Побарав да видам дали предходно е пишувано на оваа тема, но не најдов ништо слично. Скоро дознав за темава барајќи објаснување за она низ што лично поминувам. На интернет наидов на разни артикли и толкувања. Постои објаснување дека некои души пред да се реинкарнираат повторно на земјата, се разделуваат во две тела: машко и женско. Тие во овоземниот живот неминовно ќе се сретнат и ќе се препознаат со сигурност бидејќи постои силна енергетска поврзаност. Првата средба е особено впечатлива и емоционално силна. Всушност секоја средба со таква близначка душа е во вид на емоционален ролеркостер, но особено првата средба е најмногу впечатлива бидејќи таков необјаснив наплив на емоции ретко кој дотогаш има искусено во животот. Станува збор за два дијаметрално спротивни карактери со различен животен пат, но суштински имаат иста душа. Но не секој од нас има своја близначка душа. Малку луѓе се имаат реинкарнирано во овој живот во исто време со својата близначка душа. Во најголем дел од животниот тек, патиштата им се разделени, но се случуваат “случајни“ и неочекувани средби. Ова е само мал вовед, постојат уште еден тон информации. Во прилог оставам линови од видеа кои за мене лично беа интересни: Имате искуство на темава? Мислите дека постои навистина вакво нешто или се само њу ејџ измислици за глорифицирање на неостварена љубов? Гледам дека доста се снимаат видеа, се пишуваат артикли, дури има и експерти за спојување на вакви души. Донекаде гледам со скептицизам на темава, но лично имам сретнато ваква личност и описиве се поклопуваат со она кое што го имам доживеано. Кај мене приказната не е среќна, никогаш со личноста за која по описот испаѓа дека ми е близначка, не сум била во никаква романтична врска. Имало само едно коректно познанство и взаемна симпатија (добро повеќе од само симпатија, навистина емоциите при средба со ликов се преинтензивни и после мноогу години како од првата средба, тоа е она што ми остава прашалници во главава!!!). Имало можност да сме повеќе од познаници и “пријатели„, но никогаш ништо не било. Необјасниво судбината ми го носи во близина, те студира во градов кај што живеам, те работи во близина на мојот дом и уште еден куп необјасниви ситуации... И средбите се случајни и секогаш срце стега и не ти е сеедно, а имаш чувство како да го знаеш цел живот и муабетот поминува толку брзо, а сакаш да збориш со денови од што ти е убаво.... Цело време бегаме еден од друг и пак се среќаваме. Проблемот што ме мачи и за што истражував повеќе на темава е тоа што ми се јавува во сон многу често. Не сум го видела со години, не ни мислам на него, имам сосема друго секојдневие, свое семејство и сум навистина среќна и исполнета, но необјасниво ми се јавува многу често и се обидувам да го запамтам сонот за да се обидам да ја сватам пораката. Кога истражував на темава, наидов на тоа дека близначките души комуницираат на потсвесно ниво преку сонови. Ова трае веќе неколку години и искрено ме изморува бидејќи ми буди емоции на кои не сакам да се враќам. Секое сонување ми е повторно спомнување на него, будење на стари духови...
Не знам дали овој мој сон би припаѓал во оваа тема .. Многу пати сум го пишувала тука на форумот , но до денешен ден не ми е јасно .. Како е можно ова ? Имено , ќе го раскажам сонот и во оваа тема , па авторот ако мисли дека не е за тука , нека брише слободно . Јас кога бев полуматурантка , некаде во март месец се случуваше ова .. Сите во класот зборуваа што ќе носат и што веќе купиле , се поправаат последните оценки , иако воопшто не знаевме дали ќе се оди на полуматура во Охрид ( традиционално за моето основно училиште ) или ќе се оди во хотел во родниот град , бидејќи во Охрид требаше да одиме на 9ти и 10ти јуни , а класовите сакаа порано ( на 6ти и 7ми , за на 8ми и 9ти да се збогуваме со наставниците и наставничките и на 10ти да ја прославиме и официјално последната ноќ заедно како клас ) .. Значи во тој момент немаме датум и место на прославување , само припреми за истото . Една вечер се случи , сонував како сме заминати во Охрид во еден хотел . Сме се сместиле во соба јас и 3 школски најдобри другарки . Во собата имаше 3 кревети и душек поставен на тепих . Другарките одат на горниот спрат за да играат " љубовно шише " со момчињата од нашето училиште , а јас сум преуморна за да одам па одлучувам да останам во соба да спијам . Другарките го земаат клучот од собата и ме заклучуваат однадвор . Ја проверувам балконската врата дали е затворена , и си легнувам на душекот бидејќи претходно го земав за свој кревет . Ставам слушалки во уши и тонам во сон . После одредено време чувствувам присуство на некој во собата , знам дека не сум сама и се будам преплашена ( додека во реалноста сеуште сум дома во својот кревет , март месец е и спијам цврсто , топови не ме будат ) гледам млад дечко како седи веднаш до мене и ме гледа во лице . Го прашав кој е и како успеал да влезе , кога балконската и влезната врата се заклучени , а клучот е кај другарка ми .. ми рече не е важно како влегол , дојден е да ми каже нешто многу важно за нас .. Ми рече дека ќе му бидам сопруга во иднина .. Зачудено прашав од каде знае , бидејќи јас прв пат го гледам , не го познавам , на што ми возврати дека сега не се познаваме , но ќе се запознаеме за најмногу 3 години и ќе му бидам сопруга .. И тогаш се разбудив ( во месец март , сеуште дома ) . Како одминуваше времето , не му придавав значење на сонот , дури и го подзаборавив . После 2 ипол години , го сретнав истиот дечко , но со сменета фризура ( поради тоа и не го препознав ) .. Се венчавме , родив дете .. претурајќи по старите слики , најдов негова слика од периодот кога бил полуматурант и се скаменив . Тоа беше истиот човек . Тогаш му раскажав за сонот и на него .. До денешен ден не ми е јасно како може баш по 2 ипол години ( од максимални 3 ) да се сретнеме , да се запознаеме сосем неповрзано , да започнеме врска иако првично го одбив бидејќи не беше мој тип , да забременам и да се венчаме .. Зошто воопшто сонував такво нешто ? П . С . На денот кога јас и мојот клас пристигнавме во Охрид , маж ми и неговите соученици си заминале од истиот тој хотел , неколку часа пред ние да стигнеме таму . Спиев во истата соба , во истиот кревет и во истиот хотел од сонот . Другарките отидоа да играат " љубовно шише " со момчињата од нашето училиште , а јас бев преуморна па останав да спијам во соба . Ме заклучија од надвор .. Речиси се од мојот сон се оствари , освен едно - таа ноќ никој не дојде во мојата соба . Дојде 2 ипол години подоцна во мојот живот ..
Да, за ова одамна имам читано. За сите овие нешта имам многу истражувано a има доста и на интернет на темата. Има и книга Души близнаци, доста е популарна во моментов. Баш е на темава, па кој сака нека ја прочита. Да се прифати оваа теорија значи да се прифати и реинкарнацијата. Мене не ми јасно како се препознаваат. Јас не знам дали е некоја врска soul contract, или е twin flame. Зашто не е исто. Кај второво може да нема воопшто заеднички живот, контакт и сл. Да живеат без да се сретнат. Или да се сретнат ама да не се идеален спој. А ако се работи за soul contract, тогаш согласно на претходниот договор во земскиот живот се наоѓате и градите врска. Но немора да сте души близнаци. И може да имате убава врска затоа што тоа е преддоговорено и е во функција на некоја цел. Еднаш, во една реинкарнација маж и жена, во друга мајка и ќерка или пријатели.
Pa koj ja sretnal neka kaze... Inaku da sum citala sum slusala kako da ja prepoznaes...silna hemija megu dvajcata ,mnogu zaednicki nesta...i cuvstvo kako da se znaete od pamti vek iako skoro zapoznati...
Ако ова значи да се верува во реинкарнација, тогаш не верувам во вакви сродни души или души близнаци. Ама дека универзумот си има многу тајни, си има.
Види може не мора да значи дека подразбира реинкарнација..но подразбира постоење на душите вон земниот живот, поточно пред доаѓањето на светов. И донекаде подразбира дека совршена врска е можна само еднаш во животот со само еден партнер. Испаѓа ако веруваш дека живееме еден живот, замисли уште да се родат близнаците во различни временски периоди... тажно некако личи концептов
Според тоа што го читам во објавите од духовно божествениот свет, духовните битија кои ги создал Бог се или машки или женски - синови и ќерки Божји. Кога се вели дека се машки или женски треба да се земе в предвид дека духовните битија немаат полови органи, туку дека се или машка или женска енергија, нешто отприлика како кај батеријата што има плус и минус. Дел од тие духовни битија отпаднале по своја волја од Бога, го напуштиле духовниот космос - царството Небесно и постепено го оформиле материјалниот и постепено станале луѓе. Планетата Земја им била дадена како потсетник за изворната татковина и космичка школа со можност да ја искористат за враќање дома. Но тие ја злоупотребиле и злоупотребуваат таа шанса и оттаму човештвото е неретко зафаетно од разни самосоздадени судбини и катастрофи. Душата не може да се двои ниту да се уништи, таа е вечна. Кажано е дека преку Христовата избавителска сила еден ден, кој порано кој подоцна, сите души ќе се вратат назад дома, во царството Небесно. Тоа може да укажува дека постои или некаква кармичка врска или некаква заедничка мисија. Доколку тој пар наместо постојано да си префрла еден на друг вина, постапува еден кон друг со несебична љубов во склад со златното правило „Правете го на другите она што вам сакате да ви прават„ и обратно „Не го прави она што не сакаш тебе да ти се прави„ , со разбирање, подготвеност да си простат, тогаш постепено ги разрешува кармичките врзаности (без потреба да знаат за деталите) и си овозможуваат духовно да напредуваат. За ова повеќе во книгите: „Лиобани - Јас објаснувам - учествуваш ли?„ и „Ja, ja, ja - Pauk u mreži - Zakon odgovaranja i zakon projekcije„ од Габриеле.
Едно време мислев дека е глупост, а сега сум само конфузна во однос на прашањево. Во сон можеш да се препознаеш, да по х години за влакно се разминеш и кога ќе се сретнеш како да се плашиш од она што го гледаш. Или поинаку речено се препознаваш ама се плашиш од тоа што го гледаш и така ваљда се завршува вечното разминување(?). Ај на здравје филозофската дилема.