1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доцен абортус

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ani.Anika, 27 декември 2010.

  1. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    цела недела буричкам по нетов за ова и се надевам дека ќе ми дадете некои одговори од помош....дали може некој постручно д ами каже до кога најкасно може да се направи абортус?? И дали е можен истиот во подоцнежна бременост на пример во 6ти или 7ми месец доколку не се сака бременоста а не било можно пред тоа да се прекине и не се битни последици? И колку би чинел ако е можен?? Ве молам за помош и по некој совет....фала :worried:
     
  2. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Девојко прво би те посоветувала да не си играш на тема абортус зошто тоа е сериозна работа, твоето здравје е во прашање,размисли убаво
    А како второ абортус во 6ти или 7ми месец мислам дека не е возможен.Па побогу седмачиња веќе се раѓаат
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Имаш тема за абортус,побарај.
    Јас мислам дека не можеш толку доцна да абортираш,освен ако се работи за здравствена причина,дали твоја или на бебето.Грозна е постапката и целиот тој процес.Сепак,мислам дека кај нас не е дозволено.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Законски е дозволено да се направи абортус до 12недела од бременоста.После 12недела за да се изврши абортус е потребен потпис од 3 лекари и тоа само доколку постои деформитет на плодот,или бременоста и го загрозува животот на мајката.Во 6-7 месец неможи јас колку што знам да се изврши абортус бидејќи е тоа веќе оформен плод кое би преживеало доколку се роди предвремено,така да абортуцот би било рамно со убиство.
     
    На Ani.Anika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    искрено прашувам за најдобрата другарка, јас во никој случај не би се одлучила за абортус во никој период од бременост!кога и да е е живо суштество! јас ја советував да праша стучно лице дали може да го роди во седми месец по нормален пат па нека го даде на посвојување кога веќе мора....искрено “другата виновна страна“ не признаваше, а нејзините не живеат тука па таа би била сама со мало бебе, затоа се одлучила за абортус....сакав само да знам повеќе мислења пошто повеќе мозоци подобро размислуваат
     
  6. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Па ако сака таа другарката да и го усмртат детето па да го роди со провокација - и тоа да ја прогонува цел живот, што направила убиство, нека повели.....
    Некои навистина не заслужуваат никогаш да станат мајки!...
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
     
  8. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    А зошто да го раѓа седмаче - дали знаеш дека предвреме родените деца во текот на животот имаат здравствени проблеми баш поради тоа што се родени предвреме!!!
    Мој совет нека го доноси, нека го роди и нека го даде веднаш на посвојување!
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ама ниеден совесен лекар не би се нафатил да и даде провокација за да роди во 7месец зошто и тоа е ризик,несекогаш преживуваат седмачиња.А кога веќе се одлучила да го даде на посвојување што и значаат тие 2месеца плус?
     
  10. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    мислам дека проблемот и е да не се дознае пошто не и се познава дека е бремена и гледа што повеќе да скрие =Ѕ
     
  11. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Со денешниов развој на медицината мислам можат да преживеат и бебчиња родени после 22недела, иако секако најдобро е да се носат 9 месеци.Е сега морам нешто да кажам иако несакам да испадне дека осудувам.Девојки ова не е шега вакви муабети не се прават на нет туку на доктор, навистина не ми е јасно какви луѓе има, да ризикуваш живот и тоа на сопствено дете(без разлика дали сама ќе го одгледува или не) поради детска криенка.Нека разговара со родителите сигурно ќе ја разберат,нека не прави ваква грешка.Каде отиде човечката хуманост :(
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас сум седмаче и ништо не ми фали. И не туку осудувајте сите, нехуманост, како ке живеела после, а Скарлет вика па уште дека не заслужувала да е мајка, офф леле колку ограничени мислења, од каде знаете како и е на девојката во која ситуација е, не се работи за хуманост, кој би вршел аботус ако е се во ред??? сигурно има потреба девојката, не ве прашаа дали е хумано туку дали знаете нешто за доцен абортус! Нека појде на доктор, ке и кажат.. Сега ако е во последни месеци тоа нема да може никако да го изведе за жал :(
     
    На Lolo5 и Smell.Of.Wickedness им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Доцен абортус секако дека е можен. Ама навистина е жалосен тој процес и меѓудругото навистина болен. Детето се усмртува со инекција па со провокација го вадат од стомакот само е мртво. Мислам дека стварно е греота ако нема потреба да доаѓа до ваков вид на измачување. Како би се чувствувала кога ке го види тоа дете извадено од неа мртво по нејзина желба?
    И колку и да се прави силна другарка ти тоа е тешко подносливо за сечија психа.
    Не е толку лесно да се роди и на посвојување да го даде. Зошто да го одбере тој пат?
    Плус нејзините ако не се тука не разбрав кој ке ја види и примети ама не е битно.
    Не знам колку години има другарка ти ама сигурно не е мало дете да не приметила дека и касни дека нема добиено во првите три месеци па ако толку сакала со време да преземе мерки.
    Ипак е жалосно што некој се моли да добие дете а некој вака ги фрла шансите.
    Би можела да го чува. Зошто да не.
    не е битно дали таткото прифаќа. Ако сака ке успее. А родителите на цедило нема да ја остават.

    А детето доколку е со тежок или било каков деформитет тоа се гледа навреме, се известува родителот и се дава инекција обидувајќи се да се промени состојбата. во спротивно одлуката ја носи мајката дали ке го роди или не. Е тука подобро е да се аборитра затоа што сум сведок на жив пример која мака е тоа за едно такво дете и која болка е за самиот родител.

    Ти посакувам се најдобро и те советувам пред секоја одлука добро да размислиш.
    што и да се реши скапо ке ја чини... И психички и физички и материјално.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^teddybear не го вадаат плодот од стомакот,прво го усмртуваат плодот,после се дава провокација за да на крај да го роди мртвиот плод.Процесот е ужасен и неверувам дека било која жена нема да биде доживотно истрауматизирана после ваков чин.Едно е да ги поминеш породилните маки и да дочекаш свое дете на градите а друго е да ги поминеш истите маки за да родиш мртов плод.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^ Па да Битерсвеат, исто и јас така напишав ... Да не си се збунила нешто :) :*
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не не сум се збунила,мало недоразбирање,бидејќи напиша дека плодот се вади од стомакот мислев да не мислиш дека е процесот како кај класичен абортус со анастезија и вадење на плодот со вакум.Моја грешка очигледно сме го мислеле истото само јас погрешно сум те сфатила......sorry :*
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    девојката има 23 годининајдобра другарка ми е и верувајте ги познавам нејзините родители попрво би ја осудиле неа и цел живот тоа би и го ваделе низ глава отколку да ја поддржат =Ѕ потполно ги разбирам тие што ја осудуваат искрено јас ја советував да го роди барем ќе знае дека е живо дека не го убила, барем ќе може некогаш да си го побара кога ситуацијата би и била подобра....меѓутоа таа е сама овде, нејзините се во Србија, раскина со дечкото поради ова и буквално е сама и верувајте и завидувам како сето тоа го поднесува сама и смирена....иако не знам колку во себе е смирена! Мој совет и беше да праша стручно лице дали може по природен пат и во најкраток можен рок да го роди на 7 месеци и да го даде на посвојување кога веќе мора, јас и погоре напоменав дека сум гоолем противник на абортусот (голем барем додека не ја видов оваа ситуација =/) а за деца родени на 7 месеци знам многу, кај неа барем досега фала богу сите проверки и тестови се одлични....сепак фала ви за мислењата и за советите и на некои за поддршката! =)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Па ако го направи она сама ќе се осуди. Нема да има потреба родителите да ја осудуваат. Мислам дека од целиот тој процес нема да излезе психички стабилна. Со овие работи не се игра, животот ќе и се смени, нејзино е да одлучи како.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако знаела дека сака да абортира зошто воопшто одела на прегледи толку месеци?
    Има 23 години. Сега најискрено сметам дека треба да си сноси одговорност и последици за своите постапки.
    Можеби премногу ја знаеш ама искрено никогаш не можеме да знаеме како некој ке изреагира за прв пат во дадена ситуација.Зборувам за твоето тврдење за нејзините родители. Можеби баш ке ја поддржат ако со убаво разговара и им објасни. Сепак нема 13 години.
    И некако се мислам за тебе се работи а страв ти е да им кажеш и викаш за другарка дека малку те осудуваа и на форумов. Ама ајде тоа нема врска.
    Детето е греота здраво да го убие со абортус. Што чекала не ми е јасно? Дечкото да се премисли?
    На крај краева ако со днк си докаже дека е негово детето ке биде приморан да плаќа алиментација. Барем така мислам. не е ни ова решение ама па и не е најлесно да се убрза да се роди и фрли го на посвојување.
    Како да зборуваме за некоја стара облека.
    Кога веќе си го носела СВЕСНО 7 месеци нека го доноси а после кога ке и дојде детето во рацете и кога ке почувствува што е потребно нека ми каже на посвојување дека ке го даде.
    Или нека го роди мртво и нека каже не ми е жал.
    И родителите дали мислиш нема да дознаат некако ? Некогаш? На секоја лага нозете и се кратки. А не па на олку голема лага.
    Другарка ти ке пропадне психички и ке се приметува. Еден ден ке се дознае.
    Тоа е дете. Нов живот.
    Размислувајте како возрасни побогу.
    Можеби и нејзините би ја критикувале ама сигурно кога ке го видат внучето не би останале рамнодушни.
    Секако тоа е мое мислење.
    А што ке правите ваше си е.
     
  20. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    не теди не сум јас во прашање за ова јас само прашувам, а и јас пробувам да ја убедам на сите можни и неможни начини да не го прави тоа! заедно сме од своите 4 години и 24/7 сме заедно затоа ја познавам исто како сестра и знам веќе и како размислува и од што се плаши....искрено се плашеше да ми каже бидејќи знаеше дека прво ќе и речам што си мислела а и за абортусот дека во НИКОЈ СЛУЧАЈ не треба да го прави. Јас сеуште пробувам да ја натерам да го роди и веќе кога мора да го даде на посвојување, нема да се смета себеси за убиец, ќе може некогаш да го побара и да го види колку и да и е тешко тоа....пробувам д аи помогнам затоа што има конзервативни родители кои ја осудуваат за најмала грешка па не за ваква ситуација, а за таткото на детето не сака ни да чуе после начинот на кој се разделија (верувајте во ваква ситуација ни тоа не е лесно). јас веќе секавам дека се има променето не е веке истата од порано....сепак одлуката е нејзина,а искрено јас ова го поставив тука само да и докажам дека не би можела да го направи тоа што го планира!