Државна матура 2023

Дискусија во 'Образование' започната од Вито Корлеоне, 10 февруари 2023.

  1. Вито Корлеоне

    Вито Корлеоне Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Почитувани членови на форумот,

    Како што се приближуваме до државната матура во 2023 година во Македонија, вреди да се разговара за моменталната ситуација околу испитите и испитните програми и како тоа ќе се одрази на учениците. Пандемијата донесе многу промени и тешкотии, вклучително и преминот кон онлајн учење и појавата на лажни закани со бомби во училиштата. Овие случувања имаа значително влијание врз образовниот систем и оставија многу студенти да се чувствуваат преоптоварени и несигурни за иднината.

    Би сакал да отвориме дискусија на форумот за да ги слушнеме вашите мислења за реализацијата на државната матура во период на економкса криза.

    - Што мислите, како ќе се одрази сегашната ситуација врз учениците и кои чекори треба да се преземат за да се обезбеди нивната безбедност и успех за време на испитите?

    - Дали годинава треба да се одложи државната матура или верувате дека испитите треба да се одржуваат и покрај сите случувања?

    - Дали паметен чекор беше тоа што направија пакети со стручни предмети?

    - Дали стручните и гимназиските училишта треба да го полагаат истиот материјал по мајчин јазик?

    - Дали оваа генерација која можеби само 2 години беше присутна со физичко присуство на самите предавања заслужува полагање на државна матура?

    - Кои се вашите размислувања за неодамнешните лажни закани за бомби во училиштата и како тие влијаеле врз учениците?


    Би сакал да ги слушнеме вашите размислувања и мислења на оваа тема и се надевам дека оваа дискусија ќе обезбеди вредни сознанија и перспективи за сите вклучени.
     
  2. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    62
    Државната матура треба да се забрани!
    Каква е таа државна матура каде што секој кој добил шанса препишувал?
    Јас колку што знам, лани ептем се препишуваше низ цела Македонија (имало групи над 6 илјади членови).
    Плус имам читано на кајгана дека и тие најдобрите во цела Македонија препишувале.
    Еднаш засекогаш треба да се воспостават приемни испити!
    Во никој случај да се случи како 2020!

    Замислете има дојава за бомба при тестирањето! :rofl::rofl:
     
    На vaKsa, Вито Корлеоне и @ceci11 им се допаѓа ова.
  3. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.528
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ви е.

    Јас сум од генерацијата која немала матура.
     
    Последна измена од модератор: 11 февруари 2023
    На Вито Корлеоне, sj *O* и Demon11 им се допаѓа ова.
  4. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    62
    2020 беше најкатастрофалната година!
     
    На Вито Корлеоне и @ceci11 им се допаѓа ова.
  5. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Ќе полагам матура и јас годинава. Не ми се допаѓа како се спроведува, препишувањето што го има и начинот на тестирање и оценување. Добра е идејата. Ако нема матура, ќе има приемни. Од двете зла треба помалото да се одбере. Матура ни е влез за студирање во цел свет, мора да се полага.
     
    На Вито Корлеоне му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Воглавно, мислам дека матура не треба да постои.
    Прво, како и се останато во нашава држава, така и ова е неправедно. Се зависи каков “тестатор” ќе ти се падне и дали ќе препишеш. Наместо тоа, треба за секој факултет да се полага влезен тест.
    Во однос на бомбите/онлајн учење, некако мислам дека образованието ни е толку лошо, што ич не прави разлика во поглед знаење дали воопшто физички се во школо, и “спијат со отворени очи” додека им предава нестручен, немотивирн кадар, или спијат со уклучен Тимс до нив.
     
    На vaKsa, poi, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Според мене матурата не е некое мерило за знаење.
     
    На Ana2411, poi и Вито Корлеоне им се допаѓа ова.
  8. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Подобро приемен за на факултет отколку матура.
    Што ќар видов од полагање историја ако сега на факултет немам никаква поврзаност со тој предмет?
    Треба да се насочат учениците кон она што им е важно и да го измерат знаењето во таа област, а не скроз друго.

    Како и да е, со среќа на сите матуранти!:D
     
    На Вито Корлеоне, UnPapillon, poi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Матурата е најбезвезното нешто што постои, но посакувам своевремено да полагавме приемен. Не е секој за на факултет, поготово не за мојата струка.
    Ви посакувам среќа на сите матуранти годинава.
     
    На Вито Корлеоне, UnPapillon и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  10. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.528
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Еве еден пример од мене дека сите не се за факс.
    Додека бев на средно медицинско, со мене учеше една која рече дека венската крв е сина... Е таа личност пред некој ден дипломирала за медицинска сестра .....
     
    На Вито Корлеоне, poi, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Се´ се учи. Ако научила е добро. Ако не - лошо.
     
    На Вито Корлеоне му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Оф топик, ама моја соученичка во средно медицинско, во 4та година, рече дека жените имаат еден јајник. За две години ќе дипломира и ќе биде доктор. (facepalm)(facepalm)
     
    На FridaodaMk, Вито Корлеоне, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  13. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Како е полагањето? има 2 екстерни и 2 интерни испити така? И до кога се предвидува да се завршат испитите знае некој? За интерните веројатно зависи од професорите во училиштата или има распоред и за нив?