Оваа година ќе се одржи 63. издание на изборот за Песна на Евровизија. Настанот ќе се одржи во Лисабон, Португалија, во Altice Arena, благодарение на победата на Салвадор Собрал со песната " Amar pelos dois", на Евровизија 2017. Првото полуфинале ќе се одржи на 8-ми Мај, второто на 10-ти Мај, а финалето на 12-ти Мај. На изборот ќе учествуваат 43 држави. Русија се враќа на изборот по едногодишна пауза. Македонија ќе учествува во првата полуфинална вечер, на 8-ми Мај. Песните од првото полуфинале. Само Бугарија и Литванија немаат избрано претставник.
Нaшaтa песнa кaде е? Би требaлo денoвиве дa јa пуштaт. Инaче, ептен се изненaдив кoгa видoв декa сме вo првaтa пoлуфинaлнa вечер, oбичнo секoгaш сме вo втoрaтa. Немa дa чекaме мнoгу.
Ја барав песната на YouTube, ама ја нема. Не знам зошто се чека. @Bitter-Sweet и на мене ми се допаѓа песната на Белорусија. Другите се катастрофа.
За песната изгледа се чека крајниот рок - 12ти или 14ти Март. На таа дата мора да се објавени сите песни.
Годинава преслаби песни. Барем од сите тие кои ги слушнав - впечатокот ми е таков. Ниту една песна која ќе ти влезе во уво да си ја запееш. Лани имаше каде каде подобри песни, оваа Евровизија ми изгледа дека ќе биде многу без врска.
Добра песна, фаворит ми е засега. Велам барем засега, затоа што не сум ги чула сите песни, немам навика да ги преслушувам пред самата Евровизија, само она што случајно ќе начекам.
Солидна песна. Имаме шанси за во финале со оглед на тоа што остатокот од песните, освен таа на Белорусија, се ужас. Оваа година слаб избор на песни. Дел од песните од второто полуфинале
Не го разбирам текстот на ниту една од песните, но ми звучат преубаво и емотивно. Секогаш сум преферирала балади со добар текст. Ми се допаѓа песната на бугарите и оваа година. За нашата песна да кажам, солидна е но не очекувам премногу. Се надевам дека со добар настап барем во финале ќе влеземе.
Па нашата и на Белорусија ми се најубави од овие што ги пуштив од темава, ма да Белорусија ми звучи некако познато, изгледа малце ме потсеќа на руската од 2016 (посебно со ефектите) Другово се согласувам дека е ништо посебно, ко од прво слушање доста просечен општ впечаток за оваа година.