1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни миленици и мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од Billy Idol, 7 август 2020.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.918
    Пол:
    Машки
    Огромен домашен проблем ме натера да ја отворам темава. Доколку има слична бришете ја, споете ја...

    Имено, имам домашно милениче, маче, поклон го "добив" од внука пред повеќе од пола година.
    До скоро немаше никаков проблем, но во последно време како и внука ми расте и го осознава светот (2 годинки) и се околу неа и станува интересно, па така и мачето со кое сака да си игра и го сака, се појави ОГРОМЕН проблем и тоа од никој друг туку од мајка ми (баба и). Се поставува премногу заштитнички настроена кон внука ми константно бранејќи и "заштитувајќи" од се дома, што и да фати, каде и да отиде, што и да направи...
    Последна "жртва" на оваквото заштитничко однесување е и мачето кое иако не сметаше до сега со месеци, сега секој пат кога идат на гости, го заклучува на балконот и го крие од внука ми со објаснување дека може да ја гребне, повреди или не знам ти што.

    Ова ствара додатна фрустрација не само кај внука ми која го бара мачето и сака да си игра со него ( си игра без проблем секој пат кога мајка ми не е дома), туку и кај нас останатите поради лошиот третман и кон детето, и кон мачето кое упорно не го прифаќа како дел од фамилијата туку како "животно кое треба да се отстрани за да не го бара детето." и муабети од типот "тебе детето ли ти е побитно или мачето?" иако мачето не смета никому, освен неа.

    Зборувано е многу пати, но како и секогаш кај нас ниту еден муабет не вродува со плод, туку завршува со кавга.

    Еве вечерва повторно го имаше скриено мачето, за подоцна да го пушти поради нашиот притисок. Кога зема внука ми да си игра со него одма почна да паничи, да вика и направи сцена која повторно заврши со тоа да биде мачето тргнато и затворено на балкон, а внука ми да плаче оти не може да си игра со него... :(

    Многу деца се растени во домови со миленици уште од малечки, воедно и јас, и знам колку љубов и желба има дете за милениче, а воедно и колку е посреќно кога расте помеѓу нив. Сум знаел уште од 3-4 годинки да носам кученца и маченца од улица дома затоа што сум ги сакал и тогаш не правела проблем, ниту пак јас сум настрадал од некое милениче или "закачил" некоја болештина, завршил во болница, умрел итн. итн.. Но ете, дали поради староста, јазот на генерациите, сега не мисли така.
    Родителите на внука ми не сакаат да влегуваат во сукоб со неа иако немаат ништо против мачето, напротив, тие беа кои го донесоа.

    Секој совет е добредојден, но не мора само за мојот случај да биде темава, туку општо може да се развие дискусија за оваа проблематика која верувам не сум единствениот кој го мачи.

    Сте имале ли вие сличен проблем? Дали сте ги растеле вашите деца со миленичиња или сте им бранеле било каков контакт со нив?

    Според мене треба децата да се учат од мали на соживот со домашни миленици. Бенифитот е огромен така за развитокот на детето, а и миленичето е дел од фамилијата и не треба да биде "остранувано" кога ќе се има дете.
     
    На senjorita-v, 1209, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.478
    Пол:
    Женски
    Штом не правела проблем кога ти си бил дете,зошто прави сега?
    Јас да сум на твое место,постојано би ја потсетувала на ова.
    Да е некој од вас алергичен,па да разберам,ама не е.
    Не си спомнал ни некаква агресија.
    Разговарај со неа смирено,кажи ѝ дека ќе бидеш уште повнимателен,дека нема потреба да реагира вака.Мачето е твое,а внука ти е дете на сестра ти и зет ти.Само вие тројца можете да кажувате дали и колку да го фаќа мачето,она не.Ако не бива,заострете јазик.
     
    Последна измена: 7 август 2020
    На CameliaMiller, edna_malecka, Regina.Phalange и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум растела со животни, без нив не можам. Тие ми се најголемата љубов и како сум растела јас, така и моите деца во иднина кога ќе ги имам, здрави живи ако ги имам ќе растат со животни.
    Пред се треба да се разговара со постарите кои смениле мислење или слично на оваа тема, дека не е опасно ништо...
     
    На spacegirl92, CameliaMiller, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Најверојатно мисли дека е многу мала, па и е страв да не го фати, згмечи несакајќи мачето и инстиктивно да ја изгребе. Постарите генерации не веруваат во тоа животно рамноправен член на семејство, за нив ќе си останат само куче и маче за пред врата, двор, нажалост.
    Не верувам дека има некој начин да се примени мислењето со оглед дека не може да се совлада паниката во моментот, евентуално друг да го држи мачето во раце па девојчето да го гали, како за почеток, да види мајка ти дека е безбедно.
     
    На spacegirl92, Bezimenka90, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.918
    Пол:
    Машки
    Била и помала кога си играла со него. Буквално до пред некој месец немаше никаков проблем и си играше со мачето, а и оно и внука ми беше помала. Имало случаи и кога ќе го удрела, штипнела, згмечела и реагирало мачето заштитнички, како маче, нели. Ама никогаш не се случило којзнае што претерано за да се има таква реакција, напротив, дури и позитивно сме гледале и сме се смееле како си играат.
    Сега си го правда ставот со тоа што мачето е веќе поголемо (7-8 месеци старо), па со тоа и поопасно и може да и направи нешто, како и дека периодично го пуштаме надвор и можело "којзнае што да и префрли и да ја зарази", иако секогаш го чистиме кога се враќа дома и одржуваме хигиена на највисоко ниво. Побогу, со нас живее во станот.

    @nextredstyle , дури и кога се спротиставуваме, како вечерва, ќе попушти и едвај чека да се случи нешто за да направи сцена, да испаничи и да ни рече "ете, гледате дека не треба да и дозволувате" и да излезе во право. Му брани и го учи како домашните миленици да се нешто страшно и не треба да е во контакт со нив. Само му ствара омраза на детето кон мачиња и му влева страв.
    А внука ми многу ги сака мачињата, многу, како и секое дете, нели. Се гледа со колку љубов му пристапува и го имитира како што мјаука... Ама џабе... :(
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.478
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol Заради тоа ти,сестра ти и зет ти треба поостро да ѝ контрирате.Треба да престане да го проектира нејзиниот страв врз детето.
    И ти,и јас,и сите останати љубители на животни сме израснале играјќи со животни и сме имале по некоја гребаница,па ништо не ни било и не ни е.Треба да сфати дека претерува.
    Бидете упорни. :l:
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Според мене ова е клучно. За мое дете јас одлучувам дали ќе има контакт со животни или не. Иако звучи драматично во случајов, граници мора да се постават за тоа кој е родител.
    Друг пример ќе земам еве неповрзан, ако јас сметам дека некоја намирница е здрава, ќе му ја давам на детето без разлика што мисли бабата. Колку сака нека е убедена дека е штетна, едноставно не е нејзина работа.
    Ова го пишувам зошто мислам дека сите останати освен родителите нема да постигнете многу со разговор, ако самите родители не постават граници.

    Инаку од друга страна со мачка мора да се пази со дете во игра, од искуство зборувам. Често знаат да гребат дури и во игра, па да се внимава да не го гребне на око и слично. Ама освен малку поголемо внимание дури си игра, нема потреба од поголеми драми. Сигурно мачето е прочистено и вакцинирано, па нема простор за паника од зарази.
     
    На spacegirl92, 1209, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Бабите секогаш се позаштитнички настроени кон внуците.
    Единствено само сестра ти и зет ти можат да и контрираат со тоа што ќе и кажат дека детето е нивно и ако они дозволат малата да игра со мачето, мајка ти нема што да се противи.
     
    На Brinetka, SummerGirl, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol дали се има случено некој немил настан со мачето? Пример девојчето да било изгребано или каснато. Или пак дали мачката некогаш знае да биде агресивна, па да напаѓа и возрасни и тоа да е причината за стравот на мајка ти?
    Имав таква мачка порано, ќе беше мирна и мила, но наеднаш знаеше да ме касне, а јас ништо не и правев. :|
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Во право е членката погоре зашто сите вие би трошеле енергија со бабата да се објаснувате. Јас ако речам може да си игра со мачето така ќе биде..што има мајка ми или мајка му да се меша и да кажува дали е опасно или не е опасно. Ако е мачето вакцинирано и редовно прочистено пд внатрешни паразити и ноктите ако му се средени на вет нема да имаш проблем во спротивно моме затоа е загрижена...
     
    На Hellobeautiful, cresa-jagoda и Spidy им се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Не е проблемот да и се каже на бабата детето ќе си игра со мачето бидејќи ние сме родители и ние дозволуваме. Таа пак ќе биде испаничена и само ќе чека Ви реков момент како што веќе пиша @Billy Idol .
    Се подразбира дека мачето е прочистено, вакцинирано, пиша членот дека живее дома со нив.

    Проблемот е подлабок што бабата сугерира на детето да се плаши од животни.
    @Billy Idol да поразговарате пак со мајка ти зошто таква промена кај неа сега? Дали има слушнато некоја приказна, или забележала нешто за да има толку страв? Или суптилно заиграјте ги бабата и внуката заедно со мачето па некако да увиде дека не е опасно.
    Или на картата на емоции дека е жално детето да тагува по мачето кога веке претходно и било дозволено да си игра со него сега испаѓа дека е казнета.
    За жал многу баби шетајќи ги внуците имаат така реагирано на животно, леле бегај ќе те касне кучето, или ги лажат децата ако не си мирен ќе те дадеме кучето да те изеде...и потоа имаме паничен страв од животни. До менталитетот е кај нас, какви се навреди има спрема анима мунди, токму со тие споредби кучињата ли се побитни од луѓето. Децата од мали се учат да се плашат од животните следствено на тоа подоцна некои деца ги маваат и тепаат животните, и сето тоа поради проектирани стравови од возрасните.
     
    На spacegirl92 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Само тоалет замени со тараса BE56AE87-2223-406A-A9B2-0BFC76380E3C.jpeg
     
    На spacegirl92, Brinetka, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    24.029
    Пол:
    Женски
    @FreeMind :rofl:
    Мачево ни криво, ни должно на тараса завршило.

    Не знам што има воопшто да се објаснувате со бабата.
    Детето си има мајка и ќе одлучи дали ќе игра или не со мачето.
    Simple as that.
     
    На spacegirl92, Brinetka, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Луѓево имам впечаток дека многу се замараат.
    Абе ако на некој не му се допаѓа моето животче го летам на тараса или низ тараса. Јас и мојата одлука на прво место за мое дете и мое животче. Тие први потоа желби за се остало. Нивната лагодност ми е мене најбитна.
     
    На 1209, Brinetka, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  15. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Последниов месец неколку блиски луѓе ми зборат како читале некоја статија за тоа како маче задушило бебе. (јас лично не верувам во тоа пошо сите пишуваат нешто само за да има повеќе кликови и заинтересираност) Гледам и на мајка ми и излегло на почетна.
    Едноставно глупа статија за да извади човек од памет, без никакви докази ниту слики ниту видеа ни конкретно објаснето кому и каде се случило туку така напишана без везе.
    @Billy Idol дали е можно да има прочитано нешто такво па заради тоа да има некој страв?
     
    На cresa-jagoda и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Од една страна е во право затоа што мачките шират зарази не можеш да речеш дека мачката ти е 100% чиста . Плус не можеш да си сигурен дека нема во игра да ти ја изгребе или повреди внуката затоа што тоа е мачка и она може да ја повлече за опаш или да ја стисне посилно , што ќе биде ако ја изгребе за око? Или и изеде влакна од мачката ,мало дете е ќе ја чепка мачката после рацете во уста.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.671
    Пол:
    Женски
    Никој не умрел оти голтнал влакно од животно. Еве бебе растам со мачор, сите се имаме изнаголтано којзнае колку влакна, па здрави прави сме.

    Вистина мачката може да изгреба дете или било кого. Ама кого знаете дека мачка го оставила без очи?
    Мачките се многу чисти, првенствено оти самите се чистат, односно бањаат неколку пати на ден. Еве го, не оди да кака ако веќе какал, а не сме стигнале да му исчистиме. На глава ќе ми се качи дур му исчистам тоалет, па на чисто да отиде.

    Деца растени со животни, истражувањата покажале дека се помалку склони на алергии. Понатака, учат од најмала возраст за одговорност и грижа спрема друг вид сем својот. Бенефити има еден куп.
    Можеби треба да седнеш и да и објасниш на мајка ти, оти сигурни постои причина што се сменила во меѓувреме @Billy Idol

    Иначе, за разлика од кучињата, мачките може да пренесат вошки на луѓето. Тоа сепак е исклучително ретко, ама е можно. Со оглед на тоа што мачките се територијални животни, нив не им се потребни прошетки, мој совет е ако се чува дома, да се чува исклучиво дома.
     
    На senjorita-v, Mimmi39, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @Billy Idol, абе...подобро мачето на тераса, отколку на улица.

    Зошто озбилно така мислев дека ќе ти заврши постот- мачето го гребнало детето, мајка ти се изнервирала и летало мачето надвор. Е сега, ниту сум родител, ниту сум сопственик на милениче ама сум на став дека мали деца треба да имаат контакт со животни стриктно под надзор на возрасен. Ние „големите“ сме тие кои треба да му покажеме да детето како да го гали, како да НЕ го гали, што смее, што не смее.

    Ние сме тие кои ќе ги прочитаме знаците дека на животното му е доста од детето и сака да се тргне и ќе го дозволиме тоа. Ако оставиме на детето, тоа нема да сака да го пушти мачето/кучето, ќе сака и понатаму да го игра и...животното на свој начин ќе даде до знаење дека не му е повеќе до игра. И после плачки и уште едно бездомно животно ќе се најде на улица.

    На деца им е интересно да влечат животни за уши, опашки, шепи (не дека се садисти, туку мали се и не разбираат) и после миленичето е криво што се одбранило. Затоа, до некаде ја разбирам мајка ти што е параноична. Но, ако вие сте таму и внимавате, спремни да реагирате, баш напротив, внука ти може да има само полза од играта со мачето. Учи емпатија, учи да се грижи за другите, ја јакне отпорноста кон алергиите и го зголемува општиот имунитет.

    Нешто што мајка ти никако не смее да прави е да инсталира страв во внуката од животните. Апсолутни никако тоа.

    Најпрво, најлошо нешто за сите нас е да живееме ограничени од стравови. Многу ми е греота дете од мало да биде растено со наметнати туѓи стравови. Друго, (претпоставувам дека живеете во Мк), ние тука имаме страшен проблем со улични животни. Еве, што ќе постигне мајка ти ако инсталира страв во неа од нешто што буквално цел живот ќе ја пресретнува на секој чекор? Тука, улични мачки и кучиња има колку сакаш. Ај мачките си бркаат работа ама не смее да си дозволи да има страв од кучиња зошто секогаш има можност да налета на агресивно куче и треба (мора!) да зачува присебност за да се справи и минимализира можност за напад. Друго, ќе оди кај другарчиња дома, повеќето ќе имаат или маче или куче милениче. И тогаш што? Тоа животинче ќе оди на тереса зошто внука ти ќе се плаши.

    Нели е попрактично, кога ќе биде внука ти поголемка и повеќе ќе разбира, вие да ја научите дека, за да погали некое милениче, прво треба да го праша сопственикот дали е во ред да го погали? Улични мачки и кучиња не се за галење (ок, дискутабилно е ова ама уште е мала за да разбере финеси) ама може да им носи храна и да им прави муабет, само да не ги пипка. Ќе ја научите дека после галење животни рацете никако во уста и да внимава да не се фаќа на лице со такви рачиња.

    Сакам да кажам, за се има решение, и не е тешко, а место стравови, здрав разум и едукација ќе дадат многу повеќе резултати.

    Исто, дај слика од мачето :l:
     
    На Bezimenka90, cresa-jagoda, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.048
    Мачката ми е почиста и поздрава од 80% од луѓето.
    Шират зарази да, ако не се грижите за нив.
    Ако се грижите, поголеми се шансите вие да ја разболете мачката, него таа вас.

    @Billy Idol не знам за совет што да ти кажам. Јас од раѓање сум со животни дома и тоа некако нормално било секогаш. Ме учеле со почит да се однесувам со животното, јас сум родена и растена кога моите имаа германски овчар.
    Освен сестра ти да и' "списка" не гледам друго решение.

    Дете и животно - најдобра комбинација е. Само детето не се остава само со животно, како што 2 годишно дете не се остава само со друго 2 годишно дете.
     
    На senjorita-v, spacegirl92, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Шо најмногу не боли од се напишано е дека детето можи да добие страв од мачки од ваков однос. Греота е. :(
     
    На senjorita-v, Brinetka, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.