Егзистенцијална криза (Existential crisis)

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 8 септември 2018.

?

Дали вие некогаш сте поминале низ егзистенцијална криза ?

  1. Да, но порано

    5 глас(а)
    27,8%
  2. Никогаш досега

    1 глас(а)
    5,6%
  3. Моментално минувам низ егзистенцијална криза

    12 глас(а)
    66,7%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.511
    Пол:
    Женски
    Егзистенцијалната криза претставува момент кога еден индивидуалец се запрашува дали неговиот живот воопшто има некаква смисла, вредност или цел.

    Често може да биде поттикната од одредена психолошка траума, разделба, голема загуба, смрт на блиска личност, ситуација кад животот е загрозен, итн.

    Овој психолошки феномен се поврзува со депресија иако не мора секогаш да е така случајот.

    Најчесто и оние кои во определени моменти се чувствуваат сами или изолирани од светот, мислат дека имаат безвреден живот без постигнувања и успеси, сфатиле дека досега живееле во поинаква замисла за реалноста околу нив, или едноставно дознале дека универзумот е многу поголем, посложен и содржи мистерии кои се преголеми за човековото разбирање, исто така можат да доживеат егзистенцијалната криза.

    Траењето на егзистенцијалната криза може да варира, односно таа може да трае за многу краток период или пак многу подолго.

    Исто така, кај некои луѓе таа не е константна туку е повремена, зависно од околностите кои настануваат околу поединецот и како тој ги толкува од психолошки аспект.

    - Какво размислување имате вие за егзистенцијалната криза и дали сметате дека истата е рационална, базирано од сознанието дека сте поминале низ истата или не?

    FewxW0KAnEP0hZe0Q-cEE8b_C0IVE_xwInGOvCY5CyE.png
     
    На Amellie13, Dark artist, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи такво нешто во 2 година средно, многу гадно се осеќав подолг период. Тоа беше процес на себе анализа, проценка и созревање. Сите ги отфрлив од себе, несакав да искачам воопшто. Повеќето што ме знаеа мислеа дека сум паднала во депресија и сл. Имаше такви кои ми делеа совети од типот на "те разбирам дека ти е тешко, но ќе помине", а и такви кои ме исмеваа. После оваа криза почнав повеќе да ги ценам оние кои ми се блиски. Мислам дека ми требаше ова за да созреам како личност.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.511
    Пол:
    Женски
    @Dark artist ти благодарам за твојот одговор на темава.

    Сметам дека егзистенцијалната криза има голема поврзаност со самиот принцип на реалноста кој се развива во психологијата на секој човек.

    Чувството за реалност и како оваа планета, па дури и како целиот универзум всушност функционира и кое е нашето место во него, може да биде променето во било кое време од животот.

    Луѓето имаат потреба да се преиспитуваат самите себеси, најчесто со доза на вознемиреност, а сето тоа потекнува од фактот за човековата смртност која е неизбежна, секако.

    Постојано сме прогонувани од помислата дека залудно го трошиме нашето ограничено време и тоа не принудува да размислиме која е вистинската смисла на животот.

    Меѓутоа, многу луѓе не разбираат дека во реалноста самата смисла за животот на еден човек претставува само една илузија - ние сме тие кои мора да откриеме како да бидеме, на некој начин среќни од самите себеси додека сме живи.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.