Евтино патување во странство

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 10 октомври 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    5.495
    Немам искуство со ефтино патување во странство. Колега ми кажуваше дека во Германија за неколку денови одмор во сопствена режија со спиење во хотел потрошил 500 евра од кои 300 евра биле за авио билет. Ми се виде многу ефтино. Ваши искуства?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    5.495
    Нема ли никој искуство на оваа тема?
     
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    300 евра за авио билет??
    Барем до Германија има евтини летови, со чекиран багаж може да поминеш со 50 евра. Зборувам за нискобуџетна авионска компанија како што е Wizz Air.
    Хотелското сместување е малку поскапо, ама на booking.com можеш да побараш мотели, сигурно има нешто поевтино од 20-30 евра ноќ.
     
    На kjukli и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    58.818
    Airbnb е иднината на патувањето! Цела Америка ја користи страницава за резервирање на преевтин смештај, посебно ако сакаш да одиш некаде на економичен начин. Функционира на принцип што луѓе со одвишок соба-две во домот/станот ги издаваат за привремен престој, а имате и цени за една недела и еден месец. Може да се најде и цел стан да се изнајми, може и соба, а најевтино има и нешто како тип на хостел, да делиш соба со некој странец, мада што јас не би ова.

    За ова, отварање очи, резервирање на соби со позитивни коментари, висок рејтинг, имаш на мапа кај ти се сите соби/станеви, ти и да најдеш евтина соба, ако ти е надвор од градот, сите пари ќе ги дадеш на превоз, така да подобро малце и повеќе да си платиш ако си во или блиску до центарот. Претходно го контактираш нели, издавачот, па што, како, ти ги објаснува условите што ги нуди и што бара од тебе (пример, има луѓе што живеат со миленици и условот да отидеш кај него дома е да не ти сметаат животните, затоа што тој не планира да ги затвора во посебна соба)... Овде исто би ти рекла и парите на картичка да ти бидат, за секој случај, да не треба да оставаш кеш... Иако би требало да имаш клуч од собата, никогаш не се знае.

    Ако си скептик за ова, тогаш барај хостели, и да земеш соба за сам во хостел е пак поевтина неголи собата во некој хотел. Ако можеш да издржиш, земи си само кревет во големи соби, пр. за 6-8 души... Зачудувачки, никој на никого не му смета, ќе си ставиш тампони за уши, ламбите се гасат во 22ч така што никој нема журки да ти прави и ова би ти било горе-доле со иста цена како да најдеш соба преку аирбнб.

    За авионски карти, мислам можеш преку expedia, ама не сум сигурна дали само во Америка наоѓа евтини билети или за низ цел свет е... Јас што имам купено карти од странава, џабалак. Само нискобуџетните компании не вклучуваат куфер во цената, види со која компанија најмногу ти одговара според тоа што планираш да носиш.

    Конкретно за Германија, мислам дека со Визер или со Рајанер можеш да отидеш и да се вратиш за некои 50 евра, со рачен багаж и со аеродромски такси, што е смешна цена.

    Само да знаеш дека математиката дома и на пазар не испаѓа иста, ти и да платиш 150 евра пример за смештај, и 50 за карти, не можеш да очекуваш да поминеш со уште 100-150 евра таму.... Ќе треба да платиш влезници, ќе си купиш нешто, треба да јадеш (ќе се чудиш кај ти летнале пари на јадење, мада што ако земеш соба преку аирбнб, во едно 80% од случаите можеш да ја користиш кујната на сопственикот) и така натаму. Како и да е, ако се испланира добро, можеш многу да се прошеташ и да видиш за мали пари. :)
     
    На imelda, kjukli, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    48.847
    Пол:
    Женски
    Јас кога и да патувам негде сама си наоѓам преевтино сместување со booking, толку се навикнав на страната што ја користам и за до Охрид. :D
     
    На Д.Чобанова, crazylady, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    https://www.couchsurfing.com/

    Преку оваа страна можеш да најдеш бесплатно легло-две кај некој што е веќе регистриран. Потоа му оставаш оцена и пишуваш за искуството. Единствен недостаток е што тешко може да се најде легло во поголемите градови зашто имаат повеќе понуди. Инаку, запознаваш пријатели кои ќе те запознаат со местото, не трошиш ни пара и плус е безбедно.
     
    На Alex.T, Tanjamm и kjukli им се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    7.241
    Јухуу 500 евра за неколку дена во Германија, па искрено да си кажам мене не ми е евтино.
    За баш евтино да пројдете се согласувам со погорните мислења, airbnb и booking ми се најсигурна опција, само секако треба да ги пратите убаво рејтинзите. Ова couchsurfing не сум го пробала, но мои познаници одат и така, прибираат луѓе и они, иако не е задолжително, но ете такви се слободни и дружељубиви па не им е проблем некој непознат да им спие дома.

    Како и да е за поевтино патување мислам дека е пресудно порано и наврмено букирање на летови, затоа што тогаш се начекуваат супер понуди. Во последен момент многу е потешко, особено кога станува збор за подалечни патувања, не мислам само низ Европа.

    Во однос на исхраната нормално скапо е да се храните постојано во ресторани, но има и такви кои може да си ги дозволите дури и ако сте со броени средства. Јас најчесто убаво прочепкувам и на Tipadvisor, форуми и слично ако имам време, па се информирам за се‘ што ми е потребно за одредена дестинација. Ќе се зачудите што се може преку гугл да се најде.
     
    На imelda и kjukli им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.820
    Пол:
    Женски
    300 евра е премногу за авио билет за германија.Од колешка керката сега ке лета за германија за помалце од 50 евра.
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.285
    Za mene pravilo e:
    koga nesto e eftino sigurno ima nesto pozadi toa.
    Nema eftino patuvanje.
    Ova so Germanija i 500 evra.
    Toa pari e bre luge, ni najmalku ne e eftino.
    Jas si zboram za mene.
    5 dena da rabotam za 3 dena da odam nekade i nemam se vkluceno, skapo, bogami skapo.
     
  10. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    П и не е баш евтино патување во Германија. Јас оваа сума би ја потрошила веројатно за двајца, за една недела... Ова онака од прва :)

    Визер има евтини летови од Скопје, со тоа што треба да научиш да патуваш со ранец. И да можно е, дури и за „пуфла“ како мене. Другите опции за авионски лет, е нaместо од Скопје, да се лета од Солун или Софија, бидејќи таму е многу поевтино за дестинациите на кои не лета Визер од Скопје. За сместување најчесто букирам преку booking.com , со тоа што ако ми е соленко, знам да пишам директно во хотелот што сакам да го букирам, па неретко добиваm попуст плус бидејќи така не ја плаќам провизијата. Втoрата опција е airbnb.com , само овде треба да се има во предвид дека најчесто треба да се дели стан со некој друг, што пак е економична варијанта за сместување во центар кога се оди на неколку дена во голем и скап град :).

    И во однос на превозот, зависно каде се оди , треба да се истражува за автобиските билети или опцијата рет-а -кар, па може да се најдат поволни понуди. Често е ОК, ако се оди по музеи , билетите да се купат / резервираат онлајн.

    Се на се, од искуство, за просечна цена што ми ја дава туристичка агенција за еден човек, ние во сопствена режија патуваме двајца.
     
    На Alex.T и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.285
    Jas sum koristela airbnb.com.
    Odlicno smestuvanje.
    Zemavme stan so 3 spalni. Cisto, ubavo sredeno vo centar na grad.
    Cenite ne bea niposto eftini, no sepak po eftini da zimame 2 hotelski sobi za na s 4 luge.
    Se na se ubavo iskustvo so airbnb.com.
    O mi tekna uste ednas koristevme. Kuka so dva apartmani.
    Negativno bese trebase po koristenjeto na carsafite da gi pustime vo masina.
    Vo Amerika ne bi koristela airbnb povtorno.
    Moze vo Evropa, no vo Amerika NE
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    ЛОНДОН - да не бил некој??
    Сакам да одам со 2 другарки и бараме хотелче некое, ми треба препорака....
     
  13. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Машки
    2 povratni bileta od Skopje do Nirnberg so Wizzair za 2200 den, ama rezervirani karti 3meseci unapred. So wizair najdobri avionski ceni imate 1-1,5 mesec unapred da gi rezervirate. Normalno vo leto kartite se poskapi. Sakate da odite za Barcelona vo Juli??? E togas site sakaat i togas kartite se najskapi. Isto za Bozik, Nova godina i golemi praznici- togas kartite se skapi.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.