Во пресрет на празникот, овие три дена, да подискутираме за значењето, како и за обичаите и празнувањето на Духовден кај нас, како и воопшто обичаите околу одењето на гробишта. За мене Духовден отсекогаш било како ден кога се оди на гробишта, воопшто не сум го знаела значењето, се до сега, кога се решив да прогуглам на темава и да откријам што е и зошто е. Еве што најдов Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Наречен уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) е еден од најрадосните и најсветли празници во православието во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крстувањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.* Духовден (Дела на апостолите, 2 поглавје) Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи. На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква. На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака. На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква. Затоа овој ден со право е наречен: Роденденот на Христовата Црква.** Овие денови во продавнициве, приходот им се качи за 50%. Сите купуваат купишта и купишта храна која ја носат на гробишта. Поголем дел од верниците, на гробишта седат и по цела ноќ, а се оди сите 3 дена (кој како може). Храната се раздава помеѓу гробовите и се остава на самите гробови, за да им се најде на починатите. Во околинава гледам, луѓево купуваат храна, која обично неможат да си ја приуштат ни за себе си дома. Помладите се трудат да ги отфрлат овие обичаи, носејќи само цвеќе на гробовите на починатите, но најчесто патат од комплексот на-што ќе речат комшиите- т.е. секогаш ќе се најде некој што ќе рече -Срамота, на свекрва и, ни едно лепче не и однесе. Жално е, што и на гробишта, луѓето почнаа да гледаат во ќесите и да си ги одмеруваат финансиите преку верата, кој колку донел. Како вие го празнувате Духовден и воопшто, кои обичаи ги практикувате при одењето на посета на починат. Еве и еден коментар што го најдов на нет, а што многу ми се допадна Спојлер Иако Христијанството пребива во нашиве простори околу 2000 години и ние сме едни од првите кои ја добија Библијата на разбирлив (Старословенски) јазик, овој празник кај нас, најмногу од сите христијански празници, ја има промашено својата христијанска суштина и се "слави" во најпаганска форма од сите други празници. Наместо фокусот и акцентот да бидат на Бог, Светиот Дух и Црквата, овој ден кај нас се поврзува со гробишта, со ранење на мртовци, со раздавање храна "за душа" и еден куп други обичаи и ритуали чии корени се во паганските преданија. 99% од народот воопшто и не знае што се случило на овој празник. Го нарекуваат "Задушница" (небаре некој се задушил на овој празник), "Духови" (празник на Ghosts Busters?) или "Дуовден" (празник на Дуо Трио - музичката група на К-15) Секако најголемата вина за оваа неинформираност на македонскиот народ околу овој празник лежи во водечката религиозна групација МПЦ која наместо да го едуцира народот, го злоупотребува неговото незнаење и на секој начин гледа да профитира од тоа. Па така, наместо да му вели на народот да престане со тие пагански обичаи и да му го објасни вистинското значење на Духовден, таа му ги препорачува своите комерцијални агенти - поповите да им "запеат" (за 500ден.) при нивните пагански ритулаи на гробовите. Наместо да го укори своето стадо за тоа големо богохулство и паганштина што се врши на овој ден, таа го подржува и охрабрува во тоа, покорно служејќи му на својот бог - парите. Нека Бог им се смилува на водачите на МПЦ и нека и нив, и нашиот народ, ги просветли и упати на правиот пат во вистинско познавање на Христијанските празници, Христовата порака и учење. ** извор *вики **http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7655 (ако темата е дупла, постоечка или неприкладна, бришете, ако имате замерка за насловот, сменете)
За Духовден, кај мене дома моите одат на гробишта кај дедо ми, кој впрочем почина пред неполна година. Патат од коплексот ,,Што ќе речат комшиите'' како што имаш и ти напишано погоре, па ја купуваат пола продавница и одат на гробишта. Оставаат храна купишта, небаре ќе излезе некој од гробот, ама ај.. Јас сум против ваквите обичаи со храната и што ти знам јас друго. Лупање пари само без везе. Да е до мене, би отишла би запалила свеќа кај гробот на дедо ми, евентуално некое цвеќе ќе оставам, ќе поседам и ќе си заминам. Чисто од почит кон него и како благодарност за постоењето воопшто во мојот живот! Само не го разбирам ноќното седење кај гробовите. Шо функција има?
И ја сум против тоа носење храна и остали трошоци. Нит мртвиот ќе стане да јаде, нит некој ќе ви каже фала за толку фрлени пари. Јас сум за тоа да го чуваме споменот за нив и да одиме од време на време на гробот да запалиме свеќа, а не кога ни налага календарот на црквата и поповите кои се оближуваат кога ќе дојдат вакви празници и се враќаат дома со преполни кеси и полни џебови пари.
Никако христијанска, туку некоја паганско-спиритистичка. kravce убаво напиша: Исус и апостолите не оделе да дремат на гробишта ниту им нуделе храна на мртвите. Исус им порачал на луѓето да не ги оплакуваат своите мртви : „Оставете ги мртвите да ги закопуваат своите мртви, а вие дојдете и следете Ме!„
Јас се согласувам со Кравче, долго време ја читам Библијата и никаде немам прочитано дека на Духовден ( Педесетница) треба да се оди на гробишта и да се раздава храната за мртвите, паганска работа а и на овој начин отвараме врата на Ѓаволот.Инаку треба да се радуваме за тој ден Педесетница, зошто Исус кажал „ јас ќе одам но ќе ви испратам учител, утешител помеѓу вас“. Јас не одам на такви работи а и не сакам никој од моето семејство да оди на гробишта и да јаде демек за душа на мртвите.Иронија. Поздрав
Ова со гробиштава и ручеците тешко да се искорени зашто било традиција,а и најголемите глупости секогаш си опстојуваат во името и под изговор -традиција- и чаре за прекин нема. Инаку и црквата е против ваквата традиција,многу сум сигурна зашто една жена праша свештеник,а јас тука се погодив и слушнав дека воопшто не било правилно носењето храна па дури и не се одело на гробишта на самиот ден Духовден.Ама ај оди и објасни му на народов...
Можеби навистина според Библијата,овие наши обичаи се пагански,но,неможам да разберам...незнам ни дали ке можам да објаснам...не е битно дали е исправно тоа што одиме на гробишта овие три дена...ние (што сме изгубиле некој близок) се чувствуваме како да одиме во нивниот дом,како да одиме да ги видиме...имаме потреба од одење на гробишта...и не би можеле да не носиме храна,да ги оставиме нашите најмили "гладни". Финансиите се најмалку битни во тие моменти,верувајте никој не гледа колку ке потроши и дали може таа храна да си ја обезбеди дома и дека таа храна никогаш нема да биде изедена...ама се чувствуваме дека им го должиме тоа,на тие што не се овде...Јас изгубив многу блиска и сакана особа пред неполни 3 месеци...сега сум на работа и срцево ми знае како ми е што неможам да бидам покрај него...на гробишта...едвај чекам да дојде утре,да го "видам"...седењето по цела вечер таму и носењето храна на нашите блиски не не прави помалку христијани,така наогаме некоја трошка утеха и воопшто не е битно дали е пагански или не.
Традиција која тешко да се искорени. Ретки се прави верници кои учеле по книга и го знаат правилното значење на секој празник, повеќето се следбеници на адетите кои се пренесуваат со генерации..И не гледам нешто многу лошо тука, луѓето-бар поголемиот дел, одат на гробишта со храна верувајќи дека ќе му се 'најде' на мртвиот во другиот свет, обично се носи храна што ја сакал покојниот па јас на тоа гледам како на еден обид да се почувствуваме близу до некој што ни значел а сега го нема, изразување еден вид почит...Јас пример одам многу ретко, но кога одам обавезно палам цигара и ја оставам на гробот на дедо ми бидејќи пушеше бетер од турчин, па христијански или не, пагански или не, така чувствувам така правам...Сепак добро е да се знае како е правилно за оние кои сакаат правилно да го испочитуваат празникот, мада тешко до прва да разубедиш некоја бабичка која напамет ги знае сите празници и начинот на нивното славење, па останува на младите...
Пагански е, ако не е во согласност со обичаите на црквата или христијанството воопшто, а бидејки и умерниот не е само физички присутен, сепак без разлика на тоа, би требало тоа да е повеќе од аспект на барање утеха, како што кажа членката над мене.Сепак нема ништо лошо во тоа и да се однесе, тоа е останато како традиција, а е и индивидуален избор.Прашање е и колку е пагански, всушност дали воопшто е пагански обичајот, доколку се оди строго според христијанството.
и јас ова не го сваќам со носењето на храна на гробишта.. давај му на човекот додека е жив да јаде а не кога ке умре да му носиш на гробишта.. џабе е тогаш кој ке јаде ..
Во опсежната Христовата објава со наслов „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ Христос објаснува што навистина се случило со апостолите педесеттиот ден по воскресението односно на духовден. „Откако по назначеното време многумина беа собрани во молитва, во душите кои се издигнаа кон Бога се зголеми светата сила, Светиот Дух. Многумина веруваа дека слушаат "тон од небото како бучење на силен ветер", кој ја исполни целата просторија, целата куќа. Сфатете: Вечниот Дух, Светиот Дух, нема човечки тон кој продира до човековите уши. Втечувањето на Светиот Дух во многуте праведни мажи и жени доведе до разбранување на крвта во нив, оти срцето на исполнетите чукаше силно. Тогаш тие го слушнаа во своите срца гласот на вистината - секој на својот мајчин јазик. Во оваа внатрешна трогнатост и надворешна вчудоневиденост, тие веруваа дека гледаат огнени јазици. Оние кои вистински ги гледаа, го видоа втечувањето на Светиот Дух во нивните души и срца. И оние кои ја слушнаа речта Божја преку човечки уста, ја почуствуваа во своите срца така како да беше изговорена на нивниот мајчин јазик. Но, она што го разбраа, беше тоа што можеа да го разберат соодветно на зрелоста на нивната духовна свест. Бидејќи речта Божја преку човечка уста можеа да ја разберат во своето највнатрешно, тие веруваа дека е тоа нивниот јазик. ...„ (од „Ова е Мојата Реч„ , 96.глава Излевање на Светиот Дух, стр.947, македонско издание)
Јас колку што знам за празников се носи храна, некој сад со овошје и слично. Се разбира секој според можностите. Ги разбирам и коментарите погоре и морав да се надоврзам за коментарите за носењето на храна на гробишта. Не дека сум којзнае колку заслепен верник, но до одредена мера верувам и верувам и дека нешто постои и отпосле. На мајка ми пријателка и починал сопругот и на гробишта не носела храна како впрочем и дел од вас што прават. По некое време на сон и дошол сопругот и и рекол дека нема ништо за јадење и дека му дава за јадење и пиење неговиот роднина(исто така починат чие семејство одело на гробишта со храна). Одтогаш жената си раздава за душа што се вика. Знам и уште некој ваков пример и тоа уште толку ме тера да верувам. Знам дека некој ќе рече тоа све е потсвесно но сепак секој со свои размислувања и обичаи.
За празникот знам дека цел град е на гробишта, како некој циркуз да има и ако не планираш да правиш ручек оди таму, ќе се изнајадеш за наредните три дена. Незнам, за мене не е почит ако отидеш баш на овој ден на гробишта, почит е ако најдеш начин било каде да си , да се поврзеш и да го почувствуваш починатиот, неговата душа. Конкретен пример: со баба ми која е почината повеќе од 6години, бев премногу блиска, но јас не се осеќам пријатно кога одам на гроб, затоа и престанав д го правам тоа. Интересно е тоа што неа ја осеќам секогаш кога ќе посакам, знам дека е до мене, знам како и на кој начин би ми помогнала и советувала во одредени ситуации. Доколку некогаш се случи да сонам сон во кој јадеме нешто заедно или она ми бара, тогаш го правам или купувам тоа, па го поделувам со најблиските дома, не чекам да дојде духовден, за да одам на гробишта, зошто на баба ми телото е на гробишта, ама знам дека душата и е до нас, дома. Туку да ве прашам она што мислев, дали денес се пере???
Јас си пуштив машина. Мене ми е без врска тоа домашните обврски да ги поврзувам со празници. Што ако сум во состојба само тој ден да средам по дома? Па не можам да ги оставам сите обврски за следната недела. И многу ми е глупаво верувањето дека на празник не треба да се бањаш.
Само што дојдовме од гробишта. Прва година идам, и колку е нелогички ми викаат за многу години празник, па молим те бе и друг ли да умре па догодина да дојдеме пак. Бог да чува.
Еве што последно слушнав . За Духовден се идело на гробишта од сабајлето, па се седело до 6 саат напладне, демек тогаш требало да ,,излезе'" душата. И наредниот ден се одело уште во 5 саатот сабајле. Мислам, која глупост човече. Да земеме барем да си прилегнеме и ние таму .
Стварно глупост. Па нели душата му е (според верувањето) во рајот, пеколот или чистилиштето, од кај испадна сега да излезе од гробот? Нека се реши веќе еднаш каде ќе престојува Не е точно. Човештвото масовно се бањало и се бања на тие денови, па не му никнале мртви коски. И ние дома сме се бањале дома па ништо не ни фали. Исус никогаш не кажал такво нешто.
Уф имам едно прашање што ме мачи,закажавме свадба на 21 јуни петок пред духовден,бидејќи нема многу термини,и незнам дали направивме грешка.Што мислите дали постапивме исправно,само слушам муабети од страна на луѓето ,па како тогаш не е убаво,задушница е,па вака па онака, незнам што уште не,дали се тоа само муабети и обичаи пто сеуште многу им се предава значење
Значи проблемот не е во тоа што свадба ќе правите на Мртов Петок, проблемот е што ќе правите свадба во петок, кога се пости. Кога веќе свештениците ќе се нафатат да ве венчаат во петок (нормално за плус 1000 денари), потрудете се барем на тие што постат да им овозможите посен оброк.
знам ама што да правам кога во мојот град сите ресторани се зафатени во тој период,ај ќе прашам и во црква,а во менито мислам дека има и посни работи.Фала ти за одговорот