babylove овошни кашички

Дохрана кај бебињата: Искуство со кашичките Лино

Дискусија во 'Бебе' започната од Emilija, 8 март 2017.

  1. Emilija

    Emilija Истакнат член Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    (ОБНОВЕНО)

    Новите мајки се исправени пред исти недоумици. Во првите месеци од мајчинството целта е јасна – доење или млечна формула.

    Но, кога малечките ќе стигнат до фазата дохрана, се раѓаат многу полилеми. „Кога?“, „Со што да започнам?“, „Што да комбинирам?“...

    Кристално јасно е дека најдобрата опција се домашно приготвените кашички, но кога едноставно не можете да стигнете со сè, од голема помош се готовите кашички.

    Сите сме се дружеле со мечето Лино кое со децении е симбол за квалитет и богат свет на вкусови.
    • Сте ги пробале ли бебешките кашички Лино?
    • Какви се вашите искуства?
    • Кој е омилениот вкус на вашето малечко?
    Вклучете се во дискусијата, следуваат подароци – ШЕСТ ПАКЕТЧИЊА производи Лино: :party:

    [​IMG]

    Веселите пакетчиња се полни со вкусни Лино производи, а вклучуваат и детски декоративни налепници за ѕид и слатко плишено мече Лино.

    [​IMG]

    Шест форумџики ќе добијат пакетче кое содржи:

    • Лино 3 житарици –ориз, просо и хељда 210г
    • Лино ориз, јаболко и морков 210г
    • Лино кашичка јаболка 130г
    • Лино кашичка кајсија 130г
    • Лино кашичка јаболка кекс 190г
    • Лино кашичка овошје со ориз 190г
    • Лино Лада дуо 400г
    • Лино чоколаден напиток 150г
    • Лино беби бисквит 140г
    • Лино беби флипс 25г
    • Лино мече
    • Лино налепници за на ѕид
    Примамливо, нели? :nod:

    Опишете зошто би сакале да добиете подарок од Лино и впишете се меѓу кандидатките за освојување на еден од шесте атрактивни комплети.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Со дохрана најчесто се започнува околу петтитот или шестиот месец од животот, а Лино има овошни кашички со привлечни вкусови, без глутен и без додаден шеќер, кои ги задоволуваат нутритивните потреби на малите во овој период на раст и развој.

    [​IMG]

    Освен кашичките од јаболко, праска, банана, кајсија и круша, од Лино доаѓаат и превкусни овошни комбинации (јаболко со слива, јаболко со банана и јаболко со круша), како и овошно-житни миксови (јаболко и кекс и овошје и ориз).

    Најважно е воведувањето на новите вкусови и намирници да биде постепено и поединечно. Кога првпат му давате на вашето најмило нова намирница (да речеме јаболко), дајте му ја во облик кој веќе му е познат (течна, кашеста) и во помала количина. Почекајте 3-5 дена пред да преминете на воведување на нова намирница во дохраната.
     
    На Bupalu, CurlyBlossomGirl, kkkk 7777 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    1.854
    Јас за син ми имам користено од овие кашички, многу ги сакаше фрутолино и чоколино каде и да одиме мораше нешто од ова да земеме со нас.
     
    На Еме 22 и Lisa Rina им се допаѓа ова.
  3. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    8.184
    Ние често си јадеме ЛИНО кашички... Ги земам оние што се 3 во паковање. Ги има низ маркетиве. Ги мешаме со ФРУТОЛИНО, РИЖОЛИНО, ЧОКОЛИНО. Во принцип имам пофални зборови. Поздрав
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.323
    Допаѓања:
    32.084
    Пол:
    Женски
    Бидејќи скоро почнавме со дохрана до сега ги имаме пробано само од кајсија, праска и јаболко и ги обожава :)
    За останатите овошно-житно миксови...ќе почекаме да потпораснеме малку :wasntme:
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Малиот мој лудуваше по кашичката од праска, а не можев да го тргнам ниту од флипсот. Со ќерка ми сега почнуваме со дохрана и засега сме само на јаболко, ама Лино не се само за мали :D кремот е фантазија посебно оној белиот :$
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dona85

    Dona85 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    За нова година добивме мноогу големо пакетче полно со Лино кашички, Чоколино, Фрутолино. Најубав подарок за бебуш. Сеуште си мљацкаме од нив :)))
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    7.320
    Пол:
    Женски
    Cokolino najmnogu sum sakala ko mala edinstveno samo toa sum jadela i seuste znam da si prikasnam hihi. Sega sinko se nasladuva so lino kasickite.
     
    На Еме 22, ^angel^ и LadyC им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    17.084
    Пол:
    Женски
    Cokolino,frutolino,medolino,hrana za sekoja vozrast. Ne veruvam deka nekoj bi odoleal na takvi vksovi.
     
    На Еме 22, julia87 и irenadaniel им се допаѓа ова.
  9. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    219
    И јас давам Лино производи на мојата ќерка. Од кашите најмногу ја сака таа од праска. Од инстант оброците фрутолино и кексолино. А за смоките да не збориме. :)
    Претпочитам да и готвам но некогаш кога сум кнап со време и те како ми се наоѓаат готовите кашички.
     
    На Еме 22, LadyC и mariz им се допаѓа ова.
  10. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.324
    Пол:
    Женски
    Од лино производите мојата ќерка најмногу ги сакаше кашичките од праска,потоа чоколино, чоколино-лешник, ванилино, медолино, фрутолино. Се уште си ги ручкаме.
    И ние како деца сме пораснале со лино.
     
    На Еме 22 и mariz им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.238
    Допаѓања:
    65.659
    Пол:
    Женски
    Не сум се ограничувала, се имам пробано да му дадам. Лино во стакло каша сум зимала и ги сакал многу (особено онаа со ориз јаболко и банана мислам беше), а Чоколино еднаш купив неможеше да го смисли и од тогаш не сум пробала, скоро имав земено Лино нешто ново два вида жита просо и киноа беше мислам, пиеше млеко со две лажички тоа... но после вирус непиење млеко една недела (имаше стомачен вирус) ми одбива млеко, ич не пие, па го фрлив тоа.. признавам други прашаци на Нестле жита, Хумана имам давано, тие ги сакал :)
     
    На Еме 22 и alana им се допаѓа ова.
  12. Unikatno Ime

    Unikatno Ime Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Јас само што почнав да му давам дохрана на моето бебче кое има 5 месеци, сега му давам природни сокови кои сама ги подготвувам, па ќе почнеме со кашички, но кога немам време за подготовка на "моите" кашички би сакала секако да ги пробаме и производите на Лино.
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    20.581
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од Лино производите . Синко ги обожава уште од како сме почнале со дохрана , гледам и ќерка ми исто . Сокчињата особено ги сакаат , и чоко-лешникот .
    ЕДИТ : Само да прашам , од која возраст се даваат житата кои ги спомна членката погоре и каде ги има ? Во маркетиве не сум сретнала или слабо ме служи видот ...
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    7.101
    Пол:
    Женски
    Моето малечко многу ги сака-Чоколешник,чоколино,медолино,грисолино,кексолино ,а тие со житарки воопшто
    Овошни обично јас си правам имам однапред спремено компотчиња од слива,кајсија,праска,јаболко и дуња па комбинации од нив со додавање банана и печена тиква .Изблендано убаво се добиваат прекрасни вкусни кашички
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.238
    Допаѓања:
    65.659
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на моите спомнати, од Тинекс ги земав пред околу месец ипол два.. имаше два вида нови инстант каши на Лино.. каши не јаде одамна, па ставав во млеко две мали лажици, но веќе ни тоа не ми пие :)
    Инаку незнам хељда од колку месеци е, сум заборавила, а просото е 6+,7+ безглутенска житарка... :) ова е тоа...
     

    Прикачени фајлови:

    На Еме 22, TheEkaterina и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Керка моја многу ги обожава лино кашите исто и карамелино. Нема ден,а да не вкуси нешто од лино производите. Усвари и така со нив почна да јаде каши. Обожава да тропа на лимените кутии од лино. Исто и да и ги пуштам рекламите на лино многу се радува на мечето ...... IMG_20170308_212431.jpg Нема пазарење без овие производи во корпа. Само позитивни коментари.
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.908
    Не верувам дека на некоја мајка и е дојдено до 500 денари пакет од Лино, ако знае дека е штетно. Затоа побарав админката која ја прави рекламата да даде податоци за состојките, па ќе пофалиме ако треба.
     
    На Еме 22, mal.ecka, ocicka2014 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Од 6 месеци како што идеа со ред кексолино карамелино чоколино лешник чоколино фрутолино и грисолино и медолино не ги сака од ниедна фирма.Првите смоки му беа Лино.Кашички овошни претежно домашни ама доби неколку кашички Лино не се сеќавам на вкусовите ама сите ги изеде. А мама обожава еурокрем од Лино :lol:

    Едит: за штетноста на Лино производите само ќе прашам значи според вас нашите мајки не оштетиле кога не растеа со Лино? Еве јас сум растена со Лино па немам никакви нуспојави ни сум станала дијабетичар ни сум оштетена, така да не гледам зошто и моето дете да не расти со Лино :)
     
    Последна измена: 8 март 2017
    На Еме 22 и Majjja им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    20.581
    Пол:
    Женски
    Да да баш на твоите мослев . Фала ти на информацијата , моиве се 3 години синчето и 10 месеци ќерката , па затоа прашав дали се под 1 година да ги пробам дали ќе јадат :D искрено во Тинекс одамна не сум била затоа и сум ко падната од Марс (facepalm):drunk:
    Едит : Ако реално гледаме , и воздухов не ни е сјаен така ? Нема да им даваме да дишат ли само затоа што е загаден воздухот ? Имаше еднаш на пазар еден албанец постар човек , со мм го прашавме дали јаболката кои ги продава се прскани . Искрено ни кажа , прскани се деца . Ќе ве излажам ако кажам дека не се , бидејќи сите околу мене ги имаат прскано овошките и зеленчуците , и доколку моите не беа прскани , сите бубачиња ќе се собереа на оваа тезга и јас би останал без денар и плус би го фрлил производот .
    Е сега за имунитет точно не се ствара со ГМО храна , ама мораш некогаш да дадеш . А за болестите денес од ведро небо се раболуваме . Еве јас имам слаб имунитет и преку ноќ закачив вирус , а мм кој е повеќе надвор од внатре ете го супер си е , ниту грло го боли ниту нос му тече . Тоа е индивидуално . Ако грешам исправете ме .
     
    Последна измена: 8 март 2017
    На Еме 22, ivi1987, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека на никој не ни е основна храна за детето инстант или купени каши и од економски аспект е невозможно а и да е возможно не е исплатливо за цена од 1 каша од јаболко ќе купиш јаболка за цела недела да јади каши ама во брзање или на излегување ги користиме па макар и во 1 година 5 каши купени да ти се соберат е сега муабетот е дали ќе купиш Лино или друга фирма.
    Се шо е претерано не чини би имало последици ако детето е повеќе на купечка храна отколку домашна тоа сигурно ама не верувам дека постои до толку несовесна и мрзлива мајка да не му готви на своето дете.А има и такви деца шо едноставно одбиваат да јадат одреден период и сакаш не сакаш спасот во овие производи ќе го бараш.Ете баш имав пишано некаде за син ми ме прашаа како почнав од нашето јадење да му давам јас одговорив кога одби целосно да ја јади неговата храна и кога 2 месеци само инстант Лино прифаќаше за ручек.Значи сум била свесна дека е претерано се знае дека овошјето зеленчук и месото се незаменливи и не можи да ги прими потребните витамини само со мени од чоколино и кисело млеко тоа беше од 11месеци до 13месеци и од 2те „зла“ го одбрав поарното да јади зачинета храна и потоа пак се нормализиравме да јади еднаш неделно чоколино.
     
    На Еме 22, CrazyGirl15 и mariz им се допаѓа ова.