Друштво VS Дечко

Дискусија во 'Врски' започната од ludacaa, 4 јули 2010.

  1. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178
    Моето прашање е: кој ви е на прво место додека сте во врска, дечкото или друштвото? Како воспоставувате баланс меѓу двете страни? Ви се случило ли некогаш вашата другарка/другар да не се согласува со вашиот дечко а вие да сте меѓу два огна? Дали додека сте во врска сте одалечувате од другарките и дали тие ви замеруваат за тоа?

    Порано додека немав сериозна врска, друштвото секогаш ми беше на прво место. Но сега сум со мојот дечко скоро 11 месеци и премногу си го сакам и искрено го ставам на прво место. Секако дека малку ги занемарив другарките, но тоа е нормално, и ним им се случува истото. Сепак некако успевам да најдам време да се видам барем еднаш неделно со нив (еднаш неделно и не е малку бидејќи сите сме на различни факултети) или и они си се со своите дечковци :rofl:

    Што е со вас? Доколку ве викнат на излегување другарките и дечкото, кого би избрале? :?: :)
     
  2. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    67
    па измеѓу овие две работи треба да се направи баланс...сепак друштвото било и е со нас кога ни е тешко и е постојано тука и не е лесно менлива работа, додека пак дечкото е минлива работа која денес е тука утре ја нема.затоа треба како што кажав треба да постои баланс за ни едната ни другата страна во никој случај да не се осетат запоставени :)
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Друштвото е она што ќе остани и кога врската со дечкото ќе пукне.
    Е ако викнат истовремено за излегување, најубаво со никој. Или јас ќе ги викнам кај мене на седенка, на кафенце :lol: .
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.128
    На прво место ми е дечкото. Секако пријателките ми имаат барем по еднаш закачено нож во грб и не верувам во вистинско пријателство,ретко кој ти мисли добро, но за излегување знаеме понекогаш да се собериме одбрано друштво за пијанчење :D
     
    На realGirl и zuzuu им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.773
    Мора да има баланс. Он кога си е на работа, јас си пијам кафе со другарките. Кога е он слободен се гледам со него, а искачаме и заедно. Не сум имала проблеми до сега со дечко и другарки. Се си е подредено.
     
  6. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Се согласувам дека треба да се најде време и за дечкото и за друштвото.Додека да си фатат дечко оние слободните ги осудуваат другарките кои имаат дечковци дека не наоѓаат доволно време за нив,а фатат ли тие дечко цел свет им се врти околу нив.Секој си гледа да му биде него наредена а не на другиот.Јас гледам да направам комбинација и двете страни да бидат задоволени но некогаш едната страна мора да биде запоставена.И мразам кога некоја другарка ќе рече ајде да излеземе заедно па ќе дојде дечко и и изгледа како јас да сум излезена со нив а не тој со нас и е според планот каде тој сака да оди.А требаше да излегуваме ние нели? :@
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    па мислам дека дечкото има поголема предност,но сепак секогаш знам да им надокнадам на другарките,така што запоставени не се...ако им откажам излегување обавезно потоа следи ако ништо друго дооолг телефонски разговор и одма уште утредента или покасно кафе :)
     
  8. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    199
    Balans .. eden den so drugarki eden den so nego ili so drugarki prvo na kafence pa posle so nego ili obratno... Prvo probav da izleguvame spoeno..se beshe ok dodeka ne mi beshe stavena vrskata vo rizik poradi edna "pametna" drugarka koja proba da donese pravda..."kako moze on tebe taka..bla bla.." NEMA MESHANJE megju nas..shto e megju nas e...nie ke si go reshime a ne so "sudija" megju nas... zatoa sega mu davam prednost nego..i poubavo mi e zoshto ispadna deka on e toj moj najdobar prijatel..site negovi procenki za tie nekolku moi "drugarki" deka ne mi mislat bash dobro ispadnaa tochni :)
     
  9. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    236
    Он ми се лути што демек не ми бил на прво место.Ццц нема тука прво, второ место не сме на некој натпревар. Најдувам време и за другарки и за него. Кога сум со другарки он нема потреба да иде, не му е тука местото сепак мислам дека не е заинтересиран да слуша за проблемите што ги имаат :^)
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    16.519
    Пол:
    Женски
    Ми ја погоди темата :) . Јас се најдов во ситуација да морам да одберам. Чуден сплет на околности, почеток на врска ние двајца заљубени, јас средношколка, тој студент, се гледавме само за викенд. И тогаш нормално ќе излезам со него, си дошол за да ме види. И другарките мои, навредени, другите денови од неделата гледам ме избегнуваат. Не ми дадоа ниту шанса да објаснам и да се поправам. Јас го одбрав него и уште сме во врска. Сега тој ми е и дечко и најдобар другар. На моменти ми е криво зошто се заврши така али јеби га... то ти је живот.
    Инаку :!: големо НЕ за вакво бирање. Ниту тие имаат право да ти речат да бираш, ниту тој има право да ти рече не се дружи со нив. Секако љубовта има малку поголема предност, но ниту друштвото не треба да се запостави
     
    На karmenka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Дечко и другарки не треба да се мешаат.............Кое машко сака да слуша женски муабети...( а сите знаеме какви се нашите мегусебни муабети... :rofl: ) . треба да се направи баланс на работите!....
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Порано ми се лутеа другарките . Фати едната дечко ( клошар невиден ) и не запостави ради него , а во мојата ситуација имаше некој баланс . Ја фрли како последно го*но , ни сама не знаеше што и правел .. Во ред е се тоа ама барем да не откачи за некој вреден ,а не некој како него . Мене ми се лутеа да , секојпат кога ќе се скарав со дечкото , незнаеа да дадат совет него остави го , сељак е .. не е за тебе . Со нив се скарав зашто сум била премногу искрена , а сега ме бараат ама не сакам очи да им видам . Со дечкото сум уште во врска .. Не ми е криво за постапките , можеби сум требала уште построга да бидам со нив .
     
  13. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    17
    Истото ми се случи ми рече дека сите тие мои "другари и другарки" не се тоа што се прават дека се и така излезе затоа сега за нашата врска знаат само една моја другарка и еден мој другар кои ми се како брат и сестра и цело време сме заедно...кога он е на работа јас сум со нив а после сум со него и така а за другите "другари" кога имам време
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Занемарување на другарите и другарките заради некаков си дечко за мене е страшна работа. Имам сега дечко и целиот свет престана да се врти, што ќе ми се луѓето со кои сум израснала и биле секогаш тука за мене? :^)

    Ми се има случено да ги занемарам заради еден дечко, и никогаш повеќе. Си наоѓам време и за нив и за дечкото, подеднакво. Се додека не се најде ТОЈ - the one, сите други се некои пролазни фаци, а другарите се за цел живот.
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Треба да се направи баланс.
    Моите другарки немаат дечковци и нормално дека не би било убаво јас да излегувам со нив по дискотеки до 5 саат, они ќе се муваат со разни типови, ќе ги враќаат до дома, а јас што да правам ? Им имам кажано дека не може да лудувам со нив до ниедно време , и не може секој идиот да ми бара број или да ме враќа дома. Ама затоа редовно си се гледаме на кафе, по родендени, пијанки и други собиранки. Нема зошто да ми се лутат.
    И дечко ми има другари ,ама па сега не е во ред да ака со нив по кафани до сабајле, они да бркаат женски.
    Имаме и доста заеднички другари и другарки, долго сме во врска и сме запознавале заедно многу луѓе , со некои сеуште се дружиме.
    Мислам дека може да се направи баланс , ама под услов да нема љубомора во врската. Ако еден е претерано љубоморен тогаш нема да успее.
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Па зависи кој дечко... Никогаш не сум откачила друштво за некој тип што го знам 2 минути. А за дечкото со кого сум во врска, секогаш ќе има компримис. Иако најчесто него би го избрала :) тоа е затоа што поретко се гледаме, секој си има обврски, а со другарките многу полесно можам да се договорам, и тие сосема ме разбираат. Имав една ситуација каде другарка ми пререче заради тогашниот дечко (а јас прилично многу се трудев да не ги занемарам двете страни), но после неколку месеца истата таа другарка дојде до тој степен да нема 5 минути слободни заради нејзиниот дечко. Со останатиот дел од друштвото не сум имала проблеми затоа што за секого може да се најде време.
     
  17. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Ист случај.Секоја негова проценка излегла вистинита.Нормално поискусен е и многу знае да ги процени луѓето.Јас баш и не го умеам тоа.Сепак си наоѓам време и за него и за нив ако осетам дека малку ги запоставувам му надокнадувам на тие што вредат и што треба да им се надокнади.
     
  18. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    17
    Па тоа да и мојот е поискусен и постар од мене а на почеток не му верував му викав да не ми се меша со кој јас се друшам истите тие што ми ги наброја тој ми го свртеа грбот сега не баш у права смисла свртување на грбот ама така излезе се испокаравме и тоа баш за глупости зашто не сме имале исто мислење за некои работи само со овие двајца си останав нај супер и така си тераме секој ден со другарот и другарката после станување од спиење после со дечкото и после пак со другаркара и другарот.....и така а нај ми се свиѓа што они ми ја подржуваат врската и не гледаат само за својот гз како старото друштво поздравче за вас :* :* :* :*
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би го запоставила друштвото заради дечкото. Какви такви другарки се, за цел живот што се вика, а дечкото којзнае до кога. Имаше еден период кога малку бев поодалечена од нив, кога ми беше свежа врската со дечко ми, како да немав време за нив. Но сето тоа се поправи и од тогаш наоѓам време за се. Како што пишува во „Теглата со кисели краставички и кафето “ без разлика што и да е, секогаш треба да најдеме време за на кафе со пријателите. :)
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    199

    хехехехехехех ист случај сите 3... тоа е... некои викаат другарките се за цел живот ама и не баш...како што дечковците доаѓаат и одат така и другарките ,ама биди паметен избери си круг од пријатели што ти одгобараат и биди фин со сите не знаеш утре животот што ќе ти донесе...ве бакнувам девојкиии :*