1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дружењето некогаш и сега

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 13 јануари 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Какво беше дружењето некогаш и сега? Јас се сеќавам дека како тинејџери многу се дружевме. На 18 , 19 години не беше толку важно кој колку пари има и како е облечен. Сега се други времиња. Живееме во материјален свет, а луѓето се многу лицемерни. Ваше мислење?
     
    На Love...music му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Имам исто мислење.Дружењето не е како што треба,излегуваш надвор и ги глеаш сите со телефони в раце,нормално.Денес фејсбукот е поважен од разговорот меѓу пријателите.Излегуваат во кафич или па шетаат негде,абе дур не направат 300 селфиња не бидува и секако,мора да се чекираат,наместо да седнат и убаво да разговараат. Од чекирањата и социјалниве мрежи спомени нема,нема дожувувања кои се вредни за паметње и нема тоа да ти предизвика насмевка кога ќе се сетиш после некое време на дружењето.Многу луѓе денес бираат со кого ќе се дружат по популарност,кој колку е богат или кој како се облекува,не пазат пријателот да е пријател во вистинска смисла,едноставно и дружењето не е дружење. Разговори се оговарањата,кој што облекол за викенд ,кој со кого го виделе. Се нервирам што дозволуваат поради социјалните мрежи дружењето да пропадне,ниту разговорите не се како што треба,загледани сите в телефони. Не знам што повеќе да кажам,освен тоа дека сум разочарана од многу пријатели,баш поради лицемерието.
     
    Последна измена: 13 јануари 2015
    На angelche16, Tanjamm и Love...music им се допаѓа ова.
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Сега највеќе преовладува фејсбукот. Постојано ги мрзи да излегуваат, постојано учат а дремат на фејсбук. А да напоменам дека се почесто се гледа на кого му е подлабок џебот. Без пари наводно помегу лугето си никој и ништо а доколку имаш полн џеб сите се дружаат со тебе и сите те сакаат. Лицемерие, користољубивост на секој чекор. Секој гледа како да те заебе.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Порано во друштво имавме разбирање ако некој нема пари, не е облечен по најнова
    Мода. Имам многу убави спомени. Сега со некои од поранешните другари и другарки не сум во контакт, секој по својот пат, а некои ни здраво веќе не викаат.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека со погрешни луѓе се дружиш. Не е до времето, едноставно луѓето се менуваат, некои на подобро, некои на полошо.
    People grow apart. Не можеш да очекуваш дека некој со кој што си била блиска на 16-17 кога сте немале ниедна грижа во животот освен оцените во школо, ќе ти остане близок и после 5, 10 па и 15 години. Такви пријателства се ретки, повеќето низ животот се минливи.

    Порано сте имале разбирање за кој како е облечен и кој колку пари има, затоа што никој не заработувал сам пари и сите сте биле отприлика на исто. Како растеш, почнуваш да се движиш во различни кругови и наидуваш на луѓе, а можеби и сам стануваш еден од нив, на кои социјалниот статус или работното место им важно. Или едноставно веќе немаш теми за разговор со некој што останал ист, а ти си созреала, или обратно.

    Имам една другарка со која сум подеднакво блиска сега, како и првата година кога ја запознав. Толку, со другите не сум толку блиска, затоа што не сум личност што може да има 8 најдобри другарки. Како поминуваат годините, така и бројот на пријатели ќе ти се намалува. Ќе бидат помалку, ама поквалитетни и силни пријателства :)
     
    На Miss.M5, Tanjamm и galapce им се допаѓа ова.
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Баш исто Анабелке, сосема исто, во право си:)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Дружењето некогаш и сега не е исто. Сега се излегува многу помалку, за разлика од порано кога немаше интернет и технологија ко сега, а дружбите беа поинитензивни во реалниот живот.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.