Драги Бели Луѓе (Dear White People)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од theowndemon, 10 мај 2017.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.125
    Пол:
    Женски
    Ќе почнав серијава вчера и денес планирам да ја завшам и мислам дека е плодна почва за дискусија, тема расизам и слично. Очекував да бидам разочарана ама сериозно ми се допадна и неможам да дочекам да ја догледам.
    Секоја епизода се раскажува од аспект на друг лик. Епизодите се околу триестина минути, десет на број.
    imagesLW8KEP02.jpg
    Некои работи не ми се сфатливи, дали зошто јас лично не би се навредила за многу работи или не сакам да чепкам во историја зошто ме интересира денес.
    Еден од црните деца имаше бел другар кој само ја пееше песната во која се состои зборот "нига", црното дете се навредува, а белото се осеќа како расист.
    Зборуваат како црнците биле 200 години робови. Сфаќам, ужасно е, ама тие деца на кампус не се робовладетели. Тоа е кога ние разговараме со турчин да му споменуваме постојано дека Македонија беше под тиранија на Османлиска Империја кога сакаме топката да ја свртиме на наша страна. Да, болно е, беше поболно за нашите предци, ама ние сме живи и здрави и неокупирани.
    И последна работа, до сега, која не ми се допаѓа, е тоа што Сем има дечко бел и никој од нејзиното друштво кои се црни не го прифаќаа зошто она морала да биди со црн зошто и тие биле симпатични. Кога он ојде таму се однесуваа кон него како ѓубре. Ама нели не е расисам ако имаш white privilage. Поќе тие делат него што другите (не зборувам за спротиставената група Пастриш туку за обичните бели студенти). Им се налутија сите на Коко и ја викаа предавник зошто има бели пријателки кога само тие бели пријателки ја почитуваа, а останатите, црни пријателки, се однесуваа со неа како да е срање.
    Поентата ми е, дел од црните деца се однесуваат како што оние расисти се однесуваат и не пребираат. Ако се работи за некој црн се однесуваат подобро и обратно полошо ако се работи за некој бел, а се очекува од белите да се однесуваат еднакво со нив.

    Се останато ми се допаѓа како е прикажано и се согласувам, за тоа како Патриш се однесува, полицаецот кој ќе пукаше во Реџи едино зошто не му даде лична карта и слично.
    edit: Колку лошо звучи ова се согладувам. Мислев, реално е прикажано, а не дека го оправдувам. Дур се објаснам грешно да не ме сфатите ахаха.
     
    Последна измена: 10 мај 2017
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.