Здраво Оваа тема ја направив за сите тие што како мене многу ги импресионира историјата на Древниот Египет. Можете да поставите некој факт, прашање па и некоја интересна мистерија за оваа фасцинантна империја. Мене овој факт ми беше многу интересен: Дали знаете дека Египќаните имале мапа на рајот? Прво требало да се помине покрај ,,испрашувањето на боговите" каде што 42 Бога го прашувале умрениот ,,дали лажеше" , ,,дали им помагаше на сиромашните" и така. Ако одговорот на сите прашања бил да, после му се мерело срцето на починатиот на вага со пердувот на Маах (пердувот на вистината) и ако било исто во тежина или полесно, починатиот бил пуштен во рајот. Ако било потешко од пердувот, починатиот бил јаден (не се сеќавам на името на чудовиштето ) и го снемувало. Исто така, рајот го претставувале како поле со трски, а секоја трска била некој дар, како храна и вода. Ако темата е дупла, се знае
Египјаните ми се на исто ниво на импресивност со цивилизацијата на Месопотамија. Историја читам цело време, ама ме мрзи сега да изнапишам реферати со факти за Египет, кога ќе имам поише време ќе пишам хахахах. Супер што ја отвори темата, фали нешто поинтересно од памперси, снаи и очајности.
темава... браво Обожавам Египтеска митологија. Од мала ме интересира и ме фасинира Иам доста гледано на Јутјуб за фараоните и фараонките. За жените ми е уште пофасцинантно пошо во тоа време биле ептен јаки, и имале моќ, слобода, се грижеле за народот. Фасцинантна ми е облеката, шминката, начинот на живот, инцестирањето малце ми е закопите им се прејаки, како ги кителе за да влезат средени во задгробен живот, како ги буткале 2м под земја со тон злато на нив за да не ги најде никој. А до ден денес некои гробови и не се откриени. Пример мене од жените најфасцинантни ми се Клеопатра, Нефертити и Хатешепсут од машките, Тутанкамон. дефинитивно многу ме фасцинира Египетов, и мора ама мора пред да умрам да идам во Египет и во Долината на кралевите мислам у несвест ќе паднам деновиве баш коа ќе иам поише време, ќе гледам документарци, има еден тон на Јутјуб, па ќе постирам по мене некои интересни. Најубави ми се оние на Н. Џиографик со женана со црвената виткана коса, не ѝ го памтам името. Таа како раскажува, да помислиш дека си таму Господ знае колку им било јако.. https://mk.wikipedia.org/wiki/Список_на_фараони праќајте нешто интересно ако имате филмови, серии, документарци било шо Има и за Нефертити филм. Тие за Клеопатра сите се од пред нашата ера, крш резолуција За Александар Македонски го иам гледано и тој
Јас па од Viasat History Инаку ќе пробам да најдам некој документарец да го прикачам Спојлер И јас отсекогаш сум сакала во Египет да одам
дај да идеме жити се сум рекла, Истанбул и Египет мора мора им ги обожавам историите, на Египет поготово прејако им било чоек
Во Египет влезот во пирамидите и се она за туристи е лажно. Не може да влезе било кој во вистинските гробници. Онака е направено за атракција.
како мислиш лажно? у некои се влага, иам гледано видеа, само делува клаустрофобично, а ја иам страв од затворени простори у некои знам дека не се влага, или нема ништо пошо ги криеле
Лажни се влезовите, не се вистински. Направено за забава, вистинските влезови не се отворени за туристи.
ја као шо знам, таму кај шо се влага, се нови влезови, пошо оригиналните се скоро пред врвовите на пирамидите najdov sho kje gleam utrr
Абе фино вака на видеа се, можда се и вистинските. Ама да отидете како туристи во Египет, добар процент нема да влезете во вистинските гробници. Тоа е богатство од неопислив карактер и не може баш кој кога му текне да влезе.
abe toa fer ama kaj moze da se vleze, vlagam i so glava hahhahahaha plus imaat oni na niv zlato gluposti, nakiteni se, normalno deka nema da pustaat ne daj Boze Balkanec da pustat AHAHAHAHHA susha
Сега се сетив на уште еден мит, за Сфингата. Приказната дека Сфингата ги штитела пирамидите од натрапници е навистина добро позната. Но, легендата е малку поширока од тоа. Всушност, Сфингата ги скаменувала сите кои не можеле да ѝ одговорат на загатката ,,Што наутро има четири нозе, напладне две, а навечер три?". И еден ден дошол Едип и ѝ одговорил човек; кога е бебе ползи на четири, кога е возрасен оди на две, а кога е стар на две со бастун. И така, наместо Сфингата него да го скамени, се скаменила самата себеси. И така си седи и до ден денес. Исто така, дали сте знаеле дека Сфингата е направена од еден камен?
јас го знам митов и е прејак иначе не знаев дека е од еден камен ама е префасцинантна леле колку пари ми требаат за у Египет бе
Во Египет пирамидите не се градени од робови, туку учествувале и побогати луѓе, Пирамидите биле најпрво бели, но поради сонцето вакви се сега. Има зачувано многу пишан материјал бидејќи бил сочуван во песок, а таму нема влага. Најстара е пирамидата на Џосер и не е баш класична пирамида. Пирамидата на Клеопатра VII сеуште не е пронајдена и се верува дека дала клетва дека нејзината гробница ќе ја најде жена Клеопатра VII нема изворно потекло од Египет. Се верува дека има македонски или грчки гени Најчесто фараоните биле обезни. Египјаните биле меѓу првите кои мумифицирале лав. Најстарите човечки остатоци се најдени во Египет, во песокот уште пред да е измислен процесот на мумификација, некаде 5000 година п.н.е кои на нив имаат тетоважи. Тетовирани биле сите оние луѓе кои биле угледни во Египет.
Клеопатра 1000% е ,,наша“ https://www.historyhit.com/facts-about-cleopatra/ овие биле најјака цивилизација, алал да им е, поготово градбите какви им се уф уф па уште ја бараат гробницата коа читам за Египет добивам воља да станам историчар е денес сите тетовирани сме наркомани шмрц само многу ме кочат со инцестот и у документарецот горе има слики од хиероглифи со инцест и не сфаќам зашто од тогаш до турско упорно истите имиња Клеопатра 1, Клеопатра 2ра (ме мрзи со римски да ги пишувам) Мурат 1, Мурат трети толку ли немаат инспирација иначе на листата од Википедија се гледа дека е меѓу попоследните владетели шо се вика, скоро пред распад коа биле Башка жената била из гор, како си ги вртела Цезар и Марк Антониј јас знам за Клеопатра дека многу се ценела, и дека кога ѝ доаѓале странци на прием се понашала уважено, и имаше уште некој интересен момент мислам со тие столиците на кои ги носеле. Ама и се можело плус мислам дека она го има измислено ајлајнерот