Форумџика на годината

Евровизија 2025

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 12 мај 2024.

?

Дали сметате дека Македонија треба да учествува на Евровизија 2025?

  1. Да

    40 глас(а)
    34,2%
  2. Не

    77 глас(а)
    65,8%
  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Машки
    Во 2025 година (најверојатно) ќе се одржи 69 издание на Изборот за песна на Евровизија. Натпреварот официјално ќе се одржи во Швајцарија (очекувано е да биде во градот Базел), по победата на Немо со песната The Code.

    Ова ќе биде трет пат Швајцарија да биде домаќин на натпреварот, а последно во 1989 година во Лозана.

    Засега не се знае колку држави ќе учествуваат наредната година, можно е некои држави да се повлечат после катастрофалните потези на ЕБУ годинава.
    Постојат гласини дека и Косово ќе се приклучи на натпреварот.

    Македонија најверојатно нема да учествува повторно.
    Доколку учествуваме, кого го гледате како наш идеален претставник?

     
    На theowndemon, SummerGirl и DS10 им се допаѓа ова.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Некој со сукњиче, бунда и нокти. Србиве си имаат идеален претставник односно Лазар Филипович од тик ток.
     
    На EvAngelos и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Наш претставник.... Александра Јанева, Влатко Лозаноски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Мики Секуловски, Суперхикс..... На фб читав дека Андријана Јаневска добила понуда од МТВ да оди на Евросонг, ама одбила заради начинот на гласање. Па и подобро што одбила. Со оглед на тоа каква е Евровизија, тешко дека ќе имаме успех. Словачка, Бугарија и Унгарија нема да учествуваат наредната година. Најверојатно и Црна Гора.

    Швајцарија немаше успех на Евровизија по победата во 1988. Тогаш Селин Дион ја победи Велика Британија за само 1 поен.
     
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    2.435
    Пол:
    Женски
    Јас би да го пратиме Слаткар.
    Идеален е за шоу правење.
    ;(
    Ама сеа ќе почнете дтка човекот али кога пее тоа ич не се слуша. Освен тоа какви победуваат и не се срамат од самите себе. Мислам дека супер би направиле доколку него го пратиме. :l:
     
    На elimkd и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    ESC_2025_Map.svg.png
    Моментално потврдени учества односно Шпанија, Белгија, Данска, Сан Марино и Малта. Нормално дека ќе потврдат уште, рано е, ама мислам дека ќе има многу кои ќе се откажат после глупостиве годинава, па и лани.
     
    На GirlLove, Selena01, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Сметам дека треба да учествуваме ама кога ќе ми текне дека Мери Попова во Андријана Јаневска видела потенцијал за Евросонг, онда подобро да си седиме дома.
     
    На Космонаут, Glowy, happygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На GirlLove, mkdvesna, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    И јас сум за да учествуваме, ама мрт е цело корумпирано, по кој критериум гласовите на народот се помалце важни од жирито? Жирито и даде 12 поени на Андреа, а 8 на Супермен, додека пак народот му даде 12 на супермен, а 8 на Андреа и мрт ја прогласија Андреа за победничка. Мрт под итно а си го сменат дилерот.
     
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Лазар не знае да пее, а не ни сака да пее..
     
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Инаку доколку учествуваме, голема е веројатноста таму да се праќаат одредени ликови блиски до структурата која сега е на власт. Не се чудете ако на Евросонг ги видиме Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски, Ламбе...

    А доколку не бира Мери Попова и тимот на МРТВ, одлуката останува на народот. (Не)вкусот на народот е познат, сакаа да го пратат Наум Петрески или Виктор Апостоловски со Супермен. Мој конечен одговор е да не учествуваме, ќе пратиме некоја нехаризматична птичурина со некое бејзик поп песниче, со некаков Елена Лука стајлинг, ќе бидеме фаворити според тимот на МРТВ, ама на крај за едно место нема да се пласираме во финале.

    За нас само Гранд Ѕвезди како натпревар, тоа ни е нивото.
     
    На Nairobi88, mkdvesna, Hellobeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Антониа Гиговска, Лина Пејовска, Мартија Станојкович, Пајак, Марија Спасовска, имаме и ние добри вокали за на Евровизија.. А ако сакаме добар пласман, треба да ја пратиме Кристина Димитри, не знае да пее, ама и онака на Евровизија никој пеење не гледа..
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Пајак, детето си има харизма :l:
     
    На Nairobi88, Кена Рис, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Знам, се шалев зошто многу личат еден на друг, дури и имаше на ТТ направено видео самиот Лазар.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Леле.
    Нека не учествуваме, плиз.
    Фино е вака.

    Иначе ако учествуваме, Фанк Шуи? Дупер? Бени Нон Стоп?
     
    На elimkd и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Еееј Фанк Шуи да, изгледаат како кул момци. Башка и тој Лука вокалистот е згоден, ќе врескаат жени и геј мачкици. Дупер во живо на бубамара мн лошо звучеа. Бени големо ноооууу.
     
    На Glowy, Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.093
    Пол:
    Женски
    Нее. И кај него ќе најдиме нешто да го хејтаме, ќе го упропастиме.

    Од актуелниве никој. Можи има некој млад, нов талент кој не го познавам. Пример Андреа беше добра иако за јавноста не беше толку позната.
    Пак ќе речам, Паркети би ги пуштила, нема да победиме, можи нема ни во финале да влезиме, ама нема ни да сме досадни.
    Колку и да има поинаков шмек ако навиваме за Македонија, колку и да сакам да учествуваме, не сме за таму.
     
    На Nairobi88 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Мислам дека уште немаме толкав “фрик” у државава за да идеме напред на евровизија, додека не пратиме таков залудно ќе фрламе пари на тоа.
     
    На forumce и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Во што се претвори Евровизија, не сме ние за таму.
     
    На Mrs. right, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.380
    Пол:
    Женски
    Јас нема да гледам Евровизија наредна година, барем сега сум така одлучна. Многу лош вкус ми остана во уста после годинава, почнав да го осеќам ЕБУ ко диктатура, многу лоши vibes. Треба да се замислат што прават.

    И Швајцарија како хоуст не ме инспирира воопшто.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Јас и оваа 2024, не ги гледав прво и второ полуфинале, од причините кои си ги спомнала..
    Арно ама, чув дека Хрватска имала одличен претставник и така испадна да го гледам финалето.
    Вредеше заради Хрватска и целокупниот настап на секоја земја, заедно со визуелните ефекти на сцената...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.