Би сакал да отворам тема во врска со : Дали имате прилика да се дружите со лица од другите национални припадности (албанци,турци,срби,роми итн..) Дали веќе се дружите,кои се предностите и недостатоците ? Поздрав до сите
Да, се дружам, и предноста е шо сваќаш уствари дека сељачизмот и дебилизмот немаат национална граница, све е тоа исто срање, друго паковање. Тоа е уствари и негативната ствар...
Ако човекот ми е по мерка, најмалку ми е важно од која национална припадност е, или пак каква религија има. Важно ми е да да можиме да се дружиме, да сме компатибилни.
Темата е супер но насловот е премногу општ, па би било добро да се прецизира во насловот отприлика како: Дружење со другите националности или нешто така.
Се дружам да, девојчето за кое би дала живот е муслиманка.Ако ми одговара како личност не гледам вера и нација.Се дружам и со Турци и со Босанци и Албанци.И тие се луѓе како мене, до сега ништо лошо не сум видела од ниеден од нив. *Убаво ме потсети Специ од дружењето со нив научив и неколку збора Турски и Албански доколку они грешат нешто во Македонскиот јазик и јас им помагам.Имам придобивки негативности не. @Ваљдрин. за лична безбедност аватарот смени си го бидејќи форумов е јавен ретко кој пишува свое име или става слики свои.Најдобронамерно гледам нов си.
Секако дека да, воопшто не ми претставува разлика. Предност е што можеш нешто да размениш, научиш за друга култура, традиција. А инаку и добри и лоши човечки особини има кај сите подеднакво како и кај нашата националност, па следствено на тоа и предности и негативности во дружењето со поединци.
Секако дека да, имам албанки на работа, се дружиме и приватно, излагаме низ град. Човек ко човек, ако ти е пријатно со него, си разговараш. Ако не, си остануваш службен, без разлика на вера, националност, раса, пол, сексуална определба...
Имам прилика, и да, се дружам. Пријателството не е пријателство ако се граничи со етнички, верски и било какви бариери. Не гледам ниту предности ниту недостатоци од такви пријтелства. Не го перцепирам пријателството како нешто што мора да се издвои како посебно бидејќи сме друга националност. Човек може да е добар и лош. Само ова е пресудно дали ќе ми биде пријател. Во мое опкружение и како другари/пријатели имам македонци, срби, роми, албанци, босанци и по некој унгарец
Кога учев средно во класот имаше Босанки. Добро се согласувавме. Ни кажуваа за нивната религија и нивните обичаи. Би се дружела и сега со некој од друга националност, се додека е човек нема врска дали е албанец, босанец, ром и сл. Можиш многу нешта да научиш така.
И се дружам и дечко србин имам. Не гледам ништо специјално и посебно во тоа. Луѓе ко луѓе. Или ти иде муабетот со некого или не ти иде без разлика која националност или вера е. Толку.
Човекот се гледа каков е по душа и затоа и се спријателува. На никој не би требало да му смета тоа од која и каква националност е сите сме народ. Јас имам колешки што се турчинки, дури и ми е интересно кога зборат турски. Треба да се дружеме да разменуваме мислења и секако нивниот начин на живот и нашиот се различни но сепак немам некоја замерка да се спиријателувам со некој од друга националност. Личноста се гледа во душата.
Имам пријатели: Босанци(Бошњаци),Роми,Албанци И вистински пријатели се. Абе и девојка сум имал Ромка,побела од мене Но секој треба да се постави како треба и да биде човек со човек. Кај нас неиживеаните од сите националности ни наметнаа мржња. Ај чао.
Најбитно некој да е човек пред се ,јас на факултет се дружев со ромка помила и поискрена личност немам сретнато но за жал се пресели во Германија и постепено изгубивме скрос контакт..
Se druzam.Imam nekolku drugarki albanki, dva drugari albanci, dva drugari srbi , eden turchin, makedonci, boshnjak I tolku SME si pogodeni,prijatelstva koi traat so godini, za se zborime otvoreno I si pomagame. Srekna sum sto GI imam. Sekoj den skoro komunicirame.
Се дружам од порано.Не ми е важно дали се албанци,турци,роми...Имам пријатели од Израел и Индија до Малта.Со оние кои сум секојдневно,а се од друга националност, најчесто се албанците.Посебно откога тргнав на факултет.Колеги,колешки,од други националности,а сите функционираме како едно. Не е важно кој се и во што веруваат, важно е што луѓе се.
Се дружам со секава раја но избегавам хунзи, шиптари, четници, усташи, татари, гејци, цигани, балии, торбеши и цинцари