Доналд Трамп

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Plavusa.17, 23 мај 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Ајде да дискутираме за мојот идол Доналд Трамп. Цело време гледам емисии поврзани со него, следам што се случува околу неговите недвижнини во превод го идеализирам на некој начин (секако не во буквална смисла бидејќи има не толку добри страни на приватен план). Според мене најголемиот бизнисмен и претприемач во светот. Што мислите вие ? Чесен, многу интелигентен, искрен, образован, вреден, достоинствен, храбар, горделив, уникатен, едноставно единствен со многу лоша коса :lol: . И омилениот негов цитат: -Важно е да се издржи притисокот. Тој бил обичен човек кој се пробил во џет сетот преку пријател кој кога го претставувал рекол: Го гледаш овој човек, тој еден ден ќе го поседува Менхетен. Е ај да не е така :) :clap: Восхит. :clap:

    [​IMG]


    Мал дел слики од неговите недвижнини

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]



    Еве нешто накратко за неговиот живот, ликот и делото на Доналд Трамп (досега) :)
    За Доналд Трамп се вели дека се што ќе допре претвора во злато. Го сметаат за симбол на американскиот луксуз, богатство и успех. Роден е во 1946., има двајца браќа и две сестри со кои секогаш бил мошне близок. Неговата мајка Мери била домаќинка, а татко му Фред градежен работник кој го водел Доналд со себе на работа.

    Тој често истакнува дека најдобро образование стекнал во воената школа во Њујорк, го извела на вистинскиот пат. Во 1964. дипломирал како најдобар во класата. По две години на Универзитетот Фортам се префрлува на школата за финансии Вортон. Бил извонреден ученик.

    Првиот голем бизнисменски чекор Доналд Трамп го прави во Њујорк. Фрлил око на познатиот стар хотел Комодор кој имал идеја да го претвори во Трамп Хајат. Во тоа време цените на недвижностите паѓале, а во хотелите имало се помалку луѓе. Според мислењето на многумина, тоа не било идеално време за таков проект. Хотелот го купил за одлична цена, а потоа го убедил синџирот на хотели Хајат да му се приклучат како партнери. Трамп станал голем играч на помалку од 30 години.

    Во 1976. година ја запознал чехословачката манекенка и поранешна олимписка скијачка Ивана Зелничкова. Се венчале по неполна година, а осум месеци подоцна го добиле синот Доналд Трамп Јуниор.

    Во септември 1981. неговиот постар брат Фред Јуниор починал во 44-тата година. Еден месец подоцна го добил и второто дете- ќерката Иванка.

    Во 1993. во Њујорк ја направил највисоката зграда од армиран бетон во градот. Трамповата кула и денес е нешто посебно- се наоѓа во најдобриот блок, на крстосницата на 57-ма и 5-та улица. Таа го зацврстила неговиот бренд, а него го ставила во високото друштво на градежници. Тој со семејството се преселил на последните три ката на овој облакодер.

    Набрзо Доналд го проширува своето царство. Со позајмица од 200 милиони долари во центарот на Атлантик Сити изградил хотел кој добил ново име- Трамп плаза. Едновремено, речиси со иста брзина како бизнисот, растело и неговото семејство. Синот Ерик, третото дете, се родил на 6. јануари 1984. Во април наредната година го купува првото казино во Атлантик Сити за 320 милиони долари и му го менува името во Трамп замок. На сопругата Ивана и го доверил водењето на тој хотел, зашто таа не планирала да се задоволи со улогата на придружничка на богат човек.

    Во 1987. тој го објавува првиот бестселер- прирачник со совети како да се стане богат, а два месеца подоцна ја купува една од најпознатите згради на Њујорк- хотелот Плаза.

    Во 1990. година Ивана и Доналд се разведуваат. Таа останува во Трамп кулата, а Доналд се преселил во Гранд Хајат хотелот. Ивана добила поголема сума на пари од поранешниот сопруг- 25 милиони долари, плус куќа, годишно издржување од 350.000 долари и по 100.000 годишно за секое дете, како и 4 милиони долари буџет за куќата.

    На почетокот од наредната година пазарот на недвижности почнал да пропаѓа, што директно влијаело врз неговиот бизнис. Бил во големи долгови и не знаел како да се извлече од се, а во позајмици имал повеќе од милијарда долари. Набрзо прогласил банкрот на компанијата, а се нашол и на работ на личен банкрот. Морал да продаде многу имоти, како и акции на Плаза и Трамп Хајат, а своето внимание го свртел кон казината во Алтантик Сити. Со многу труд успеал повторно да се крене, а пресвртот го направил уште пославен. Животната доктрина најнапред ја изнел во својот бестселер „Trump: Art of the Deal“, а по кризата која успешно ја пребродил и во книгата „Trump: Art of the Comeback“.

    Во 1999. година починал неговиот деловно мошне успешен татко, од кого наследил 200 милиони долари.

    Напоредно со деловните проблеми, Трамп имал време за својата девојка Марла. Во 1993. јавноста е известена дека парот очекува дете. Есента се раѓа ќерката Тифани Аријана Трамп. Истата година прават веридба, но тој не сакал да се ожени се додека неговата вереница не потпише предбрачен договор. По потпишуивањето, на крајот од 1993., се венчаваат, а до крајот на 2005. бизнисменот го враќа долгот од милијарда долари.

    Освен работата со недвижностите, кои му донесоа богатство, Трамп се испробал и во светот на шоу бизнисот. Ги откупил правата за организирање на натпреварување во убавина Miss Universe, а во соработка со њујоршката NBC телевизија го осмислил и реализирал reality шоуто „Чирак“, во кое ја игра главната улога.

    Поради новите бизниси работното време на Трамп му станувало се подолго, па Марла станувала се понесреќна. Се разведуваат во јуни 1995. и, како што било напишано во нивниот предбрачен договор, таа добила два милиона долара и старателство над ќерката.

    Во 1999. Доналд се запознава со словенечката манекенка Меланија Кнаус и по неколку бурни години врска во јануари 2005. 58- годишниот милијардер и 34-годишната манекенка стапуваат во брак. Венчавката е спектакуларна. Следната година Трамп го добива петтото дете- синот Берон Вилјем Трамп.

    Денес Доналд Трамп е еден од најбогатите луѓе во Америка.

    Со економска криза се пресметува на неколку наврати. Првпат пед банкрот се нашол во 1990.., кога се извлекол само благодарение на одлука на банките да му го реструктуираат огромниот долг за и самите да не се најдат пред банкрот. Благодарение на доброто работење и продажбата на неколку недвижности од моќната Трамп империја, до 1994. успеал долгот да го сведе на сенасе 3,5 милијарди долари.

    Во 1995. се што поседува обединува во еиднствена организација под името Trump Hotels & Casino Resorts. Следните години претставуваат време на процут на Трамповата империја, се до 1998. и новата економска криза и падот на вредноста на неговите акции од 35 на 10 американски долари. Сепак, Трамп се извлекол и од оваа криза, препознавајќи ја моќта на медиумите и маркетингот како сламка која го одржала во рецесиониот порој што повлекол на дното многумина моќни и богати.

    2000-тата ја дочекува посилен од кога било, а во тоа донекаде му помогнало и политичкото ангажирање во републиканската партија на САД.

    Како најдобра „техника за да не потонеш“, Трамп го наведува животното мото кое го спровел низ сите кризи: важно е да се реагира позитивно. Еве ги нејзините основни „елементи“:

    -Важно е да се издржи притисокот.

    „Многумина мои пријатели, многу посилни и побогати од мене, не успеаја да го поднесат тој притисок и за тоа пукнаа. Јас издржав зашто научив важна лекција која ја потврдив со исцрпно проучување на економските кризи од 1900. наваму, а тоа е дека секој економски циклус има свој почеток и свој крај и оти се повторува во речиси математички правилни интервали- горе, долу, горе, долу...Како ролеркостерот- важно е само да се остане во седиштето од почетокот до крајот на возењето. После се се средува;

    -Не му верувај никому.

    „Во работата нема љубов, нема пријателства и нема милост, Во работата единствена љубов е чистата сметка. Паранојата е составен дел на патот до успехот. За мене паранојата е она што е кренатата левица за боксерот- гард кој никогаш не се спушта. Многумина се потпираат врз други, премногу им веруваат, а потоа бидуваат оставени и искористени. Луѓето се генерално лоши, затоа никогаш не може да им се верува, зашто еднаш, без оглед колку биле најдобри, ќе почнат да крадат од тебе. На тоа му служи гардот- навреме да ги научиш на почитување“.

    Иако овие лекции дејствуваат сурово, според зборовите на Трамп се единствен загарантиран пат до успехот.

    „Во работата нема место за емоциите и срцето. Сите одлуки донесувај ги исклучиво со глава.

    Освен тоа, важна е и лојалноста. Нема успешен бизнис, успешна фирма, но ни успешно семејство ако поданиците не му се лојални на шефот, но и шефот на поданиците. Важно е сите да веруваат и да работат за една иста цел, но и да знаат зошто работат за него“.

    Можеби најважен совет на Доналд Трамп:

    „Осаменото гранче пука за час, но за да скршите сноп е потребна посериозна сила.

    Почитување, доверба заслужена со лојалност и деловност на студена глава- се мојот начин за постигнување на успех. Не велам дека не постојат и други, но ми се чини дека е ова единствениот кој дава резултати“. - http://panoptikum.com.mk/2009-11-08-15- ... 35-51.html
     
    На rose60, Beauchamp, interesna и 3 други им се допаѓа ова.
  2. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    порано обожавав да ги гледам неговото шоу APRENTICE мислам дека се викаше, бил кој беше учесник во едно од тие шоуа денес му е десна рака, супер беше и ставрно победуваа најдобрите, секоја чест на д. т.спообен човек кој успеал самостојно да се искачи таму каде што е денес. му помага неговата ќерка ивана која освен со манекенство се занимава и со ова.а меланија? словенката , неговата жена вис тинска убавица. респект што би рекол тони зен
     
    На miss-glamorous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Да и јас го гледав, ко ќе речеше: You're fired. Баш респект! :D Инаку Ивана жена му баш му прилегала, додека Марла катастрофа. Затоа и со 1вата разводот повеќе го чинел, убава, паметна, деловна жена а не само ``Еј здраво, како си?`` |( Штета што бизнисот премногу навлегол во приватниот живот иако златно правило е дека не се мешаат, како и да е за мене двајцата се преголем успех. А и медиумите ич не ја сакаа Марла :)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.022
    Респект за човеков! Му ги обожавав шоута што ги даваа на телма.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Нели требаше да се кандидира на изборите догодина, ама слушам се откажал не знам колку е точно, се надевам не е. И нели го разоткри Обама дека не е роден во САД разговарал со баба му од Нигерија и таа рекла дека е роден таму :lol: :lol: Go Trump ! :clap:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Човекот си може да си прави што сака.

    Гледав пред некое време емисија со него, во кои имаше кандидати кои се пријавуваа и се натпреваруваа да работат во неговион облакодер. Ете човекот си направи една емисија, ништо посебно, ама има пари па ке си удоволи.

    Вака немам некое посебно мислење за човеков, знам дека е еден од најмоќните :clap: нека си ужива во своите пари.
    тоВа е на некој Господ ке му даде повеќе, на некој помалку.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Ама на човеков парите не му паднале од небо. И тој бил непознат за луѓето, за јавноста, се пробил преку пријател во елитата и тие виделе дека е многу интелигентен и дека ќе постигне многу и така почнал малку по малку. Инаку во сите области го бива од образование, спорт, бизнис и претприемништво, маркетинг до водење емисија како на пр. Апрентис и ред други работи :) Со една реченица кажано, снаодливоста му го смени животот од корен.
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    9.072
    Секоја чест за него, како од никој станал некој. Сепак мене ми изгледа ко алчен човек на кого вистинските вредности во животот не му се многу битни. Се за него е бизнис и бизнис, нема чувства
    Се восхитувам на неговиот успех, на неговата империја. Али книгите негови ми се чисто перење мозок и правење пари. Тешко дека некој од книга ќе научи како да стане милионер. Или го имаш или го немаш. Нема тука прирачник, во една ситуација, двацја исти луѓе со исти постапки ќе завршат различно. Многу паметни луѓе ко него не успееа да се извадат од криза. Не велам дека не е паметен, али игра улога и среќа. Сепак го сметам за ужасно паметен човек, кај него нема погрешен чекор

    Го следам апрентис редовно, баш пред некој ден беше финалето на 11тата сезона. Ова беше селебрити па освен донации за хуманитарни органзации друго не се добива, али во оние обичните тој што ќе победи, браво за него. Милионер преку ноќ, буквално. Имаше некои и што факултет немаат завршено ама ич фаќа мозокот и работат на оргомни проекти за него. Ова за мене е повеќе сон, нешто недостижно

    Човекот е сестрана личност, нема во што не се разбира. Може и токму неговата арогнатност го води напред. Не покажува слабост пред ништо, и страв пред никого. Докажа и со тоа кога му се спротистави јавно на Обама. Си прави пари од секаде, баш она дека се што ќе допре претвара во злато.
    Мене многу ме радува фактот што така ги има воспитано децата, цврста рака и паметни. На толку пари лесно можеле да завршат ко Парис Хилтон, ама не. Сите до еден се во бизнисот и успешни. Многу ја сакам Иванка, ем убава, ем паметна, без никакви пороци во живото и лудувања. Се во граници на нормала
     
    На rose60 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  9. miss-glamorous

    miss-glamorous Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Искрено за мене Доналт претставува инспирација и еден вид надеж во животот дека од ништо нешто со многу труд и среќа можеш да станеш еден од најмоќните личности во светот. Инаку дека е алчен и дека вистинските вредности не му се битни не би се согласила, а и да признаеме кој не би сакал да е на негово место сите ние сме по малку алчни. И најмногу од се му се восихитувам на карактерот кој го изградил и покрај се што направил останува добар родител (колку можеме да бидеме сведоци) и пристоен, зошто како што напиша и Алиса погоре од многу раскош лесно може да станеш како Парис Хилтон.
     
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Перверзен стар чичко со лоша смисла за хумор, бетер фризура, веројатно создаден во анус, поради очигледната четирифакинглистна детелинка и порцеланското прасе the size of the Crysler Building, што го пратат у стопу!
    И покрај се,тој е кралот на Њујорк сити. Градот што не спие... Трамп е една од причините за општата несоница таму... #justsayin :D
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    И јас го обожавам овој човек особено шоуто негово штета што нема повеќе сезони
    Трамп само напред !!!
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    9.072
    Како мислиш нема повеќе сезони?
    Малку се 11? и не е прекинато снимањето, ќе си има и нова сезона од септамври...
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    9.072
    Заборавив да го искоментирам моментот со црвениот тепих од последната епизода. Ја гледаше некој последната, завршувањето на 11та сезона на апрентис?

    Уф какво арогантно копиле е, ми идеше да го фатам низ екран и да му го свијам вратот. Му ја мразам нескромноста, му го сакам успехот.
    Штета што за да стигнеш до таму мора да газиш се пред себе. Јас не би успеала
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Не сум запознаена со неговото шоу доволно добро.
    Имаше неколку неуспешни обиди да го гледам, но од тоа што го видов ми личи на алчен, арогантен и суров. Исклучително паметен и вреден за почит. :D
    Сепак :!: верувам малку може да се поработи на изгледот покрај се. Ако не на црвенилото, барем тоа фризурчето да се потсреди. :$

    И сега се сетив на момент кога почувствувам голема изреволтираност од овој човек.
    Еден период бев фан на кечери, дури и се гледав себе си како идна кечерка. |(
    Да си се вратам на тоа што ме изреволтира, нешто се пикна во WWE, да ги извади од банкрот и многу се напнав од новите правила кои ги воведе. :wasntme:
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Го обожавам Доналд Трамп! Не пропуштав епизода од шоуто Ди Апрентис :)
    Многу ми се допаѓа начинот на кој размислува, порано дури и збирав негови слики од весници.
    Го даваат неколку секунди во Сексот и Градот :)
    И еднаш слушнав дека пред неколку години подарил многу пари во добротворни цели, а со тоа бил на првото место на листата за човек кој потрошил најмногу пари таа година и сите биле за хумани цели.
    [​IMG]
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Гледав Aprentice и многу ми се допаѓаше, знаеше како да препознае талент, и еднаш ми текнува кога една жена објаснуваше за пица-сендвич кој требаше да го промовираат, и тој веднаш рече-ете, гледате, таа може да презентира. И тоа беше некаква помош за другите во тимот. Еднаш еден кандидат се откажа, и веднаш прати некого, една од неговите помошнички, да зборува со неа, и... се гледа дека не му е баш сеедно, и не мисли само на бизнис. И едно нешто што памтам: "Think OUTSIDE of the Box"! Respect! 8)
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Му се восхитувам на човеков и на неговиот успех, навистина секоја чест за него. И шоуто го имам гледано, ми се допаѓа многу. :)
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.738
    Браво за човеков !!
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    601
    Извонредна интелигенција и остроумност зрачи од човеков.
    Со непогршлив талент за бизнис и роден да биде лидер :) Штета со се откажа од кандитурата за претседател на САД ама мислам дека тоа му беше само една амбиција плус кој не му беше од големо значење.
    Нека го работи тоа што најдобро го знае. Секоја чест.
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Го гледав кај Опра со цела фамилија и имам впечаток дека новава жена не е прифатена баш од децата :lol:
    Вчера баш и читав нивно заедничко интервју и слики од една куќа во Хелло, ја прашуваат женава дали сака да работи кај него во фирма, госпожата не сакала, била презафатена со креирање колекција за модната недела во Њујорк :D :D

    Створил многу, ваљда децата негови ќе знаат да го одржат :)