Здраво на сите, сакам да слушнам ваши мислења како постапувате со другарчињата на децата и како би реагирале во ситуација како мојата: Децата мои се запознаа со едно другарче, ок е се, играа заедно, се сложуваат добро. Но, детето е постојано кај нас, веќе почна да ми смета, не можам ништо да правам од домашни обврски. Морам да седам со нив да ги надгледувам, бидејќи постојано шета од соба во соба, отвара секаде по фиоки и сл. Мене тоа ми смета многу и моите деца знаат дека не смеат така да прават, постојано му кажуваат дека не смее да отвара фиоки, но тоа не слуша. Пробав со убаво му кажав, но залудно. Кога се видов со мајка му ми рече: „Ако не слуша, искарај го.“ Ама јас не сум му родител, па да го карам или воспитувам. А слушнав и муабети од други мајки дека дома неговите и не ги интересира многу каде е, битно не им е дома. Навистина сакам одмор малку и да бидам сама со децата мои, а не секој ден да гледам туѓо дете. Ако јас не го однесам дома, не им текнува да си го зема детето и секој пат ист муабет „сега ќе дојдев да го земам правев ручек“ или „чистев“ и други изговори. Денес се изнервирав, го однесов и кој ми рече за ручекот и реков „епа добро да дојдеме на ручек, затоа што јас немав време да направам, морав да ги чувам.“ И си дојдовме дома, направив ручек, ручавме и си реков малку ќе одмориме кога детето ете го пак на врата. Како вие би постапиле? Како да и кажам на мајка му дека не сакам секој ден да доаѓа, а да не бидам јас лошата? Децата се на 5-6 годишна возраст.
Јас да знам дека детево е “теоретски” отфрлено од неговите би го прифатила како свое,а воедно и би истражила зошто неговите не водат соодветна грижа за него. Те разбирам, не сакаш туѓо дете но во овој случај не би требало да правиш поделба. Можеш ти да го научиш на некои манири кои сигурно ќе ги покаже и дома.
Ќе одиш кај мајката и ќе и кажеш дека не сакаш секој ден да ти доаѓа. Нема друг начин, не знам зошто би кружела одоколу. Што ти е гајле дали ќе испаднеш лоша, побитен ти е мирот дома или што ќе речат луѓе на кои ич не им е гајле за тебе? Премногу мислење што ќе речат другите, милион проблеми во животов ќе ни беа решени да не се замаравме со мислењето на другите.
Па многу пати сме му кажале, пример утре ќе дојдат кај тебе, но сабајлето детето пак е на врата кај нас. А и сами сеуште не би ги оставила кај некои кои не ги знам добро. Да, пробав, му зборувам дека не е убаво да отвара по фиоки во туѓа куќа, дека не е во ред, но утредента пак е исто.
Детето на врата, ти детето за рака и назад кај неговите, извинете, ама денес имам работа. Објаснувања не должиш. Така два-три пати и ќе разберат.
Во право си, го однесов дома и кажав дека не може денес да играат повеќе имам обврски и и кажав доколку сака да дојде друг ден да ми се јави пред да го пушти. Ми кажа дека и побегнало од дома не знаела кај заминало.
Чим ти не ги пушташ таму, нема зошто него да го прибираш посебно не секој ден. Исто како што ти рекоа другите. Сабајле кога ќе дојде, ќе отвориш ќе му кажеш дека денес децата прават тоа и тоа и можат покасно да играат и толку затвараш врата. Не се замарај што ќе ти каже.
Коса ми се крева од некои родители. Пак следниот пат ќе го направиш истото, за рака и назад и ќе потенцираш дека еднаш си кажала да ти ѕвонат пред да го пуштат. Ако не се разбираат нема да отвораш врата кога ќе дојде.
Скоро година од кога се преселивме и децата немаат другарчиња многу и до некаде сакам да се дружат, играат убаво заедно, само што ете мора постојано да ги надгледувам ради тоа што отвара секаде. И им кажав на децата дека не можат секој ден да играат со него. И сме го вратиле 2-3 пати дома и после саат два пак доаѓа.
Сум била во таква ситуација. Им кажав дека ми смета секојдневно да се грижам и за нивното дете. Се налутија. Ама мирот си го вратив.
Тоа е мое мислење. Тие се само деца, јас така би постапила. Ти постапувај како ти мислиш и тоа е тоа. Не планирам да се објаснувам.
И јас летово се најдов во таква ситуација, детенце од 4ри години ама буквално и на лустер ќе се качи (нека е живо и здраво) ама СТОП ми беше страв да доаѓа кај нас и кажав на мајка и: Дојди ќе пиеме кафе нека поиграат ама сама не ја пуштај не можам со две моето е помало...
Таман работа да земе и секојдневно да го воспитува, џабе ќе биде се кога дома кај детето е друга работата. @lile29petrov нема да го примаш детето секогаш, ќе го враќаш и ќе треба да си сфатат. Е тек по неколку пати ако не сфатат, веќе би им рекла. Само ли доаѓа до кај вас, блиску сте?
За жал премногу дечиња има кои се за за греота, не секој родител е посветен родител, ама кај ќе ни беше крајот сите ако од жал ги прибиравме и воспитувавме? Јас само 2-3 ќе требаше да ги приберам дома. Не би требало жената да се осеќа одговорна за други деца, колку што сметала дека може да изгледа толку родила. Повеќето работиме, се трудиме, уморни сме со обврски, со сооствените деца, со домот. Замисли на сето тоа уште дополнителен товар да имаш комшиски деца. Не би и набивала вина на членката, тоа што е нејзино и морално и законски кон своите деца си го обавува. Да греота е детето што не му обрнуваат внимание, ама времето е пари, времето е скапоцено, сакаш и тоа малку слободно време да си го поминеш малку раат.
Не може да му речеш на детенцево следен пат коа ќе дојде, нешто во стил ко: сега не може да си играте, дојди утре...? Па не тој начин некако ти да одредуваш кога и колку ќе седи... И јас мислам дека ти не треба да осеќаш некоја вина. Нормално е да ти е жал што можеби расте во такви услови... Ама факт е дека има многу деца во слична ситуација и ти како индивидуа не можеш да се грижиш за сите. Плус веќе имаш свои деца на кои посветуваш време и внимание.