1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарство со бенефиции?

Дискусија во 'Сингл' започната од angel92, 18 февруари 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    Не бев сигурна каде да ја вметнам темава, но мислам дека овде и е соодветно место...
    Значи, дали сте имале другар/ка со бенефиции (мување, милувања, секс)? Кое е вашето искуство? Дали сте продолжувале да се гледате иако знаете дека единствено нешто што можете да сте, е другари? Доколку сте биле во таква ситуација, колку време траело, што се случило, каков крај имаше? Дали го практикувате и што би им препорачале на сите тука?
    Споделете го искуството со фениките :hai:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Под разен сплет на околностите да, сум имала вакво другарство и слободно можам да го наречам другарство со бенефиции а не само фак бади зашто односот ни беше пријатен и комуникацијата лесна за секоја тема разврзувавме муабет и ни одеше едноставно дружбата....значи можам да кажам дека ги имавме сите елементи во односот потребни за започнување една врска-што не се случи!Е сега од разно разни причини тој не сакаше да с еинволвира во нешто посериозно а имаше голем интерес за мене целата ситуација беше збунувачка и контрадикторна каде двајцата бевме збунети јас со желба да пробам да бидам со него пошто нели пуста женска природа бар кај повеќето ;) -што ти влезе во гаќи влага и во срце :) но тој е незнам него што му беше...така и заврши маѓијата ја снема со светлосна брзина кога веќе страста беше исконзумирана желбите различни и останавме во недефиниран однос каде веќе бенефициите нема резон да се користат а другарството нема смисла кога веќе никогаш не би можеле и да сакаме да се гледаме како другари!НЕ ви го препорачувам ова другарство секогаш ако не со врска од двајца заљубени завршува со некоја зезанција ...позз
     
    На Dark artist, MarioCasas и Idiotka90 им се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    lylaby, мислам дека сите такви "врски", имаат исти крај.
     
    На enijov му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сум немала такво другарство :?: Но сепак мислам дека кога ќе заврши, нема да биде ништо како порано. Како и со секоја врска! Не може да се правите како ништо да не било, сепак после некое време се јавуваат чувства и кај двете страни - инаку зашто би продолжиле да се гледате :?:
    А кога сето тоа ќе заврши чувствата нема да ти дозволат да се правиш како ништо да не било ;) мислам дека не можеш против нив.
    Сепак, би било убаво да пробате во врска, да си ја тргнете етикетата фак бади ;)
     
    На crazylady, easyyyyy и eleni23 им се допаѓа ова.
  5. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    По мене кога има таква ситуација
    неможеш ништо да добиеш а можеш премногу да изгубиш. Другар си е другар, дечко си е дечко, фук бади е*ач , швалер , можеш како сакаш да го наречеш се спротивни работи.
    Подобро да немам секс отколку да се замајавам самата себеси.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    Па не мислев јас само за секс ама како било... Ако сметате дека е непотребна, клуч ;)
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.081
    Не е исто (според мене) fuck buddy со friends with benefits. Friends with benefits не мора да имаат секс, за разлика од другиве. Различно е и од само мување.
    Туку да се вратам на мислењето, сум имала и уште сме другарчиња :D интересно беше, околу еден месец бевме со бенефиции и мислам дека баш на време прекинавме, пред да ми се јават емоции. Сега сме другарчиња, блиски ама не премногу. Амааа, има многу вакви другарства кои зафршуваат трагично, едниот се заљубува другиот не.И бај бај и другарство и бенефиции. Ретко прераснува во врска (again, според мене) ама секаде постојат исклучоци нели :)
     
    На WiseGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Аххххх другарство со бенифиции.....Без размислување ќе кажам дека тоа е Fuck Buddy !!!! наречете го како сакате, но тоа е тоа :!: :!:

    Ваквите (ако можам да ги наречам) врски, скоро никогаш НЕ успеваат !!! А една од најголемите причини за тоа е без исклучок, фактот дека дечкото НЕМА почит за девојката !!! Зашто? Зашто се почнало на база на секс....Тоа значи кога ќе ви се присака, му звоните на другиот...Едноставно не се замарате со ствари во врска, немате никаква одговорност да кажете кај ќе одите или пак да се слушате по телефон секој ден или секој саат како што парови знаат да праат....Единствена комуникација е : SMS: "еј дома си? да дојдам?" - и толку. Кога тогаш, еден од овие двајца ќе си најде партнер/ка кој/а што нема да е фак бади, туку ќе е врска во вистинска смисла на зборот....Кога тогаш ваквите врску пукаат !!!!! Е сега, од кога ќе се случи тоа, обично на другата страна и е тешко....Зашто е тоа така, па нели е само фак бади, no feelings involved !!! Едноставно тука голема улога игра егото...Другата страна, бидејќи е оставена, се чувствува на еден начин изиграно и омаловажено, што е сосем нормално...Партнерот со кој што била интимна ја заменил со некој/а што смета дека освен тоа што ќе го задоволува на сексуален начин, ќе го задоволува и на интелектуален и ќе и се доверува и ќе и се отвори и ќе смета дека таа личност е подобра за него од претходната....Тоа е едната причина...

    Втората причина зошто овие врски не успеваат е како што е спомнато и во претходните постови, еден од партнерите СКОРО СЕКОГАШ почнува да има чувства!!! Штом ова се случи=пиши пропао....Другиот партнер сакал неќел во потсвеста му е дека сте фак бадис, на еден начин ова му доаѓа како премногу и нормално се повлекува од врската оставајќи ја другата страна скршена......

    За ваква врска да тече нормално, се потребни двајца со силен карактер....тоа е факт....да не се многу емотивни и да можат да се држат до своето, да не се љубоморни, да не се замараат со тоа што прави другиот итн...

    Ако сте во ваква врска, или размислувате да сте во ваква врска, осигурајте се дека можете да се справите со чувства и нема да дозволите да ве понесат....Ако НЕ, осигурајте се дали можете да претрпите потенцијален период во кој што ќе преовладуваат изливи на чувства, емоции и нормално heartbreak ...
     
    На LittlePinky, glamour-lady, House95 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас пред да го ишнам прашалников кој виси над мојата глава само ќе прашам...Зарем е можно??? |(

    Абре FUCK BUDDY е фак бади на нашки :D :D и толку. Треба ли воопшто да се дискутира за емоции, љубов,сечење вени...аман, еве пак ќе речам АМАН!!!

    Нормално дека мора да постои взаемна привлечност, ваљда нема да му ставаш ќеса на глава додека трае чинот :lol: ако е секс не значи дека се што е на две нозе треба да го клецнеш, па ни Роко мој не се дава на секоја 8)

    Уосталом ако не го бива за шо ќе ми е? На тема „Кој ги пали куќите во Арачиново?“ нема сигурно да дискутираме, за состојбата на пензискиот фонд такоџе...значи јасно е, ако не го бива во тоа за шо е задолжен, чао!! Молим лепо, во такви ситуации одвишни се сите други ствари.

    А еве го комплетното прашање со кое ја започнав темава. Зарем е можно, млади,интелегентни, еманципирани особи да живеат во илузии дека ќе живеат среќно форевар со фак бадиво, зарем е можно да го сервираш срцето на некому од кој најдобар врхунец кој би требало да го очекуваш е оргазам од кој ќе ти се измести матката.

    Тоа ми иде ко да гледаш порно филм за да видиш дали ќе се земат на крај :D :D
     
    На lilybeth, nitokris, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Токму така, фак бади е just a buddy who you fu*k with.
    Или што би се рекло, се дружите со неговиот пенис по потреба :P

    Имав ваков фак бади, другарче де, не дека беше близок, но ете излегувавме на кафе, на пијачка и секој со свои потреби, и двајцата осамени во тој период и некако спонтано и сосема изненадно започнавме да се дружиме и во кревет. Знам дека другарките ме предупредуваа да сум внимателна - бидејќи ние пустите (жените) знаеме и емотивно доста да се заплеткаме со мажите со кои спиеме. Ама другарките не разбираа дека јас повеќе немам 18 и знам да ги контролирам емоциите кога цврсто ќе решам. А тогаш бев цврсто решена дека сакам само секс и ништо повеќе.

    И после многу опа иха, са са и глупости, типот си замина за друга држава и фала богу што се случи така, бидејќи порано или подоцна некој од нас двајцата мораше да ја прекине „врскава“ затоа што никаде не водеше, ама од пуста потреба за секс со некој кого знаеш и кој ти е веќе проверен си велевме - ај уште еднаш, па ајде уште два пати, па ајде уште три пати...итн. Знаеме до ден денес да се чуеме, да си направиме муабет од време на време, со тоа што имам силно чуство дека типов е инволвиран емотивно повеќе отколку што би очекувала. Јас напротив воопшто не сум.
    Затоа, ако решите да имате фак бади, единствено под стриктни правила - секс и ништо повеќе. Немате право да му мрчите каде е. Немате право да очекувате да ви се јавува. Нема право да го очекува истото од вас. Немате право да се распрашувате дали имал друга. Едноставно сите љубопитни прашања избришете си ги од глава.
    Е имате само право да му направите еден booty call но ако бидете одбиени немате право да се лутите.
    Затоа се вика фак бади, а не дечко ;)
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. emotiven

    emotiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здарво на сите,

    ми се виде прашањето интересно и еве го моето мислење.

    најпрвин да кажам дека сум имал такво искуство со една другарка. имаве неколку пати секс и потоа јас го прекинав сексуалниот дел од другарството, бидејќи таа сакаше нормална врска, а јас не. сега сме само другари. значи, станува збор на добро и искрено другарството да му се додаде еротика, а не со непозната и/или нова личност да имаме само секс. па дури и да е со нова личност, само за секс, ке мора првин некаков степен на пријателство или другарство да се создаде и минимум довреба и привлечност.

    математички: другарство + секс = другарство со бенефиции

    негативни страни: прво, јасно е дека, ако едниот се заљуби во другиот и посака нормална врска, ке мора да се прекине и ке биде болно и за двајцата, иако повеке за оној што се заљубил. е сега прашање е дали ке треба да се прекине целосно другарството или само оној сексуалниот дел. второ, ако едниот посака да го одземе сексот од другарството од било која причина (повеке не сака секс, се заљубил во трета личност, се преселил во друг град или држава итн), ке биде исто така тешко, но сепак мислам дека другарството може да остане, како во мојот случај, иако треба малку време да се врати ситуацијата како порано.

    позитивни страни: прво, имаме редовен и пријатен секс со личност која ја познаваме, иако немаме врска т.е. иако сме сингл. принципиелно, потешко е и повеке време треба да се најде сериозна девојка или дечко за нормална врска отколку само другар/ка за секс. значи, додека да ја пронајдеме вистинската личност за нормална врска, можеме малку да експериментираме и да се забавуваме со некоја блиска личност или другар/ка. второ, нема љубомора, нема лажни ветувања и очекувања, нема ограничувања, а сепак има задоволство. трето, не мора да се има само секс. може и кафе да се пие заедно, на кино да се оди, по телефон да се муабети... ако и двајцата се согласни, тогаш можат да прават што сакаат, колку сакаат и како сакаат...

    јас би рекол дека „другарството со бенефиции “ може за некого, повторувам за некого, а не за секого, да биде како пред-фаза на нормална врска. прва фаза, пријателство или другарство. втора фаза, пријателство или другарство со бенефиции. трета фаза, нормална врска. разбира се, секој од нас индивидуално ке треба да одлучи во која фаза на интимност ке биде со некоја личност и по кој редослед тоа ке го прави.
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мојот став по ова прашање е дека се зависи од карактерот на индивидуата, колку таа може да се носи со ваквото пријателство, зашто како што спомена некој тука се исклучуваат секакви прашања чија содржина упатува на обврзаност спрема некој.
    Јас имав слично искуство на почеток на мојата врска со мојот партнер, но сепак ние ниту претходно не бевме пријатели, туку едноставно се запознавме почнавме да се муваме и после некое време следуваше секс, сето тоа траеше од прилика месец дена и потоа се случи и официјалната врска. Меѓутоа нашето беше повеќе мување одколку пријателство, но сепак бевме по цензурирани во однос на прашања каде, кога, со кој, како, што... Имавме полабилен однос, и нормално ниту јас ниту тој не беше обврзан да биде само со мене, туку едноставно и двајцата бевме свесни што се случува и како тоа може да продолжи.
    Искрено на почетокот не ми беше сеедно, се двоумев дали постапувам правилно но сепак дозволив да ме водат чуства а и двајцата сфативме дека она што претходно беше само привлечност преминува во нешто повеќе односно се заљубувавме.
    Кај мене тоа беше обострано па затоа резултираше во една прекрасна врска, во која знаев дека ќе имам одличен секс :D . Но сепак бидејки како што кажав се препуштив на емоции и се заљубив во него и доколку не се завршеше вака како што се заврши знам дека ќе бев повредена и дека ќе се чуствував искористена.Но сепак ризикував зашто ми беше убаво и секако ризикував да бидам повредена.

    Не мора да значи дека ваквото пријателство секогаш мора да премине во врска, туку може едноставно да се заврши а притоа да има болни последици некој од пријателите да се заљубил, да се прекине пријателството и т.н. затоа овој начин на пријателство не често носи последици.
     
  14. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Не би пробала вакво нешто.. Не, не
    Незнам како можеш да си другар со некој со кој се е*еш :x
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека треба внимателно да се пристапува на вакво нешто.Никој нема со сигурност 100% контрола над своите емоции,не во моментот,зборувам за во иднина,ама ако сме висок процент,отприлка едно 75-80% сигурни дека контролата е во наши раце,тогаш е оправдано впуштање во ваков вид „другарство„.
    Значи,станува збор за промислена одлука,бидејќи за мене секоја стихијно донесена одлука за секс или љубов,води до разочарувања и повреди,а непромисленоста не ја ценам многу како особина.
    Најпрво,постои огромна шанса да се уништи другарството ако сексот не прерасне во врска,а најчесто во вакви случаи не прераснува.Па,одлучете дали вреди тој другар,ако ви е посебен,да го изгубите за нешто што практично многу полесно ќе го добиете и на друго место,кај други лица,де.А оние ретки другарства се како бисерите во школка-тешко се доаѓа до нив.Мене искрено не ми се валка другарството со секс,ако е само секс-крајната цел и намера.Ако,целта е да се потрудите на добиете на време и да го пренасочите кон врска,а моментално само така имате шанси да сте со него-секоја борба за љубов ја оправдувам и ја има мојата поддршка.
    Но,најчесто ваквите комбинации завршуваат со меѓусебно повредување-едниот ќе стави на влог емоции,а другиот нема интерес за нив.И најчесто страдаат девојките,бидејќи во природата им е да се поприврзани и повеќе да внесуваат емоции и во сексот и во контактите.Два хипотетички примери ќе дадам и нивно решение кое ако сакате мозе да го прифатите,
    1.ако останете надвор од врска(само секс и тоа додека трае) без поставување услови,без обврски,а со услови за прекин во секој момент-нафатете се,
    2.ако се борите да добиете врска -пак исто-нафатете се,
    НО :!: ,во случај да немате контрола или увид врз овие ситуации-побегнете,не сте емоционално спремни за такво нешто и единствено ќе излезете од ова-како повредени.
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ми се има десено да се мувам со другар , ама не и да ми премине во фак бади. Тоа ми нема смисла.
    И дечко ми порано ми беше другар ,па се смувавме ,па 2 месеци као другар - мувач - дечко ,недефиниран однос...И оттогаш еве не ,заедно. Јбг,секој различно.
     
  17. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Или си ми другар или не си ми.
    Не сум имала ваков посебен вид другари нитѕ сакам да имам...си имам дечко за таа работа, а и да го немам не би сакала ваков другар.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blerr

    blerr Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    :?: navistina sum zbuneta i pokraj seto ova shto go prochitav ....jas i drugarmi imavm SEX!!! no ova se povtoruva veke godina :/ i sum vo mnogu neprijatna situaciaj i eve posle edna nedela ne komunicirame znacii ona formalno,za po izvesen period da bideme pak drugari..i nevistina me odbegnuva, dosta e i ljubomoren onaka vo prethodni situacii koga me videl so bivsiot i sl...jas cuvstvuvam nesto sprema negoo mozebii...ni jas ne sum sigurna, no sigurna sum deka ne e samo potreba, a inaku drugarmi i e prv bratuced na mojata najdobra drugarka, a taa ne znae bash za moite chuvstva i mi kazuva za negovite devojki...(da gi narecam) ,a toa mene mi sozdava nerzova...znachi ne sum vljubena VO NEGO :sweat: ..no sum mnogu ZBUNETA :doh:
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Да, и тоа со добар другар што секој ден сме биле заедно, јас немав поим дека сум му се свиѓала него, се деси ете и од тогаш не комунициравме баш... Многу ми е криво, прво затоа што го изгубив пријателството со него, а второ затоа што го повредив незнаејќи дека толку стварно ме сакал. :|
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Сум немала другарство со бенефиции и не планирам да имам. Другарите ми се другари, за нешто повеќе, има други машки на светов. Точка.