Завчера последна својата песна за Евровизија ја објави и Ерменија, со што сите претставници и песни за овогодинешното издание се познати и поставени на јутјуб... па мислам дека можеме веќе и тука да почнеме со коментирање, прогнозирање и фаворити (...оп, стоп - конечно и јас како верен фан на Евровизија една година да ја отворам темава ) 62-то по ред издание на изборот ќе се одржи во Украина на 9ти, 11ти и 13ти мај со 43 земји учеснички. Македонија со Dance Alone на Јана Бурческа ќе настапи во втората полуфинална вечер... Сега видов дека во нашата полуфинална вечер нема речиси ниедна од песните што ми останаа во глава, па голем оптимист сум за влегување во финале А и навистина оваа песна можам да речам дека ми е омилена и деновиве ја изнаслушав повеќе од било која друга наша песна на Евровизија Други песни што ми оставија впечаток... Италија, засега меѓу најголемите фаворити според обложувалниците колку што прочитав - весела и со интересен текст, ај лајк ит Франција - супер french pop, многу ми се допаѓа исто како и ланската Од останатите исто ми се издвои Полска, мрачно јака песна со креативен спот ...Ама најголем фаворит за победа ми е Белгија апсолутно Има нешто посебно во песнава, не знам... и музиката, и текстот и спотот ми се толку едноставни, а прееекрасни Ги преслушавте ли вие песните, и кои ви се фаворити?
Убави песни има. Се надевам оваа година, победникот навистина ќе си ја заслужи победата и нема да има песни со политичка содржина чија цел е можеби да испровоцираат. Франција ми е дефинитивно фаворит Embrasse-moi, dis-moi que tu m’aimes Fais-moi sourire au beau milieu d’un requiem Embrasse-moi, dis-moi que tu m’aimes Fais-moi danser jusqu’à ce que le temps nous reprenne И Швајцарија ми е исто убава
Ова е прв пат после 10 години ние да имаме асална песна за на Евровизија. Искрено преубава ми е нашата песна. Инаку други фаворити ми се и:
Па, дечки и јас имам некој оптимизам за подобро пласирано место годинава на Евровизија. Дури очекувам и да влеземе во финалето. И тоа ќе ни биде успех со оглед на тоа дека последен пат кога бевме во финалето беше во далечната 2006 година со Елена Ристеска и нејзината „Нинанајна“. Не сум ги ислушал повеќето песни. Ќе го направам тоа деновиве. Освен нашата, ја слушнав и на Бугарија и годинава нивната песна пак ми се допадна. За мој вкус е убава песнава. Oпаа, сега барајќи ја песната на Бугарија гледам дека нашава достигнала 1,140,000 прегледи на Јутјуб.
Мене нашата ми е најубава. Другиве ми се онака. И грчката ми е океј, иако веќе чуено звучи. Немам некој посебен фаворит. Него, зошто некаде прочитав дека Лорин ќе ја претставува Шведска, а веќе е објавена нивната песна? И дали Русија годинава стварно нема да учествуваат?
Ми се допадна нашата песна па стискам палци за Јана А да, видов дека на руската претставничка и забраниле влез во Украина, незнам дали има други новости околу таа тема. Dance Alone
Веќе одамна не следам Евровизија, само нашите сум ги слушала и победничките песни. Годинава преслушав повеќе, не сите, и од нив сепак нашата ми е најубава. Досадни се и никоја не ми остана во памет. Не е тој квалитет што беше, некогаш имав и над пет фаворити.
јас пак пратам евровизија секоја година иако не е то шо беше, сепак си пратам. секоја пофалба за јана, песнава е најдоброто од македонија досега, плус се смета за една од трите фаворити годинава, така да иначе, најубави песни ми се француската и австралијанската, како и шведската и италијанската (и нашата ) останатите не ги слушнав мн. п.с. ама лани требаше сергеј да победи п.п.с. спешке супер е темава
Ги слушнав песните. Најмногу ми се допаѓа песната на Италија. Читав на некои вровизиски сајтови дека Италија има најголеми шанси за победа. Сега прочитав дека на претставничката на Русија ќе и забранат влез во Украина и нема да настапува на Евровизија.
Не ми се допадна постапката на Русија. Не затоа што е девојката во инвалидска количка, туку што не се бира начин како да се дојде до подобар пласман. Да се просат поени на емоции ми е не прифатливо. Толку да е добра во пеењето и толку да има поддршка од државата, ќе беше позната и славна па сите ќе ја знаевме...вака...просјаци.
http://sitel.com.mk/ebu-ponudi-ruskata-pejachka-na-evrosong-da-uchestvuva-preku-satelit Вакво нешто немало на Евровизија.
И посакувам добар пласман на Јана , инаку досадна е Евровизија , све тоа е политика и гледам само да ги видам тоалетите , модата на пејачките , и ништо друго .
Погоре ги преслушав сите видеа што сте ги закачиле и француската ми е најубава,другите се некако ми личат како јајце на јајце (можеби зашто сите се на англиски) Италјанската искрено не ми се допаѓа воопшто и најчесто таа што нај не ми се допага ко за белја победува
Јас имам три фаворити меѓу кои е и нашата! Белгија ми е на прво место Бугарија исто ми е фаворит. А и дечкото го имам веќе гледано на бугарскиот икс фактор и рускиот the voice и е стварно одличен, има предобар глас и има шанса за светска ѕвезда
Италија на прво место, Бугарија на второ, Шведска на трето место. Македонија на 15-то место. Откако ги објавија сите песни, првите 5 места не се променија. http://eurovisionworld.com/?odds=eurovision