Егзотични животни како миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 2 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Дали доколку сте во можности би чувале како милениче егзотично животинче?
    Може некој и чува :)
    Змии, тарантули, мајмунчиња, шкорпии, камелеони, гуштери, големи папагали итн.
    Посебно за овие достапни егзотични животинчиња, не ми набројувајте тигари, лавови, панди, тие немаме никаква можност да ги чуваме како домашни милениче :)

    Овие миленичиња не се класични домашни миленици, на некој начин несвојствени, но сепак има луѓе кои токму овие животинчиња ги привлекуваат. Не мора сите, може некој се плаши од змија а сака тарантула :P
    Дали воопшто ве привлекува некое егзотично животинче?
    Која е причината што сакате вакви животинчиња?
    Или која е причината ако не ги сакате, стравот, немањето услови, скапото и потешкото одржување?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И дивите животинчиња можат да бидат питоми, се зависи од самото воспитување. Или сепак не мислите така, би немале доверба во нив како во куче или маче да речеме? :)
    [​IMG]
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    538
    Јас имам желче,водно :D ѕверот мој :lol:
    Инаку би сакала да имам жабичка :rofl:
     
  3. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    301
    Да сум во можност би чувала некое мало тигарче и мајмунче :)
     

    Прикачени фајлови:

  4. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Од мала сакам да чувам мајмунче или тигарче. Сега имам желба да чувам и коала. Едни роднини од Австралија ми кажаа дека коалите и кенгурите најчесто ги имало по селата, па нема да биде лошо да направеме една екскурзија сите феминки што сакаат коали. шала :rofl:
    Ама нема да можам да чувам немам многу голем двор па одржувањето е многу скапо. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Многу сакам игуана да си чувам дома. Ама сакам. Одам во продавници за миленичиња, ги гледам, ги бирам, па и вивариумот го изберам и пресметам се колку ќе ме фати со сите додатни трошкови, како УВ светла и греачи, декоративни карпи, јадење... и си отидам дома. Додека го бирам е мало и слатко ама знам дека можат да пораснат подолги од мене, за толкав гуштер цела спална соба треба да му спремам а не вивариум :lol:
    Па ќе треба да мрднам на некаде, на одмор, на пат, ама кој ќе го гледа и храни додека ме нема. Не е ова исто како за маче што би дошле комшиите да му сменат вода за пиење или да му стават да јаде, да го погалат. Друго, ќе треба да најдам ветеринар што се разбира со вакви ѕверки. Не е само земи го па мисли му ја после. Го прифаќам фактот дека не се за мене практично милениче, па сега ако еден ден ептен ми се јави некоја голема желба за ново милениче, ќе си земам зајак :up:
     
  6. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.025
    Аххх игуаната што никогаш не ја добив.. ;(
    Цел живот ме лажеа дека ќе ми купат и ништо на крај... Ама затоа си имав аквариум, ги фрлив рибите во шоЉа... Инетересно ми беше да ги гледам како пливкаат, ќе ги снема ќе ги снема и ОП ќе појават од под тоа.. |(
    И си фаќав гуштери од секаде и си ги чував во него, ги ранев со муви, комарци :) Еден дури и се “породи’’ ама си ги изеде јајцата ( no idea why :fubar: )
    И после чував пајаци внатре... и така натаму
    А инаку неколку пати имам фатено змија- ги чував тие во шише, ама на крај секогаш ги пуштав на слобода :)
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Никогаш не би чувала некоја животиња од типот на змија, тарантула, гуштер и слично влечуги.
    Прво и основно, језиви се, грозни, одбратни, студени. Ги мразам.
    Дајте бе, дома во ќош да има пајак или пајажина одма трчаме да ја собереме, ама секако би чувале тарантула...
    И зошто би ги чувала овие животни?
    Не можеш да си играш, да ги галиш, да ги шеташ. Не гледам дека пружа задоволство нивното чување.
    Нема да истрчаат на врата и да те пречекаат кога доаѓаш. Само можат да те полазат навечер кога ќе си легнеш... :puke:
    Јас се уште не можам да ја сфатам мајка ми зошто чува риби. Нема којзнае каков аквариум, имаше во топка две рипчиња. Едното умре, остана само уште едно. Треба да ги храниш, да им чистиш, менуваш вода, а што ти пружаат тие за возврат? Ништо. Само како украс се.

    Од егзотични миленици би зела само мајмун. Е мајмун отсекогаш сум сакала. Тие ми се како мали дечиња. Јадат банани со рачиња, те гушкаат, си играат со тебе... Преслатко изгледаат.
     
  8. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Ааа јас сакам тигарче и тарантула..Мајка ми тарантула не ми дава да имам дома а за тигарче да не збориме :lol: А сестра ми лудува по слонче многу сака слонче да има! :)
     
  9. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    226
    Навистина не сум љубител на чување на егзотични животни дома.Змија?!Дома?!Не дај боже да видам,а не да чувам дома.. :x :o Единствено би можела мајмунчето,тоа е такво мало,слатко си играш со него,потсеќа на човек,интересно е... :D :inlove: А овие другиве ништо... :^)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Вакво би чувала, со мерак :D :inlove: и гепард :inlove: премногу ми се грациозни, елегантни :D а кога би можела, зошто да не :) Иако не се работи тука за доверба, туку од едноставна причина што животните чувствуваат дали некој не ги сака или не, инаку секое животно може да го нападне човекот, доколку истото би се чувствувало загрозено :)
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    :D :D јас би сакала да имам од овие
     

    Прикачени фајлови:

    • wolfpck2.jpg
      wolfpck2.jpg
      Големина на фајлот:
      30,1 KB
      Прегледи:
      356
    • majmunce.jpg
      majmunce.jpg
      Големина на фајлот:
      61,6 KB
      Прегледи:
      356
    • raccc.jpg
      raccc.jpg
      Големина на фајлот:
      108,5 KB
      Прегледи:
      356
    • fox.jpg
      fox.jpg
      Големина на фајлот:
      83,6 KB
      Прегледи:
      356
    • koala_597_600x450.jpg
      koala_597_600x450.jpg
      Големина на фајлот:
      55 KB
      Прегледи:
      355
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  12. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    134
    Сакам многу да имам егзотични животни но најмногу сакам змија игуана и мајмунче.Инаку мајмуните не се баш лесни за одгледување ,некои растат мноооогу големи и ке ви биде дома хаос и мн други проблеми.
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Ќе го спомнам камелеончето како најизводливо, а инаку би чувала тигар, панда, коала (ама немаме еукалиптус :lol: ) лемур, мајмунче, гепард, пума, рис, леопард, верверичка, се бе се би чувала :D
    [​IMG]
    Зимии, пајаци и други инсекти не доаѓаат во предвид.
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Макар што лично не ги сметам рибите за егзотични миленичиња, кога веке испливаа во темата еве јас ќе објаснам што ми пружат за возврат. Мир, тишина, спокој. Одмор за очи, мозок и психа. Не скокаат по мене, не трчаат, не лаат, не се гушкаат, макар што еве ми даваат да ги допрам кога го чистам стаклото од внатре, и сами доаѓаат и ме допираат по раката оти не се плашат од раката што ги храни, ама ми го даваат тоа парче недопирлив свет во кој можам да се изгубам на подолго време додека ги гледам. Секој си бира миленици за да ги задоволи своите емоционални потреби за другарче од било кој животински вид кое ќе го исполнува на свој начин, а не за да има само нешто да гушне. За тоа може и плишано мече да заврши работа.

    И да, треба голема посветеност, желба за тоа, еве мене големо задоволство ми е да се грижам за нив, а не да ги гледам како обврска. Сум создала и одржувам во живот едно парче воден свет, само мој мал свет, со одржување идеална рамнотежа на хемиски состав на водата, на температурата, светлината, на компатибилност меѓу жителите, растенијата и бактериите во него... па и убаво ми е да си играм Господ :D
     
    На Marossa и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  15. Galla

    Galla Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Jas i decko mi veke polovina godina si cuvame bradesto zmejche (bearded dragon) :)
    Bidejki nekoi spomnaa skapotija na vakviot tip na milenicinja, voopsto ne beshe skapo a i negovata ishrana e mnogu poeftina od onaa na mojot labradorot, koj kako da ne znae za dosta koga e hranata vo prasanje hahahahah.
    Jas sum ogroooooomen ljubitel na zivotni i kakvo i da e bi go prifatila i sakala i grizela :)
    Nikogas prethodno nemav zelba za toa jas samata da imam vakvo zivotince, no eve veke 6 meseci Dragan the dragon e del od nasiot zivot :D
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    И јас сакам вакви животни да чувам дома,сакам:
    бел тигар
    [​IMG]
    панда
    [​IMG]
    и волк :inlove:
    [​IMG]
     
  17. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173

    Прикачени фајлови:

    • imgfdsgages.jpg
      imgfdsgages.jpg
      Големина на фајлот:
      5,2 KB
      Прегледи:
      235
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Јас ова би сакала да го чувам, во џеб ќе си го носам сегде :lol: :rofl: :lol: :rofl:

    [​IMG]
     
    На Foreveryoungiwannabe, feminium и jjoovvaannaa им се допаѓа ова.
  19. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Деновиве планирам да си купам брадесто змејче (и дома се согласија, конечно :rock: ). Отсекогаш сум го сакала. Многу ми се слатки, прилично се лесни за одржување и задоволство ми е да го украсувам и прередувам вивариумот. Ненормално мрзливи, што ептен ми одговара (нема да ми се пикне негде кога ќе го пуштам). Обожаваат да се галат. Многу се интересни кога пливаат. Едвај чекам да го купам, па ќе ви кажувам повеќе. :)


    И камелеони обожавам. Ако ми се пружи прилика и такво ќе си купам. :lol:




    Игуани сакам, ама не би чувала затоа што откако ќе пораснат си бараат огромен простор.

    Змија, тарантула, шкорпија :^) ... не доаѓа во предвид - нема да можам да спијам навечер ќе имам чувство како да ме лази нешто. Језивоооо :worried: .
     

    Прикачени фајлови:

    • bearded-dragon (1).jpg
      bearded-dragon (1).jpg
      Големина на фајлот:
      99,5 KB
      Прегледи:
      155
    • 3872_460c.jpeg
      3872_460c.jpeg
      Големина на фајлот:
      94,2 KB
      Прегледи:
      154
    • img-thing.jpg
      img-thing.jpg
      Големина на фајлот:
      27,6 KB
      Прегледи:
      154
    • Blue_cameleon.jpg
      Blue_cameleon.jpg
      Големина на фајлот:
      261,5 KB
      Прегледи:
      154
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1

    И јас сакам, ама мало бело тигарче, овој големиов може да ме апне во еден залак :wasntme: Да не беше толку опасен, може би сакала :D