1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донација за Данче Зафирова

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Doozy, 2 август 2017.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    https://www.gofundme.com/sr5vm-danches-traumatic-head-injury-fund?lang=en-MK

    Девојки и момци,

    Отворам тема за донации за Данче Зафирова, студентка од Македонија, којашто за жал, ќе го памти престојот во САД по многу немил настан.

    Накратко, на 27 јуни, Данче била удрена од автомобил додека одела по пат, по што се здобила со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлена од Кејп Код со хелихоптер на Роуд Ајленд во специјализиран центар за такви повреди на главата/мозокот како нејзините. Поминала една недела во медицински индуцирана кома и ситуацијата, за жал, била доста критична во еден момент - страшни повреди на мозокот, искршени коски, повреди на белите дробови заради коишто не можела да диши самостојно, повреди на бубрезите итн.

    Како што гледате од сликите, фала Богу, сега веќе е подобро, за што ми е многу мило.

    Но девојката има уште многу до целосно опоравување, а трошоците за неколкуте недели поминати низ американските болници се ОГРОМНИ. Нормално, студент отиден на размена со македонски стандард нема да може да ги отплати ниту сам ни со помош од фамилијата!

    Како што ќе видите од сумата собрана на линкот, настанот е веќе раширен и собрани се доста пари. Меѓутоа како поранешен учесник во Work & Travel програма, ја отворам темава затоа што сум свесна КОЛКУ многу пари ќе им требаат за да ги покријат СИТЕ трошоци што моментално се можеби и непредвидени.

    Здравствениот систем во САД е буквално безмилосен, без разлика за кого станува збор и затоа мислам дека секој денар ќе им биде од помош.

    Телефон за донации мислам дека се' уште нема, ама можете да донирате директно на линкот погоре. Сигурна сум дека секој денар ќе биде и повеќе од ценет, затоа што треба и да се живее отпосле откако ќе се исплатат трошоците. Патем, нивните родители се таму, заедно со нив - веднаш заминале заради критичноста на ситуацијата и ги оставиле работните места овде.

    Кој колку може и ако може...... знам дека ќе го ценат тоа.

    Лично ги познавам девојките (и Данче и сестра и') и се навистина многу вредни, паметни и културни и дефинитивно не заслужуваат вакво лето. Среќа во несреќа е што се заедно таму.

    Би ве замолила и да споделите со луѓе што мислите дека можат да помогнат, споделат и така натаму.

    Благодарам однапред!
     
    На Espadrila и Marossa им се допаѓа ова.
  2. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    донирано и споделено :)
    Колешка ми е Данче ја знам вака од факултет фина девојка
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.