1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовен авторитет

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 8 април 2017.

?

Кој е вашиот духовен авторитет во однос на прашањата што ги имате за верата?

  1. Како ќе каже локалниот свештеник/поп или оџа (за муслиманите), така е.

    2 глас(а)
    7,7%
  2. Гледам како велеле или правеле моите баби дедовци, предци

    2 глас(а)
    7,7%
  3. Се водам по верувањето на мнозинството во мојата околина

    1 глас(а)
    3,8%
  4. Се водам според тоа што пишува во религиозните книги од мојата вероисповед

    7 глас(а)
    26,9%
  5. Последниот збор за мене го има Библијата (или Куранот за муслиманите)

    2 глас(а)
    7,7%
  6. Се водам според мнозинството одговори на форумов

    0 глас(а)
    0,0%
  7. Го прифаќам одговорот на првата/от член што ќе ми одговори

    0 глас(а)
    0,0%
  8. Се водам според мојата совест, интуиција или моменталните чувства

    17 глас(а)
    65,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На форумската категорија Религија се поставувале и ќе се поставуваат безброј прашања поврзани со религијата и разните вери. Постасвуваме прашање и одеднаш повеќе членови ни одговараат. Една вели вака вели попот, друг вели вака вели Библијата, трет - вака вели Куранот, четврт - во нашиот град/село вака се прави. Во тоа шаренило на одговори, како човек да одлучи што е правилно, што му е богоугодно на Господ. Би било супер да го имаме Господ како член на форумов па тој да го има крајниот збор и да каже како е правилно, но ете, ја немаме таа привилегија :)
    Затоа интересно е да се види кој е духовниот авторитет на членовите на форумов. Повелете со вашиот придонес на темава.
     
    На theowndemon, Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Се трудам да ги следам зборовите од мојот духовен отец.
     
    На Selest и Rama им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сакам секое верување да го разберам, да го сфатам, да најдам логика..несакам да ми наметнуваат и да ме убедуваат за разноразни обичаи...терам само со своја свест и мои чувства кои извираат од мое срце.
     
    На theowndemon, elimkd и korisnichka им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Не е точно дека го немаме Господ на форумов. Господ е сѐ во сѐ, секаде присутен и се пројавува преку нашите одговори. А што и колку, и како ќе сфатиме, зависи од нашиоѕ духовен раст. Секој што бара наоѓа и кој чука му се отвора. Потребно е да ги очистиме нашите срца.
     
    На Selest, Philippa, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Се водам по микс од првото, второто, четвртото а делувам по последното
     
    На theowndemon, realGirl, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се слуша попот како ќе каже. Попот мора да е паметен. Да бил глуп, не би заработувал џипови.
     
    На Црна Ружа, elimkd, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Духовен АВТОРИТЕТ ( мразам авторитети од овој физички универзум ) ми е MOTHAFUCKA Господин БОГ.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Koja glupa komparacija, popovi i djipovi...kolku retardosi imaat jaki koli pa ne se pametni.....(facepalm)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Кога ќе се собере сето знаење што го имам за сопствената религија и прочитани доста книги од светите отци, потоа во комбинација со прочитани преку 100 духовни книги на различни духовни водачи и мотивациски говорници, фактот е неспорен дека целиот авторитет лежи во нас самите и во верата и вербата во Бог. И духовниците се луѓе од крв и месо и можат да згрешат како и нас. Зборам за духовници во православието.
    Познавам многу луѓе кои фанатички одат во цркви, се исповедаат, причестуваат, постат, зборат само за Бог, секој втор збор им е Господ,а во суштина многу грешат на ближниот. Го повредуваат, прават зли работи и слично. Нели ама ќе се исповеда и оп све ќе му се прости и лентата јово на ново.
    Имам духовник, верник сум, Господ за мене е АЛФА И ОМЕГА, но не сум фанатик. Мојот одговор е
    *Се водам според мојата совест, интуиција или моменталните чувства
     
    На cooll, Prijatelot, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ти имаш јака кола, Радо?
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се надевам нема да бидам офтопик ако те прашам дали ја имаш прочитано Библијата?
     
    На BabyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Библијата ја читам секојдневно. Секогаш учам по нешто ново. Водилка животна...
     
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    При нас во сектичкава галиба ѓаоло бил врховен афторитет, духовен и овоземен :party:

    А инаку не постои такво нешто, никој не може да биде никому духовен авторитет, никој нема да ве продухови, сето тоа е борба, искуство и животен пат на поединецот. Нема инстант продуховивања, све је то лаж и превара.

    П.С. Имам слушано за некојси Мартин Лутер, дебел германец од стари времиња (со замоци и тие ствари) и него како мал го удрило магаре со копито во главата при што не само што се здобил со рана туку стекнал изузетна духовност. И пораснал малку така...чуден. И еден ден нешто одел по пат и почнал да слуша гласови во главата. Така започнал да пишува некакви 95 захтеви на хартија, како шо му кажале гласовите и се упатил кон некоја црква и ги заковал на портата и така почнала реформацијата. Не знам колку е точно...
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Првенствено Библијата а потоа и религиозните книги.