1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дружење по 40-тата?

Дискусија во 'Слободно време' започната од cac-cac, 23 септември 2014.

  1. cac-cac

    cac-cac Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Како и каде се дружат жените по 40-тата? Не мислам на кафе-седенките и муабетите со комшики, туку на нешто организирано. По филмовиве има како се дружат по клубови за читање, за плетење, за дебата... Има ли такво нешто кај нас? Како фунцкионира? :^)

    Темата ми е инспирација од свекрва ми, низ муабет често ми се жали дека и` е досадно по цел ден дома (од оправдани причини не работи, домаќинка е), ги завршува сите обврски до кај пладне и после тоа, има многу слободни саати, кои не сака да им ги посвети на турските серии :lol:
     
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Па,кај нас мислам дека има можност жените по 40-тата да се запишат да изучуваат уште некој странски јазик,не е ограничено со години тоа,или на курс за компјутери,никогаш не е доцна да се усовршуваш себеси,некои дури и на факултет и постдипломски студии се запишуваат,одат на фризер постарите жени,па таму исто наоѓаат пријателки за озборување имам забележано,одат и на фитнес затоа што годините не треба да бидат пречка за да се води сметка за сопственото здравје! :) А,за турските серии,па не мора сите да ги гледа,да му се сневиди,може една само,доволно ќе биде! :lol: :rofl:
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Мене ова премногу гериатриски ми делува, да беше после 70тата ќе разберев, ама жена после 40тата да нема што да прави и да треба да се организира во такви гериатриски форми не ми е баш јасно.
    Ок можеби во помаливе места е тоа нормално ама во Град како Скопје жена на 40 години да ти оди по клубови и да дреме со други женишта да плете, малку ми е несватливо.
    Секако дека доколку е слободна не работи може самата да се организира, отколку да се труди да се вклопи со уште 20-30 и повеќе различнио карактери. Ако се додаде на тоа и женската суета тогаш тешко дека тоа би успеало.
     
    На Bridget, imelda и darcy им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Знам дека ви се чини 40 годишна жена е (по)стара веќе. Ама не е стара ни најмалку за истите дружења како 20 годишна. И телото и умот и се во исто добра форма. Ако не ја гледате во клуб во два сабајле, тоа е поради тоа што видела и поминала и не и е интересно, плус општествени стеги налагаат дека во клуб одат слободните и помладите, но дома со пријателки каде не ја гледате знае да легне во 4 сабајле, пијана, откако за малку куќата не ја запалиле со самбуките :$
    Раѓа жена во раните 40 и гледа деца, работи во исто време. Многу почесто од порано. Колку за илустрација колку всушност е сеуште млада жена на овие години.

    За затварање дома и досада после обврските може да и се случи и на млада девојка. Од жената зависи колку ќе се замара да одржува активен социјален живот, не од некој краен рок на години.
     
    На do-re-mi, bittersweet, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Јас моментално стагнирам малку што се однесува на некои возбудливи активности во мојот живот, мало дете имам, немам време, а и морам да сум озбилна :D Но кога мислам на иднината, 40 тите ги замислувам како втора младост. Детето пораснато, работа и финансии (би требало да се) посигурни, среќа што не сум во Мк па го избегнувам оговарањето и осудувањето зошто наместо работа по дома и двор и штедење за свадба пример, јас расипник гледам за себе и се понашам ко неизживеана тинејџерка. Се радувам на таа декада од животот и се надевам ќе ја искористам како што замислувам.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас сум на прагот на 40тите и чекам бебе :rofl: Прашањето ми дојде баш како шок :)
    Апсолутно не мислам дека ми е време за клуб за плетење или слично - па дури и мајка ми што е над 65 наоѓа како да си го пополни времето, се гледа со пријателки, прошетува низ продавници, а до сега нема изгледано ниту една турска или шпанска серија (додуше Law and Order на памет ги знае мислам сите).

    Годините немаат многу врска, побитно е како човек се осеќа. Секако е убаво да се најде некоја пријателка (ако не може со сопругот од било која причина),па да се планира и одење на бања, на езеро, баба ми на времето со жени од црквата одеа во посети на манастири тука и во странство... А на 40... хе, сеуште мислам дека може во било кој кафиќ, кино или ресторан да се седне, да се оди на јога (тоа може и на постара возраст, јас на 38 на зумба одев), на курс за јазик или слично...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    Викаат дека после 35-40 години жените го имаат најубавиот период во животот. Не запира животот тогаш, напротив, тогаш се берат плодовите од вложувањата.

    Оние кои целеле кон кариера, веќе треба да се успешни, почитувани и добри во својата работа, колку што можат. Вложеното со години сега веќе го реализираат.
    Оние кои родиле, имаат веќе поголеми деца по кои не треба да трчаат, туку ги гледаат како стануваат млади дами и момци.
    Оние кои се омажиле, и кои вложувале со години во бракот, сега веќе имаат мирен, убав или возбудлив живот.
    Оние кои сакаат секс, веќе научиле што и каков секс сакаат, па знаат и да го уживаат.
    Оние кои биле добри пријателки, имаат сигурни и цврсти пријателства и поддршка во секој момент.

    Не треба да се мисли дека тогаш завршува животот. Сам си го правиш - сам бираш дали ке гледаш турска серија или ке се зачлениш во библиоттека и ке читаш. Сам бираш дали ке плетеш чаршафи, или ке изработуваш накит. Сам бираш дали ке запишеш курс или ке бараш маани на снаата.

    Самодовербата треба да го има својот максимум до 40тата, па треба и најмногу да се ужива во животот.

    А каде се дружат жените над 40? Секаде. Одат со мажот на пат, одат со пријателките на викенд, одат на кафе, одат на театар, или цел ден дремат оти цела нок имаат секс. Може ви е чудно, ама и на 50 мажите и жените имаат секс со саати.

    Ретко по дискотеки, ама многу често на кафе. На шопинг. На пилатес.

    Луѓето кои сакаат да им е убав и забавен животот, си го прават таков. Оние кои сакаат да им е досаден, се досадуваат.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    А зошто да не?Не знам кој верува дека по 40-тата престанува животот.Лично јас ,умот и сетилата никогаш не ми биле поизострени иако телово веќе не може да ги следи.
    Можеби во некои градови има места за дружење но во мојов е тапа.Има луѓе кои се крстат кога ќе слушнат дека обожувам театар и ретко пропуштам претстава.Или кога ќе слушнат дека читам книги.За нив треба да се стопиш во околината и да не отскокнуваш.Одбивам да бидам асимилирана. :D
    Не знам,навистина имам повеќе слободно време,далеку од тоа дека можам да се расфрлам со него.А сакам да се дружам иако интересите ми се на повеќе полиња.Некое страшно друштво за дружење немам но имам 4-5 пријателки секоја со различен карактер и интересирања.Се дружам наизменично,така ми одговара,а гледам дека и тие не се бунат.Да ги ставиш сите на едно место е невозможна мисија. :)
    Она што ме јаде најмногу е немањето финансии.Тешко е да функционираш без свој денар,иако маж ми никогаш не ми ги ограничил парите,јас се чувствувам без врска.Успевам некако да жонглирам да не претерувам во своите желби.Тивко страдање ми се патувањата ама тоа е што е.На некого му е судено да искине 300 куфери некој не може ни еднаш во годината да го прошета.
    Не ги гледам со потценување туѓите интереси.Ниту тие што плетат,ако не сте знаеле страшно добро средство за смирување е плетењето,ниту тие што учат јазик.Зошто да не, човек се учи додека е жив.
    Најголем проблем според мене за поактивно дружење е немањето доволно финансии и обично жените работат по 10-12 часа дневно.Еден слободен ден во неделата кога не можеш ни поштено да се разболиш и да го одлежиш.Верувам дека желбата постои само е потисната.
    И да,убави години се 40-тите.Никогаш повеќе не сум уживала во сексот,точно знам што сакам,научив многу работи за жал од свое лично искуство,шопингот го обожавам и пиењето кафенце со пријателките.
    Сакам да го усовршам цртањето и да научам професионално да шијам.

    За негативностите нема да зборувам и така доволно тупам со нив.
     
    На do-re-mi, Abeja и Doozy им се допаѓа ова.
  9. cac-cac

    cac-cac Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Изгледа лошо го формулирав почетниот пост, дискусијата тргнала во погрешна насока :( Воопшто не сметам дека по 40ката `завршува` животот на жената (по мое мислење, може да бидеш стар и на 25год, а и млад на 65год, зависи како ги гледаш работите).

    Прашањето и дискусијата повеќе ми беа наменети за идеи за организирани континуирани активности за возрасни (како на пр. курс за јазик што се спомна погоре), бидејќи од една страна, нашава околина генерално, некако ги има наметнато тие стеги дека таквите нешта се за помлади.

    Од друга страна пак, во мрежата од работни обврски, семејни обврски, финансиски маки, здравствените проблеми, местото на живеење, со тек на време се формира некоја одбивност, кај голем дел (пак да кажам, не сите) од жените се забораваат сите страсти што си ги имал пред 5-10години, па и кога ќе се потсетиш, некако го има тој момент `е како не, досега не сум почнала, зошто баш сега`. Ама кога ќе најдеш некоја група, со слични интереси на твоја возраст, собираш храброст, мотивација и самодоверба некако...
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Социјалниот живот му е потребен на секој без оглед на возраста.
    Ако некогаш 40-тите се сметале за возраст кога популација е во одминати години за забава и дружење, денес таа граница е поместена на секој план, па и на планот за разонода.
    Има многу места за прошетка и посета за сечиј вкус само треба навика, друштво и секако финансии.А за време, секој може да издвои некој час, доколку навистина има потреба од пријатен помин со пријателите.И со малку средства, а добра идеја може да си го организираме денот на свој начин.
    Ништо не е срамно и неостварливо доколку некој има желба да го изрази својот талент, па дури и професионално да се усовршува.
    Посета на ликовна изложба, присуство на поетско читање, курс за плетење и шиење, изучување на странски јазици, часови по фитнес,членство во библиотека, тури за организирана посета на некој културен настан или објект.Духовната енергија го анулира динамичното живеење и го исполнува секојдневието.Разговорот, насмевката, атмосферата, прават да го живееме животот.
    Постои избор за сечиј интерес.Жените се љубителки на шопингот и кафе-седенките каде можат да споделат меѓусебни искуства.Одржувањето на комуникацијата со пријателите не дозволува да се почувствуваме осамени,повлечени во себе и затворени во домот.
    Кога духот е исполнет телото не старее.