1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарството и далечината!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mina, 24 октомври 2011.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Претпоставувам дека многумина од вас имате другарки кои ја напуштиле нашата земја и живеат, студират или работат во некоја друга држава. Ако станува збор за вистинско другарство тогаш далечината може да биде многу болна за другарките, од друга страна пак не се исклучени можностите тоа другарство да трае и понатаму но комуникацијата да се одржува преку интернет или со поретки средби!

    Како го одржувате контактот со тие другари/ки? Што мислите, дали е возможно да се задржи близината во другарството ако станува збор за одалеченост од многу километри? Јасно ни е дека во овој современ свет со компјутери, камери, интернет може секој да си допушти комуникација со некој од подалеку, но дали тоа е иста комуникација како и во реалноста! Можеби контактот со далечните другарки ќе биде постојан, но дали темите на разговор стануваат се помалце, дали разговорите се сведуваат на формалност или сеуште може да постои голема блискост помеѓу другарките и разговараат и на поосетливи и интимни теми?!

    Како да се зачува едно големо другарство кога во прашање се многу километри и ретки средби, колку сме подготвени да вложуваме напори во сочувување на такво другарство? Или можеби нормално е да се залади тој однос кога станува збор за контакти само преку компјутер?

    Кажете ваше мислење на темата, споделете ваше искуство, раскажете ваши случки...моеби вашето коментар ќе допридонесе да се зачува или обнови некое другасртво кое згаснало како резултат на голема далечина!
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Хмм, имав една другарка беше неколку години поголема од мене, кога имав десет години мислам се пресели во Скопје, па после тоа Италија, сега таму живее, нејзините се тука. Кога замина Скопје ми беше тешко, иако не се знаевме толку време сепак ја сметав за другарка зошто последните две години интензивно се дружевме, дека комшивки правевме идими-дојдими, детски работи.
    Памтам еднаш нешто се налутивме и јас ко си заминав за дома од кај неа почнав да плачам од што ми беше мака :D
    Сега немам никаков контакт со неа освен таа информација, брат и го имам на фејсбук, неа ја немам, изгледа ме заборавила, ете далечината што направи, не раздели па сеа можда таа на мене не се сеќава, можеби помислила ама не и текнало да ме побара на фејсбук, па си викам можда е нешто ептен зафатена па нема време за нет, а па и дека сме неколку години разлика(заборавив колку точно) па и не ме памти. :fubar:
    Може да се одржува другарство на далечиња(само ако е вистинско и вреди да се зачува :emo: ) секако тоа бара напор и себевложување. Не е исто како во живо, ама барем контакт да не се изгуби(како во мојов случај) и да се оди на взаемна посета барем два пати годишно, тука гледам некакво оддржување барем на тој начин и контатирање преку телефон :call: барем еднаш месечено, а преку нет е друга работа. :mp:
    Не е толку искрено кога е во живо, ама сепак имаш некаков контакт нели.
    Може да се оддржува другарство на далечина само ако двете страни сакаат и имаат желба, а ако нема интересирање за и понатамошна дружба, прашање дали било другарство тоа.
    Понекогаш оваа далечина(било дали си се преселил, било дали си заминал во странство одреден перио) може да ти покаже кому вистински значиш и на кому му е дојдено до тебе.
     
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Да, имам другарка која летово се пресели во Германија. И тоа, една од најдобрите другарки, една од школските... 8 години бевме заедно. Кога се збираме друштвото наше, секогаш ни се чини како некој да ни фали, како да ни фали нејзината харизма, нејзиното присуство. Многу ни падна тешко на сите кога си замина. Јас и една другарка бевме на одмор со нашите кога таа си замина, ама затоа другите ја испратиле во 7 сабајле. Денес, таа остана во контакт со мене и со 2 други другарки. Вели дека останатите како да ја заборавиле, како веќе да не е во нашето друштво.
    Како и да е, ја чекаме за Нова Година ќе дојде, ќе биде лудница.
    Така да неможам точно да ви кажам дали ваквото другарство ќе потрае, бидејќи само неколку месеци е таму. Јас само знам дека ми недостига и дека ќе се потрудам да останеме во конатакт, без разлика на се'.
    ;(
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Имав другарка која беше само два месеци постара од мене. Живеевме на иста улица. Една куќа не делеше само. Значи од кога јас се родив, буквално од тогаш сме биле заедно. Какви се моменти проживеавме. Знаеше буквално се за мене и јас за неа. Се читавме ко буквари. Секој ден бевме или кај мене или кај неа на кафе. Знчи со никој не бев тогаш толку блиска како со неа. Ко сестра ми беше. Но пред 3 години замина за Италија. Кога разбрав јас за тоа бев ептен натажена и плачка секој ден. И нејзе и плачев и и велев да не си оди. Кога дојде денот кога требаше да замине, ја испративме сабајлето. Колку солзи само тогаш пролеав. Кога стигна таму си купи нов број и почна да ни звони на сите. Мене многу често ми се јавуваше и правевме по многу мубает иако беше прескапо. После си стави интернет и контактиравме секој ден. Пак си кажувавме работи кои на друг не би ги кажала. Но сето тоа со текот на времето не беше исто, како и кога си беше дома. Кога ти е најтешко ти треба некој да те прегрне и да го почувствуваш дека е до тебе. Интернетот мене ич не ми помогна. Ми помогна само да го одржуваме контактот, да бидеме пак другарки да не се заборавиме. Но тоа што бевме неможе да се врати. Сега по 3 години кога ја испраќам да си оди не ми е толку тешко како што беше првата година. Кога ја дочекувам да дојде среќна сум. И многу ми е криво затоа што само еднаш во годината ја видувам. Бидејќи само летото си доаѓа. А првото лето кога дојде и кога ми зазвони на врата и кога ја видов :x . Е ова неможам да го опишам, ова треба да се почувствува.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имам две другарки кои се далеку од мене, едната е во друг град, другата во друга и тоа доста далечна држава. И двете се во брак и се навистина среќни и мило ми е за нив, бидејќи денес е реткост да се најде вистински животен сопатник, мислам дека тие го пронајдоа својот.

    Контактите не ни се редовни искрено мислам оние остварени преку технолошки уреди, средбите уште поретки меѓутоа кога ќе се видиме убавото е во тоа што имаме чувство како да не ни имало временски период измеѓу блискоста се воспоставува веднаш, тоа е нешто што се чувствува и тоа е она вистинското, лажните другарства после извесен период и при случајни средби предизвикуваат извесен напор во комуникацијата и извештаченост прикриена зад куртоазија.

    Порано разделбите ги доживував посилно, после извесен период сфатив дека се неминовни поради брак, работа и др. луѓето се оддалечуваат територијално едни од други и го прифатив тоа. Сепак, убавината е пак ќе нагласам во тоа што при средбите со тие две другарки го имам чувството како времето да застанува и како последната средба да била вчера и комуникацијата лизга.

    И друго да напоменам приметив дека мајка ми си ги обнови голем дел од другарствата кои ги имала како девојка, едноставно дел од тие жени или останале вдовици или станале пензионерки, во секој случај сега повторно имаат вишок слободно време и можност да другаруваат позачестено.
     
  6. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    од другарство нема ништо поубаво и поискрено,а на далечина баш е добро
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тема како за мене. Имам, повеќе се ... во друг град, други држави ... Технологијата е тука за да колку толку се одржува комуникацијата ама тоа што ја намали е далечината, да. Кој ќе каже не е така, греши. Далечината си го прави своето. Порано многу почесто се слушавме, но почнаа тие разговори да се заретчуваат така да сега мнооогу ретко ептен. Обврските плус додатно влијаат на ова.
     
  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Можам да кажам дека единственото вистинско и искрено пријателство во мојот живот го разделија километри,но за среќа само физички.Другарка ми со која бевме неразделни се омажи во друга земја,ама редовно одржуваме контакти благодарение на скајп и фб...Таа кога може си доаѓа,одам јас кај неа,и благодарна сум што воопшто ја имам,па макар на 1500 км од мене.До некој степен,далечината си го прави своето и нормално е дека не може да биде како кога се гледаш со некого секој ден,и секоја ситница која сакаш да ја споделиш со неа,ја споделуваш.Таа оди на работа,јас сум зафатена,и често се случува едвај да најдеме време двете да сме дома и да се слушнеме на раат.
    Но,како што кажав,среќна сум што воопшто ја имам,иако е далеку.
     
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Мојата најдобра другарка ми е во далечна Австралија веќе 7 години,и нашето другарство опстојува,се слушаме и гледаме на скајп редовно,прекрасна е.За вистинско другарство нема граници,ни далечини.. :)
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Најдобрата ми другарка студира во Скопје ама си доага секои 2 недели, па не се чувствува нејзиното отсуство толку многу. Но ова лето запознав едно девојче, потекло има од мојот град но живее цел живот во Австралија, моја генерација е и цело лето излегувавме заедно и се дружевме заедно со неа и со брат и, но пред еден месец си отиде за Австралија и стварно малку се почувствував тажна бидејки беше многу фина и многу убави моменти имавме заедно. Сепак, контактираме преку скајп и мејл и едвај чекам да дојде пак сега за Нова Година, или другото лето. :)
     
  11. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    со другар од мали нозе преку една кука живеевме значи неразделни немаше тука ти си машко ти си женско отиде на размена студенти во Америка јас се утепав плачејки кога отиде таму на почеток секој ден порака скајп после тоа почна еднаш во два месеци скајп откако најде таму една да се ожени со неа само ради папире ме заборави на цело чак ме избриша и од фб....е сеа зошто се десило тоа како што бидна веке не ме ни интересира бидејки нити имам фб сега нити ме занима он кога видов и сватив дека нему гајле не му е било за мене,а и фала Богу не сум во Мк да ја слушам мајка му како се пресерава од муабети дека нели син и е во Америка
     
  12. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Имам една многу добра другарка која не живее во Скопје и можам да кажам и те како ми фали нејзиното друштво.Се знаеме буквално цел живот бидејќи јас летата , а и до трето одделение живеев и учев во друг град, живеевме куќа до куќа залепени ни беа ѕидовите и по цел ден бевме заедно. Се дружеле нашите баби,мајките , заедно сме јаделе,играле смееле па дури се сеќавам дека еднаш не можеа да не разлелат за спиење па така таа дојде да спие кај мене.Детството цело ми помина со неа. И знам кога ние требаше да преселиме во Скопје ни беше многу тешко и на двете плачење, плачење што сме удриле, цел пат. Али и до ден денес комуницираме,еднаш неделно се слушаме на телефон, допишувања на фејсбук, се гледаме на скајп па дури и си одиме на гости иако таа е веќе мажена. Јас одам кај неа , таа доаѓа кај мене во Скопје барем еднаш годишно за да се видиме. Али искрено многу фали што е во друг град во Македонија , а пак камоли во друга држава.
     
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    ако другарството е вистинско,километрите не се никаква граница за тоа другарство да продолжи и понатаму.еве од мое лично искуство си кажувам,јас и мојата најверна другарка,уствари сакам да кажам и ние не знајме од кога се дружиме,од ептен мали дури и неможиме точно да кажеме од толку или оволку години.значи све што имаме поминато во животот го имаме поминато заедно(до пред да се омажам јас)и немаше нешто да скријаме една од друга.јас се омажив пред 8 години и заминав од МКД,и до ден денеска ние сме исти како порано,обавезно се гледаме на скајп,по незнам колку пати во неделата,и до ден денешен ние не можиме да си се изнакажиме,и што е нај убаво и нашите мажи ептен си се погодени.и за нашата свадба се зародивме,тие ни се нас девери,а пак сестра е ни се старосвати.
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Навистина е потешко, зашто далечината го прави своето. Но мислам, иако е далеку, врската уште повеќе се зацврстува. Секој поминат миг по одреден временски интервал, станува како еден миг, кој заминува многу брзо. Тоа се должи, само на взаеманата љубов, ако постои таа, нема и не постои препрека.
    Било тешко во минатото, кога не била до тој степен развиена технологијата, но денес е сосем подруго.
    Сепак мислам, дека за вистинското другарство, не постои далечина (од искуство :inlove:).
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Имам две другарки кои се надвор од границите на нашата земја! Едната е во прекуокеанските земји, таму живее, другата е во соседна земја и таму работи но ретко си иде во Македонија!

    Со онаа која е преку океанот бевме неразделни во детството, во тинејџерските години, па дури и во студентските денови кога исто така не делеа километри! Таа е доверлив човек, реална, друштвена... Но и сама не знам што всушност се случи меѓу нас, поточно не знам кога се случи тоа да се одалечиме толку! :worried: Ми требаше време за да си признаам самата на себе дека повеќе не ја препознавам, дека ми е далечна, дека не ја чувствувам за мој човек! :(
    Се фаќам на повеќепати како сакам да и пишам на скајп и да не знам на која тема да зборам со неа, толку брзо ни се троши муабетот а толку заеднички моменти имаме! Муабетот често ни завршува со оправдувње ,,морам да одам, па се читкаме др.пат,, Всушност и на двете ни е јасно дека она што недостасува за разговор е близината која повеќе ја немаме!

    Со другата другарка пак која исто со месеци не ја гледам сум во контакт секојдневно, си пишуваме стално и иаме многу голема близина ^_^ ! Во нашиот случај километрите не се пречка за другарството! Секоја вечер задолжително примам порака од неа за тоа како и минал денот, што се случило, како се чувствува, смешни доживувања, освежување на напшите спомени! Билошто, важно си пишуваме стално и раговараме долго на скајп! :talk:
    И сега не ми е јасно, како со едната другарка останавме толку блиски а со другата пак сме веќе како странци! Во едниот случај километрите го направија своето, во другиот случај пак километрите само не спречуват да се среќаваме почесто но ни немат влијание врз близината!
    Луѓето се менуваат, далечината е главна причина за заладување на односите и разретчување на контактите... или што? :?:
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Би можела романи да напишам на темава затоа што понекогаш навистина ми се чини дека цел мој живот, од самото раѓање сум на пат и постојано разделена од овие или од оние, или од таму тие луѓе. Сега веројатно звучам мноху тажно, но и во тоа да имаш пријатели раштракани малтене низ целиот свет има некоја посебна убавина, особено ако ги имаш оние пријатели кои ги имам јас.
    Да се бараа квалитетни луѓе и вистински пријатели на заем, на сите ќе ви ги позајмев моите, ама не ги давам, мои си се и среќна сум што ги имам :P

    Далечината е тешка, да - тешко ти е кога одеднаш оној човек кој ти бил секојдневие или речиси секојдневие, не е повеќе до тебе. Не можеш да му кажеш дојди на кафе, ќе дојдам на кафе, ела со мене ваму, ајде со тебе онаму. Да. Не можеш. Но знаеш што можеш? Да сметаш дека кога и да го видиш ништо ама апсолутно ништо од она што било не е променето и тоа ме прави горда пријателка на луѓето кои ги имам во животот како другари и другарки. Привилегија и чест ми е што ги имам во животот па без разлика на колку илјадници километри биле од мене.
    А денешницава е таква - е*ено проклета што секој си ја бара среќата некаде и кој отишол во потрага по работа, кој во потрага по среќа, кој бил одвлечкан против своја воља, сите се некаде далеку од себе, далеку од некого.
    А сепак сите знаеме да се најдеме на едно парче на планетава и да си направиме собиранка со речиси истата смеа, истите муабети, истите фори со истите будали :lol: и потоа конташ дека всушност навистина не сме променети. Само сме повозрасни со поинакви дневни теми за муабет, ама во суштина сме истите деца со истите насмевки и истите карактери. А тоа чуство е едноставно прајслес.

    Далечината денес не значи ништо ако земете во предвид дека со еден скајп се добива чуството на близина - инстантно. А знаете дека пријателството ви вреди во моментот кога и покрај тоа што знаеш дека не сте се чуле можеби со денови или недели, веднаш отпосле кога ќе се чуете никој не е лут, ниту гневен и разговорот тече вообичаено како вчера да сте биле заедно. Пријателството вреди во моментот кога ќе ти се јави најдобрата пријателка и плаче молчешкум со тебе по телефон бидејќи чула што се случило. Никој не зборува - само шмркање и липање од едната и другата страна на слушалката. За таков човек во животот, треба да си благодарен доживотно и бескрајно. А не е еден и единствен.

    И најубавиот момент од сето тоа, од сета таа далечинска разлика? Барем знаеш дека во кој град и да сакаш да отидеш секогаш ќе се сетиш барем на еден пријател кој е моментално таму. И повеќе не си осамен во толпата непознати фаци затоа што имаш некој кој те очекува и кој со задоволство и искрено ќе те гушне :) Ма напротив, таквите постојано те викаат на гости а уште поголема е радоста кога тие ќе ти тропнат на вратата еден ден.

    Ах, без другари е тажно, другарството е важно ајде ааа- јде да се дружимеее!!! :D
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Некој вистински близок не сум имала до сега што заминал да живее во странство (за секогаш нели) се до пред нешто повеќе од еден месец кога една од најдобрите другарки доби иселеничка виза. Моментот кога дознав бев толку среќна за нејзе бидејќи знаев дека тоа е тоа што најмногу го посакуваше и конечно ќе биде со нејзиниот човек, но од друга страна тажна зашто многу важна, исклучителна и паметна личност си оди од нашето женско друштво. Контактираме но не секојдневно, битно ми е да знам дека е добро и дека полека си го средува животот таму и сигурна сум дека блискоста нема да се изгуби следниот пат кога ќе се видиме.

    Вистинската љубов и вистинските пријателства поминуваат преку далечината и траат доколку двете страни сакаат и се обидуваат да ги одржат.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мојот најдобар другар отиде да работи во Дубаи и контактите ни се ретки, да не речам дека воопшто и ги немаме повеќе.
    Искрено, не знам што придонесе до таквата ситуација, бевме премногу блиски, близина од типот ручеци, вечери, преспивања еден кај друг, помагање, кажување тајни, давање совети, позајмување пари, нашите родители биле школски на времето, па се чувствуваше дополнителна блискост...

    Се доведовме во ситуација во која роденден си честитаме само на ФБ |( , а кога доаѓа на еден месец во годината, замислете - нема време да се видиме, покрај се' што проживеавме заедно.

    Дали дека се ожени, или обврските му се преголеми (а колку време треба да се пушти еден мејл жити се'?)
    Јас на почетокот се трудев, имаше чат-пат по некој контакт на скајп и социјалниве мрежи, а понатаму имав чувство дека сум буквално како давеник кој се држи за сламка.

    И кренав раце, сфатив дека луѓето и приоритетите се менуваат и другар ми веројатно бил од оние типчиња што кога ќе се оженат, светот започнува да се врти само околу неговата жена.

    Другарството на далечина зависи најмногу од луѓето.
    Да, точно е, односите после повеќемесечно невидување делуваат малку пластично, но ако станува збор за вистинско другарство, ќе истрае.

    Мене искрено повеќе ме загрижуваат оние кои ми се во Скопје, а се прават ко да живееме во Њујорк и немаме време ниту за едно кафе во две недели...
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ми недостасуваат секој ден, си ги градев тие пријателства со толку љубов и внимание и сега се осудени на пропаст. Што дека ќе се слушнеме на телефон кога имаме се помалку заеднички теми.
    Со најдобрата другарка се познавам од наша 1 година уште од градинка на иста маса седевме. Заедно на школо, на одмор, на матурска, на апсолвентско патување. Личноста која ги знаеше сите мои тајни..... ;( не ме виде како невеста, не се напила кафе кај мене дома. И сега ќе има бебенце а јас нема да ја видам како трудница. Нема ништо потажно од тоа да бидеш далеку од луѓето кои ги сакаш.
     
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Искрено, не верувам во пријателство на далечина. Контактите се намалуваат и со тоа луѓето постепено "забораваат" на своите пријатели.
    Ете, имам другарка, си отиде во Лондон, па си пишуваме на фејсбук понекогаш, но тоа станува се поретко и поретко. А голема е веројатноста никогаш повее да не се видиме.
    Можда примеров не е баш прикладен зошто со девојчето не бевме толку блиски, но ете.