Темата ја отварам со цел да споделиме каде и на кој начин би можеле да набавиме додатна опрема за блендери/соковници/машини за алишта/садови и други електрични уреди. Може да наведете марка на производот, кој дел ви е расипан или пак скршен и овде да добиете совет каде би можеле да го купите тој дел, и по која цена доколку производот не е под гаранција.
Темата секако ја отворив бидејќи и мене ми се случи неодамна незгода, останав без ST блендер чашки. И сега не знам во кој продажен салон низ Скопје да порачам? Бидејќи машината работи одлично, недостасуваат само чашки за блендање. Прашав во setec, tehnomarket, onlineshopping, меѓутоа изгледа немаат никаде, па како последна опција ми останаа пластикарите, нешто како веро џамбо? Дали би имало таму, што мислите? Ве молам за одговори.
Тешко тоа да најдеш, нели треба и на запците да одговара чашката, не станува збор за стандардизирани чашки
Да, секако. Но, не можам да разберам како не постои сервис за додатна опрема? Буквално ти поставуваат услов да го купиш целиот блендер иако од истиот се нема потреба бидејќи е функционален.
Охх, нема чашки не се продаваат. Имам таков блендер со чашка за смути и за јатки. Таа за смути чашката ми се расипа, барав насекаде ама не можев да најдам и си купив нов блендер.
Да, секако. Но, не можам да разберам како не постои сервис за додатна опрема? Буквално ти поставуваат услов да го купиш целиот блендер иако од истиот се нема потреба бидејќи е функционален.
Зависи од која фирма/овластен сeрвис го имаш купено, таму ќе бараш. Јас го земав од Сетек и таму ќе барам резервни делови кои претпоставувам ќе бидат над 1 500 денари, ама тоа е што е сега, немам избор. Блендерот ми е купен одамна, пред четири години и затоа ги испокршив чашките. Верувам и кај тебе е слична ситуацијата. Бар за здравје сме го искршиле.
Јас скршив чашата за мерење на вода за машината за еспресо. Без неа не се годи добра чаша еспресо. Претпоставувам таквите мерици се стандардизирани, па дали можи да се најдат на друго место? Delonghi е моделот на машината само треба да проверам точно кој модел, али стварно не мислам дека е релевантно.