Доксинг: измешаните граници меѓу реалниот и онлајн свет

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 20 јули 2023.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Со насловов, јас сум родена за драма и преувеличување. :makeup: :*

    Неќев темава да ја отворам само за доксинг оти е многу ограничувачки ама сепак сакам да е "ѕвездата". Првично сакав коментар кон тоа како онлајн светот влијае на нас, до која мерка. Како онлајн светот ни го афектира животот и реакциите кои ги имаме? Дали онлајн светот ни дава простор да ги ујачаме нашите емоции и да ги вадиме од контрола зошто сепак на одредено ниво кога нешто е онлајн - не секогаш можиме да замислиме дека е реално? И најважно - дали доксинг е исправно? Зошто да, зошто не?

    Јас претпоставувам дека како збор доксинг и не е познат кај нас. Доксинг е барање и објавување на лични податоци за личност најчесто со цел да се нашетити на таа личност.

    ***

    Сега ќе зборам од личен аспект пошто прашањата и целите ги поставив уште во првиот параграф и сметам дека е доволно. Јас сум строго против доксинг. Кои и да се причините поради кои се бара да се дознај кој е зад одредено вирално видео, или адреса/телефонски број на некоја јавна личност/инфлуенсер - причината не е добра и скоро секогаш е за да се нашетити. Дури и, хипотетички, причината да е добра, доколку нешто е вирално - премногу лесно можи, и излегва од контрола, секогаш има личности кои ќе ги злоупотребат тие информации. Во случај на јавни фаци и инфлуенсери - постојано да се барани, да им се оди пред домот, да им се праќаат заканувачки писма итн. Во случај на вирални, секојдневни луѓе - да не можат да се носат со притисокот и да му влијае на семејната благосостојба и приходи. Кога се изнесва информација јавно, не знајме кој како ќе реагира. Ако изнесиме лични информации надвор, по таа логика - можи и да е опасно. Накратко, да нема баланс меѓу "казната" и "криминалот" зошто кога сме водени од (негативна) еуфорија сакаме само да ја задоволиме. А ова е и зошто поставив другите прашања. Лично, мислам дека не секогаш можиме да замислиме дека таа личност на видео е реален чоек, или дека тој кој коментира е реален чоек. Знајме дека е. Ама не секогаш можиме да замислиме дека е пошто на еден начин имаме бариера шо придонесва до дитачмент. Од таму, сакаме да го повредиме и иако мислиме дека сме свесни, ко "ете објавив сите да знат хехе" можи пример да афектира работно место на таа личност. Можи да изгуби работа. Да нема приходи. И зошто? Зошто сме биле лути и сме откриле која е таа личност и не сме размислиле чекор понапред. Сега, знајте дека ако ми дајте месец меморијата ми се ресетира, ама за ова шо ќе кажам бледо памтам дека и тука имало примери, на форумов, и ферски казнети. Ама има места каде сме анонимни, како тука. И некој дознава и објавува која е личноста пошто не знам, тука била ѓубреста. Зошто? Можи местото му е издувен вентил, збора за приватни работи. Ете ти кажа која е личноста, ама како ќе биди нејзиниот приватен живот афектиран од ова? Шо ако ја прочита комшивката, види од тебе дека е та, па сега знај дека комшијата има еректилна дисфункцика и како трач го разнеси наоколу? Знам дека звучи бизарно ама ваквите работи имат тенденција да се chain reaction.

    И се ова ме носи до еден личен потсетник кој си го ставив: едно видео за тиктоксификација на драма.



    Габи објаснува нешто слично шо пишав тука. Дека кога сме онлајн некогаш забораваме кон колку поќе луѓе то шо пишиме стига. Дека виралните видеа излегват од контрола и често иди до негативни ефекти по приватниот живот на чоекот. Мислам дека е интересно за гледање и дава перспектива нова.
     
    На sj *O*, Ketchup, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.477
    Пол:
    Женски
    Ова ваљда поради последново шо беше актуелна со жената во летниковецот? :D

    Јас сум за тоа дефинитивно да се реагира со осуда за постапки кои вистина се за осуда. Пример, на ФБ сите мањаци и дебили што лабаво си пишуваат одвратни коментари е баш затоа што нема никакви последици за нив и нивниот социјален живот.

    Е сега ако повеќе размислам можеби си во право кога не треба сепак да се издава идентитетот. Ако нешто е толку вирално раширено таа личност секако сама ќе се пронајде и секако ќе ги прочита коментарите и мислењата. Па ако јавна осуда на постапката и влијае некако. ќе влијае да се промени без разлика дали е познат идентитетот или не.

    Ваљда во суштина сакам да кажам треба повеќе да целиме да осудуваме постапки, а не луѓе. Може тоа ќе направи да се помалку defensive и поотворени за промена.
     
    На Ketchup, Directioner005, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Сакам само да нагласам ова. То е се. И да, инспирацијата од кај ми е ти е скрооооз точна претпоставката. :D
     
    На Ajronmen и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.825
    Се е тоа во ред, ама ако веќе збориме за госпоѓата која е инспирација за темата, во суштина фали осет и свест од старт, па чисто се сомневам дека такви луѓе кога ќе прочитаат коментари ќе си ја сфатат грешката и ќе станат подобри личности :D Пошто да имала свест и предтоа дека однесувањето и е неок, немало ни да го направи. Од друга страна, моето искуство со такви луѓе е дека само ќе станат дефензивни и во нивниот свет сите други ќе се криви освен нив.

    Не сум за јавен линч секако, освен во екстремни ситуации и за екстремни грешки каде сметам дека за доброто на колективот треба да се жртвува приватноста на лицето (пример предатори, педофили, итн), ама ептен се сомневам дека воопшто некои луѓе можат да се научат на памет преку тоа што ќе прочитаат дека некој ги осудил. Таа или тој да имале некакво чувство на срам, немало ни да постапат така.
     
    На Ketchup, Nausicaa, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.477
    Пол:
    Женски
    Да, ама тоа иде both ways...нема ни да се промени и ако и е идентитетот познат. Едноставно никако нема да се промени.
    Она што може да се промени е колективниот осет. Кога ќе видат сите како некоја постапка е осудена, може ќе се потрудат да не ја направат. Освен тие што се оперирани од осет, секако. :D
     
    На Srckata28, sweet-cherry, Aнонимус_ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    2.693
    Пол:
    Женски
    Не, не е исправно. Самата дефиниција за доксинг, која претпоставува штета кон некого, е доволна.

    Вистина е дека во онлајн светот сите можеме "да бидеме" професионалци во разни области многу лесно , па заведени од поддршката на исти такви професионалци какви што сме и самите, често забораваме каква е реалноста.
    Се знае кој треба да собира и анализира податоци за некого , луѓе со години се школуваат за тоа. Сите останати, вклучувајќи ги медиумите ( освен кога станува збор за истражувачко новинарство, кое скоро и не постои ) треба да бидат санкционирани.

    Во врска со актуелниов случај на некултурно, бахато однесување на рандом некоја особа имаме едноминутна слика која ни е пласирана. Не знаеме што можеби било пола сат пред тоа. Можеби постоел договор кој не е испочитуван. Можеби и не,нели, но, секако е искористено во онлајн светот за излив на уште поголема некултура и бахатост.
    Е така е со секоја информација и слика што ја споделуваме. Трајно запишана некаде, во секое време достапна на некого кој е спремен да токму нас доксинг ни прави некогаш...
    Од камери во јавност можеби и ќе избегаме, од своето пишано и своеволно поставено и евентуално некогаш злоупотребено,малку потешко.

    Вистинската елита не користи социјални мрежи, ликот на нивните деца е непознат, си играат во кал во природа....иди обиди се доксинг да им направиш :D
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    12.073
    Како минува време, сфаќам дека што помалку споделуваш лични податоци, подобро. Преку социјалните мрежи сервираме многу информации за себе.
     
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.138
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно треба да се внимава што се објавува по социјалните мрежи за да не дојде до некоја несакана злоупотреба која утре може да има негативна последица по самите нас или нашите блиски. И јас ќе го споменам случајот со жената во летниковецот, како еден свеж пример. Тоа што и е откриен идентитетот е сосема очекувано, во денешно време се се дознава. Самата е виновна што се однесуваше така ужасно. Факт е дека кој и да го открил идентитетот го направил тоа со цел јавно да ја засрами пред оние кои ја познаваат. И заслужи реално. Или еве да ги земеме за пример разно разните манијаци кои праќаат недолични фотографии од половите органи на која и да ја начекаат. Има една, да не ја именувам но веднаш ги објавува. И они заслужуваат. Барем нека ги видат сите кога се толку мераклии. Треба секој да се однесува со мера и да знае до каде му се границите.
     
  9. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Во ситуации кога од обична расправија на форум се "копаат" податоци за личноста, за со факти да се побие мислењето - не оправдувам.
    Исто и случката со инфлуенсерката која сподели за жената што по грешка ја прати пораката кај неа.
    И во двата случаи може да дојде до разводи, губење работно место и сл.
    Можеби во моментот личноста која објавува има друга цел и е понесена од ситуацијата без да размисли, ама сепак мислам дека треба да се изброи до 3 па и до 10 пред да се наштети некому.

    Ама во ситуации кога има толку дрско однесување како тоа во летниковецот - заслужено е. Секој треба да знае каде му е местото.
    Јас оваа ситуација ја споредувам со тоа, ако седам на клупа која е на јавна површина и некој да седне на другиот крај да го избркам затоа што прва сум седела. Немам право на тоа.

    Исто се сеќавам на случка каде така наречена инфлуенсерка објави разговор во пораки на оженет маж со бремена жена. Не е во ред тоа што тој и праќал, ама можеше да дојде до катастрофални последици (пример губење на бебето).

    Во мое време исто имаше едно вирално видео "кај ми е сонцето". Ауу на каков потсмев беа и двајцата од видеото. Не знам каде се сега и како се справија со ситуацијата, ама да бев на нивно место немаше да излезам од дома буквално.


    Многу луѓе во виртуелниов простор подзабораваат дека таму некаде позади постои вистински живот.