Домот не е дом без книги, без растенија, без домашен миленик, без убав поглед низ прозорец, без посебно омилено катче, без залиха чоколади... Што мислите, кој е вашиот избор? Дополнете, за вас домот не е дом без што?
Домот не е дом без мајка. Јбг, мажена сум, со дете, живееме одделно ама дом секогаш ме потсетува на мајка. Таа топлина, топол ручек наместен на маса, па благичко нешто со кафенце и сите полегнати во дневна додека гледаме некој глуп филм на глупа програма и се смееме за нешто што ни се десило во денот. Домот ми е сега кај што ми е моето семејство и домот не е дом без нив, без детските песни, без хаосот од играчки, без некое вкусно мезенце уз нетфликс ама зборот 'дом' секогаш ме асоцира на мајка ми. Ми фали.
Во домот убаво е да има убави миризни свеќи, голем балкон за одмор со убав поглед, Божиќни украси и елка, книги, колачиња, домашно милениче, чиста кујна, удобен кревет, убаво сервирана храна, секогаш добро и квалитетно вино, топлина. Но, се што набројав е небитно и не е дом доколку нема љубов и почит. Значи, домот не е дом доколку не постои взаемно почитување и љубов.
Се согласувам! Мажена сум, на страна живеам ама домот ме потсеќа на мајка. Секогаш мајка ми викаше ќе видите ќе ви фали куќава. Ние како не ќе ни фалела куќата. Е стварно фалела. Дури дека работам од дома некогаш со се лаптоп одам таму за да се осетам исто. Штета што сега годините проблемите си го прават своето па повеќе ае караме отколку што уживаме заедно. Исто така домот не е дом без безгрижност. Онаа детска безгрижност која веќе нема никогаш да ја почувствувам.
Дом не е дом без: дечиња, топла семејна атмосфера. Без миленик ( и мачка и куче ). Без камин и удобна фотелја до него, а во рака чаша црвено вино, мм и синко. Живееме сами и искрено ни мене ни на мм не ни недостасува никој. Ни фали уште едно бебе. Тогаш мислам дека домот ќе биде комплетен. И, да дом не е без домашен колач. Цела куќа кога убаво мириса.