ЕМБГ (Единствен Матичен Број на Граѓанинот)

Дискусија во 'Канта' започната од Miki4eca, 28 февруари 2022.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Матичниот број на граѓанинот е индивидуална неповторлива ознака на идентификационите податоци на граѓанинот и истиот може да се обработува само врз основа на претходна согласност на граѓанинот или под услови утврдени со закон. Формата, начинот на формирањето и обработката за користење на единствениот матичен број за сите граѓани во државата се утврдени со закон.
    Преку матичниот број на граѓанинот лесно може да биде повредена приватноста на секој граѓанин, затоа треба да се внимава кога и за која цел се дава истиот.
    Матичниот број на граѓанинот, може да се обработува при вршење на работи кои се однесуваат на добивање кредит или наплата на долг, осигурување, во рентиерските односи, кога се основа трговско друштво, во кредитни работи, здравствена и социјална заштита, вработување и други услуги во корист на субјектот на личните податоци. Матичниот број на граѓанинот може да се обработува и за историски и научни истражувања или статистички цели.
    Единствениот матичен број на граѓаните (ЕМБГ) е идентификациски број што го имаат сите новородени граѓани во Југославија од 1976 година се до ден денес се користи .
    Но, ништо во матичниот број не е случајно. Сите граѓани кои се родени пред 1976 година добиле број во зависност од регинот во кој тогаш живееле, а не во кој се родени.
    Матичен број не се менува при промена на живеалиштето на граѓанинот.
    Матичен број се запишува во јавните исправи и евиденциите што се водат
    за граѓаните,кога тоа со закон е определено.
    Матичен број се определува според местото на запишување на
    новороденото дете во матичната книга на родените што се води на
    територијата на Република Македонија.
    На дете родено во странство матичен број се определува според
    живеалиштето на родителите во Република Македонија
    Го издава МВР Министерството за внатрешни работи - Полиција
    Секогаш нас ни било познато дека првите седум бројки кои сите ги знаеме се поврзани со датумот на раѓање. Но, останатите шест често се предмет на разни дискусии.
    Матичниот број се состои од тринаесет цифри распоредени во шест групи и
    тоа:
    И група:ден на раѓањето (две цифри),
    И И група:месец на раѓањето (две цифри),
    И И И група:година на раѓањето (три цифри),
    И В група:број на регистарот пример роден/а или заведен/а во Скопје е 45 (две цифри),
    В група:комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум
    (три цифри).Мажи од 000до499 жени од 500до999 и
    В И група:контролен бро ј(една цифра) компјутерски генерирана последната бројка


    Политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:

    41 – Битола

    42 – Куманово

    43 – Охрид

    44 – Прилеп

    45 – Скопје

    46 – Струмица

    47 – Тетово

    48 – Велес

    49 – Штип

    Останатите политички региони низ поранешна Југославија:

    *00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави

    *10 – 19 – Босна и Херцеговина

    *20 – 29 – ЦРна Гора

    *30 – 39 – Хрватска

    *41 – 49 – Македонија

    *50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)

    *60 – 69 – не се користело од необјаснети причини

    *70 – 79 – Централна Србија

    *80 – 89 – Автономна покраина Војводина

    *90 – 99 – Автономна покраина Косово и Метохија
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Матичен број има на лична карта , на пасош , возачка , мегународна возачка дозвола, и други документи
     
    На Теонааа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.372
    Што е со темава?
    Да си ги пишеме матичните ли броеви треба? :?:
    Или мислење да дадеме кои бројки ни се допаѓаат :makeup:
     
    На DS10, GospodjaS21, Sabrina444 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.