1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евгенија Гранде (Оноре де Балзак)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Евгенија Гранде е уште едно ремек - дело на францускиот реалист Оноре де Балзак кој зборува за љубовта, алчноста, семејните врски како и перфидноста со која се одликуваат личностите во овој роман.
    Феликс Гранде е борат трговец од францускиот град Сомир, кој се збогатил брагодарејќи на неговото инвестирање во претходно добро проверените бизниси. Така тој станува почитувана личност, кој го ужива престижот да биде почесен граѓанин меѓу малодушните луѓе во малиот град.
    Тој се жени за ќерката на богатиот стопан де ла Бертелиер со која ја имаат ќерка Евгенија...
    Но, иако г-динот Гранде поседува енормно богатство, неговиот најголем негативитет е алчноста за пари кои цел живот ги штеди и се лишува себеси од луксузот, а воедно го изложува своето семејство на беден живот. И покрај имотот и парите, тие живеат прагматично, бедно, сиромашно, несреќно. Беда - среде тоа богатство. Како резултат на таа негова скржавост, се појавуваат низа личности кои сакат да го симнат од пиедесталот и себеси да се прогласат како апсолутни господари на неговите пари. Еден од тие е и неговит роден брат кој живее во Париз и кој го праќа својот син кај неговиoт чичко... Работите се заплеткуваат, па настанува верига нејасни ситуации .
    Овој роман е прекрасен пример за тоа како не треба да живееме и дава поука дека сите деструктивни работи треба да ги држиме подалеку од нашиот тек на живеење. И на крај да речеме дека животот не се одвива според епската формула во литературата, ами тој тече според сопствената судбинска формула.
     
  2. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Балзак добри книгички има напишано. Малку тежок за читање, ама вреди. Верна слика на француски реализам. После реализам малку мизерно се чувствуваш ама вреди!
     
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Абе многу сакам да ја прочитам книгава една од неговите најубави ако не и најубава имам слушнато дека е