Домашните миленици..обврска или уживанција

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 23 јули 2012.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Како со вашите миленици..Дали ви се само обврска ,само уживанција или и двете..Мене со моето ми е и двете подеднакво...
    (Иначе имам куче)Му праиш да јаде(башка моево нејке да помириса сува храна ,а не па да јаде..така е кога го научив уше од мал на готвена храна-му вариш орис,пилешко(месо и џигер),му ставаш лепче јогурт..некад кога не сум купила месо јаде паштетка со леб,лен и јогурт па му мешам све)Еве сега му варам џигерче а тоа мириса ли мириса ,се врти околу кујна ,цивка,лае,а премногу е жешко па дувај му да се олади..Абе бебе..После тоа му се какало ,па му се шетало,лае за надвор изнеси го надвор нека се подружи со кучиња :rofl: ..Па ќе намириса некоја женка со добиено..се врти околу нејзе ,нејке дома да си иде...Иде она дома он по нејзе па бркај го ,да го фатиш..Страв ти е додека е пуштен да не избега,да не дојде некое агресивно па да се здават..да не скокне он по некое дете со топка..да не касне отров ,да не ти го украде некој додека се свртиш ... |-) ..Па дома ќе дојде зашо живеам у стан бањај го тафри го,мафри го..Абе шо да ти причам,ко дете да е... :talk: ..После пак напрај му да јаде..Па сакаш да излезеш сам дома ти е па мисли го нешо да не напраи..Не дај боже да има пожар ..Па да не лае па да го пријават... :emo: Па направило беља и кога ќе направи невино фациче оди налутиму се ,карај го или па удри го на крај памет не ти е..
    Е во меѓувреме и навечер се уживанциите..Гушки,бацки...све тоа...битен момент е што секогаш ми се радува кога ќе си дојдам дома ,па макар сум отишла до доле да му купам него нешто за јадење...
    Како и да се слатки маки со нив..Срцки се бе :inlove: :inlove: :!:
     
    На 1209 и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    232.949
    Немам домашен миленик од простоа причина што гo гледам како обврска.
    Не мразам животни или слично, само не можам да си дозволам таква обврска.


    Кога ќе решам да ја давам мојата љубов кон некого, да му готвам, да го шеткам и да трошам по него...ќе родам дете.

    Не верувам дека некогаш ќе имам домашен миленик по моја иницијатива.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    137
    Е тоа ти се слатки маки ..скоро исто како со децата..
    Ти дава љубов . :* .. му пружаш љубов :* ама и све остало, нега, грижа, одговорност .. :doh: :doh:
    Но .. сепак се сведува на тоа дека ти го разубавуваат и оплеменуваат животот :inlove: :inlove:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ElliyWonder

    ElliyWonder Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Jас имам кученце,малтешка пудлица.Му давам готова сува храна и обажава пиперки и крставици :D Tочно дека е огромна обврска, ама пак коа ќе видиш дека секогаш коа си тажен е тука да те развесели и како ти се радува...Eдноставно даваат голема љубов па едноставно забораваш на обврските и уживаш да ги исполнуваш. Секогаш ти е интересно со нив,секогаш имаш што да правиш ;)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Има обврска, ама ако веќе се нафаќаш да купиш кученце или било кое друго домашно милениче, треба и да си знаеш за последиците, нели? Само, за мене тоа не е некоја преголема обврска. Поголемо е уживањето, дружењето со него. Насабајле кога ќе станам не сум баш друштвена, ама кога ќе го видам него не можам да не се насмеам и расположам. Го зедов пред 2 месеци и не се каам во никој случај.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Не станува кучето обврска првите неколку години, туку кога ќе стане мало старче. Најтешко е кога го гледаш како пред тебе старее и ги доживува истите проблеми како и стар човек. Неконтролирано мочкање, не може долго да шета, не може се да јаде, проблеми со варење и така натаму. За да бидеш покрај него во тоа доба од животот потребни се големи жртви, и искрено капа им симнувам на тие луѓе што издржуваат.
    Најлесно е покрај себе да имаш игриво мало кученце полно со елан, но не секој може да издржи да биде со него до крајот на патешествието, па неретко ги напуштаат стари и изнемоштени. Таквите не заслужуваат подобра судбина од онаа која му ја скроиле на миленичето.
    Инаку да, најслатките маки се тоа, те градат како личност, ти ја јачаат одговорноста и грижливоста.
     
    На mims-89, 1209, Alanna и 4 други им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Со животинчињата ги добиваш бесплатно и двете, 2 во 1. :)
    Неможеш да речеш дека не е обврска, ако речеш така значи не чуваш милениче, посебно куче бидејки дел од другите животинчиња ги немаш прошетките за кои мора секој ден да одвојуваш време, па дури и неколку пати, сеедно дал е 53 степени или -30, мораш!
    А по обврската доаѓа уживање. Едното со другото си доаѓаат.

    Морам да кажам дека кога го земавме кучето ветивме дека ќе го играме, чуваме, раниме и шетаме со сестра ми. А и испаѓа дека се повеќе моите ги превземаат обврските.
    Не дека кога би го чувале сами нема да ги извршиме обврските, НО мамооооооо имам за учење, татоооо ладно ми е имам добиено оди прошетај го и бла бла бла. Среќа моите го сакаат како прв син у семејство, па го чуваат премногу :lol:
    Обврска огромна е.
    Ако сакате милениче кое ќе биде како статуетка, кое ќе ве слуша постојано, кое ќе јаде само кога него му се јаде, кое ќе моча само него кога му се моча, кое ќе се шета само кога е убаво времето, е тогаш земете си плишано мече од Џамбо.
    Јас си тргнувам од мене, јас сум живо суштество и тоа е живо суштество.
    Замислете мене да ме остават дома до вечерта и да не ми даваат да мочам. И ако се измочам дома добијам весник по газето. Епа ако сакате кучето да е послушно допринесете му го тоа. Шетање секој ден, дури по неколку пати, храна убава бидејки реално домашниве кучиња се пицајзли невидени не јадат се и сешто, па потоа чешлај го, па чисти му ги ножињата, па ако несака да јаде давај му од рака бидејки само така јаде (моево еднаш му правевме авиончиња за да јаде, да ми кажува некој дека ќе молам куче така да јаде ќе сум ви рекла дека сте ненормални :!: ), па исчисти му ја повраќаницата, па стави му ги гомцата во канта, па вади крлежи, па чисти му рани од тревки, па ставај му термометар го газето да видиш дал има температура.... и така натаму.
    Реално играњето со нив трае кратко, другите обврски траат долго :)
    Ама моментот кога ќе станеш и весело ќе те погледне, кога ќе те бубне пред да одиш на работа, кога само оно среќно те дочекува од работа, кога се радува на секоја прошетка искрено, епа тогаш забораваш на обврските и се препушташ на задоволството што имаш миленик кој те сака повеќе од се.
    Затоа стално викам не зимајте миленик ако не ја сваќате таа обврска за член нов во семејството. Секој може да пружи љубов на прекрасно животинче, ама не секој може да ја прифати таа одговорност.
    Чувањето на миленик ќе ве научи на многу работи во животот, а ќе сватите и дека сте спремни на работи за кои претходно не сте ни претпоставувале. Тоа учи од вас, вие учите од него.
     
    На antonina, Alanna, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    Повеке обврска е тоа со јадењето...али јас немам проблем али на мене ми е уживанчија кога го шетам онака си го ладам мозокот....
     
  9. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Обврска во која уживам.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Домашните миленици се 1 член + во семејството.
    Колку и да биле мили и слатки,тие се обврска.
     
    На Divine91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    133
    Луге темава е замрена незнам од кои причини, но не ми се верува дека немате домашни миленици.
    Ајде да се обидеме да ја реактивираме темава и да разговараме за тоа дали имате миленици и што, дале е тоа куче, маче или нешто егзотично. Во секој случај миленикот неможе да биде обрска како што ниту детето неможе да ти биде обврска и едното и другото се чуваат од задоволство. Можеме да разговараме не само кој вид домашно животно чувате туку имате ли некој посебен ритуал на играње, мазење што најмногу ви се допаѓа кај него. Кои негови навики ве нервираат и што би сакале кај него да промените. Па можеби вака ќе размениме искуства и на индиректен начин ќе си помогнеме.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    484
    Имам две кучиња. А до пред некој час и хрчаче, ама го нема повеќе ;(
     
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Јас имам голем дебел мачор ,сега нормално оти е обврска ,буквално како дете мало да чуваш се грижиш за него, ама од толку што си го сакам и сама се чудам понекогаш зашто за него све правам а мајками да ми рече нешто да направам нема да го направам ,а за мачорот летам :D :inlove: .Значи премногу ме исполнива ,кога ке си дојдам од негде трца кај мене се гали, едвај чека секогаш ако не сум дома да ме види ,срценце .Понекогаш ке се качи до комјутер да биде само домене ,пошто досадно му е сам :) .
     
  14. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    133
    Сосема те разбирам а тоа зошто правиш се за него? Па нејверојано си свесна дека тој зависи од тебе и доколку ти не му дадеш да јаде ќе биде гледан или ако не го погалиш ќе биде тажен. А, на крајот на краиштата единствено во љубовта на домашниот миленик можеш да бидеш сигурна дека не глуми, само животнитезнаат искрено да ти се израдуваат кога ќе се вратиш дома и кога ќе видиш како им светат очињата и кога ќе го погалиш те полни со таква енергија што можеш уште еднаш да се вратиш на работа.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    Секој што планира да чува миленик ,што и да е ,нека размисли убаво на што се се обврзува.Јас конкретно имам повеке миленици , куче ,папагал,риби.Ова ми е второ куче,првото ми умре од старост 12 години а ова сега има веке 11 години и пак ке чувам куче.Ама обврските се големи.Бидејки сме повеке члено семејство ги распоредуваме тие обврски и за никого не се терет ама ако само еден член во семејството ја превземе таа обврска (шетање три пати дневно најмалце,храннење,банњање,чешлање,ветеринар)е тука не е наивно воопшто.Нема викенд,нема одмор,нема болен,нема отстапки ама баш никакви.Ние нашите животи сме научиле како да ги прилагодиме и кон милениците.Секое лето се прави распоред за одмор кој кога е дома за да ги превземе обврските околу миленицети.Значи сепак има некои одрекувања ама мора да биде така.
     
    На Lola-M и Madonna им се допаѓа ова.
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Мене искрено ми е многу слатка обвската што ја имам кон мојот мачор, и заборавам дека воопшто е обврска.Станвам на сабајле прво појадок на маченцето му давам после јас ,па нормално јас кога сакам можам да си земам а тоа зависи од мене ,кога сака надвор и ноќе да е морам да станам цела позаспана да го пуштам ,пошто дома спие и нормално кога ке се наспие на сред ноќ ке стане и сака надвор.Значи спремна сум за да гледам дете слободно :D :D ,секоја ноќ станвам да го пуштам мачорот ,па ке станвам и ко ке имам бебе нормално , се испраксирав што е важно :D
     
  17. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    даа многу е убаво да чуваш животно сависи дали дома или надвор сепак е убаво јас си имам мачка персиска,,,1 година дома ја чував но кога порасна сакаше надвор да излегува и гога ја пуштив за прв пат надвор како изгубена беше хаха незнаеше ништо исплашена беше многу беше смешна кога ке видеше маче друго се НАЕЖУВАШЕ целата :D :D мене ми е многу мила и си ја сакам исто така и моите деца посебно поголемоиот син ја обожава многу :D :D тој се грижи повеке за неа ...инаку кога ја пуштам дома многу влакна ми прави по тепих и на кревет...и кога ке ја земам в скут :D :D инаку доле си спие во гаражата си има посебно креветче со кебенце :D :D убаво е да чуваш маче де опушта кога го галиш ^_^ )
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    213
    Jас би рекла и узиванција и обврска нормално :) но тоа за мене се слатки обрвски :) кога веке се одлуЧуваме на одгледуванје милениЧе треба да бидеме свесни дека и тоа како е обврска но кога тие ни даваат толку многу независна љубов не сакаат без разлика дали сме богати,сиромасни,стари или млади тие немаат никакви предрасуди :) Jас имам две маЧки и куЧе и задоволство ми е да се гризам за нив :inlove:
     
  19. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    па и двете... ако го сакаш миленичето ќе ти биде задоволство да се грижиш за него.. :)
     
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.937
    Пол:
    Женски
    дефинитивно уживанција, и тоа голема :!: не можам да си го замислам животот без домашно милениче, ми го разубавуваат животот, многу сакам животни :inlove: :inlove: :inlove: