Ја отворив зошто би сакала да знам како сте се справиле со такви луѓе? Имам ситуација каде што другарка ми должи пари веќе неколку месеца и прво ме лажеше секој пат кога ке и спомнев за враќање а сега почна и да ме избегнува. Значи сумата е околу 150 евра и поради тоа не би сакала да се моткам по Адвокати но искрено размислувам и на таа опција. Знам дека повеќе би платила Адвокат но искрено мислам дека некои луѓе треба да си ја научат лекцијата а не да се молиме за свои пари.