Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    47.945
    Пол:
    Женски
    Во последно време се појавува тренд дека е важно бебето да е нахрането, дали со формула или со доење е неважно. Но ова донекаде го минимизира доењето и неговото значење, а се дава поголемо на формулата.
    Кое е вашето мислење? Дали е важно само бебето да е нахрането, а можеме на сметка на тоа да ги тргнеме на страна благодетите на мајчиното млеко?

    За мене е неоспорно дека е најважно бебето да е нахрането, верувам и за секоја мајка, но прво да се даде предност на доењето, да се проба и да се биде упорен, да се направи се што е во наша можност и доколку навистина има некаков проблем тогаш формулата за тоа е измислена.

    И не можам ова да го разберам некако. Дали ако тодлер се храни само со брза храна или ете, било што само колку да е најадено ќе биде океј, зашто нели, fed is best?
    Еве една статија со која се сложувам, интересна е за читање.
    http://evolutionaryparenting.com/fed-is-best/

    Ве замолувам дискусијата да се одвива со смирен тон и без навреди, иако верувам дека ова е скокотлива тема, сепак со почит треба да се искаже мислење. :)
     
    На Kaetana, sj *O*, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  2. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.311
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно-Нема подобра храна за бебе од мајчиното млеко. Ниту една формула, ниту една каша, ниту било каков оброк може да е подобар. Анти алергено, со позитивна бактерија во него како штитник на имунитетот и ред други работи ...
    Но од друга страна сва среќа што постои и формулата за мајките кои или немале или снемале млеко.
     
    На Kaetana, Cinderfakinrella, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.546
    Допаѓања:
    232.080
    Многу интересна и контроверзна тема која сигурно поттикнува огромен интерес, барем кај секоја трудница и секоја мајка.

    Мислам дека околу тоа дали доењето е најдобро за бебето нема простор за било какви дискусии, НО (секогаш постои едно но), тоа е право на избор на мајката и никој не смее и не треба да и наметнува некаква грижа на совест околу истото или да биде предмет на осуди од било каков тип.

    Често сум добила впечаток дека една мајка која користи формула е ставена во позиција да се правда за истото, да објаснува...и иако се најдобронамерни сите совети околу доењето, често без да ги бара истите, по стоти пат да ги слуша заедно со она упорност.
    Некогаш тоа знаело да биде дури нападно и дискусиите да звучат како оние од типот природен наспроти царски пораѓај и некои небулози од кои се добива впечаток како да се мери мајчинството.


    Секој си знае него како му е и секоја мајка си ги знае своите причини дали ќе посегне по адаптирано млеко или не. На никој не сме му во кожата и не знаеме колку сили има и во каква состојба се наоѓа, со што се соочува или кои причини ги има. Не знаеме и не ни мора да знаеме.

    Секоја жена сама одлучува за своето тело.
    Сама одлучува за абортус, сама одлучува за да не го прошири своето семејство, сама одлучува за да остане на едно/две дечиња или да роди три/четири/пет и сама треба да одлучи дали ќе дои или ќе посегне по формула без притисок од општеството и околината.
     
    На green.eyes, Kaetana, Avery и 27 други им се допаѓа ова.
  4. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    25.038
    Пол:
    Женски
    Според мене,секоја новопечена мајка треба да го даде својот максимум за да знае точно дали да посегне по формула или не.
    Штета е да се откаже прерано.
    Освен придобивките за бебето од мајчиното млеко,јас би ја додала близината и врската мајка-бебе која само доењето може да ја зајакне најмногу.Таа топлина со ниедна формула не се заменува.

    Меѓутоа,секако дека ако после секакви обиди за доење не се воспостави здрава и нормална лактација,бебето мора да се нахрани,нема сигурно да се остави гладно,па формулите се идеално решение.
     
    На Kaetana, Anacid, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    Не се секогаш криви мајките. Они се само неискусни и неупатени. Сегде во светот постојат училишта т.е. се држат часови за доилки, за да им се помогне на жените да знаат како да бидат успешни доилки и како да бидат упорни.
    Сметам дека секоја жена има млеко и секоја може да дои, освен нели оние случаеви каде навистина здраствено тоа не е возможно. Тие се исклучок и верувам дека не им е баш сеедно, но си се помириле со тоа иако се мета на осуда од околината.
    Многу голем бизнис е Ад млекото. Гигантски фирми соработуваат со болници, доктори и педијатри. Самите бели мантили на некој од нив имаат фирма на Ад млеко, пенкалца па и тефтери. Криви се и самите доктори кој по секоја цена ќе ја убедат мајката дека нема млеко, има вовлечени брадавици или бебе е мало и нема сила и затоа одма кажуваат морате со Ад. Или пак најнов тренд е кога после пораѓај се иде на прва или втора контрола на педијатар и по дефолт советуваат : Мајка мора да почнеш со дохрана по 30-60мл.
    Самото тоа давање на дохрана прави лактацијата да се намали. Зашто се знае : колку е бебе почесто на града толку повеќе млеко надоаѓа. Потрошувачката е колку што е побарувачката.
    Еве ќе кажам за себе....
    Имам микроаденом на хипофизата и со години сум под терапија на бромергон и следење на магнетна, за да не се зголеми тумурот. Кога останав бремена ( со ивф ) бев под терапија со бромергон зашто во спротивно ќе имав спонтан или нагло растење на микроаденомот. Бромергонот требаше да го пијам до крај па и одкако ќе се породам, со тоа што беше нагласено дека бидејќи сум под таа терапија нема да можам да дојам зашто нели нормално ќе немам млеко. Во 31ва недела седнав со Еднокринологот да ја прашам кој се ризиците доколку го прекинам зашто решив дека сакам да дојам. Не ме интересираа и не прашував за ризик по мое здравје туку по здравјето на бебето кое го носев. Ме убедуваше да не го прекинувам. Ми објасни дека веќе бебето е оформено и дека неможе никаква штета да се направи по неговото здравје, но мене може да ми се зголеми микроаденомот и да ми се вратат страшните главоболки. Решив бромергонот да го прекинам и постепено го намалувавме ( зашто несмееше нагло да се прекине ). Во 33та недела ( памтам четврток ) го испив последното апче. Се породив царски ( морално поради мојата историја ) во 38+1 понеделник. Во средата вечерта осетив дека градите ми жежат и како да качувам температура. Јас како неискусна и поима немав што се дешава ја повикав сестрата. Рече дека сигурно ме фаќа вирус и ќе дојде да ме боцне со антибиотик. Среќа ( на Гак ) си имаме цимерки кој некогаш ни се навистина добродојдени. Цимерката беше искусна зашто се породи со второ, па ми вика : немој мајка да те пафтаат каков вирус бре, млеко ти надоаѓа јависе кај мужти пумпица да ти донесе. Да не идам офф топик само на кратко...8 дена бевме во болница зашто беше розична ситуацијата на синко поради докторска грешка па и педијатарската во Гак.
    Ми ја донесе пумпицата и на јутуб учев како да се одмолзувам и како да дојам. Во четвртокот дојде педијатарката ме стисна за градата и рече : Мајкааааа ауууу па ти немаш брадавици па ни млекце немаш како што треба. Ај јави се на мажот да ти купи силиконски брадавици и Бебелан 1. Не се јавив кај него туку как другарка ми која вака ми кажа : Жено не слушај глупости, млеко ќе надојдува и че имаш ако синко твој ти цица. Дур не ти го донесат одмолзувајсе на 2ч колку и да е болно ќе издржиш ако сакаш да доиш и масирај ги. И не се секирај за брадавиците синко твој ќе си го прилагоди устето и ќе си цица ќе видиш.
    Вечерта за прв пат ми го донесоа и одма го ставив на цицка. Маучена од јутуб како и што опппп притисни вака, наместиго вака, напрај така и оппп синко фати и си цицаше. И еве не 3ипол месеци синко е на ексклузивно доење. Без силиконска брадацица, пумпицата само во болница ја употребив и без ад млекце. Имало денови кога зајдувал од плачење, кога не сум знаела што му е, кога ќе го ставев на града а он вришти и се тегне, па и ден денес имаме такви борби, но никогаш не посумљав во своето млеко ниту пак дадов Ад иако бев многу пати советувана од околината дека плаче зашто е гладно можеби. Синко се роди 3330кг, исписна 3020кг. Вчера бевме на контрола и синко на 3ипол месеци има 7190кг само на доење е.
    А неговата мајка ( јас ) имам главоболки, магнетна несмејам да направам поради доењето, бромергон нема да се напијам НООО синко ќе си го дојам зашто сметам дека неговото здравје е побитно од моето. Сепак тоа е мој став и мислење.
    Се извинувам на рефератов :)
     
    На Kaetana, Milobebence, Gosh и 22 други им се допаѓа ова.
  6. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    25.038
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 браво мајка,секоја чест.
    Јас бев во слична ситуација како твојата,пиев Достинекс и ги баталив кога останав бремена.
    Само што мене трајно ме оштетија,појаки се од Бромергонот и млекото не ми се врати никако.
    Многу ми беше криво,ама ептен!
    Ако,здрави живи пораснавме и така.Тоа е најважно.
     
    На eli25, Belabelinakinder и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.972
    Пол:
    Женски
    @MamacitaBuena
    Се согласувам со тебе.
    Јас многу голема мака видов на почетокот, но многу бев упорна. Сите ми велеа-,,Штом не ти дојде млекото, нема ни да имаш,"Јас се чудев како е можно тоа, млеко имав. Ми кажуваа дека треба кога бебето цица и од другата града да течело млеко. Тоа било, тоа. Тогаш имала мајката доволно млеко. Мајки, верувајте толку многу ми одмогна тие совети и дури поверував дека немам доволно млеко за детето. Почна и на психа да ми удира и зедов да се одмолзувам дури за да се уверам дека има доволно млеко. Имав неубав период , но не се откажав и еве не 28 - ми месец се доиме. Некако уште не сум спремна да престанам со доењето, ќе ми треба време изгледа.
    Јас би дала предност на мајчиното млеко зошто е неспоредливо со било што друго. Додека немав воспоставена нормална лактација ќерка ми беше и на Ад млеко. Затоа што едноставно беше гладна. Адаптирното млеко е поскапо и познавам многу мајки кои едноставно не можат да им обезбедат млеко во доволна количина и посегнуваат по кравјо млеко што е многу погрешно. Значи и до некаде е бизнис во прашање како што веќе е пишано погоре.
    Верувам дека секоја мајка би избрала да дои доколку е се во ред со неа и бебето.
    @sofi2107 секоја чест, едноставно мајка.
     
    На Kaetana, cresa-jagoda, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    Познавам неколку мајки кој биле во истата моја ситуација и исто постапиле како мене. Верувам дека секоја од нас би го ставила своето здравје во втор план. А, ете сепак кај тебе таква ти била ете ситуацијата за жал. Достинексот ги пиев и јас, но се префрлив на бромергон кога започнавме со процедурата Ивф. Зашто достинексот во бременост не се пијат, додека бромергонот се пие не е штетен. Достинексот има многу лоши нус појави.
    Баш ми е жал, но сепак и Ад е прехрана/млеко. Сепак не бил твој избор, така наложила твојата здраствена ситуација.
    Се надевам доколку се решиш да си пак мајка, следниов пат ќе ја имаш таа среќа и ќе си го доиш бебулето.
     
    На MamacitaBuena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Браво мајка секоја чест на храброста!
    И јас се слагам дека незнаењето на мајката си го прави своето !е Првото дете тешко фати а и тешко ни одеше доењето одвај цицаше до 7 мес. И сам постепено си се одбиваше а и така ми замина млекото. Слушајќи ги другите а и педијатарот (после доење АД) се зезнав ... млада, неискусна и сомнителна во моето млеко посегнав по АД.
    Кога се одби синко сум плачела како мало дете, сметав дека сум потфрлила и дека не сум добра мајка и што не можам да му го дадам најдоброто од мене...
    Замина тој период синко веќе голем 4 год... Кога останав бремена со второво, не се фокусирав на пораѓајот туку на доењето како да имаме успешно доење. Само што се породив природно ме оставија да одморам неколку саати и станав и си ја барав бебупка да ми ја донесат и под никој случај да не и даваат АД.
    Фала и на акушерката што беше до мене 3 ч, ми помогна ја најдовме соодветната положба и беба почна да цица како да е големо бебе. 3 дена во болница освен за пресоблекување, цело време беше со мене и цело време на града. Толку бев радосна среќна што тоа чувство не може да се опише. При испис од болница беба немаше симнато ниту 1 грам а имаше качено дури 100гр! Педијатарот задоволен и ме пофали со совет така да продолжиме. Мој совет читајте, гледајте клипчиња и што е најважно не се сомневајте во вашето млеко! Бебе што појќе е на града толку појќе има млеко!
     
    На Kaetana, cresa-jagoda, BirMelek и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.626
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, морам да признаам. Поддршка за сите мајки кои дојдат и подршка за мајките кои од оправдана причина посегнале по АД, тука ги сместувам и мајките кои од незнаење и совети од типот немаш доволно млеко, не ти е хранливо млекото посегнале по АД. Души се сите, сите сакаат на своето дете да му го дадат најдоброто, секоја мајка сака детето да е најдено, а таквите совети само се оптеретување и поттикнуваат обвинување од типот дека ете неможеш на сопственото дете да му обезбедиш доволно мајчино млеко.
    Јас мака намачив со доењето, мн ми одмогнаа коментарите од типот ајде бе па и ти не е страшно колку деца пораснале со АД, само нема да е толку блиска со мајката инаку без гајле биди, коментари од типот не се секирај ќе помине ова не е страшно ни си прва ни последна. Но ЈАС луѓе млеко изгубив од нервози околу беба, од кога се роди то кај 4месеци бевме по болници, на два пати и лежевме во болница, ама тоа за среќа помина, млеко снемавшто од стрес што од антибиотици заради мастит, па јас во болница мислам дека го видов пеколот, со тт40 4 дена. Разранети грепки, аууу кога ќе се присетам..... Почнав да пијам чаеви за појачување на лактацијата, лакта микс на Алкалоид, чај за доилки на Хумана, чај од грчко семе, др не правев ништо освен што пиев премногу чаеви, пиев мн вода, супи, чорби, и боза препив, се одмолзував. Се за мојата душа, не викам дека беше лесно но знам колку бев упорна и решена да го дојам моето бебе, но сега сеуште се доиме. Од почеток не сакаше формула ја повраќаше, преферираше да е гладна отколку на АД. После предолги три недели ја исфрливме формулата комплетно.
    Не сум против формула ако нема излез, но секогаш може да се проба, да се најде решението, не е лесно, кошта и нерви не викам не, ама јас успеав.
    Од др страна има мајки кои никогаш не добиле млеко, што да прават мора да го нахранат своето дете, така да од ситуација до ситуација има разлика. Не поддржувам АД само кај мајки кои сакаат да се слободни и да можат да го остават дете и да шетаат, да можеле на раат кафе да пијат, а сум го слушнала и тоа.
    Освен тоа мајчиното млеко е здраво, а и поефтино, нема малтртирање со попарување шишиња и стерилизирање, нема допилнителни малтретирања. Кога бебе сака веднаш имас спремно млекце, а не да чека и да плаче иако нели се фаќа ред и со АД ама малку е потешко.
    Во секој случај, во ситуации каде може да се интервенира јас сум да се посвети малку повеќе време и труд и ќе биде со доење, а да и да не ја заборавам поддршката која можеби е и најважна!!!
     
    На cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.546
    Допаѓања:
    232.080
    А оти да се осудува?
    Од каде знаеме ние дека они сакаат на раат да отидат во кафич а не е нешто друго.

    Повторно се доаѓа до оној момент секоја мајка да се става во позиција да се правда на буквално секој и да ја раскажува својата приказна само за да не биде мета на погледи со осуда.
    Како она стварно немала млеко, како она сторила се што треба да се стори за да не биде во исто "ќоше" со оние другите кои своеволно посегнале по ад.
    Мене би ми било непријатно некој да треба да ми се правда, односно да сум го довела во позиција да го прави истото.
    Од таков вид на притисок и осуди уште толку ќе досекне млекото и да го имала жената.

    А и да сакала са прошета а и да сакала да оди во кафич а и да има некоја нејзина причина, субјективна а не објективна, поради која не дои не би осудила.
     
    На green.eyes, Kaetana, m.i.g и 16 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    5.287
    Пол:
    Женски
    Јас имам полицистични јајници и едноставно немав доволно млеко. Цело време бевме на доење плус дохрана. Кај нас во Македонија за жал тие што даваат АД се гледаат како немајки, како најдолен слој барем јас така се чувствував.
    Секаде ама баш секаде има осуда.
    Додека оние што дојат па макар и бебињата слабо им напредувале се величаат како богињи.
    Страшно жално и срамно.

    Заради ваквите осуди и постови а еве и овде ги читам за малку ќе паднев во депресија. Имав секаква поддршка за да успеам во ексклузивно доење ама ете не успеав. Тие неколку месеци додека не сфатив дека едноставно ќе дополнувам со АД и тоа е тоа ми беа пекол. Место да уживам во бебето јас се обвинував дека ете не сум добра мајка зашто немам доволно млеко. Времето не може да се врати а вакви произволни и паушални обввинувања од типот добра мајка си само и само ако доиш се штетни за сите.
     
    На Elenche87, Troi, MamacitaBuena и 5 други им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    6.034
    Пол:
    Женски
    Доење.
    Едно дете пораснав на АД ( дали од незнаење, дали од немање млеко ( веројатно зашто бебе плачеше нон стоп и изгуби многу на килажа) , дали од нервози од ситѕе околу мене, тешко породување. Ништо не му фали, здраво право е. Но потешко беше, ноќе станувај вриј шишиња топли вода, мора двајца, па да одиш негде влечкаш кутии, шишиња.
    Второ дете си се доиме. Лесно прелесно, креваш маица и толку. Кај и да си.
    Никогаш не би осудила мајка па макар и да сака раат да оди на кафе, но вреди за свое чедо да дадеш се од себе.
     
    На Kaetana, Avery, Elenche87 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    47.945
    Пол:
    Женски
    Јас лично воопшто не ги прашувам мајките дали дојат. Никогаш. Нити на лулашки кога ќе се сретнеме, нити во било каква ситуација. Доколку не го наметне друг прашањето не го потегнувам.
    (Генерално и никакви други информации освен име на детенцето).

    Тоа од една страна. Од друга страна мислам дека баш поради оваа вина која ја чувствуваат мајките кои не успеале со доењето од една или друга причина доењето е доведено до тоа да се промовира колку е здраво и корисно. Мора, поради тоа што производителите на ад прават сензационалистички реклами и кампањи. Па има мајки кои си викаат е добро де, голема работа дека ќе му дадам ад, ете колку има така што раснат, ништо страшно, и од таа причина не ни истрајуваат со доењето. И јас можеби ќе бев така да немав огромна поддршка и совети и да мислев дека и ад е исто толку добро. Кај нас можеби и не е толку, доењето мислам се уште кај повеќето е прв избор, но во светски рамки е доста опаднато. И е токму поради ова, да не се осудуваме, па колку има на ад што пораснале, ад има се што има и мајчиното, итн... а е жално, за нашите деца за кои викаме дека сакаме да им го дадеме најдоброто. На нив им го должиме напорот да успееме.

    Ама проблемот е тој, еден магичен круг, ако не се величи ад мајките што морале да посегнат по него се осеќаат виновно, нормално е, и јас ќе се изедев кога снемав млеко, а тука се и компаниите кои прават огромен профит и ова сосема им одговара. Но со величењето на ад се губи донекаде и поддршката на мајките на кои им требаат совети и помош.
     
    На Kaetana, Gosh, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.674
    Допаѓања:
    118.536
    Мене ова ми личи на последен тренд. Чинам едно време не беше толку промовирани доењето , а осудувани мајките кои послегнале по АД.
    Јас сум дете многу малку доено, не по желба на мајка ми, ама околностите биле тие за жал. Ама тогаш не била мајка ми осудувана како што тоа се прави денес.

    Сметам дека секоја мајка има право на избор како ќе го храни своето дете и тука нема право да се меша остатокот од светот. Без разлика од која причината се одлучила за АД.
    Впрочем формулите не се толку страшни како се прикажуваат. Направени се најблиску да одговараат до мајчиното млеко, сега има куп избор на фирми и формули.

    Секоја мајка знае што е најдобро за неа и нејзиното малечко и како да постапи во одреден момент од животот.

    Има мајки кои прерано почнуваат со работа, мајки со дијагноза , мајки кои немале подршка во доењето и куп други примери кои нас не не засегаат.
     
    На Elenche87, bittersweet, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Mariangel

    Mariangel Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.631
    Допаѓања:
    46.067
    Пол:
    Женски
    Jas ja nemav taa privilegija da go dojam svoeto dete i seushte dushata mi se kine koga ke se prisetam. Da, tochno neka e zhivo i zdravo ke izrasne i na ad i na majchino. No, kaj mene beshe drug sluchaj znaete. Mlekoto si dojde tretiot den posle poragjaj, no shto deka dojde.. nie po bolnici, bebe na aparati niz sonda preku nos se hrani.. doktorite mi rekoa deka mozhebi za eden mesec ke mozhe sam da cica.. mi dadoa nadezh, pochnav da se odmolzuvam na sekoi 2h den i nokj, i da zachuvuvam mleko za nego. Im go davav na sestrite a tie go zamrznuvaa. Sinko primashe samo majchino. Mozhebi i toa mu dade pogolema sila da se izbori so preprekite. Pominaa operaciite, se razbudi. Mi rekoa da probam da mu davam so shishence, jas presrekjna. Iako seushte nemozhev da go zemam vo race i da go zgmecham od gushkanje, se zadovoliv i so toa deka za prv pat JAS ke go hranam mojot sin, i toa so MOE mleko. I taka poleka se navikna na shishenceto i se pomalku hrana primashe preku sondata. Veke stigna eden mesec i mi rekoa da probam so doenje. Povtorno letnav vo oblaci. No so doenjeto ne mozhea da sledat kolku grama izel pa pred podoj go merea na vaga i posle podoj pak. Celo vreme pokazhuvashe deka izel najminimum shto mozhe. 10-15ml sevkupno.. Jas bev uporna, se dodeka eden den ne dojde doktorkata da mi kazhe deka mora da prestaneme. Deka bebe namesto da napreduva, namaluva na tezhina. Deka e pregolem zamor za nego i negovoto srce. So solzi vo ochi prifativ normalno, za negovoto dobro. Prodolzhiv so ekskluzivno molzenje, no stresot i nervozite si go napravija svoeto i za okolu 2 i pol meseci ako dobro pamtam, mlekoto mi sekna. Toa beshe premnogu teshko za prifakjanje za mene. Se prefrlivme na ad.. No, I pokraj se shto pominavme jas sum blagodarna shto postoi ad, za nas majkite koi ne sme bile vo mozhnost da mu go pruzhime svoeto mleko na nasheto dete. Edinstveno neshto shto najmnogu me boli e shto ne mozhev da ja pochuvstvuvam taa bliskost pomegju majka i bebe, i pokraj site ubavi prvi momenti shto gi izgubiv so sinko, ja izgubiv i taa privilegija.. Se nadevam deka nekogash ke imam mozhnost da imam takva bliskost so drugo moe bebence :) Malku izdolzhiv, se izvinuvam..

    Ne sakam da osuduvam, sekoja majka shto posegnala po ad si ima svoja lichna prichina koja nas ne ne zasega. :)

    Se redaktiram. Samo ushte sakam da dodadam deka site shto mislat deka davanje ad e polesno od doenje mnogu se lazhat. Steriliziranje na shishinja, toplenje, rastvaranje, klackanje. Pa mnogu e toplo pa ladi go a bebe vreska za mleko.. dodeka doenjeto e spored mene mnogu polesno, nastrana toa kolku e po zdravo za bebeto. Vadish grada i davash, direkt svezho toplo presno mlekce :) Bez sekiracii dali e dovolno stopleno, dali shisheto e dobro izmieno i red drugi raboti..
     
    Последна измена: 26 јули 2017
    На eli25, Kaetana, Avery и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.626
    Пол:
    Женски
    @danichap jas ne osuduvam nikoj, sekoj ima pravo na sopstven izbor, ne sum ni prasuvala zosto nekoja ne doi, samo sum bila vo takvo drustvo vo koe toa bila temata na razgovor, a jas vo toj moment ne sum ni pomisluvala na toa zaradi toa sto nemav ni vo plan daimam dete, nit pa bev mazena, samo kazav sto sum slusnala, isto imam slusnato deka gospozata ne saka da doi zaradi toa sto ke i se rasipele gradite, povtorno ne bev inicijator na maubarot a uste pomalku vo toj moment zainteresirana za taa tema.
    Nezzzz zosto ako nekoj kaze nesto so slusnal odma se napagja tuka treba covek da izmisli prvo sto e u red da napise, sto im odgovara na clenkite da slusnat.

    Ne sekoe mislenje sto e napisano e osuduvanje.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.781
    Допаѓања:
    133.811
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка има избор, точно, и не треба да биде прашувана ниту осудувана зошто дои/дава формула.
    Кај нас во Македонија, доењето слабо се промовира, поточно мајките немаат голема поддршка и помош од стручните лица (од нив особено, и обука во поглед на доењето) и најблиските во доењето. Секако дека има исклучоци, ама малку се.
    Значи, поддршка! А не лични проценки и претпоставки. Место да помогнат, многумина знаат да одмогнат, оти нели, сите знаат подобро од мајката за нејзиното дете. Млеко или има, или нема. Ако веќе има барем една капка, грев е да не се проба и да не се извлече максимумот од доењето. Ако не бидне, здравје Боже, тука е секогаш формулата. И никој, ама баш никој нема право да ја осуди мајката што дала формула, само би сакала да не се посегнува толку лесно по замената без да се проба сè што може да се направи.
     
    На Kaetana, MacenceEna, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    29.742
    Пол:
    Женски
    Јас доев до 3 месеци, и потоа сама ми се одби а имав млеко. Почнав да давам АД, за да пие млеко, кратко го пиеше и прекина. Сега не пие воопшто млеко, само во каши ако треба да се раствора. Криво ми е што не ја доев повеќе, може е и моја грешка и требаше да бидам поупорна но што е тоа е.
    Јас не сум доена ич. Од болница сум излегла со шише.
    Предност секогаш давам на мајчино млеко, но доколку некој нема млеко или не дои од било која причина не осудувам за АД.
    Секоја мајка знае што е најдоброто за своето дете.
     
    На Troi и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    91.537
    Не прашувам, не ставам во ситуација некој да ми објаснува зошто не дои, ама дека некаква поддршка ќе дадам оти ги правите осудувани, неразбани...не. Кој со што сака нека си го храни своето дете, јас си имам мислење а тоа е дека повеќето не се упорни и се откажуваат пребрзо. Други не сакаат градите да се ги расипат, трети едноставно немаат млеко (мал дел, статистички). Сум имала и јас неиздрживи болки во градите, не само јас де, повеќето имаат проблеми на почеток и сите сме слушале приказни како цицките после тоа ќе ти виснат и сите помислиле на ад ама ете...не сме сите исти.
     
    На candy.cane, Kaetana, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.