1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЕКО катче

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Moira, 9 ноември 2012.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Искрено, не знаев како да ја крстам темава, а би сакала да е катче каде ќе коментираме за „еко“ моментите во нашата ни државичка.

    Ко за почеток, сакав само да ги запрашам одговорните (реторички се разбира, хех) Кога Усје ќе ги направи потребните чекори за заштита на животната средина ?!?

    Овие слики се направени утрово, кое не беше ништо поразлично од било кое друго утро кога Усје работи со полна пареа, и кога ни сонцето не е сонце низ маглите од чад од топени гуми.


    [​IMG]

    [​IMG]

    Повелете, ставајте слики од се` што мислите дека ни го труе животот, се надевам барем минимално ќе успееме да ја кренеме еко свеста на одговорните.
     
    На Artemission, slavica999, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    На кого свест :)))) оффф Пиеме нафта место вода дишеме сулфур јадеме нафта :) Повелете на канта бензин и во најведро небо да видите магла...Поздрав до милата ни наша РАФИНЕРИЈА ОКТА :) Искрено ако не дишам суллфур значни не сум дома хахах !
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ова ме потсеќа на пролет и факултетските денови :D Наутро во автобус, додека си уживкав во синото небо и тазе цветањето по дрвјата, секогаш од лева страна уловував огромен облак чад над Цементара...совршенство |( Какво грдо нешто. Државата мора по активно да се ангажира и да се држи строго за ваквите мерки за заштита на животната средина. Во светот компаниите се ограничени по ова прашање и често плаќаат огромни суми на државата за штетата што ја прават. Ако се воведат високи казни по ова прашање, сметам дека можеби би се развила повеќе совеста кај компаниите...којзнае.
    Имам ваква фотка иначе и од Грција, со исклучок на тоа што, овие фабрики беа дааалеку од град, среде ништо, па помали се ефектите врз населението.
    Ме радува тоа што застуде толку времето, се осеќа почист воздухот, се дише бре. Летно време плус од топлините, како затка да имаме во белите дробови, проток на воздух никаков.
    Од друга страна толку е наццкано со згради, бетон, асфалт. Се садат дрвца по Водно, а во населбите, општините постојано се ѕида нешто на штета на природата. Јас не знам искрено како се живее во Кисела Вода на пример :^) Додадете на тоа издувни гасови од возилата, си препишуваш мин 10 год. помалку живот, ако се населиш близу Центар. Катастрофа е Скопје. :x
     
    На slavica999 и Moira им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    На прсти се бројат деновите кога имаме среќа Усје да не работи со полна пареа, па сонцето да го гледаме како сонце, а не како месечина :doh:

    И не се согласувам дека свеста на одговорните не може да се подигне, ама треба прво свеста на поединците да достигне ниво, доволно за акција и реакција. Секое утро се прашувам ДАЛИ на луѓето им е доволно гајле за да си го замараат секојдневието со прашања од овој тип? Дали сме премногу инертни по однос на прашањата на животната средина, па повеќе не окупираат небитни прашања, оговарања и непотребни анализи, отколку квалитетот на животот?

    Би била многу среќна кога секое трујачко место/дејствие би било сликано и постирано тука. Да направиме колку можеме за тие слики, ако ништо друго, барем да кружат низ виртуелниот свет, да ги гледаат луѓето, да знаат дека сето тоа постои околу нас.
    Со надеж дека, под присила на јавноста, некогаш и ќе се санираат овие загадувачи.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ајде сега можеби ќе го протуркаат Законот дека фабрика неможе да се гради на минимум 5км од населено место, ама ќе важи за новоизградени фабрики (ако се појават такви :?: ) а не и за старите направени па да се направи нивна дислокација.
    Што дека постои Законот кога се применува на кого како му текне. Малтретираат мали фабричиња и сл. дејности (сите оние кои користат вода, струја, испуштаат пареа или сл. во воздух ова важи и за рестораните кои готват храна...) со изработка на елаборати за заштита на животна средина и ако го немаш и не го ,,применуваш,, нема да ти дадат употребна дозвола т.е работиш.
    Сите ги знаеме ,,големите загадувачи,, во Мк. не се само во Ск. Од друга страна па кој даде дозвола да се градат згради, куќи околу фабрики..да се разбереме одамна (уште во СФРЈ) стои правило-закон дека фабрики може да се прават само во индустриска зона. А тоа што ,,урбанисти,, и ,,општинари,, си лапнале пари е само и само личен интерес.

    Јас пак не се сложувам дека свеста ќе се подигне на одговорните се додека се вртат милиончиња низ нивните џебчиња, имаат интерес. Не дека немаат свест, напротив имаат затоа што се ,,интелигентни,, како да им легнат пари на сметка.

    Мореее, за таквите :puke:
     
    На Hipster, kravce и Moira им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Се согласувам, милиончињата диктираат правила на игра па и цели влади, ама ако се крени народот против Усје (сум се запнала за ова Усје, ама ете, тоа денес ми е на тапет), нема да се „помачат“ барем да испратат инспектор за животна средина, чисто колку да смират страсти? И ако тој инспектор напише дека се` е во ред, и пак народот не го прифати како вистина, нема да оди работата малце подалеку, до некој степен?
    Не мислам дека можеме да ја дислоцираме фабриката, или било која друга, ама јасно е како функционираат работите во нашава држава - се` додека се ќути, работите се туркаат низ мала врата.

    И Христијан немаше да оди во Германија ако не беше народот кој му даде подршка и се крена против правилата на Фондот. Примеров е тотално неповрзан со темава, ама сакам само да кажам дека народот во основа не си ја знае силата, а на горниве им одговара да сме интертни и тотално незаинтересирани, затоа и не` трујат со безвезе небитни информации, чисто колку умот во busy состојба да ни го држат.
     
    На kravce и Annath им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ` Па еве овие од Окта откако паметам за себе луѓето ги гледам по ТВ како се жалат, ама што направија, НИШТО. Тука има и една друга политика- повеќето луѓе што живеат околу Окта се вработени во неа а да не беше така, и да државата да не ја продадеше на грците ќе имаше друга насока и политика....(јас пак запнав за Окта :) како да одма ќе ја дислоцирам).
    ....СДК дека ако Власта е имуна на народот тогаш Хелсиншки комитет и ХАГ :wasntme:

    Мислам дека Власта воопшто не го слуша гласот на народот туку си прави како и одговара. А што е најинтересно и ја ,,подржува,,. (звучи многу политички последната реченица). Па, народот е глуп или власта многу јака :wasntme:
    Се повеќе имам чувство дека кога е изборна година најмногу се работи :lol:
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Ех, темава...
    Посакувам да има некаква шанса некој "повисок" да може да ја погледне и еднаш да се почне со решавање на еколошките проблеми кои како што гледам воопшто не се ставени на дневен ред за решавање ниту пак дел од било која политичка кампања а не засегаат сите.

    Мислам дека еднаш имам и пишувано за ова, онака еден хејт пост само за скопска Железара и за константното труење секој ден. Живеам во непосредна близина на неколку километри воздушна линија и секое утро и вечер гледам како фабриката работи со полна пареа и излегува црн чад од оџаците. Јас не се сеќавам кога последен пат убаво сме проветриле дома или некоја вечер прозорот останал отворен зошто е невозможно. Жиците што се за простирање алишта се црни, а алиштата доколку преседат една вечер надвор веќе не се за носење туку треба повторно преперување зошто смрдат. Воздухот е тежок и густ, особено сега кога заладува секоја вечер има магла и не се дише. Џабе живеам во куќа и имам двор кога е бескорисен.

    Знам едно време беше покрената иницијатива од некои граѓани во Ново Лисиче за истиот проблем ама истата се изгуби веќе наредниот ден. Јас не знам колкаво е работното време таму, но знам дека не треба фабриката да работи 24/7. Демек поминала инспекција, се било како што треба и се затвори случајот, а ние во близина останавме да се труеме.

    И што ако во иднина се градат фабриките на 5 километри одалеченост од населено место (за што чисто се сомневам) кога не се мрда со прст да се решат овие кои се во градот и бавно, но сигурно не трујат. Јас сум згрозена од незаинтересираноста на надлежните, кои и' да се, да направат нешто ма да кога ќе размислам никогаш ни со прст не мрднале за да го подобрат животот и условите за живеење.
    На Водно воздухот е поредок, а во новата елитна населба сигурно уште подобар. Ние обичните смртници подобро е да дишеме олово, барем со нафтата што ја пиеме ќе оди комплет. Плус тука како пакет оди и пократок животен век, помалку грижи за пензии зошто покрај нервозиве, стресот и беспарицата ретко кој ќе ги дочека, а тој што ќе успее ќе си цркне од некое мало слатко ракче или од мака зошто нема да има здрави поколенија.

    За да го комплетирам мислењево имам и слики во телефонот, но не сум во можност да ги префрлам сега на компјутер. Ветувам ќе ги постирам викендов, сметам дека треба да бидат видени.
     
    На sunfemina, kravce и Moira им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00775.JPG
      DSC00775.JPG
      Големина на фајлот:
      291,3 KB
      Прегледи:
      247
    • DSC00776.JPG
      DSC00776.JPG
      Големина на фајлот:
      271,3 KB
      Прегледи:
      247
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Имало вчера протестен марш
    За вакви работи народ треба да излезе на улица, а не за партии :tmi:
     
    На Annath, Artemission, kamilica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Милиони евра казна за загадениот воздух во Шведска

    Шведска ризикува да и плати големи парични казни на Европската унија поради загадениот воздух во градовите.

    Казните се во висина од половина милион шведски круни дневно во услови на зголемена концентрација на смогот или вкупно околу 180 милиони круни годишно (повеќе од 20 милиони евра).

    Шведска пред неколку години доби пресуда од Европскиот суд поради неподобрување на нормите за квалитет на воздухот во повеќе шведски градови. Но и покрај изречената пресуда, вредностите при мерењето на концентрацијата на смогот продолжиле да се зголемуваат и да ги надминуваат дозволените нивоа на повеќе места во земјата.

    - Познато е дека смогот во подолг временски период го зголемува ризикот за срцев удар и белодробни заболувања, како и за појава на канцер на белите дробови, вели Ларс Барегорд, професор при Салгернска универзитетска болница во Гетеборг.
    ________________________________________________________________________

    Е за ваква работа треба да плаќаме казни додека не се освестиме, не за рекламите за достигнувањата на Грујо и расипништвото на Бранко.
    Подобро казни, отколку преполни болници и милионски суми за лекови.
     
    На Hipster, kravce, elena.mak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Далеку сме мноооогу милиони светлосни години ние од било кој... За жал. Една од моие работни обврски е животна средина, односно менаџмент на истата, бидејќи работам во фирма-загадувач, ниедна од горенаведените. Знаете ли што е проблемот? Не се само овие емисии на птетни материи во воздухот, баш напротив, тие ги гледаме и неможат да ни ги сокријат. Знаете ли што се испушта во отпадните води?! Знам само еден пример каде од една винарија се испушта вода од перење на цистерни во рН 13... Во превод, жива сода, и помор на рибите, секако. Плус, кога ќе се искомбинира таа вода што ќе помине низ некое филтерче + киселиве загадени дождови + неиспитана почва, па оди види што јадеме ние. Страшно. Органско производство во Р.М. Секој пат се смеам, верувајте ми дека НЕ ПОСТОИ! Уште на факс ги лажат децата со разноразни глупости, а се е ветер и магла. Загадувањата се страшни. Кога ќе имам повеќе време ќе ви напишам уште повеќе примери и "правила" кои ги диктира државичево наше, бар ако ништо друго да се изнасмееме... ;(
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова е жална вистина...но мислам дека никогаш нема целосно да се развие/разбуди свеста кај човекот за заштита на природата.

    Ние коментираме за фабриките, а ние луѓето всушност дневно уште толку допринесуваме кон загадувањето со фрлањето на отпадот на несоодветните места и други работи.
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Скопје се гуши!!!!! (има галерија со слики)


    Рано изутрина одејќи накај работа скопјани имаа што да видат на патот кон Скопски саем. Густ чад се ширеше од правецот на Аеродорм према Центар.


    Главниот град на Македонија е најзагаден град во Европа и има најзагаден воздух. Луѓето секој ден посебно во овие зимски денови се гушат и го вдишуваат најзагадениот воздух, кој ден од ден на ден станува се потежок заради зголемениот број на индустриски објекти кои немаат поставени филтери на своите оџаци. Власта и Градот Скопје остануваат неми на фактот дека токму големите производствени капацитети, кои не вложуваат во филтри се главните причини за енормната загаденост на главниот град. На тоа уште ако се додаде прекумерното градење на деловни и станбени објекти за кои за да се изградат се уништиуваат и сечат и оние малку дрва и зелнило што е останато. Најсвеж пример е уништувањето на дрвата и паркот спроти "Бристол" паркот кај " Дом на АРМ" дрвата во Капиштец. Градските власти молчат и се кријат без да дадат конкретен одговор како ќе се заштитат скопјани од овој проблем кој од дена на ден зазема се поголеми размери.
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    ОДВРАТНО!!! И не само што се глуви, неми, слепи, ретардирани и се најлошо, уште се и толку многу поткупливи, неможам да ви објаснам..... Најлошата администрација на светот. Има само една инспекторка која си ја брка работата, и кај и да е или ќе ја тргнат, или ќе ја најдат во некоја темна уличка, замислете и закани по живот добива!! Секој ден работам со нив, и секој ден ми се ново разочарување!!! :(
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Макстил испушта околу 8 000 тони прашинa

    од НОВА | објавено на: 22-03-2013 20:12:47

    http://www.youtube.com/watch?v=cXjJxGTBnmk

    Вака изгледаат утрата во Железара кога работи Макстил, еден од најголемите загадувачи во Скопје. Очите печат, чуден мирис на метал се шири воздухот и црвен прав паѓа на земјата, вели Мери Терзиева чиј стан се наоѓа веднаш до фабричкиот оџак. Мајката на две деца е загрижена за нивното здравје.

    Но од Макстил велат дека загадувањето е само визуелно. Редовните мерења на емисиите во воздухот покажуваат дека иако нивото на штетните материи е над европските стандарди, сепак е дозволено со македонските закони.

    Дел од анализите се прават во нашите лаборатории, но за диоксините и фураните кои имаат канцерогено дејство, а поради кои во западноевропските држави се затвораат фабрики, државата го задолжува Макстил сам да ги плати и направи мерењата.

    Сепак, неодамнешниот директор на Управата за животна средина и експерт за инустриско загадување Филип Иванов се сомнева во тоа ваквите резултати. Објаснува дека резултите зависат од земените мостри за испитување, кoи се менуваат зависно од составот на старото железо кое се топи во фабриката.

    Со просечно производство од 300-400 илјади тони челик годишно, Макстил испушта околу 8 000 тони прашина, која кога станува збор ваков тип на индустриски капацитети, вообичаено содржи тешки метали, силикати и канцерогени материи, објаснува Иванов. Тој додава дека ваквите загадувачи не смеат за работат во земјите од Европската унија.

    Но од Макстил се децидни, со оглед на кризата во која се наоѓа металалургијата, тие сега немаат пари за поставување филтри, односно за кровната капа која ќе ги собира и филтрира гасовите кои засега слободно се пуштаат во атмосферата. Затоа и побараа одложување на роковите за воведување на еколошките стандарди до 2019-та, наместо до април идната година, како што беше претходно договорено со институциите.

    Ваквата уцена ја очекуваа властите, па со цел преку металургијата да се спасат извозот и вработеноста, уште лани најавија пакет мерки за помош на компаниите, поволни кредити за продолжување на производството и одложување на роковите за примената на еколошките дозволи.

    Оттука, поради фактот што Макстил е еден од најголемите извозници во земјава, станува сосема извесно дека ќе воведувањето на еколошките стандарди за работа ке биде пролонгирано до 2019-та. На ова реагираа невладините организации, кои беа и учесници во единствената јавна расправа која се одржа во Гази Баба за решавање на проблемот со загадувањето во Железара.

    Во очекување на нови нарачки, Макстил не работеше последниве 3 месеци. Сега се спремаат печките и кон 1-ви април повторно ќе почне да се топи железото. Шемата е позната, поголем дел од вработените во компанијата живеат во близина на фабриката.

    Тие молчат за загадувањето исплашени за сопствената егзистенција, вели Мери. Останатите се гласни во своите барања и предупредуваат дека, иако се жители во населбата Железара се најзасегнати, цело Скопје го дише истиот воздух.
     
  17. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?

    Градот под Пелистер се соочува со ужасна статистика: неделно откриваат по 2 случаја на болни од рак на бели дробови. (Утрински)

    Како прво горнава статистика е ужасна. Тоа значи дека на 100 луѓе од Битола годишно им се открива рак на бели дробови. Тоа значи дека во период од просечен век на еден човек ќе заболат над 7.000 луѓе што е речиси една десетина од бројот на жители во Битола. Тоа значи дека во вашиот животен век, може со сигурност да се каже дека ќе познавате лице кое заболува од рак на белите дробови.

    Не сакам да ве уплашам, туку да ја ставам тезата на маса: Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Секоја грејна сезона го има истиот проблем со загадувањето на воздухот, не дека во текот на годината нема загадување, но во зимски услови е страшно загриживачки. Никако да се изнајдат соодветни мерки и барем делумно да се санира проблемот. Никој од надлежните нема слух за тоа, се чудам каков ли воздух мислат дека они дишат, па немаат никаков сенс да се ангажираат адекватно на потребите.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  19. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Жителите на општина Центар отсега ќе можат преку Green Pay картичката да купуваат со попуст

    Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, почнува да функционира зелената мрежа на локали каде со плаќање преку Green Pay картичката жителите на Општина Центар ќе имаат можност да купуваат со попуст во маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и слично.


    https://novatv.mk/zhitelite-na-opsh...-green-pay-kartichkata-da-kupuvaat-so-popust/
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.