1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовен отец

Дискусија во 'Религија' започната од ana-milo, 16 февруари 2016.

  1. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Ne najdov tema duhoven otec, a me interesira mnogu kako se izbira duhoven otec?
    Dali ako pocuvstvuvash deka ne si na ista linija , odnosno ne mozhesh
    da ostvarish ubav kontakt so duhovniot otec, mozhes da pobarash drug?
    Oti covek neli ne se procenuva od prva? Ponekogahs ke vidish deka ednostavno ne ti odi muabetot nekako , ne ti bash srodna dusha, a na pocetok toa ne si mozel da go procenish, ete.

    Treba li da mu kazhesh, da pobarash otpust, ili ne?
    Ima li nekoj iskustvo po ova prashanje?

    p.s.
    proshtevajte, nemam kirilicen font
     
    Последна измена: 16 февруари 2016
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    745
    Пол:
    Машки
    Pa prvo pochni redovno da odish na nedelni bogosluzbi.I od onie redovnite rasprashaj se koj bi bil najdobar duhoven otec.Tie sigurno od iskustvo poveke gi poznavaat.

    Duhoven otec mozesh da menjavash kolku sakash.No najdobro e da najdesh nekoj so iskustvo dobar duhoven otec i kaj nego ostani.Neznam dali bi bilo dobro da mu pobarash otpust bidejki se lutat ako ne si postojana kaj nego veke koga si go izbrala.Iako mozesh da se ispovedash i kaj drugi kako ispovednici.

    Bitno vnimavaj sekogash gledaj da se ispovedash pravilno i na sekoja ispoved baraj razreshitelna molitva,a ne zaboravaj da barash i blagoslov.

    I najbitno od se poslushanieto kon nego ne go zaboravaj.Bidejki toa e i
    najbitnoto.Se shto ke ti kaze poslushaj go.Ako ti nalozi epitimija izvrshi ja.Nemoj ni sluchajno da si rechesh zoshto mi zabranuva da se prichestam ke odam kaj drug otec.So toa ne pochituvash epitimija i odpagash.

    No najdobro baraj na youtube ili na premin portal se za duhoven otec,ispoved,prichest i od tamu podobro ke se pouchish.Se nadevam deka imash zelba i da praktikuvash,a ne samo da znaesh.So gospod napred!
     
    На melnicanecot, Bitter-Sweet и ana-milo им се допаѓа ова.
  3. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да ми објасниш, кое е значењето на Духовниот Отец , во нашиот духовен па и световен живот воопшто?
    Што значи тоа Духовен Отец, и зошто секој што сака да напредува кон Бога мора/треба да има Духовен Отец?
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.234
    За духовниот отец....
    Духовниот отец е патеводителот на душата кон спасението. Додека клучниот сегмент е послушанието. Ако се нема послушание, џабе е тоа што се има духовен отец. Бидејќи кога духовното чедо се надмудрува со отецот, тоа никаде не води, освен кон погибел.
    Треба да се запомни дека, не е отецот оној на кого му се исповедаат гревовите, туку тоа е самиот Бог. Зашто духовниот отец е само посредник и телесен спроводник на Божјата волја кон нас грешните преку самите совети (ако внимателно ја слушнете молитвата пред исповед, ќе разберете). Затоа секое непослушание секогаш излегува не за благослов на духовното чедо, туку за осуда. И од искуства на многумина кои прават против благословот на отецот, најчесто завршуваат тие работи доста страшно. Бидејќи духовното чедо не го слуша Бог преку зборовите на отецот.
    Еден таков очигледен пример за тоа дека Бог зборува преку отецот, има од житието на еден наш современ светител кој е канонизиран неодамна.
    Имено, духовното чедо (во случајот монах) бил толку надвладеан од некоја страст што стигнал до очајание и помисли за самоубиство. Заминал на исповед кај отецот и тој го привил кон себе како родителот своето детенце и му рекол само:
    -Љуби ме како Јас тебе!
    Монахот излегол веднаш без никаква полза од тоа, но отецот веднаш го викнал и го запрашал, што всушност му рекол за време на исповедта. Монахот си помилсил во себе дека отецот се шали со него и веќе заминувал, но кога ја видел искреноста во неговите очи, се вратил. Му раскажал и што друго му рекол, а на тоа отецот само одговорил. Дека во тој миг преку него Некој друг зборувал, а не тој.
    И така монахот кој бил во крајно очајание, се удостоил да го чуе Бог што сака да му каже и да ја спаси душата. А во суштина Бог сакал само да му каже да издржи во искушението. Затоа и Му рекол да Го љуби, зашто Бог од љубов претрпе се’ на овој свет. Дури и најсуровата и најсрамна смрт , смрт на крст за да ни ја покаже големината на љубовта, а притоа се молеше за оние кои го измачуваа дека не знаат што прават.
    Со еден збор од горе напишаното... послушание и само послушание, доколку сака човекот вистински да чекори на патеката кон спасението.

    Потребата зошто треба да се има духовен отец за вистинси напредок во духовниот живот првенствено е таа. Едно е ние што мислиме, како ги гледаме нештата и како се гледаме себе( пример гордоста, како секогаш сме ние во право, а другите не), а сосем друга е онаа страна на отецот (поточно на Бог) какви сме во суштина во душата. Ние сме немоќни да го видиме изворот на гревот, но затоа отецот ќе ни го каже тоа. Овде веќе зборуваме за неможноста самите себе вистински да се видиме, како тоа што го може отецот.

    Самата исповед е еден вид на слика на Страшниот Суд. Да се научиме гласно да си ги искажуваме гревовите, едноставно да ги чуеме со своите уши и да се згозиме и посрамиме од нив, па додека сме живи на земјата да се трудиме да не ги повторуваме. Зашто Господ Исус Христос дедека беше на земјата им го даде тој благослов на апостолите, свештенослужителите да ги разрешуваат (простуваат) гревовите. Бидејќи се што ќе биде разврзано на земјата (исповедано), ќе биде разврзано (и простено) и на небесата. Зашто како што кажавме малку погоре, не отецот ги простува гревоите преку исповедта, туку самиот Бог кој духовно ќе го стори тоа.

    Духовниот отец го избира човекот. Се зависи до самиот човек што сака и очекува од самиот духовен отец. Има личности кои духовниот отец го сфаќаат како еден вид на потреба пред Светата Причест. Односно одат само на исповед и тука завршува се’. Но вистинската суштина на духовниот е многу подлабока во однос на духовното. Затоа и секој си го одбира духовниот отец во однос на себе што всушност бара. Затоа е и до една мера добро за човекот, да отиде до кај еден или пак повеќе отци на исповед и во однос на тоа да се изврши една споредба каде сака да остане. Но доколку дојде до некоја Х- причина да не е возможно тоа (пример од аспект на далечина, како заминување во друга држава или слично), тогаш може духовното чедо да земе благослов и да замине кај друг отец.

    @ana-milo aко нешто несакајќи пропуштив да објаснам, слободно прашај :).
     
    На kuc, Chica.Loca, душленце и 7 други им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.388
    Поздрав, прво се радувам што има ваква тема и на фемина, ама ете да си признаам дека исто така и си помислив дека можеби Булгариан и ана мило се иста личност со два ника, со оглед на скорешното зачленување и со оглед на една дискусија што се водеше скоро по коментарите на преминпортал. НО може е и само мој впечаток, не мора да е така. Но дури и да е така.. Господи помогни ни, не оставај не.

    А во однос на темата, за духовен живот - си треба духовен отец. Не се сложувам дека ќе ти се налути ако сакаш да го смениш, но фер е да си кажеш. Моето искуство е дека го сменив, и тоа без да му побарам благослов, просто немав сили, имав престанато да одам на литургија, но кога фала на Бога живнав малку покрај вториов, сегашниов мој духовен отец, добив смелост да му го речам тоа на првиот, и немаше воопшто проблем, отецот рече, ако, си треба духовник, не бива сам. И пријатели сме си до денеска и си помагаме кој со што може. (после сфатив дека и првиот добро ме водел, но јас по мојата човечка слабост се имав оддалечено од црквата) Таа е целата мудрост. Духовниот отец те води кон Христос т.е. те раѓа и воспитува за духовен живот, да посакаш и ти да бидеш како него, т.е. како Него, како Христос. Нема принуда. Сакаш - добиваш.

    Но пази, духовникот не ни е даден за дружење, туку за спасение. Тоа значи дека нема секогаш да биде како што ние очекуваме, но поентата е да се смируваме во исполнување на заповедите од Евангелието и послушанието за молитвеното правило, потоа да се исповедуваме и со благослов на духовникот, да се причестуваме, што значи да се соединуваме со Христос. За да се соединиме со Него, потребно е да сме колку што можеме почисти, а тоа се случува ако се покаеме, т.е. решиме да се смениме, да се свртиме кон Господ, а тоа го покажуваме кога се исповедаме пред свештеник, кој може да биде и нашиот духовен отец или кој било свештеник, ако се уште немаме духовен отец. Но добро е за нас да биде тоа истиот човек.

    Така, малку по малку, чекор по чекор, одејќи на богослужби, молејќи се дома, па и на секое место и во секое време, пазејќи ги очите, ушите, устата, стомакот, запазувајќи ги постите, трудејќи се да им угодиме повеќе на другите отколку на себе, стануваме слични на Христос, се подготвуваме за вечен живот, што не е лесно, но е радосно. Зашто само Господ може да го исполни човекот.

    Се разбира, кој бара наоѓа, кој чука му се отвора. Господ дојде да ни даде живот вечен во изобилие, а од нас зависи колку ќе нацрпиме од таа неисцрпна ризница, зашто Тој по Својата неискажлива благост не сака да ја наруши нашата слобода, но љубовно го чека нашето обраќање. Малку бара, многу дава Господ Исус Христос. Тоа не се учи од книга, туку е жив живот во живиот Бог и затоа ни е потребен жив човек кој го живее живиот живот.

    Тоа е Преданието на Православната црква. Духовниот отец е неопходен. Ако не си живеел духовен живот обрати му се најпрво на свештеникот во црквата каде одиш на богослужби и тој ќе те упати понатаму. Ако веќе имаш духовен отец, ама нешто не ти штима, веќе ти пишав погоре, па ти биди похрабар од мене. Ај со Господ напред. Не заборавај да и се помолиш и на Богородица. Од срце, синовски.
     
    На Valentina.Vaki и ana-milo им се допаѓа ова.
  6. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Прекрасно напишано, korisnichka.
    Се гледа дека е од искуство, од опит што се вели.
    Ете убаво е да се разменат искуства и мислења по оваа тема.
    А може некој и ке се мотивира да си побара духовен отец.
    +
    :)Bulgarian и ana-milo не се една иста личност, те уверувам.
    Прво од различни полови сме. Ако проанализираш уште еднаш негови и мои постови
    би требал ода се забележи разликата меѓу машки и женски стил на изразување.
    Јас веднаш познав дека си женско кога го прочитав постот, и за Серафима исто.

    Прочешлај малку по темите и ке видиш како Bulgarian пишува :)за воени конфликти, политики и слично, тоа секако не е женска реторика.
    (ова е само костатација не сакам да кажам ништо за содржините, негово право е )
    +
    Ме заинтересира за дискусијата што ја спомена на Премин Портал, одамна со години не сум била на тој сајт. Ако сакаш да бидеш љубезна и да ми дадеш линк ама баш за таа дискусија, не за порталот.
    Баш да видам што те натерало да помислиш така:).
     
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.388
  8. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам .
    Многу убаво што ти текнало да посочиш на тој линк
    Темите од тој линк ме иницираа на уште прашања.
    Многу интересна ми се виде дискусијата во врска со
    начинот на исповед.
    Прочитав дека имало случаи на исповед со разговор, без да се прочита разрешителна:shake: молитва под епитрахил.
    Демек тоа било формалност.
    Без да се даде молитвено правило и сл.
    Хм, многу интересно прв пат слушам за такво нешто.
    Како може да се оди на исповед а да не се прочита разрешителна.
    Како може да се разговара а да не се даде можност да се исповедаат гревовите?

    Може ли некој поупатен и поискусен да не просветли?

    п.с.
    еден скорашен познаник постојано ми вели разрешителна, па разрешителна да ти се прочита, јас се чудам што ми збори оти тоа нели нормално е, овде во црквите во Скопје каде да одиш секаде така се прави, си се исповедаш и ти се чита разрешителна под епитрахил.
    Кога еве си имал причина зошто цело времо го потенцирал тоа, од искуство.
    Сите ние од искуство збориме, нели Bulgarian:)?
     
    Последна измена: 19 февруари 2016
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    59.396
    Пол:
    Женски
    Јас мојот не го менувам. :) Првично не бев баш задоволна, тој пристап и комуникација не беа такви какви што очекував но после тоа си викам океј е... тој се погрижи за мене па да продолжиме. Веќе ме чека на разговор пред Велигденскиот пост, нема смисла да го прекршувам нашиот ,,договор", наместо тоа, треба послушно да постапувам по неговите зборови. :)
     
    На Orthophill и melnicanecot им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.468
    Допаѓања:
    9.492
    Пол:
    Машки
    "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец."
    (Исус Христос, ев. Матеј 23:9, Библијата)
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    59.396
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Рекол Христос, затоа што фарисеите со 'отец' ги именувале старите учители, а особено уживале кога луѓето ним така ќе им се обрателе. Спасителот го осудил болното и неприродно однесување кон оваа титула, ако е тоа недостојно именување. Инаку, ете, Апостол Петар Марка евангелистот го нарекол свој духовен син (1.Петр 5,13) а апостолот Павле се нарекол духовен татко на христијаните од Коринт (1.Кор. 4,15). Значи ли ова дека Христос е и против именувањето на нашите родители? Не, туку значи дека навистина Он е нашиот татко а ние се раѓаме по Божја волја, а нашите родители се реализатори на волјата Божја.
    Евангелие по Матеј - Проучување и толкување на евангелискиот текс

    Оние кои навистина сакаат да го разберат Светото Писмо Новиот Завет, убаво е да ги купат книгите кои го толкуваат истото, со тоа нема погрешно или своеволно да донесуваат заклучоци и да ја извртуваат психологијата на Исус, туку ќе бидат поупатени за сето она кое е напишано и неговото значење :)
     
    Последна измена: 4 мај 2021
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Дали освен за исповед, се оди и кога општо ти требаат совети или сакаш да разговараш за некои свои трауми?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    18.197
    Пол:
    Женски
    Јас сум во постојан контакт со мојот духовник. Кога и да имам потреба од разговор, совет, утеха, споделување на убави работи, го барам него. Ако не е/сум во можност да се видиме, тогаш разговараме телефонски.
     
    На Orthophill, MaKaRoN и BY<3 им се допаѓа ова.
  15. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Да, духовникот е твој духовен татко. Сепак не треба да се претерува во ништо па ни во тоа. Можеш да си ги запишеш проблемите и при следно гледање ќе си по разговараш за се, а по тоа послушанието е битно, и да се навраќаш на советите ако се повторуваат истите искушенија. Ако е некој проблем или некое големо искушение во моментот кое тешко го поднесуваш врти веднаш, имаат разбирање. Бог да е со нас
     
    На Orthophill, IRBBB и BabyCakes им се допаѓа ова.
  16. Black and white

    Black and white Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Јас сум дете по дух на Отец Партениј Бигорски. Со негова помош и по Милоста на Господ, порокот што го имав на млади години го излечивме. Бев дошол на краен стадиум.

    Ме прими веднаш иако беше гужва кај него. Ме насочи на убав пат. Тој ми е во срцето мое. Од него научив дека Бог е љубов.
     
    На KittyAgnes, BY<3, SeaMermaid и 4 други им се допаѓа ова.