Дуран Дуран (Duran Duran)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од MotherMonsterI, 4 март 2013.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Дуран Дуран е англиска рок група, формирана во Бирмингем во 1978 година. Беа еден од најуспешните бендови во осумдесеттите години и бенд број еден во „Втората Британска Инвазија“ од Ем Ти Ви во САД. Од осумдесеттите години до сега, имаат пласирано 14 синглови во Топ 10 на Британската топ листа и 21 сингл во Билборд Хот 100, а според Сандеј Меркјури, имаат продадено преку 100 милиони копии[1][2]. Кога првпат се појавија, општо беа сметани за дел од нео романтистичката сцена, заедно со други бендови како Спандау Балет, но подоцна го изгубија овој имиџ. Бендот соработуваше со многу модни дизајнери за да создадат остар и елегантен имиџ, што им го донесе прекарот „најубавите момци во рокот“.
    Членови
    Nick Rhodes,John Taylor,Roger Taylor,Simon Le Bon

    Ги слушате ли момциве ? На 7ми Јули беа во Скопје нели ? Бевте ли на концертот ?. Лично јас бев и ги слушам и мислам дека се група која не смее да се занемари и заборави.Јас лично и сум разочарана во поглед што денешнава младина кога ќе ги спомнеш и превртуваат очи во смисла Па кои се тие сега ?! :?: Еве неколку хитчиња :)

    http://www.youtube.com/watch?v=m8zksSKb9Zg

    http://www.youtube.com/watch?v=sSMbOuNBV0s

    http://www.youtube.com/watch?v=ytWIZHxolI0

    http://www.youtube.com/watch?v=XN1fCcEkjyI
     
    На Lady Phoenix и atala им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Топ се,добар избор. :)
     
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.787
    Не ги слушам, прашање е дали 3-4 песни им знам.. и криво ми е за тоа.

    Како и да е, од тие малкуте кои ми се мене познати, Save a prayer ми е омилена. Радост е кога ќе ја чујам.. особено на Vh1 Classic, таму почесто ги начекувам.
    Прекраснотија од песна. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=VCD4rtcOgHE
     
    На Lady Phoenix и atala им се допаѓа ова.
  4. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    601
    Почнав да ги слушам покрај мајками...........Супер бенд се.Најубава ми е песната Save a prayer
     
    На Lady Phoenix и atala им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Се прашував дали има ваква тема и барав и барав... и ја најдов! Да немаше - ќе ја отворев. Бендиште, мајке ми. Тие ми се најомилени од сите изведувачи што ги сакам и слушам. Кога ја слушам нивната стара музика, почнува да ме обзема некоја тага што не сум родена во времето на моите, затоа што најдобрите работи во светот се случувале во време на нивната младост. Имам една грамофонска плоча од нив што редовно си ја вртам на грамофон дома и си се филмам дека сум во некое друго време. 8) Вистински ѕвезди, абре не може нешто англиско да не чини. Привлечни дечки (во ‘80-ите де :lol:), секси спотови полни со јаки женски, музика што те тера на денсање, флерт и секс... Што друго може да се посака? Најдобри меѓу најдобрите... Животна желба ми беше да отидам на нивен концерт, така што кога решија да дојдат во Скопјево пред некоја година, тоа беше превртување од радост. Бев во искушение да купам карти во ВИП делот, ама се премислив. Како и да е, си поминав лудо и незаборавно, а после концертот бев како воз да ме прегазил и плус со засипнат глас, па сега проценете колку сум уживала. Ова, како што реков, ми беше животна желба и кога ми се исполни си реков - F*ck it, сега може и да умрам, ама знам дека ќе умрам среќна! :rofl:

    Fab Five Forever!!!! :emo:
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски


    Омилена :inlove:
     
    На LivingGlam, K-a-t-e, atala и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.684
    Допаѓања:
    49.976
    Пол:
    Женски
    Јас ги обожавам. Феноменални се, една од омилените групи.
     
  8. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
  9. Indiegurl

    Indiegurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Бап се супер, омилена ми е Hungry like the wolf :inlove: