Форумџика на годината

Евровизија 2026

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 5 декември 2025.

?

Дали сметате дека Израел требаше да биде баниран од Евровизија?

  1. Да

    33 глас(а)
    78,6%
  2. Не

    9 глас(а)
    21,4%
  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.849
    Допаѓања:
    26.250
    Пол:
    Машки
    Како што видов, никој нема отвoрено тема за 2026, а време е да стартуваме една.

    Во 2026 година јубилејното 70-то издание на натпреварот ќе се одржи во Виена, Австрија по победата на JJ со песната Wasted Love.



    Полуфиналните вечери се закажани за 12 и 14 мај 2026, а финалето е на 16 мај 2026.

    Официјално знаеме дека Македонија нема да учествува во 2026, иако претходно имаше гласини за учество преку Боби Андонов, и имало и понуда за финансиска поддршка од неговата менаџерска куќа - понуда што била одбиена од страна на МРТ. :)

    Сè уште, многумина се скептични кон 2026, за жал, оваа година натпреварот е со полоша репутација од било кога. На 04.12.2025, официјално е потврдено дека заради учеството на Израел, неколку држави ја напуштија Евровизија - Холандија, Ирска, Словенија и Шпанија.

    Навистина е тажно што фестивалот кој некогаш ми беше омилен и кој со нетрпение го чекав, сега почнува да ми се одмилува токму поради учеството на држава која вршеше и активно врши геноцид, а ЕБУ очигледно премижува на се'.

    Според вас, дали овие тешки одлуки се оправдани и дали мислите дека други држави ќе ја следат одлуката на оваа четворка и со колку држави вкупно ќе се одржи Евровизија 2026?
     
    На eliesaab, DS10, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.849
    Допаѓања:
    26.250
    Пол:
    Машки
    Она што исто така вреди да спомене се промените најавени од ЕБУ, односно промени во правилата за гласање за да спречи влијание од влади и организирани кампањи (ова конкретно го правеше Израел со години, но најизразено 2024 и 2025).

    Од следната година, фановите ќе можат да дадат само 10 гласови наместо 20, а ќе има и мерки против лажно или координирано гласање.

    Професионалните жирија ќе се вратат во полуфиналињата.

    Но, и покрај четирите држави кои одлучија да бојкотираат заради учеството на Израел, други телевизии имаат спротивно мислење. Германија веројатно би се повлекла ако Израел биде баниран (уште еднаш, на погрешната страна од историјата). Директорот на австрискиот ORF, Роланд Вајсман, дури и отпатувал во Израел по примирјето во Газа и изјавил дека Израел е „неразделен дел од Евровизија.“
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    4.633
    Пол:
    Женски
    Од секогаш и беше политичка манифестација ама од оваа година е геноцидна манифестација. Имаа прилика да го обелат образот ама си продолжија да тераат агенда. На Израел 2 години по ред за влакно им избега победата и тоа со наместени гласови од публика и масовно купување картици низ цела Европа. Е па оваа година ќе победат и тоа сигурно.

    Очекувам уште неколку повлекувања како Исланд, Белгија и може уште 2-3 држави. После тоа котизацијата за учество ќе се зголеми дупло па можно е уште некое повлекување заради финансиски причини. Ама Ебу беа спремни на ваков исход па затоа беше и форсирањето врз некои земји да се вратат како Бугарија, Романија па и за нас, за да се потполни бројката на тие што ќе напуштат. Спремни се на се дури и да спаднат на 27 земји и да нема полуфинале само Израел да учествува, за Израел секоја цена ќе се плати.
     
    На Gosh, SummerGirl и Mrs. right им се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.124
    Сега ни е шансата за учество, би биле само само ние и Израел, би освоиле високо второ место.
     
    На lovestoneddd, sj *O*, DS10 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.966
    Допаѓања:
    184.129
    Пол:
    Женски
    Сакам Евровизија ама еве втора година нема да гледам ради Израел. И скроз мислам дека е оправдано да не учествуваат други држави како форма на бојкот. Браво за Холандија, Ирска, Словенија и Шпанија. Треба поќе држави како нив да бидат.
     
    На Srckata28, DS10, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.191
    Допаѓања:
    83.263
    Пол:
    Женски
    Ако беше Русија банирана, требаше и Израел, кога веќе вклучија политика во ESC. А всушност не требаше ниту Русија ниту никој да е баниран туку да беа сите обединети преку музиката ама ете, знаеме што е Евровизија.
     
    На sj *O*, Miss666, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    18.089
    Пол:
    Женски
    Минатата Евровизија за првпат откако следам редовно не ја глеав, а секогаш баш дома се собираме тие 3 дена и сме пред Тв.
    Не сум сакала ниту да отварам видеа за да знам кои песни би биле, баш ради тоа што си сакав на Тв да следам, поинакво ми е доживувањето.

    И лани као ќе глеам, ама воопшто не следев, со телефонот си бев цело време, секако ништо важно не сум пропуштила.

    Годинава сигурно ќе биде истото.

    Да учествувавме, да го пратеа Боби секако би гледала, а вака апсолутно не.

    Нема више еуфорија, меракот се изгуби скроз, или пак, сум пораснала за да сфатам за каков политичко - пропагандистички циркус се работи.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    3.695
    Ја мислам дека конечно треба да си ставиме прст на чело - да видиме дека нешто одамна веќе не штима, не е како што треба. Сѐ се распаѓа и оди кон полошо. Општ хаос. На секое поле.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    8.398
    Пол:
    Машки
    Што е работава?
    Многу откажани за Евровизија следната година...Шпанија, Холандија, Словенија, Црна Гора, Ирска, Севернава (одамна ние)...
    Да не е за ова со Израел?
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    135.745
    Пол:
    Женски
    Не знам, но се надевам дека и други држави ќе се повлечат. Мора да се испрати порака до ЕБУ дека Израел нема што да бара таму додека врши геноцид. Кога на Русија не ѝ е дозволено, не треба ни на Израел да ѝ е.
    А, Германија не ја боли за Израел туку искажува стаклена поддршка поради историјата и да не биде пак наречена монструм. :D
     
    На Konfetka, staycalm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.775
    Пол:
    Женски
    Евровизија општо веќе не треба да постои. Секаква смисла е изгубена. Единствено учесниците добиваат можност да се претстават да се покажат и да склучат нови соработките запознавања и сл. Ништо друго. Се е фејк местено и џабе пари потрошени. Боље парите од организацијата да се донираат на гладните од Африка поголема корист ќе се види.
     
    На Konfetka, Miss666, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    3.476
    Пол:
    Женски
    Германија и Австрија не се во позиција да бидат против Израел, против Евреите, баш поради нивното минато. На некој начин се "приморани" да имаат таков став. Затоа што се плашат дека пак ќе бидат етикетирани како нацисти. Познавам Германци, Австријци и во брак сум со еден па имам чуено доста размислувања од нивна страна. Инаку Евровизија одамна е сè само не музички настан. Толку многу драми и политики, да ти се одмили да гледаш.
     
    На SummerGirl, sj *O* и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Треба да е реално...Кога Русија не учествува, тогаш и Израл не треба да учествува....
     
    На SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    49.031
    Ја мислев дека не гледате Евровизија оти задњиве години има само срање песни и пропаганда од сите можни размери, али не...

    А околу учеството Израел да не речам Палестина на факинг ЕВРОвизија, пребројте само колку евреи има у ЕБУ...

    Што би рекле старите, плати па клати.
     
    На Srckata28, eliesaab, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    8.398
    Пол:
    Машки
    Русија си прави свои шоуа. Има Интервизија, а сега сакаат да прават европско или светско првенство во фудбал.
     
  16. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Машки
    Џабе пробуваат, нивото на се што ќе направат конкурентно на оргиналното е ептен ниско, на интервизија 5 пати ги приклучија Путин и Лавров. А светско да организираат нема шанси, шпекулации се, нема никаква потврда, ама ете и ако направат и нив и сите што ќе играат ќе ги казнат, поле ќе им се види.
     
    На SummerGirl, staycalm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.849
    Допаѓања:
    26.250
    Пол:
    Машки
    Исланд се повлекува од учество на Евровизија 2026.
     
    На theowndemon, DS10, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    39.840
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што тие држави се повлекоа од Евровизија. Се надевам дека наредната година ќе се повлечат и други.

    Оваа Евровизија ќе биде најлоша од сите претходни.
     
    На theowndemon и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.014
    Допаѓања:
    11.103
    Пол:
    Машки
    И јас истото се надевам, дека полека и другите држави ќе се откажат од виножитнава евровизија и дека истата ќе се укине, а на нејзино место ќе дојде некој вистински музички фестивал каде ќе се цени музиката како уметност.
     
    На DS10 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    39.840
    Пол:
    Женски
    Тешко да се укине овој настан. Ама мислам дека ќе има големи промени за 2027г. Во право е членката која погоре пиша за тие 3 држави кои ќе се вратат. Без нив вкупниот број ќе беше 32. Што е најмал број откако има полуфинале.

    Од ЕБУ има известување за нов начин на гласање по телевоутинг. Џабе е се. Пак Израел ќе има најмногу гласови. Или ќе биде на второ/трето место.

    Викендов ја гледав Евровизија 2000. Е тоа е фестивал. Убави песни и настапи. Без глупирања на сцена.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.