Донирање/продажба на мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од naturallmess, 16 февруари 2021.

  1. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на конкретниов случај и ме заинтригира па кратко фрлив поглед врз темава ( не успеав да најдам слична , ако има нека иде истава во канта ) и како се одвива целиот процес . Во суштина неофицијално уште 1909 година отворена е првата банка за мајчино млеко како замена на доилките, што до денес само во европа постојат 223 банки за млеко вклучувајки ја онаа на ГАК која е отворена во 2014 год , каде конкретно може да се донира тазе измолзено или замрзнато млеко , а официјалната побарувачката е од страна на родители на предвреме родени бебиња , доколку постои инфекција , конкретно заболување а при тоа мајката е оневозможена да го дои бебето со сопственото млеко и секако доколку не сака родителот да користи адаптирано млеко како замена за мајчино ....
    За кај нас има законска регулатива како и во останатите држави па воедно се прави проценка на донаторот во насоки да е непушач, да е здрава притоа во прилог број тестови за сексуално преносливи болести , хпв , да не подлегнала под ренгенски испитувања во периодот на бременост и лактација и ред други услови .
    Како донација и за да се користи за исхрана на новороденчиња звучи комплетно соодветно и општо прифатено додека не наидов на црн пазар , на кој како за сите работи постои и овде бизнис во кој продавачот "тврди" дека е безбедно млекото, а при тоа набавката на млекото се врши и од многу други причини , не конкретно за новороденче туку набавка за подготовка на оброци ( вегански и така натака ) , како суплемент за билдање на мускулна маса , како протеинска подршка за различни намени во диететска насока , за "лечење" на одредени заболувања меѓу кои со препорака за зголемен успехот во борбата со малигни заболувања, а при тоа за да останат во бизнисот жени одржуваат повеќегодишна лактација , а ова им е основем приход .... Овде бизнисот се шири па и цената не е за замерување некој просек од 5 евра за 30 мл а понудата е разновидна , се нуди замрзнато млеко па дури и млеко се измолзува на барање на купувачот .... битен е моментот што под пребарување на онлајн работа се појави во топ 5 "како да заработите над 2000е во месецот со продажба на мајчино млеко "
    Јас лично со донирањето сум комплетно ОК , но за продажбава имам недефиниран став , што од безбедносни причини , што од морални причини , па баш би сакала да слушнам ваши мислења мислам дека е тема вредна за дискусија .....
    Голем број тука биле , се или би биле некогаш во иднина во фаза на лактација претпоставувам до некаде може да се даде субјективно мислење или став за тоа како би постапиле , дали би биле дел од нешто вакво во било која улога донатори или како корисници или едноставно каков е вашиот став .....

    https://www.onlythebreast.com/
    Ова е една од страниците , да направите увид како функционира
     
    На LivingGlam и MinnaAnne им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    4.912
    5 евра за 30мл ова треба милионер да си за да може да си дозволиш вакво нешто.Сепак ова е за богатите луѓе :) мојот став кон ова е дека во ред е да се донира али не и да се продава :)
     
    На Leksikon, Fatalnata, naturallmess и 2 други им се допаѓа ова.
  3. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    Има многу различни цени пример некои замрзнато го нудат и за помалку од 1 е, ако произведуваш вишок 300мл дневно за еден месец заработката ти е 300евра , пак ќе кажам зависи кој го купува и за која конкретна намена ...
    На страната има понуди и огласи што мене конкретно ми е чудно и неприродно , тоа ми ја мати главата .
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kolache na mama

    Kolache na mama Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Да се донира е многу хумано, за ова нема ни дискусија :). За продавање зошто да не, се додека има кој да купува зошто некој да не го продава. Лично познавам луѓе кои би платиле за ова. Но многу фактори се тука битни какво е тоа млеко, дали се чува на прав начин, како мајката се храни итн.
    Да имам вишок млеко никогаш не би го продавала, за сестра ми донирале и знам колку хумано е тоа, но немам ништо против за тој што сака да го продава (само да е како што треба).
    Многу убава тема, баш се имам прашувано дали некој продава во МК.
     
    На Fatalnata и naturallmess им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    4.912
    Пак е скапо и едно да е :) сепак сум повеќе за донирано.Да требаше јас за моето да купувам требаше Шеик да бидам :rofl:
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  6. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе целосно
     
  7. Milkiway

    Milkiway Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    4.887
    Допаѓања:
    11.108
    Искрена да бидам, никогаш не би го ранела детето со туѓо молзено млеко.
    Како прво бебето се изложува на ризик од болести или субстанци од донорот пр дрога, алкохол...така што не е баш така наивно тоа дека би било поздраво пред адаптираното во случаи кога не поминува низ одредени протоколи, процесирано со направен детален скрининг и не се купува директно од банките како што е кај нас ГАК. И откога ќе се направи се тоа затоа се тие суми кои погоре ги спомнавте.
    Во однос на купување од црн пазар секогаш е подобро да се даде формула, отколку Митра да ми донира вишок 1л само затоа што се пропагира мајчино млеко.

    Многу ми е интересно ова со веганите дека пре би да купат молзено и цели дискусии има по нет дека е во ред да пијат од човек, а не сакаат адаптирана формула ама тоа би била друга тема. Ако има мајка веган ќе сподели на таа тема што мисли
     
    На Siena^^, KuklickaSk, Isabel и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    4.567
    Пол:
    Машки
    Многу касно дознавам за ова... Инаку што млеко фрлив ,се тоа ќе го донирав...
    Како и да е , на мое дете би размислила два пати дали да дадам макар и донирано во ГАК.
    За продавањето,навистина не ми е јасно како се осмелуваат на бебе да дадат нешто не проверено.
    А за веганите ,нивниот концепт воопшто не ми е јасен (не сум посветила малку време да исчитам се ) ниту пак за ова.
     
    На KuklickaSk, cresa-jagoda, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    2.490
    Пол:
    Женски
    Nikogash, ama nikogash ne bi hranela bebe so tugjo mleko. Direktno go izlozuvam na milion potencijalni zhivotozagrozuvachki bolesti. Pre bi davala adaptirano otkolku tugjo majchino.
     
    На edna_malecka, Isabel, naturallmess и 3 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    31.171
    Пол:
    Женски
    Имаше пред некој ден читав статија мајка донирала голема количина на мајчино млеко за предвремено родени бебенца што е за пофалба, е сега не сум стручна во однос на чувањето и безбедност на млекото и исто не знам можеби глупаво е прашањето но дали секое мајчино млеко е исто по квалитет и од пушач и нездрава исхрана на мајката и млеко од мајка што здраво се храни.
    Иначе нема ништо неетички и неморално во продажба на мајчино млеко, од се буквално направија бизнис така да не ме чуди ништо, јас лично не би купила и да би била во можност, пре би дала адаптирано иако природно мајчино е најубаво
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    Не не зборам за моралниот дел на тоа на кој се продава и за што , со малку подобро истражување може да се откријат запрепастувачки факти за употребата .... тој е тој кодекс кој недостасува во денешново општество
     
    На Milkiway, elimkd и Осе им се допаѓа ова.
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    835
    И јас не би давала туѓо мајчино, покрај тоа што го спомнавте со болестите, пороци, дали се храни здраво и слично, не ми е сигурно ни колку хигиенски го врши измолзувањето. Не дај боже да се развијат бактерии или нешто слично.
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pacient srna

    Pacient srna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    3.877
    Пол:
    Женски
    Ako e mlekoto soodvetno provereno i cuvano podobro treba da e od adaptiranoto sekako. Toa bi mu doslo ko transfuzija na krv, ako treba se dava.
    Jas da nemam, a da sum sigurna vo dobavuvacot pre tugo majcino bi kupila. Visokot bi go donirala.

    Vo odnos na prodavanje i vakva ili takva upotreba vo kapitalistickovo vreme nisto ne me cudi, se e e ponuda i pobaruvacka
     
    На Fatalnata, dunika, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    9.272
    Пол:
    Женски
    Ако е испитано лабараториски зошто да не. На црно не би.
     
    На Fatalnata, KuklickaSk и naturallmess им се допаѓа ова.
  15. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    404
    Концептот на донација, па и продавање во денешно време е нож со 2 острици. И јас се согласувам со сите вас, дарителот како се хранел, лекови дали пиел итн. Мн.ризично. Јас би прифатила само од некој што ептен го познавам инаку никако. Иако идејата е за поздрав само во ова општество тешко. Мајка ми кога ме родила доела и друго бебенце уште во болница бидејќи мајка му немала млеко.Потоа уште некое време го носеле бебето, и го доела, не одмолзувала, чувале и сл. Сега сме мнооогу добри пријателки после години се најдовме со тоа девојче. Сестри по млеко :inlove:
     
    На Fatalnata, MissBreezy, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Frosty!

    Frosty! Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.222
    Пол:
    Женски
    Ни на црно, ни на бело не би прифатила дете да пие молзено млеко од друга жена/мајка. Тој секако и е на формула ама ни на крај памет не ми било вакво нешто. Не осудувам ама некои работи едноставно не ми идат во глава. Ова ми е исто ко што знам примери, две сестри, јатрви што год, истовремено имаат малечки и ако едната не е тука другата ги дои.
     
    На KuklickaSk, Lady D ❤️, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    7.720
    Пол:
    Женски
    Мојот одговор:

     
    На Milkiway и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    2.490
    Пол:
    Женски
    Ama i mnogu e vazhno kako se chuva mlekoto, dali e vo sterilizirani sadovi skladirano, na koja temperatura se chuva i slichno. Mnogu sum protiv idejava i ne mi se jasni zheni koi pre bi davale mleko od druga zhena, otkolku adaptirano. Adaptiranoto barem e provereno i mn posigurno od tugjo majchino.
     
    На Brpbrp и naturallmess им се допаѓа ова.
  19. Pacient srna

    Pacient srna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    3.877
    Пол:
    Женски
    Site sto bi dale tugo majcino bi dale pod uslov da e provereno soodvetno. Ne gi mesajte rabotite. Kako sto rekov isto kako pri transfuzija na krv, ako e proverena se dava, ne se eksperimentira so drugo
     
    На Fatalnata, MilaSs12, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    4.912
    Разликата е тазе молзено млеко има доста хранливи вредности, но ако е смрзнато дел од тие антитела и други работи се губат. И плус зелените работи предизвикуваат грчеви од каде ќе знаеш она дали јадела грашак,брокула,краставица,зелка и ред други работи сепак тоа е здрав начин на исхрана? Лабалаториски се испитуваат дали постојат бактерии или дали мајката користела лекови и дрога ништо повеќе.Во овој случај подобро е адаптираното :)
     
    На Leksikon и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.