Форумџика на годината

Евгеника

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Acronia, 26 октомври 2021.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Здраво другари.
    Драго ми е ако ви го привлеков вниманието преку насловот, иако мора да ве разочарам од старт бидејќи темава ја отворам за да дискутираме за една помалку позната наука која се нарекува "Евгеника". :)
    Нема да одам со дефиниции, и ќе се обидам да бидам колку што е можно пократка и поконцизна, и темава ќе ја корелирам со сегашнава состојба со коронавирусот, а ќе видите и зошто.
    Ќе почнам прво од тоа да објаснам што значи Евгениката како дисциплина.

    Евгениката во својата најтесна дефиниција подразбира правец во науката кој опфаќа модифицирање или „подобрување на човековите генетски особености“, со цел да се 'истребат' сите непосакувани аномалии и хронични болести кај човекот.
    За да се дојде до посакуваната цел, Евгениката користи бројни биохемиски и хемиски принципи и методи за етапно менување на човековиот генетски код.
    Оваа дисциплина најширока примена имала во периодот на нацизмот, за време на II С.В. поради претензии да се зачува белата раса и нејзините 'уникатни и идеални' особености.
    Др. Менгеле бил еден од докторите во прв ред коишто правеле експерименти во доменот на оваа наука. Интересно е што од тогаш па до ден денес, токму поради својата мрачна историја, Евгениката ја следи лош глас, па бива гледана како ,,наука на злосторот".
    Но, дали е навистина така?


    Затоа, прашањето ми е колку вистински знаете за Евгениката, и дали мислите дека изминативе седумдесет години, со помош на оваа научна дисциплина во тајност продолжи да се развива проектот наменет за менување на човековиот 'генетски корпус', преку кој се претендира кон тоа да се создадат нови раси?

    И дали мислите дека ситуацијава сега, која наложува присилно вакцинирање со цел да се постигне колективен имун одговор, e идеална прилика за да се увиди постоењето на Евгениката на дело, или пак сметате дека овој притисок се случува единствено со намера да се зачува човековото здравје без никаква позадина?

    Ова прашање и лично го поставувам од причина што забележувам дека многу млади и здрави луѓе, без претходни коморбидитети ја изгубија битката со коронавирусот, додека резултатите од судска медицина,
    при аутопсија на нивните тела не дадоа конкретен одговор на прашањето зошто починале!
    Воедно, од тука се наметнува уште едно и последно прашање, а тоа е дали можеби станува збор за 'ловење на генетска слабост' или пак за нешто друго?

    ...Зошто многу луѓе после ,,прележувањето" на оваа болест се соочија со пројава на хронични и автоимуни заболувања кои претходно имале или пак немале потенцијал за нивно активирање.

    Сакам да чујам ваши мислења.
    Колку сте научно запознаени со оваа тема, и кои се вашите мислења?
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Воведов е класичен пример како настануваат теории на заговор.

    Сам/а кажуваш дека нема да одиш со дефиниции затоа што ако ја напишеш основната дефиниција за евгениката ќе се примети веднаш првата лага и наметнување на мислење.

    Дефиницијата:

    "Евгениката е практика или застапување за подобрување на човечкиот вид преку селективно парење луѓе со специфични посакувани наследни особини. Таа има за цел да го намали човечкото страдање преку „размножување“ на болести, инвалидитети и таканаречените непожелни карактеристики од човечката популација."

    Значи прво, евгениката НЕ Е НАУКА. Станува актуелна како движење, или псеудо наука низ историјата како би се подобриле некои човечки карактеристики при намерно парење со луѓе од одреден генетски збир со цел подобрување на потомството, односно истото да биде поотпорни на болести, поинтелигентни итн.
    Бидејќи претставува само застапување, идеја и практика на некои повлијателни луѓе како научници и политичари и темата била доста актуелна во 19 и 20 век, во некои места се користи за искоренување на наследни болести меѓу населението преку забрани за брак или стерилизирање, додека некаде била изговор за искоренување на цели нации (најпознат пример е Хитлер).

    Понатаму во воведот на темава прашуваш дали нечија агенда за менување на човечката генетика ќе биде конечно спроведена преку вакцините за Ковид?! Исто така понатаму прашуваш/инсинуираш за последиците и смртта на млади луѓе од вирусот иако немале претходно болести?!

    Вирусот е опасен, тоа е факт, затоа и цел свет воведе мерки какви што не сме искусиле досега, не е ништо ненормално туку однапред пропишани протоколи во случај на смртоносна зараза, секоја држава ги има.
    Вакцините требаше да придонесат кон побрз излез од состојбава. (намерно пишав "требаше" затоа што ја изгубивме шансата за постигнување на колективен имунитет).
    Дали вакцините го менуваат нашиот генетски код? Можеби да, можеби не. Можеби ќе го подобрат, можеби не. Но не повеќе од водата полна со микропластика што ја пиеме, не повеќе од загадениот воздух, не повеќе од процесираната и гмо храна. Сме се менувале како вид и ќе се менуваме уште повеќе преку животната средина, навики, расното мешање, но дека неколкумина спроведуваат успешно некаква агенда од вакви размери со цел која никој не ја објаснува, не верувам. Има премногу променливи.

    Сѐ на се, многу интересна тема за дискусија, особено етичкиот аспект, но е однесена во погрешен правец од старт.
     
    На Nikolina35, daylight, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Да, може да е интересна тема за разговор ако не забегува кон вакцинирање.
    Инаку еугеникава ме потсети на филмот Гатака со Итан Хоук и Ума Турман, кој баш зборува за оваа тема. Одличен филм е. Кој не го гледал досега обавезно да го погледне.
     
    На sonuvana и Mikha4 им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Евгениката е тесно поврзана со желба за контрола и со самото тоа спротивна на човековата слобода на избор.
    Повремено во разни периоди и во разни држави има дури и јавни обиди на евгеника , обично под маска на научни истражувања.

    Генетски бази на податоци постојат за одредени категории на луѓе и делува дека во иднина ќе бидат формирани за сите. Многумина благонаклоно ја прифаќаат таа идеја , со чувство дека здравствено ќе бидат позаштитени и дека за многу болести ќе се изнајде превенција.

    Во овој момент и во овој свет на профит,помалку комично делува таа идеја.
     
    На Snowflake97, Acronia и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не е теорија на заговор, лол.
    Секоја дисциплина во која се применуваат методи, техники и истражувачки процеси кои имаат експериментална, хемиска и биохемиски основа може да бидат гледани како наука.
    Ама оваа дефиниција нема да ја најдеш на гугл, како што ја најде првата на англиски јазик па само ја преведе. :P

    А, евгениката е токму тоа. Спој од експерименти, кои својот подем го доживуваат во Втора Светска Војна и понатаму (хипотетички) продолжуваат до денес.

    Тоа што денес не ужива толку популарност меѓу мејнстрим научниците, не значи дека сеуште не се спроведува и не постои. Harry Laughlin Havelock и Fischer Eugen Fischer се едни од најзначајните пронаоѓачи и веројатно практикани на евгениката како дисциплина или наука.

    Како може водата да ја споредуваш со микропластика или пак загадениот воздух да се корелира со полужив организам?

    Едно е да кажеш не верувам, а друго е да изедначуваш загадена вода со менување на човекова ДНА што се потврди во претходните месеци како веродостојно.


    И да, лошиот квалитет на водата може да те разболи, но сигурно нема да те убие или дехуманизира, како употребата на Евгениката во погрешен правец на пример. :)

    Евгениката иако првично не била дисциплина на злосторот, искористена е за таа намена, и дефинитивно за да се дојде до 'супериорен' вид' мора прво да се мине процесот на природна селекција во која ќе се изгубат многу животи за да се постигне целта. Едноставно така функционира процесот со цел доаѓање до видливи резултати.

    Така да воопшто не сум оф топик, напротив, не констатирав ништо, поставив прашања кои се граничат со примените на оваа дисциплина и ги поврзав со случувањата денес за да најдеме заеднички образец помеѓу овие две.

    П.С. Во иднина размислувај со своја глава бидејќи сите што ти лајкнале ако малку пребараат ќе видат дека сите дефиниции и размислувања ти се прекопирани и буквално преведени од гугл, со малку вметнат твој став.

    Сериозно, пробај сама да мозгаш, најдобронамерно. :D
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Според тебе кои се веродостојни извори?

    Викаш мозгај и размислувај со твоја глава, значи ли тоа да си тврдам било што ќе ми текне и да негирам сѐ што не ми се допаѓа? Јас не можам така, сакам да прочитам повеќе извори, за евгениката има доста, но баш кажи каде и кој утврдил дека било која вакцина има потенцијал да менува генетски код.

    Не може да отвараш тема и кога не се согласуваш со туѓо мислење или не ти се допаѓа да аргументираш со фрази како мозгај сам, размислувај сам, на гугл нема да најдеш?! Кажи тогаш од каде ги знаеш ти овие работи штом ги нема на гугл.
    Патем, гугл не е извор, туку пребарувач. При пребарување за евгениката најдов повеќе дефиниции, повеќето од реномирани и докажани научни сајтови, во кои ништо не вметнав јас и никаде не пишуваше дека евгениката е наука или гранка во наука. Ако се преведени, не значи дека се точни? Барем прочитав пред да пишувам.

    Инаку, одамна има докази дека лошиот квалитет на водата убива, исто како и загадувањето. Лани во Италија имаше обемна студија со која беше докажана директна врска меѓу жителите во најзагадените градови и смртноста од ковид.
    За микропластиката во водата исто така се истражува и докажано е нејзиното влијание врз луѓето и животните.
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Секако дека ја најде првата дефиниција и ја преведе. Ова е од википедија.

    А ова е твоето.

    - the practice or advocacy of controlled selective breeding of human populations (as by sterilization) to improve the population's genetic composition

    Како и да е, оваа дефиниција не е точна од практична гледна точка, бидејќи Евгениката никогаш не била употребувана во добронамерни цели. Доказ за тоа се експериментите за време на Втората Светска Војна.

    Од теоретска гледна точка може до утре да полемизираме за што служи, но во практика е малку поинаку.
    Инаку, чуму горењето на ромите, евреите, и целокупната црна раса?
    Чија идеологија е тоа?
    Па, на практичниот дел од Евгениката секако.
    Како наука е потполно компромитирана и злоупотребена за да се врши геноцид на човековиот род, и тоа е нешто кое трае и денес.


    Можеби вакцината не менува генетски код, но вирус како жив/нежив организам чии својства не ги познаваме и те како може да направи промени во DNA.
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е од википедија, повели оригиналот:

    Eugenics is the practice or advocacy of improving the human species by selectively mating people with specific desirable hereditary traits. It aims to reduce human suffering by “breeding out” disease, disabilities and so-called undesirable characteristics from the human population.

    Превземено од history.com
    Ако пребараш и други дефиниции, слично ќе прочиташ и никаде нема да пишува дека е наука. Сите тие ли не се точни?

    Со добри намери се почнува, нели. Инаку во Кипар е истребена генетска болест со примена на евгеника, со што секој пар кој сака да се венча биле приморани да прават тест и ако некој од младите бил носител на таа болест не им било дозволено да се венчаваат.

    Дека едно нешто е злоупотребено од човекот може да се каже буквално за сѐ, од лекови до телефон, нуклеарна енергија и оружје. Не постои едно нешто што донело прогрес а човекот да не го злоупотребил.

    Модерната евгеника секако има и други примени. На пример, еве една членка го спомна филмот со Итан Хоук, ако има шанса да утре задутре да твоите деца не може да се разболат од рак, дали не би на искористила? И да кажеш не, има луѓе кои изгубиле деца заради секакви болести, кои секако би прифатиле такво нешто.

    Чекај сега, во претходниот пост пиша дека вирусот ја менувал генетиката и веќе тоа било докажано и веродостојно.

    А тие вируси кои ги носиме веќе во нас им ги познаваме својствата? :rofl:

    Изгледа имаш и сопствена дефиниција за ДНА.
     
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    А, пренаталната дијагностика ? Дали е етичка или е вид на евгеника со хумана цел?....можеби е само прашање на време кога секоја бременост ќе биде детално испитувана генетски....
     
    На theowndemon, Need for Speed и Mikha4 им се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Зошто го избриша видеото? Баш се наместив да го гледам.
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    16.449
    Пол:
    Женски
    Тоа е само дијагностика, нема никаква врска со модификација на гените, всушност за секоја генетска болест се знае мутацијата на кои гени е.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не сум сигурна дека беше релевантен извор. Можеби самиот микроскоп бил погрешно позициониран. Доколку сакаш ќе ти го пратам по порака.

    Точно.
    Пренаталната дијагностика ја содржи хуманата и етичката страна на Евгениката пред истата да биде злоупотребена во погрешни цели.
     
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Евгениката баш се залага за рано дијагностирање, превенирање и истребување на сите човекови аномалии. Survival of the fittest, ти текнува?
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Да,само колку е етична?
    Се додека родителот може сам да одлучи дали сака да продолжи и можеби ризична бременост, нема злоупотреба.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.973
    Во однос на последниот дел од постот, знаев дека прочитав нешто такво, успеав и да го најдам.
    https://www.science.org/content/art...tic-material-human-chromosomes-what-does-mean
    Што значи и дали е сеуште валидна студијата, не знам, ме мрзи да читам.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    16.449
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не е нешто нова, за секоја генетска малформација знаеме точно кои гени се зафатени и не само за генетските вродени малформации туку и за многу генетски болести кои подоцна се јавуваат во текот на животот, како карциномите.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    16.449
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е етична??
     
    На theowndemon и Idedemja им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Може неетична да биде....можеби некој и несовршено дете ќе посака да роди....можеби ќе се случи грешка и сл...злоупотреби разни можат да се случат....
    Сепак,во ред е се додека е слобода на избор...
     
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Евгениката ја водат како дисциплина, или како гранка во науката бидејќи сеуште доволно не се истражени нејзините примени во микробиолошка и практична смисла.
    Но, тука се поставува прашањето, како со нејзина помош се прават генетски модификации, а не е легитимна наука? Смешно е што денешните научници кои ја применуваат демек експериментално себе си се нарекуваат филнатропи...

    Мислам еј, камо среќа да е така. Камо среќа да е употребувана во филантропски цели, со побуди кои се насочени со љубов кон човештвото. But, meh, скептик сум некако со оглед на настаните. :)

    Инаку, не се потполно точни дефинициите затоа што современата наука ја отфрли токму заради тоа што беше применувана во цели на несогласно клонирање, умножување микро и макро организми, намерно предизвикување девијации во гените кај одредени луѓе (евреи, роми итн).

    И that being said, дали со сигурност може да потврдиш дека тие експерименти запреа таму?
    Дека не продолжија да се имплементираат во тајност со X персони?
    Што ако тоа се случува и денес?
    Затоа и при отварање на темава поставив прашање. Прашав, што ако и понатаму се употребува во погрешни цели и насоки?

    Па, зошто тогаш има толкав процент на болни, тригер на автоимуни заболувања после короната?
    Зошто луѓе во толкав процент страдаат од умор и други бројни несакани ефекти?
    Факт е дека од секој вирус може да се случи тоа, но, сегашнава ситуација потврди дека од ковидот процентот на шанси за заболување драстично се зголемува.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Слични се дисциплинарно, ама не идентични. На пример со помош на евгениката не се става акцент толку на превенирање, туку на тоа да воопшто не се јават тие хронични состојби и аномалии. Нормално, ако правилно се користи. Ако не се користи правилно како што бил случајот тогаш (и веројатно) сега, не баш.