Главните улоги ги имаат : Ben Barnes, Colin Firth, Rebecca Hall. Приказната се врти околу Доријан Греј, млад човек кој се преселува во Лондон. Се запознава со луѓе од високата класа, меѓу кои е и Лордот Хенри, кој на еден начин ги лечи своите комплекси од младоста преку наивниот Доријан. Главната приказна е насочена кон портретот на Доријан кој изгледа толку младо, невино и совршено. Гледајќи го неговиот лик, тој посакува да остане вечно млад и непроменет, па најдоброто решение според него е да ја продаде душата и да се откаже од сите навики на нормалниот, обичен човек - на прво место ги става телесните задоволства, се' со цел да ја задржи надворешната убавина. Портретот го краси неговиот салон се' додека Доријан не се задлабочи во него и не примети нешто необично, па го заклучува на скришно место. Сите околу него се менуваат, само тој е вечно млад и непроменет, сите се прашуваат како и дали воопшто е можно нeшто вакво. Меѓутоа, неговиот тајно сокриен портрет ја прикажува неговата нечиста, грешна душа, на кој се врежани сите валкани работи кои ги прави и со секој негов извршен грев се обележува некаква гадосија, со која полесно се искажува колку е валкана неговата внатрешност, сокриена од перфектната надворешност која тој со гордост си ја носи. Одличен филм, кој вреди да се погледне!
Еден од моите најомилени филмови. Колку само се пронајдов во Доријан во моментите кога го гледав Многу наивно падна во замката на вечната младост , се претвори во друга личност ,сосем различна од онаа што беше природно. Актерот кој ја толкуваше улогата на Доријан ми ги збесна хормоните до тој степен што ми идеше дома да му појдам Спојлер ама немав време Книгата ја немало во Градска ,а умирам од желба да ја прочитам ,да си направам своја верзија на филмот ,секако ,со Бен во главна улога ,не го менувам Може јас да се ставам на местото на таа свршеницата негова
Книгата не сум ја читала, не знам дали е иста или само слична, но филмов го гледав одамна. На почеток ми беше многу интересен, токму кога почна да потпаѓа под влијанија, кога девојката се самоуби, но при крајот на филмот веќе не ми беше тоа тоа, како на почеток. Во секој случај добар филм.
Ах го гледав филмов пред една година и можам да речам-ПРЕЗАДОВОЛНА! Бен е одличен а и многу убав глумец, баш се вклопува со личноста на Доријан. Сега пред една недела си ја купив книгата за 150 ден. и ја прочитав во еден здив.Има мали разлики, ама кои филмови и книги немаат? Одличен Филм!
Го имам гледано филмот а сакам и книгата да ја прочитам. Не знам дали пмс беше или не беше ама многу се згрозував за време на целиот филм. Сликата не ни можев да ја гледам, ме лазеа морници.
HBO оn Demand ме внесе во тој свет на филмовите. Филмов навистина е преубав, но сакам и книгата да ја прочитам. На прв поглед не ме заинтригира многу, но одкако го изгледав до половина навистина ми се допадна
Откако го изгледав филмот и јас посакав да ја прочитам книгата, па ова нека биде апел до сите оние кои ќе ја здогледаат некаде, нека дејствуваат во темава! - јас барав низ книжарите, ја немаше, хм. Мора да се прочита вакво нешто, мо-ра!
Сликата на Доријан Греј јас ја имам читано во издание мислам дека беше на Феникс, а ја има во издание на Ѓурѓа и таа може да ја најдеш во Веро, Тобако или во седиштето на Ѓурѓа. И ако ти се допаднал филмот, книгата ќе ти се допадне уште повеќе.
The Picture of Dorian Gray ми е една од омилените книги. Го обожавам Oscar Wilde и неговиот стил. Искрено, не знаев што да очекувам од филмов затоа што не мислев дека Ben Barnes би бил добар Доријан, а и не знаев како Colin Firth би се снашол во улогата на Хенри. Максимално се изненадив, и тоа пријатно! Филмот беше одличен! Различен од книгата, иако ја следеше основната приказна, ама сепак мислам дека феноменално го претстави целокупниот feel. Дефинитвно една од моите поомилени адаптации.
Го сретнав трејлерот на филмов случајно на интернет ама си ветив дека прво ќе ја прочитам книгата. Откако ја прочитав се заразив со неа и едноставно мораше да го гледам и филмот и сето тоа во еден здив. Иако има многу многу разлики, можам да кажам дека само мотивот е сличен и неколку настани, а сето останато е различно, сепак Бен го доловува ликот на Доријан иако физички е тотална спротивност од ликот во книгата. Се заљубив во Бен, и во ликот Доријан и во се поврзано во врска со книгата. Почнав да читам секаква статија поврзана со темата во книгата од времето во кое живееле, движењето на декадентите, естетицизмот, симболизмот, моралот, модата и се' останато... Едноставно фасцинантен филм и дело кои несомнено се вметнаа во редовите на моите омилени нешта!
Сликата на Доријан Греј,уште е едно маестрално дело на Оскар Вајлд.Премногу ми се допаѓа книгата,начинот на кој е опишан Доријан,идејата за хедонизам,оддавањето на секакви задоволства било морални или неморални.Всушност сите дела на Вајлд ми се допаѓаат. Инаку конкретно за филмот,онака ок ми е,ништо посебно.Не ми се допадна начинот на кој личноста на Греј е доловена. Сепак книга е книга,и секако нуди поголемо задоволство при читање,во однос на гледање филм.
https://www.youtube.com/watch?v=IfFLRQ6fbdA Ја слушав песнава и си реков да го побарам филмот. Многу сакам вакви мистериозни филмови. Ме продлабочи и ме интересира каков е во принцип. Вака на сликата ми делува како одличен филм, веднаш знаев дека е поврзано со нешто нереално. Филмот вака неизгледан мислам дека пренесува една скриена порака, колку човекот може да биде злобен и колку животот може скапо да врати.
Прво ја читав книгата и останав воодушевена обожавам вакви филмови е потоа го гледав филмот има изменети работи од книгата во филмот амамшрекрасни и двете. Тој млад и после години е сите негови врсноци и помлади остарени... вреди да се види!
На англиски јазик сум ја прочитала книгата "The picture of Dorian Gray" - Oscar Wilde (1890) и сум го гледала црно-белиот винтиџ филм, но откако неодамна ја погледнав и оваа филмска адаптација од 2009, можам само да кажам дека сум навистина импресионирана од филмот, како и од изборот на актерите