1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашна аптека

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Waka-waka, 15 мај 2014.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Под терминот домашна аптека се подразбира определено место во домот,кое е темно и суво и во кое се чуваат лекови кои се издаваат без рецепт и можат да се земаат за поситни здравствени потешкотии и без претходна консултација со лекар.
    Што чувате во вашата домашна аптека?Дали внимавате редовно да го проверувате рокот и состојбата на лековите? Како го организирате вашето медицинско кабинетче?Што од лекарствата што ги имате дома,носите со вас на патувања?

    Еве го мојот список на работи од домашната аптека.

    Витамини


    Витамин Ц
    Б-комплекс
    Дополнителни витамини/суплементи

    Лекови против болка

    Аспирин
    Аналгин
    Кафетин
    Кафетин менструал

    Средства против дијареа

    Линекс
    Смекта

    Помош при настинки
    Капки за нос
    Пастили против болки во грло(Трахизан/Стрепсилс)
    Кафетин колд
    Парацетамол

    Алергии/убоди/изгореници
    пудра
    Синопен за убоди
    Средство против инсекти
    Јекодерм за мали опекотини

    Друго
    Капки за очи
    Течност за чистење на уши
    Маст за олабавување болка и напнатост во мускули(со загревање или ладење)
    Маст за олабавување болка во вени
    Перничиња за загревање
    Перничиња за синуси( сошиена крпа,наполнета со морска сол и после се загрева или со пегла или во микробранова)
    Алкасалцер за киселини во желудник,Рупурут или обична сода бикарбона

    Природни лекови
    Оцет
    Мед
    Прополис
    Оризово млеко
    Чај од нане,камилица,мајчина душица,жалфија(за гаргара и рани во устата)
    Кантарионово масло

    Дополнително
    Хидроген
    Медицински алкохол
    Завој
    Ханзапласт
    Ножици
    Топломер
    Маски за уста
    Медицински ракавици

    *Антибиотици никогаш не чувам дома,сите други лекови што биле препишани и употребувани извесно време,после завршетокот на терапијата ги фрлам.
    Сите упатства ги чувам,заедно со лековите во оргиналните кутии.Ако ми зафаќаат место лековите ги вадам,кутивчето уредно го здиплувам заедно со упатството и ги ставам во пластични кесички со мини патентче/механизам за затворање.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.910
    Допаѓања:
    32.510
    Пол:
    Женски
    За мене и за маж ми

    1. Аналгин
    2. Парацетамол
    3. Витамин Ц
    4. Ефисол пастили за грло
    5. Пропоминт спеј за грло
    6. Марисол спреј за нос
    7. Парафинско масло
    8. Раствор за афти Метиленско плаво
    9. Херпесан гел за херпес

    За децата

    1. Витамин Ц за деца
    2. Спреј за нос Dead Sea
    3. Сируп за температура Блокмакс
    4. Капки за уши Дексаметазон-Неомицин
    5. Капки за нос Оперил П
    6. Капки за коски Пливит Д3
    7. Линекс Јуниор
    8. Сируп за кашлица Хербион
    9. Кантарионово масло
    10. Алкохол 70%
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.