Песнава е супер меѓутоа некако ми се чини дека многу назално пеат како низ нос или е аутотјун. Ако не го оплескаме на сцена би можело да завршиме некаде 6-7 место.
Знам дека во 2019 со Мила бевме меѓу фаворитите, ама завршивме на 6то место, што е секако успех. Одлична беше Мила и во живо. Инаку, на сцена мора да се макс. 6 деца, затоа и не одат сите.
Еден добар дел од коментарите гласат: Skopje 2022 Патем, за песната можам да кажам дека е одлична, а особено спотот со ефектите. Им посакувам среќа на нашите претставници во Париз!
Многу ми се допаѓа песнава! Од досегашнава конкуренција, нашава песна ми се допаѓа најмногу. Им посакувам среќа и очекувам успех!
Gubam zdiv i teshko disham, crn e snegot shto se slucuva? Tone zemjata Suvi reki, gorat shumi, toplo pekol, mrazot popushta Tone zemjata Вака пишува на Google.
Па немаме ама никој не сфаќа дека немаме. На нас ни изгледаат како многу пари оти немаме пари. Повеќе од 70% од другите држави имаат поголем буџет од нас. Буџетот ни е 114.000 евра вкупно за детска Евровизија и обична Евровизија. Иначе, победничките држави трошат над 15 милиони евра за одржување на Евровизија.