ставате, коректор, римел, сенка, руменило сјај напишете се по ред како правите и ставете слики од производите кои ги користите Еве јас прва да пишам 1.Прво го чистам лицето со тоникот и пилингот на Неутрогена 2.потоа ставам крема на лицето- green line 3. коректор (не секогаш)-есенс 4. течна пудра -vichy normaderm teint 5. сенка во беж боја-sephora colorful palette 6. креон-буржуа 7. римел-loreal teleskopic 8. за уста користам лабело или сјај
1. Станување и миење со ладна вода, сапун никогаш 2. Кремче цера ди купра, најубаво на свет за сува кожа Е ова веќе е процедура за дневна шминка за работа/факултет/шетање 3. Meјбилајн пудра 4. Коректор Mакс фактор 5. Чат пат знам со четка да поминам многу малку со камена пудра 6. Па Џордани перли 7. И на крај маскара лабело и сјајче 8. Потоа стигам домче и одма вадење на шминката со млеко Гарниер 9. Па пак кремче, дека сува ми е 10. И навечер чат пат ако имам мозолки со хлорафеникол знам да го исчистам И тоа е тоа за дневна рутина, неделната си подразбира и пилинг и маска. За шминка одвојувам дневно по 5 минути отприлика, не го шминкам многу
Темата е која е вашата дневна рутина за чистење лице и шминка со постирање на слики,може и преку лична порака да контактирате за тоа за кои производи каде ги купувате и слично или во соодветните теми за тоа.
Мијам лице со топла вода и сулфурен сапун (од докторс, не можев да најдам нивна слика) Го чепкам лицето, нешто што има за стискање, па го смирувам со овие марам4иња правам пилинг ставам тоник од Коластина тинејџерската колекција потоа крема подлога за шминка течна пудра (моментално ја користам оваа) камена пудра Кога се враќам дома, бришам шминка со Бекутан-марам4ињата, потоа го мијам лицето со директно на мозолчињата ставам потоа пак мијам лице и пред да легнам ставам од оваа крема Прилично ми е напорна дневната рутина, никаде никогаш не сум навреме само ради лицето, но што да правам кога имам премногу проблематична кожа.
Оваа рутина се однесува за деновите кога одам на школо! Станувам го мијам лицето со ладна вода! Не го мијам со никаков гел за чистење (обично кнап сум со време ) 1. Ставам крема Nivea baby 2. Обично на школо користам само коректор, многу ретко ставам пудра. 3. Малце маскара и моливче, понекогаш и тоа не ставам на школо 4. Лабело, сјајче После чистењето на лицето 1. Ја вадам шминката или со влажни марамчиња или со млеко за чистење Овие само што ми се потрошија, треба нови да купам Млекото за чистење од оваа колекција 2. Го чистам лицето со гел, од Greenline. Слика неможев да најдам ама ќе ви кажам дека е од линијата Basic со зелено хахаха 3. Тонер, повторно од Гарниер 4. Истото кремче од Нивеа
* Ова во работни денови, кога одам на факс. Го мијам лицево со ладна вода, САМО со вода. Ставам малце маскара... ...и многу ретко (само ако имам подочњаци или некоја изненадна мозолка) пудра (Импала 3ка). ... Навечер пред спиење ако имам пудра, лицето го чистам со влажни марамчиња, го мијам потоа со ладна вода и ставам крем. *Кога по цели ден сум дома, а имам мозолки на лицето, најчесто на мозолките ставам крем против акни од Докторс.
Еве еден мој работен ден: 1. Го мијам лицето со вода, па пилинг 2. Ставам крема 3. Па пудрa 4. И коректор 5. Или моливче или сенка, зависи од гардероба и расположение 6. Маскара 7. Руменило 8. Нивеа па Сјај или кармин 9. Кога ќе дојдам дома ги чистам очите со Бекутан млеко Па лицето со Гарниер 10. Пред спиење повторно правам пилинг со горенаведеното Clean and Clear и мачкам еуцерин крема.
Секојдневна рутина? Јас не ставам пудри, коректори, вакви такви ако не излегувам официјално некаде, дури ни за на факс или шопинг ко што правите некои Така да, прво миење лице со наизменично топла па ладна-мраз вода, без сапун, значи апсолутно не ставам никаков сапун Па, ставам крем за лице, Верона со козјо млеко или Гарниер еssentials, чекам некој минут да ми се упие, ставам маскара, тоа речиси секој ден, лабело и fin Во текот на денот, уште еднаш го мијам лицето, и ставам крем повторно , најчесто ако сум била излезена, кога се враќам прво тоа го правам Навечер, пред спиење, мијам лице пак со топла-ладна вода, се чистам со млекото на Гарниер, ставам ноќна крема(понекогаш и одморам без крема), лабело, и тоа се моите секојдневни 30 минути се на се за лицето Друга посложена приказна е кога сум со шминка
1. го мијам лицето исклучиво со ладна вода. 2. крема 3. коректор или пудра за лице и коректор за очи обавезно. 4. сенка во зависот од расположение и облека но оваа никогаш не е исклучена од употреба 5. руменило, маскара, молив и сјај обавезно. кога се враќам дома одма вадам шминка, нечекам, освен ако имам некаде повторно да збришнам за вадење го користам: незаменливо е! да му се благословат рацeте на тој што го измислил, ме спаси!
Го мијам лицето со чиста ладна вода и забите со колгејт паста Потоа ставам малку крем на лицето, Ставам и малку пудра (но не секој ден) или многу ретко ревлон бидејќи е скапа и не сакам да ја потрошам одма. После тоа ставам коректор на подочниците и на некои мозолчиња ако ми излегле.Ставам или ваков или ваков После ставам црн креон Ставам маскара,ама не секогаш истата.Најчесто од оваа ставам: Перли или руменило обавезно ставам или Потоа ставам сјајче за уста,секогаш различно,кое ќе се погоде прво на мета Шминката ја чистам со влажни марамици и Се мачкам со здраве или бекутан Ставам и хлорамфеникол по потреба.
Young derm течна пудра ставам само под очите, 3 пати, за да ги покријам подочниците, ги виткам трепките, ставам маскара и шибам накај школо. Ја вадам прво со влажни марамчиња, а потоа ставам пена на лице, и на крај го чистам лицето со
1. Мијам лице и заби наутро - обавезно, потоа: 2. Доколку сум во ПМС 3. 4. 5. За чистење поретко го користам лосионов, исто само во ПМС бидејќи многу ми ја суши кожата. Потоа се мијам со докторс сапун, ставам облоги од камилица и павловичева. Тоа е тоа. Не ви опишувам ден преку викенд или за излегување бидејќи ќе треба цела страна да ја исполни мојот пост.
1.Се мијам исклучиво со ладна вода 2. Го чистам лицето со YoungDerm лосионот. 3.Нанесувам од кремата YoungDerm 4.Импала пудра 5.Catherine Arley камена пудра 6. И маскара Golden Rose 4x
миење на лицето со ладна вода нанесување на крем од камилица-од Бјути Шоп (пред излегување нанесувам коректор АУРА) после тоа сенка од Авон или Орифлејм маскара Класикс понекогаш црно моливче Мисс Спорти) руменило од Џордани Голд-Орифлејм кармин Голден Розе и сјај за усни Нивеа а за хидратација лабело Овошни Усни за отстранување на шминката користам Гарниер млеко за отстранување на шминка за сува и чуствителна кожа
Сабајле го мијам лицето со ладна вода и бебешко сапунче (најчесто со Бекутан), па откако убаво ќе го исушам ставам крем Нивеа софт,ставам коректор колку да ми ги прикрие подочниците и тука-таму некое мозолче, го користам коректорот на Авон Спојлер за на училиште најчесто ставам од пудрите Делине или Импала 2ка (или микс од двете, зависи од состојбата на лицето), малку руменило - Giordani, од најстарите модели, пошто од мајка ми ми е и не би го сменила за ништо! Моливче никогаш не користам, а маскара многу ретко ставам за на школо, освен ако имам фазла време и мерак за шминкање уште посабајлечки. И не излегувам од дома без лабело на усните, бидејќи суви ми се многу и толку. Шминката ја вадам со влажни марамчиња и со ова Пред спиење лицето го мијам со гелот на Авон против црнки и гелот на Орифлејм, прекрасен е и има сладок мирис и тоа е се` !
Го мијам лицето со млака вода Потоа нанесувам пудра Одбегнувам крема пред пудрата бидејќи имам мрсно лице! Понекогаш ако го чувствувам суво лицето ставам нивеа крема во минимални количини (ама ептен е ретко тоа) Потоа следи коректор на подочниците Нанесувам и камена пудра и Перли Па ставам сенка за очи (сива, кремаста, кафејава) и молив за очи во зелена или црна боја: и маскара И на крај ставам лабело росал (во розева боја) Навечер ја вадам шминката со бекутан влажни марамчиња и го мијам лицето со сапунче На крај ставам на лицето малку
Го мијам лицето со топла вода и користам ваква пена за миење Спојлер , потоа убаво го бришам со памучен пешкир ставам ваква хидратантна крема (LivingGlam ми ја препорача оваа козметика и сум презадоволна) Спојлер , а потоа ставам сосем малку од ова бебешко масло, бидејќи имам сува кожа Спојлер , потоа следи коректор Essence сосем малку под очите - еве го Спојлер ...На крај малку лабело од ова Спојлер .. Пудра користам ретко...