Егзорцизмот на Емили Роуз (The Exorcism of Emily Rose) [2005]

Дискусија во 'Филмови' започната од crazyinlove19, 3 август 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Барав ваква тема но не најдов. :)
    Го имате ли гледано филмов и каков впечаток ви оставил? Јас го гледав и искрено многу ме вознемири, :tmi: многу е морничав, но сепак ми се допадна.
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    66
    Го немам гледано, не гледам многу хорори, но со друштво во план ми е да го гледам!
    Морничаво ми е превише, али чудно, на секој хорор сите пискаат, јас ке си најдам нешто, ке се изнасмеам ко луда.. сите вакви се :o !
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
    Го имам гледано многу пати и секогаш завршувам на крај со истиот страв и возбуда и воодушевеност.
    Еден од моите омилени филмови :inlove:
    И и покрај тоа што е несомнено страшен, секогаш претпочитам да го гледам навечер, во темно, сама... и потоа да ги палам сите светилки на пат кон креветот :D :D :D
     
    На rainbowec и karak им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    17.923
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано филмот само еднаш,ама сега нејќам да го гледам..го гледавме друштво заедно собрани..во 3 сатот поручек..и после ми беше страв да сјодам до дома! :lol:
    Како и да е не го гледам уште еднаш,претпочитам романтика и комедија. :)
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Го гледавме со друштво.. во затемнета просторија. Јас само ќе кажам дека се смеев кога го гледав! Воопшто не ме исплаши, не знам зошто, обично многу се плашам кога гледам хорор филм ама ете овој не ме исплаши. Со другарка ми се смеев, а брат ми се налути оти не сме сериозни.. :lol:
    Сепак не велам дека не ми се допадна, едноставно не бев сконцентрирана на стравот, можеби дека бевме друштво..
     
  6. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    7.712
    Го имам гледано со големо друштво и не ми беше толку страшен имам и пострашни филмови гледано ;)
     
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    го имам гледано е морничав ама не и толку многу страшен. Мене барем не ми беше има и други кои се пострашни од него
     
  8. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Хехех откако го гледав овој филм почнав поинаку да гледам на 3ч по полноќ, мислев дека 12ч е страшен час, ама 3 бил пострашен... :tmi:
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    топ филмче. Го обожавам го гледам многу често. Таков хорор. Односно изтребување на гаволот и самиот чин на егзорцизмот ме возбудува. Еден од мојте најомилени делови кога ги повикува во шталата сите демони по име и зборува на латински.
     
    На rainbowec, crazyinlove19 и Hipica им се допаѓа ова.
  10. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Ууу мнооогу морничав.. Го имам гледано сама, во темница.
    После тоа неможев око да склопам од страв,ама ипак беше добар. И мислам дека постојат такви ствари..некаде.
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Филмов го симнав еднаш, и почнав да го гледам и погледав и се упрпав и го исклучив .
    И вечерта ми беше страв да спијам, и спиев со мајка ми и татко ми во спална :tmi:
    Го избришав, и никогаш веќе не го пуштив.
    Толку од мојата историја со филмов :D .
     
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Filmov t.e. egzorcizmov e Ljudnica. Eden od najpoznatite i najprocuenite egzorcizmi po vistinska slucka. Koj saka da gleda nesto slicna na ova neka go gleda The Rite. Tamu tematikata e egzorcizmi iako se raboti za eden mlad "svestenik" :)
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    Го нема гледано, и не планирам, иако многу имам слишано за него, но од хорори се откажав, и мислам дека никогаш повеќе нема да гледам, језиви ми се ваквите филмовите, и најмн страв имам од тоа
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    357
    До пред неколку години гледав хорори, и тоа многу ]:)
    Ама мислам на оние психолошки хорори, не оние со крв, у..аа...нешо се шлапаат се убиваат...глупости! прикаски за мали деца!
    Значи кога го гледав Егзорцизмот на емили роуз, бев во студентски, со моите цимерки кои мува не ги лази од хорори :rofl: ама јас некако бев така загрижена и растревожена, поради испити и такви ствари! Луѓе, нив око не им трепна...а јас умрев од страв! Како што вика Карак дека делот во шталата и е омилен...е така и на мене само во обратна смисла :)
    Али како и да е, филмчето е топ! Вреди да се изгледа.
    Еве да го препорачам и оригиналот “the exorcist„ е тоа веќе е страшно!
    http://www.imdb.com/title/tt0070047/
     
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Најморничавиот филм што сум го гледала. Го гледав со другарка, и потоа со мајка ми ја испраќавме до дома,а куќа до куќа сме. Тие звуци што ги има, уф .. Се вознемирував секој пат кога ќе го гледав. Енивеј, филмот ми се допадна. Не обожавам хорор, оти потоа ни колено ни светилка не ми помагаат до веце :) :D
    [​IMG]
     
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано пола филм. Знам дека бев на гости и моравме да си одиме и така. До таму каде што го изгледав беше многу интересен но од тогаш не ми текнало да земам да го гледам цел. :?:
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    Едниствениот хорор филм кој ме извадил од памет, обожавам хорори тоа е единствениот жанр после трилери што ги гледам и ги следам со посебно уживање, досега ниеден од многуте што сум ги изгледала не ме исплашил, ама после овој цела недела неможев да се соберам и сличен на него не сум помислила да гледам.
     
  18. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    толку време го барав, и го барав филмов онлајн да го гледам, и конечно денес на filmovizija го најдов и го гледав(пошто на кинотека не ги пушта филмовите)...
    добар е филмов, ама јас очекував нешто пострашно.

    и покрај, 1000 хорор филмови изгледани (демек најстрашни биле), сеуште сум во потрага по некој навистина страшен! :D
     
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Гледам дека повеќето ги исплашил, а мене пак ми беше многу, многу, ама многу досаден. Ги гледав само сцените со оваа Емили и воопшто не ми беа страшни. Да требаше да го гледам цел филм ќе заспиев. Не е најдосаден, ама меѓу најдосадните филмови.
     
    На Kaylie, Cynthia и drugarka им се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Го гледав завчера. Во моментот не ми беше толку страшен, меѓутоа потоа вечерта...

    Цело време во памет ми беше сликата кога броеше до шест и кога кажуваше дека е Луцифер. :tmi:

    Доста е потресувачки филмов со самиот факт дека е базиран според вистинска приказна.. Интересно филмче. :)